На интернет форумите со неверојатна брзина се прошири информација дека YouTube наскоро ќе ја прекине поддршката за најстариот и во моментов најлошиот пребарувач на пазарот Internet Explorer 6.
Доколку имате IE6 и го посетите YouTube.com, на врвот на страницата ќе ви се појави порака дека овој сајт наскоро ќе ја прекине пораката за вашиот пребарувач, со препорака да симнете секој понов програм како што се Google Chrome, Firefox 3.5 и IE8.
Ова е одлична вест за сите веб-програмери, бидејќи за прилагодување на страниците за застарениот IE6 трошат драгоцено време кое можат да го искористат за креирање подобри услуги во новите пребарувачи
YouTube сè уште официјално ги нема потврдено ваквите информации, но предупредувањето кое стои на нивниот сајт е сосема доволно за сериозно да ја сфатиме најавата. Ова би можело да биде почеток на крајот за IE6, бидејќи само ако големите сајтови почнат да ги игнорираат така застарените производи, „мрзливите“ корисници ќе бидат принудени да преминат на поновата технологија.
Измени