Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Xiaomi Mijia M365 Electric Scooter

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Копукот што го смислил ова би го пратил со тротинет по должина на цела Рузвелтова и ќе сфати (ако има воопшто памет) дека е подобро да се вози по улица отколку по тротоар (каде меѓу другото воза бебиња во колички доколку некое сељачиште се нема паркирано пред кафуле).
 
Makedonec^

hello world
21 ноември 2012
169
123
Ти пишува во закон елек, зошто пробуваш со курајберски финти. Мада ова никој нема да носи што ви е.
Извини ако ти се повредени чувствата, ама ние курајберите на форумов така размислуваме.:cool:

Кога станува збор за елеците, работата е да ги натераме да прифатат дека оваквите рамки се логична замена за елек. Пример кај колите место ланци можеш да носиш од оние "чорапи" на тркало што се ставаат.

А да не зборам колку е сулудо да неможеш по улица, поготово низ населбите кај што нема тротоарче ни за лек али јбг.
 
28 ноември 2014
1.224
820
Скопје
Антониј.К's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 5600
Motherboard
Asus Prime B550M-K
Storage
Samsung SSD 980
PSU
Cooler Master
RAM
ADATA 2x8gb
Video card
MSI N750TI/OC EDITION
Case
Cooler Master MB511 RGB
Keyboard
GHOSTWRITER CLASSIC | RIOTORO
Monitor
SAMSUNG C24F396FHU 24" Curved AMD Freesync Monitor
OS
Microsoft Windows 10 Pro
Во Д.Маало, каде да возам ако не по улица??!!!!
Баш нека ме застанат, ќе се карам.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.639
3.216

Ќе си платиш.
Со цајкан нема објаснување. Нема зошто си бил на улица, кога не ја казнува колата паркирана на тротоар. Дошол да те казни.

Се тужев за вртење на лево на семафор. (треба да ги чекаш да поминат тие од карши што одат право) Ме сопре и ми вика на црвено си поминал.
Судиката ја прашав како да вртам таму кога редовно ја користам раскрсницата и редовно чекам да поминат тие од карши
Поуката беше да вртам десно. Жглаб пари у буџет.
 
Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Јас потполно се согласувам со тебе!

Во Кавадарци немаме никаде патеки ама баш никаде, и тоа место што се ослободи го искористија за паркинг да било со што го стеснаа тротоарот за да можат лешинариве повеќе пари да перат со паркинзи наместо да направеа некоја патека.

Стари дедовци и баби туку се размаале низ цел тротоар, и како да поминиш преку нив а да не ги допреш, им свирам неколку пати да се тргнат ама гледам мува не ги лази...

Бабиве пак се научиле со 1 денар нешто ако е поефтино и ќе одат дури 2км размаани низ цел тротоат го зафаќаат за да си заштедат некој динар.

Стварно не разбирам ама ова неможе да биде практично ако е забрането возењето по улици.

Немам збор, трагедија е ова.

Како бе не може да биде практично? Секое возило, па дури и пешаци и велосипеди се регулирани и не смеат да се движат по улица а тука зборите за играчки тротинети, кои се баш снажни, па 20 30 км на час не е мала брзина на такво нестабилно возило. Плус видливоста е ограничена, особено навечер. Сакаш да возиш по улица? земи си скутерче 50 кубика и решен проблем. Сакаш да возиш тротинет, имаш тротоар.
 
џонидерп

hello world
16 јуни 2019
129
71

Во теорија е ок и така треба да биде, но во практика е невозможно ради што не е средено останатото за ова да функционира.
 
Riste19

lurker
14 ноември 2016
654
264
Како бе не може да биде практично? Секое возило, па дури и пешаци и велосипеди се регулирани и не смеат да се движат по улица а тука зборите за играчки тротинети, кои се баш снажни, па 20 30 км на час не е мала брзина на такво нестабилно возило. Плус видливоста е ограничена, особено навечер. Сакаш да возиш по улица? земи си скутерче 50 кубика и решен проблем. Сакаш да возиш тротинет, имаш тротоар.

Имам и априлија 50ка, ама помина мерако на тоа сега па..
Имам некои релации многу кратки па не се ниту исплати да се пали мотор.
Како и дае ќе се карам и јас (ако ме застанат)!
 
Последна промена:

Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Друже, јас сум за тротинети, планирам и да си купам, но едноставно е, секаде во европа ги забрануваат и казнуваат. Во британија и германија е забрането да се движи тротинет и по тротоар и по улица, само на приватно земјиште. Во франција изгласаа нов закон со казни од 150 евра за движење по улица и 55 за движење по тротоар. Едноставно е, ако нема велосипедска патека да го возиш, не го возиш. Друго, тротинетите ти се класифицираат како лесни моторни возила бидејќи електромотор = мотор. А возило, електризирано или не, во сообраќај мора да има лиценца за да се вклучи во сообраќај, Високо поставено осветлување, и сигнализатори, трепкачи што тротинетите ништо од ова немаат. Замисли возиш по уличка низ дебар маало, и тој со тротинетот ти сече пат, без никаква сигнализација. Прочитајте малце за регулацијата и правила на сообраќај и ќе видите дека овие електрични тротинети немаат право да се движат никаде, ни по тротоар полн со бабички, ниту по улица, ниту пак по велосипедска патека.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Информацијава за возењето е од некој портал или некој го читал предлог законот?
Затоа што доколку нема велосипедска патека, велосипедите се должни да се движат по коловоз, никако по тротоар. Многу чудно е ако тротинетите треба да се движат по тротоар. Тротоарот е само за пешаци.
Настрана што има улици што воопшто немаат тротоари или истите се окупирани од паркирани возила, билборди и бандери.
 
tamamuzicar

read-only
10 февруари 2011
14
3
Ami i nie u ne
Јас потполно се согласувам со тебе!

Во Кавадарци немаме никаде патеки ама баш никаде, и тоа место што се ослободи го искористија за паркинг да било со што го стеснаа тротоарот за да можат лешинариве повеќе пари да перат со паркинзи наместо да направеа некоја патека.

Стари дедовци и баби туку се размаале низ цел тротоар, и како да поминиш преку нив а да не ги допреш, им свирам неколку пати да се тргнат ама гледам мува не ги лази...

Бабиве пак се научиле со 1 денар нешто ако е поефтино и ќе одат дури 2км размаани низ цел тротоат го зафаќаат за да си заштедат некој динар.

Стварно не разбирам ама ова неможе да биде практично ако е забрането возењето по улици.

Немам збор, трагедија е ова.
G

ami i nie u negotino ako kupime kaj da gi vozime?da letame da im stavime krila,ke go zagrozime vozdusnuot soobrakaj.hahaha
 
Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Член 120 (1) На коловоз не смее да се игра, лизга, скија и санка, како и да се вози тротинет, ролери, скироли и друго.

(7) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1), (2), (4), (5) и (6) на овој член.

Член 99 (1) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. (2) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. (3) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот. (4) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот и лицата кои постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Еве ти од закон за безбедност на сообраќај па толкувај како знаеш. На тротоар се забранети сите возила што се движат побрзо од човечки од, на велосипедска патека е дозволено до 25 кмх, а на коловоз само велосипеди, и слична категорија, со сигнализација и осветлување. Бидејќи тротинетот нема сигнализација, ниту осветлување, забранет е за движење по коловоз во секој случај, за разлика од велосипеди кои доколку не постои велосипедска патека можат да се движат по коловоз.
 
Goran.

hello world
19 септември 2017
198
165
Друже, јас сум за тротинети, планирам и да си купам, но едноставно е, секаде во европа ги забрануваат и казнуваат. Во британија и германија е забрането да се движи тротинет и по тротоар и по улица, само на приватно земјиште. Во франција изгласаа нов закон со казни од 150 евра за движење по улица и 55 за движење по тротоар. Едноставно е, ако нема велосипедска патека да го возиш, не го возиш. Друго, тротинетите ти се класифицираат како лесни моторни возила бидејќи електромотор = мотор. А возило, електризирано или не, во сообраќај мора да има лиценца за да се вклучи во сообраќај, Високо поставено осветлување, и сигнализатори, трепкачи што тротинетите ништо од ова немаат. Замисли возиш по уличка низ дебар маало, и тој со тротинетот ти сече пат, без никаква сигнализација. Прочитајте малце за регулацијата и правила на сообраќај и ќе видите дека овие електрични тротинети немаат право да се движат никаде, ни по тротоар полн со бабички, ниту по улица, ниту пак по велосипедска патека.

Ако не смеат никаде да се возат како што си напишал зошто воопшто државата дозволува да се продаваат?

Логика?

Може да ти пресече пат и Велосипед па немаат никакви правила?

Логика?

Не ги сваќам нападите на тротинетите најискрено.
Велосипедите можат а тротинетите не?

Пример.
Па секој што бил на водно нагоре може да виде велосипеди кои што на кривина непрегледна вози со мала брзина и можеш да го собереш.
Или истите тие кога се спуштаат надоле со брзини кои во ниеден сличај неможат лесно да одбегнат ни препрека ни да застанат.

И за што они да можат а тротинетите Не ?

Велосипедите мноогу наскоро ќе се продаваат со многу големи % надоле.
А тротинетите со големи % нагоре.

Одговарало тоа на некој или Не.

Правила ДА но за СИТЕ!

Како и услови за користење на истите.

А законите што ги вадите сите од ракав вака е во Франција така е во Италија - врска немаат , па напиши на Јутуб - Париз и гледај како се возат Тротинети.

Напротив треба сите да се залагаме што повеќе да се возат тротинети , велосипеди и сл затоа што ќе се иструеме со воздухот.
 
Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
И јас барам логика на твоите коментари во ејпл темата па нема.

Се продаваат и затемнети фолии за прозорци па не се легални во сообраќај. И картинг се продаваат па не се дозволени во сообраќај, се продаваат и ролери па не смееш да ги возиш на улица, ајде и детскине количиња за деца од 1 година да ги возиме по улици, бидејќи се легални да ги купиш.
ЛОГИКА?

Едноставно е, не исполнуваат регулатива и тоа е. Оди пиши на гугл франција и казни за електрични скутери и ќе видиш дека и кај нив се воведоа казни и регулатива. Секој учесник во сообраќај МОРА да биде регулиран. Во најдобра мерка со измени би биле регулирани на следниов начин, Дозвола за сообраќај, Осигурителна полиса, движење само по велосипедски патеки, Сигнализација и безбедност, т.е кацига и елек. Се надевам ке регулираат во скоро време, да си бидеме на чисто, исто како и со дроновите.

Нема споредба помеѓу велосипеди и тротинети. Велосипедите се постабилни, побезбедни за возење и управување за разлика од тротинети. Чиста физика.
Велосипедите си имаат регулиран закон затоа и тие можат додека тротинетите немаат, и затоа и ќе бидат казнувани.

За воздух и залагање за него, решението не е тротинети и велосипеди, туку добар јавен гратски превоз. Проблемот со загадувањето е на зима, помал е на лето. Освен ако не измислат електрични санки, не гледам како тротинетите би допринеле до намалување на загадувањето на зима.
 
Goran.

hello world
19 септември 2017
198
165
Многу логики бараш а немаш познавање ни тука а ни во Аппле темата.

Затемнети фолии се Атест се дозволени.
Ама неможам се да те учам.
Очигледно си некое дете.

Велосипеди смеат ли да возат нагоре на водно и да се спуштаат со неприлагодени брзини?
А го прават ли тоа?
Има ли закон за нив?
Велосипеди треба да возат само по велосипедски патеки или каде ќе стигнат по улици ,тротаори ,булевари пешачки патеки?
Ти ли одреди кој е постабилен?

Дали тебе ти одговаат тротинетите или не нив во иднина ќе ги има се повеќе.

Но закон треба како за нив така и за Велосипедите.

Ако тебе те иритираат тротинети мене 10 пати повеќе велосипеди посебно кога се на семафор и тргнуваат демек коли се !!!
И блокираат се.

Закон да но за сите.
И да како тротинетите така и велосипедите помагаат во помалку загадување.

Ако не ти е јасно како дојди наведни се на алспухот на тротинетот кај мене и види колку издувни гасови исфрла?
Реков Помага не Решава мали.
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Бидејќи тротинетот нема сигнализација, ниту осветлување, забранет е за движење по коловоз во секој случај, за разлика од велосипеди кои доколку не постои велосипедска патека можат да се движат по коловоз.

M365 има сигнализација (задно црвено светло кое свети, а трепка кога се кочи) и има осветлување. Многу од велосипедите немаат ни предно ни задно светло.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.639
3.216
Се закачивте за велосипеди.
Велосипеди се регулирани. Немаат мотор.
Ова има мотор. Ако има мотор треба да се прилагоди на регулатива. 25 не е мала брзина, и удар со неа може да биде со сериозни последици. Кој ќе одговара при тоа? Осигурителна компанија ќе се повика на регулатива и ќе биде казнет тој што е крив.

По велосипедска не е ок да се возат моторизирани уреди.
По улица треба да имаат соодветна сигнализација.
Со велосипед стоп светлото е високо поставени, кај тротинет е прениско.
Велосипед можеш да сигнализираш со рака каде ќе се движиш, со тротинет ако пуштиш рачка....
Практични се, но треба да се признае дека нешто не е ко што треба и да се регулира.
Глупост е што градот финансираше нешто што ќе го речиси забрани.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
M365 има сигнализација (задно црвено светло кое свети, а трепка кога се кочи) и има осветлување. Многу од велосипедите немаат ни предно ни задно светло.

Задното светло е на 15cm од асвалтот, и како такво е скоро невозможно да се види. Осветлувањето напред ем ретко кој го користи, ем е слабо, иако истиот аргумент важи и за 90% од предните светла за велосипеди.

Инаку да, повеќето од велосипедистите немаат ни предно ни задно, и сите до еден јас лично би ги казнил - сепак е регулирано со закон, не? 150 денари се комплет светла кои вршат работа, а за посериозно возење има до 15-20 евра на AliExpress светла од 1,500 - 2,000 лумени, и потребни се.
 
џонидерп

hello world
16 јуни 2019
129
71
Друже, јас сум за тротинети, планирам и да си купам, но едноставно е, секаде во европа ги забрануваат и казнуваат. Во британија и германија е забрането да се движи тротинет и по тротоар и по улица, само на приватно земјиште. Во франција изгласаа нов закон со казни од 150 евра за движење по улица и 55 за движење по тротоар. Едноставно е, ако нема велосипедска патека да го возиш, не го возиш. Друго, тротинетите ти се класифицираат како лесни моторни возила бидејќи електромотор = мотор. А возило, електризирано или не, во сообраќај мора да има лиценца за да се вклучи во сообраќај, Високо поставено осветлување, и сигнализатори, трепкачи што тротинетите ништо од ова немаат. Замисли возиш по уличка низ дебар маало, и тој со тротинетот ти сече пат, без никаква сигнализација. Прочитајте малце за регулацијата и правила на сообраќај и ќе видите дека овие електрични тротинети немаат право да се движат никаде, ни по тротоар полн со бабички, ниту по улица, ниту пак по велосипедска патека.
И јас барам логика на твоите коментари во ејпл темата па нема.

Се продаваат и затемнети фолии за прозорци па не се легални во сообраќај. И картинг се продаваат па не се дозволени во сообраќај, се продаваат и ролери па не смееш да ги возиш на улица, ајде и детскине количиња за деца од 1 година да ги возиме по улици, бидејќи се легални да ги купиш.
ЛОГИКА?

Едноставно е, не исполнуваат регулатива и тоа е. Оди пиши на гугл франција и казни за електрични скутери и ќе видиш дека и кај нив се воведоа казни и регулатива. Секој учесник во сообраќај МОРА да биде регулиран. Во најдобра мерка со измени би биле регулирани на следниов начин, Дозвола за сообраќај, Осигурителна полиса, движење само по велосипедски патеки, Сигнализација и безбедност, т.е кацига и елек. Се надевам ке регулираат во скоро време, да си бидеме на чисто, исто како и со дроновите.

Нема споредба помеѓу велосипеди и тротинети. Велосипедите се постабилни, побезбедни за возење и управување за разлика од тротинети. Чиста физика.
Велосипедите си имаат регулиран закон затоа и тие можат додека тротинетите немаат, и затоа и ќе бидат казнувани.

За воздух и залагање за него, решението не е тротинети и велосипеди, туку добар јавен гратски превоз. Проблемот со загадувањето е на зима, помал е на лето. Освен ако не измислат електрични санки, не гледам како тротинетите би допринеле до намалување на загадувањето на зима.
Некако cherry picking ти се коментариве, погледнав клипчиња за франција и читнав нешто, да, ги вовеле тие закони во франција пошто го имаат претерано тротинетите, ги возат по улици таму кај што има велосипедски патеки и башка тоа се земји каде што има service тротинети за изнајмување и оставање по улици значи споредбава ти е ретардирана.
 
џонидерп

hello world
16 јуни 2019
129
71
Задното светло е на 15cm од асвалтот, и како такво е скоро невозможно да се види. Осветлувањето напред ем ретко кој го користи, ем е слабо, иако истиот аргумент важи и за 90% од предните светла за велосипеди.

Инаку да, повеќето од велосипедистите немаат ни предно ни задно, и сите до еден јас лично би ги казнил - сепак е регулирано со закон, не? 150 денари се комплет светла кои вршат работа, а за посериозно возење има до 15-20 евра на AliExpress светла од 1,500 - 2,000 лумени, и потребни се.
Задното да, слабо но за предното не се слагам.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв