1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Топ 5 игри

Дискусија во форумот 'PC' започната од Happy, 11 Јуни 2015.

  1. pacerMK

    pacerMK
    Gaining Experience

    109
    138
    28 Декември 2015
    Машко
    Студент
  2. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,406
    2,658
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    1. Wolfenstein
    2. Metro 2033/last light
    3. Singularity
    4. Crysis
    5. Call of duty (без infinite warfare)

    Бонус:
    Age of empires 1.
     
  3. Koen

    Koen
    Gaining Experience

    238
    82
    14 Април 2010
    Машко
    Независно од распоредот:
    • Age of Empires 2
    • Heroes of Might and Magic 4
    • Borderlands 2
    • Deluxe Ski Jumping 3
    • Football Manager (2008)
     
  4. Yautja

    Yautja
    Intern

    19
    11
    19 oктомври 2014
    Машко
    Независно од редослед:
    • Half Life
    • Dark Souls 1 (Цел серијал али ако треба да бирам тоа е кецот)
    • Diablo 2: LOD
    • Neverwinter Nights 1 + Expansions
    • Star Craft: Brood War
    Honorable mentions: World of Warcraft (TBC/Vanilla), Dragon Age: Origins, Mass Effect 1, Carmageddon 1/2, Baldur's Gate 1/2, Alien: Isolation, Alien vs Predator, DOOM, Quake, Unreal.
     
  5. Derof

    Derof
    Intern

    83
    39
    16 Јануари 2016
    Машко
    1 . Metal gear solid
    2. Kotor 1 2
    3. Baldur's gate 2 1
    4 Nevewinter nights 1 2
    5 . Mass effect 1
     
  6. Martin Arsov

    Martin Arsov
    Gaining Experience

    61
    60
    17 oктомври 2016
    Машко
    1.FarCry
    2.Gta V
    3.Watch dogs 2
    4.Cod ww2
    5.Dota
     
    На Madara му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zipi123

    zipi123
    Gaining Experience

    228
    154
    14 Јануари 2016
    Машко
    1.Mafia 2
    2.CoD Black ops 1/2
    3.Half Life 2
    4.Gta Vice city/Sa
    5.Pubg
     
  8. shitpost101

    shitpost101
    Gaining Experience

    350
    256
    9 Февруари 2018
    Машко
    1. WoW (WOTLK)
    2. Mass Effect Trilogy
    3. Diablo 1/2
    4. StarCraft & BroodWar (новите беа многу емо).
    5. Call of duty
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ragnar

    Ragnar
    Gaining Experience

    436
    414
    9 Декември 2015
    Машко
    Counter-Strike 1.6
    Civilization 4
    SimCity 2000
    Age of Empires
    Assassin's Creed

    ме прегазило времето :)
     
  10. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Gaining Experience

    141
    125
    7 Февруари 2014
    Машко
    1. Dota 2
    2. Doto 2
    3. Dodo 2
    4. dododo 2
    5. cyka blyat
     
    На shifty и RagingDemon им се допаѓа ова.
  11. Astro

    Astro
    Guru

    5,727
    7,455
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Мислам, целта на темава е да биде сериозна.
     
  12. Enquito

    Enquito
    Gaining Experience

    808
    499
    8 Август 2017
    Машко
    1. God of War
    2. Horizon Zero Down
    3. Persona
    4. Bloodborne
    5. Witcher
     
  13. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    772
    619
    27 Јуни 2012
    Ух, многу игри ми оставиле впечаток, овие се во моментов што ги играм

    1.) PUBG
    2.) Insurgency
    3.) Rise of Nations
    4.) Battlefield 4
    5.) Minecraft
     
  14. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    2,739
    2,519
    24 Септември 2012
    Пробај Cities Skylines. Не те прегазило времето, ова се нормалните игри кои се играат. А не ѓубрето денешно.
    Цив 5 е исто одлична, сега има и 6ка малце понапредна. Ама стилот е тој.
    АОЕ си има експенжн Рајз оф Роум, доста е. ;)

    Асасинс кај ја напика со другиве класици немам појма. Ама не заслужува да се спомне во ваква листа.
     
    На Jovan2389 и Ragnar им се допаѓа ова.
  15. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Gaining Experience

    141
    125
    7 Февруари 2014
    Машко
    Да можеби згрешив но сепак, името на темата е за Игри, кои пред се служат за забава.
    Исто така мое мислење е дека топ 5 игри се субјективно мислење, особено знаејќи колку жанрови постојат. Извинете!
     
  16. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    118
    220
    1 ноември 2015
    Машко
    Многу е тешко да одбереш и да рангираш само 5 игри, но ќе набројам 10 што кога првпат сум ги играл, не само што ме воодушевиле со приказна и гејмплеј, туку и со иновативност односно за првпат сум играл таков вид на игра и ме запознале со цел еден нов правец или жанр и секогаш ќе ми останат во сеќавање.

    Бидејќи не знам да пишувам кратки постови, за секој игра и серијал посебно ќе напишам зошто ми е меѓу омилените. Подгответе се за озбилен wall of text. :)

    10: Civilization IV и целиот серијал од тогаш.
    Памтам првпат кога ја купив играва во Порта Влае, не очекував нешто од нејзе, но кога почнав да ја играм не можев да престанам цела ноќ се додека не се раздени. Наредниот ден беше 1-ви септември, знам директно ненаспан отидов во школо. Но Civilization беше спој од толку многу работи што ги сакам, како историја, наука, технологија, политика, напредок на човештвото и многу друго. Дефинитивно ме воведе во turn-based стратегиите.

    9: World of Warcraft.
    Првпат ја пробав некаде во средината на Burning Crusade експанзијата, имаше бесплатен trial период за да ја испробаш 10 дена и прво ми требаше цел ден да ја симнам од интернет. Го направив првиот лик кој беше Paladin и знам не бев воодушевен од првиот час од играта. Си викав, од каде волку популарна играва кога цел саат убивам само свињи со auto-attack, единствена директна акција беше seal и judgment-от кој имаше предолг cooldown т.е чекање. Но ми се допадна cartoon графиката и светлата атмосфера на Elvynn Forest, па решив да и дадам повеќе шанса и набрзо после тоа станав навлечен на светот и играта. Никогаш нема да го заборавам првиот пат во Deadmines, самата атмосфера и потфат додека стигнеш прво до порталот, па група да најдеш и тек после целиот dungeon треба да го поминеш, а без притоа никој во групата да знае што му е работата. Првиот guild полн со нубови како мене, па првиот саглам guild со луѓе што ги осеќав како пријатели се ствари што никогаш не се забораваат и беа целосно ново искуство за мене.

    8: Grand Theft Auto: Vice City и целиот серијал од третиот дел па до сега, со исклучок на четвртиот дел кој не ми се допадна.
    Ова беше уште во основно школо, само јас во клас имав PlayStation 2 и еден другар што ја играл во играчница ми ја препорача играва дека морам да ја пробам. И отидов до Центар на Максим Горки кај дечките што продаваа Сони производи и игри и ја купив играва. Само што ја пуштив и уште во првите неколку секунди не ми се веруваше дека постои ваква игра, каде што можеш да правиш буквално што сакаш, просто бев воодушевен и никогаш пред тоа немав играно нешто вакво. Пред тоа сум играл единствено линеарни игри и слободата и отвореноста на Vice City беше нешто тотално ново за мене. Цело лето ја утепувавме од играње со другарите кај мене дома, убави времиња. :)

    6: The Elder Scrolls IV: Oblivion.
    Да не е утка намерно рипнав 7-ма омилена, бидејќи хронолошки прво Oblivion ме запозна со на Bethesda игрите и заради тоа морам прво со нејзе да почнам. Прочитав за нејзе во списание, беше уште период кога гејминг информации се добиваа претежно преку списанија, а и немав ниту интернет тогаш. Све што прочитав ми се допадна, ептен делуваше како мој тип на игра, арно ама беше next-gen игра, а јас немав ниту next-gen конзола, ниту доволно јак компјутер воопшто и да ја пуштам. И така пројде период од година дена, ја веќе ставив и интернет, и на YouTube се утепував од гледање клипчиња од Oblivion (немаше тогаш let's plays ко сега). Собирав пари за нов PC само заради играва, во самото истражување за каков хардвер да склопам, станав хардвер ентузијаста и го открив и тогашниот македонски hardware форум. И така делови 2-3 месеца купував за PC-то и конечно на лето го склопив. Oblivion ја имав купено веќе година дена од тогашниот Авто-Пазар. :) Цело лето ја играв, незаборавно искуство и свет за истражување. И така Oblivion може беше единствената игра која ми го исполни hype-от што претходно го имав за нејзе, скоро сите други игри на листава сум ги открил несакајќи. Skyrim не ми се допадна, дури ја немам до крај изиграно, преголем hype имав за неа, но на крај не беше ниту блиску до искуството што го имав со Oblivion, ама тоа е тоа кога за првпат пробуваш некој нов тип на игра, novelty факторот го немаше со Skyrim.

    7: Fallout 3.
    Прв допир со серијалот ми беше со овој дел, воопшто не ни знаев дека Bethesda работат на нејзе и тек откако искочи дознав за Fallout 3 од hardware форумот. Кога видов дека е изработена од Bethesda и во суштина дека е истиот енџин и стил на TES, знаев дека морам да ја играм. Го натерав другарот да ми ја симне од кај него на интернет преку Demonoid и уште памтам како се чудеше кога му покажав дека на торент сервисиве можеш што сакаш да си симнеш од интернет, на почеток не ми ни веруваше дека е можно. :) Иначе ова беше година дена откако ја изиграв Oblivion, така да novelty факторот ми беше сеуште свеж и ако во суштина скоро све беше исто и познато, доволно беше различна атмосферата за целосно ново искуство и незаборавни моменти. Имерсиран бев во целиот универзум на Fallout, внесен бев во целиот тој пост-апокалиптичен свет. New Vegas и четвртиот дел не ми се допаднаа и ги немам ниту изиграно до крај, не тврдам дека се лоши игри, но лично на Bethesda игрите ми се посебни кога за првпат играм некое ново нивно IP, после тоа отпаѓа novelty факторот.

    5: Tony Hawk's Pro Skater 4 и целиот серијал од првиот дел до Underground 2.

    Не прават веќе вакви игри, целосно забавен гејмплеј, никогаш не сум ни бил ентузијаста за скејтинг или слично, али играва ме навлече во цела нивна култура, а никад немам ни испробано скирол irl. Уште од PS1 со првиот дел многу ми се свиѓаше играва, али не знам зошто четвртиот дел на PS2 ми е едноставно омилен, фантастична механика и стази имаше. Една од најиграните игри на PS1 и PS2 ми беше серијалов.

    4: The Sims: Bustin' Out и The Sims 2.
    Го сакам цел серијал, но овие два дела ми се омилени. Всушност The Sims ми е најхајпувана игра на сите времиња, што и не ми ги исполнила оригиналните очекувања, но и ми ги исполнила сите очекувања за забава. Целата приказна за мојот hype кон серијалот почнува уште додека сум немал ниту конзола, ниту PC. Покрај тоа сепак сум купувал списанија за игри и компјутери, и памтам на едно македонско списание 100% Мултимедиа, првпат прочитав за The Sims 1 и бев воодушевен од описот за играта и бидејќи бев дете сум си создал слика односно hype за играва, ептен далеку од тоа што можеше играва да го оствари. Играта не беше ни уште искочена, али сеедно бев толку многу ентузијастичен, што кого и да сретнев му кажував за нејзе. Ден денес не ми е остварена тогашната слика и преку новиве делови. :) Пројдоа неколку години и некако заборавив на The Sims 1, бидејќи немав PC да ја испробам, а и ми стана јасно дека нема шанса да испадне играта онаква каква што сум си ја замислил јас.

    И така прв допир со The Sims, ми беше преку PS2 со The Sims Bustin' Out, која целосно несакајќи ја добив погрешка. На Сони дечките од Максим Горки им ја нарачав преку телефон The Simpsons Busting Out, а они погрешка ми ја изрежале оваа, но сеедно ја земав, и тотално неочекувано ми стана омилена игра, ја утепав од играње.

    Проаѓаат пак неколку години ја веќе фан на The Sims серијалот, а и го имав испробано и првиот дел на PC и тогаш на GameSpot читам за The Sims 2 и пак ми се враќаат надежите за оригиналната претстава што си ја имав за серијалов. Веднаш само што излезе секој ден им се јавував на продавницата во подрум на ГТЦ што продаваа музика и видео игри за дали ја добиле, после една недела ми се јавуваат дека ја добиле и дека е на 4 CD-a, а секое CD се плаќаше 150 денари. Отидов им платив 600 денари и сите пари се исплатеа, цело време ја играв, ненормално интересна ми беше. Ден денес сум фан на серијалот, иако не се тоа-тоа откако EA го распаднаа Maxis.

    3. Crash Bandicoot 3: Warped и целиот серијал од првиот дел до Crash Bash.
    Е со оваа игра и со PlayStation 1 како конзола ми стана гејмингот омилено хоби. Дете бев и брат ми со татко ми купија PS1, со FIFA 99, NBA LIVE 99 и Tekken 3, после некој ден брат ми ја купи Hercules, а другата недела татко ми после работа донесе Memory Card и Crash Bandicoot 3: Warped. :) Одма чим ми текне на периодов ми се навраќаат убави спомени и затоа PS1 ми е омилена конзола. Crash Bandicoot на Naughty Dog е фантастичен серијал, којзнае колку пати го имам преиграно, еве баш пред неколку недели баш овој дел на PS4 ремастерирана ја поминав 105%. :)

    2: Star Wars: The Knights of the Old Republic 2 и првиот дел.
    Ова беше првата игра која ме запозна со незаборавните игри на талентите од BioWare. Прочитав на Ентер првпат за играва и некако погрешно разбрав дека е open-world игра како GTA во Star Wars универзум. Ја купив од ГТЦ на 4 CD-a, и пак избројав 600 денари за пиратска игра. :) Кога ја пуштив дома веднаш видов дека не е open-world, и првиот ден воопшто не ја разбирав играва како всушност се игра и заради тоа не бев нешто воодушевен. Но после другиот ден, кога ја пуштив пак и дадов уште една шанса и тогаш ја разбрав генијалноста на играта. Првпат играв нешто вакво, каде секоја акција одберена има последица, богата приказна, плус и голем фан на Star Wars универзумот. Чуството беше како да си внатре внесен во универзумот со филмска приказна иста дури и подобра од филмовите. Со години го барав првиот дел да го изиграм, но никаде го немаше, башка уште дете бев не знаев многу продавници. Тек прва година во средно, имаше една продавничка до школото што продаваше игри и кога видов дека ја има, одма ја нарачав. Нема што друго да кажам за првиот дел, приказна подобра од филмови, ден денес немам сретнато и на игра и на филм подобар twist од тој во KOTOR 1.

    1: Mass Effect 1, 2, 3.
    Долго време ми беше KOTOR 2 омилена игра, се додека не се појави Mass Effect серијалот, поготово со 2-ката. Права ремек дело вселенска опера, главниот лик Shepard е најхеројскиот и нај badass лик што некогаш сум го играл, баш бидејќи можеш по своја моралност да го обликуваш. Не знам за вас но јас играв со Renegade Shepard со филозофија целта ги оправдува средствата, во било кој момент ако помагаше за спас на галаксијата, без размислување жртвуваше луѓе, не почитуваше авторитети, си имаше свој морален компас со крајна задача да ги спречи Reaper-ите без оглед на се. Баш како Џек Бауер од 24. :) Во ниту една друга игра, со исклучок на KOTOR, не почуствував таква конекција со ликовите во играта. Свака им част на девелоперите што создале такви ликови, кои кога ја играш играта забораваш дека се ликови во видео игра. Ремек дело од игра. Штета што EA упропасти уште една легендарна компанија. BioWare додека на чело беа легендарните доктори, беше моето најомилено студио на сите времиња.

    И тоа е тоа, секоја чест ако ме прочитавте до крај, цел саат го пишував постот, но гејмингот е моето најомилено хоби, и морав со детали целосно да ви го опишам целото мое патешествие со игрите кои првпат ме вовеле во некое ново до тогаш невидено искуство. За мене тоа е најбитно за некоја игра да ми биде омилена и незаборавна, што дури го памтам времето и локацијата од каде сум ја купил играта.

    Одамна веќе со години немам пробано нова игра и да кажам вакво нешто немам до сега искусено, све веќе почнува да ми делува варијација на тема, не дека нема добри видео игри, но нема веќе иновација во овој сегмент, барем според мене. Сигурно некоја VR игра создадена баш за тој медиум ќе биде следното нешто што ќе ме воодушеви пак за првпат.

    Поздрав. :)
     
    Последна промена: 30 Јуни 2018
    На Jovan2389, Zippo, martin17 и уште 12 други им се допаѓа ова.
  17. Gymblonski

    Gymblonski
    Intern

    41
    2
    28 Септември 2018
    Машко
    Rocket League
    CSGO
    Tom Clancy Rainbow Six Siege
    Battfield 1
    GTA V
     
  18. Exhumed

    Exhumed
    Intern

    12
    23
    23 Август 2016
    Машко
    1. The Witcher 3 (нема појака, а мош нема ни да има :)
    2. Dead Space 2
    3. Bioshock 2
    4. Dying Light
    5. Wolfenstein new order и новата
    За Crysis 2-3 и Metro нема место :)
     
    На marto му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ninjaa

    Ninjaa
    Intern

    50
    25
    3 Декември 2017
    Машко
    Да ја живнеме малце темава за најбоље игри според гледаност и играност за 2018

    1. Fortnite
    2. League of legends
    3. DOTA 2
    4. Call of duty (Black ops)
    5. CSGO
     
  20. DonFrozex

    DonFrozex
    On your way to fame

    608
    622
    9 Јуни 2011
    Машко
    Founder @ www.mobimax.eu
    1. Dota 2
    сори, ништо друго не играм, ова вака за релакс на мозокот малце и за „одливање на емоциите“ :D
     
    На Martin Arsov му/ѝ се допаѓа ова.
  21. boksata

    boksata
    Gaining Experience

    65
    62
    27 Декември 2017
    Машко
    1. Dota 2
    2. The Witcher 3
    3. Dishonored
    4. Trackmania Stadium :)()
    5. Gta V
     
Слични теми
  1. filipp
    Одговори:
    18
    Прегледи:
    2,921
  2. filipc.
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    1,127
  3. marto
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    577
  4. toshex
    Одговори:
    33
    Прегледи:
    2,063
Вчитување...

Сподели

Вчитување...