Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Висок пинг/латенција A1 после 19-20 часот

Ceci0

read-only
14 август 2022
19
51
Здраво,

Во последно време, месец дена нананад би рекол, се случува константо после 19ч да добивам висок пинг.
Наеднаш скока пингот од 45-55 на 600+.
Ова предизвикува секакви проблеми, посебно при гејминг, ама ај како споредно ќе ги спомнам и состаноците со клиенти.
Пуштив пинг, пуштив traceroute и резултативе се катастрофални.
Локален рутер ми пинга некогаш дури со 400мс, поврзан со кабел, wireless e иста приказна, со малку поголем просек, но воглавно исти резултати. Екстерно да не прајме муабет. Packet loss нема во ниеден случај. Пробав Google, пробав Cloudflare сервери.

Јас ништо не знам за мрежи, и иако би сакал да научам, немам ни толку време во животов моментално.

Се јавувам во а1 секој ден веќе цела недела, и еднаш ми викаат пробај вечер пријави, еднаш ми викаат како ти го тестираш ова, еднаш ми вика теренска екипа дека не можеме да направиме ништо ако не сме во моментот тука. Му велам ама човече ти работиш до 8, мене проблемот ми почнува ОД 8. Никогаш нема да си тука на лице место. Воглавно, некомпетентни се.

Прашањето ми е, дали можам јас нешто да направам за да си подобрам стабилност на интернетот, или пак во случај да не можам, дали ваков случај би ми помогнал при раскинување на договор, зашто врзан сум за нив уште 1.5 година. Ако можам да ги откачам, без да плаќам пенали супер.

Оптички интернет до моја локација нема ни од А1, ни Неотел, ни Телеком ни ништо. Телекабел единствено ми остана да се пробам, ама појма немам какви се тие во Прилеп, а и некако не ми се плаќа 2 провајдери, посебно кога на а1 им давам по 100 евра месечно.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно