1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ноќна фотографија (long exposure, Light trails)

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од Joan.J331, 26 Мај 2018.

  1. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Не за жал не најдов. Проверив и во Camouflage, Outdoor, Jumbo, нема таква светилка.

    Иначе за местото најубаво да си провериш на гугл light pollution map и одбери каде е најтемно. Не е баш во околина на Скопје, али друго место освен Рудине ти е Кокино. Не е многу далеку. Стење и Коњско се исто така добри кај Преспа. Јас таму ќе бидам викендов. Местото секогаш бирај го според light pollution и да не е пристапно со кола т.е. да паркираш кола и да имаш минимум 20-30 минути пешки. Баш ради тоа што го кажа Октар, да не ти ебе некој раат со голф 4.
     
    На Oktar и dddragan им се допаѓа ова.
  2. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    245
    262
    12 Август 2014
    Машко
    Нешто вакво не ти врши работа? Според сликиве и описов, свети и црвено. Јас ќе побарам после, ќе видам во живо како е.
     
  3. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Не ми врши, имам ваква челна со црвена диода. Порано имав поголема светилка се закачуваше на привезок, ја околу врат ја носев таман беше. Сакам нешто слично да најдам. Не знам колку би било практично на челнава да додадам црвен гел.
     
  4. AsterKekov

    AsterKekov
    Gaining Experience

    26
    97
    23 Јануари 2018
    Машко
    [​IMG]

    [​IMG]

    Двете 18mm, f/8, ISO 100. Првата беше 30 секунди а втората на Bulb, отприлика минута. Претерав со едитот на втората, ум за другпат.
     
    На Трајче Дрварчето, mrmarko4fun, Costigan_Jr и уште 5 други им се допаѓа ова.
  5. Astro

    Astro
    Guru

    6,644
    9,320
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Momaci, sorry za latinica.
    Vecerite Sabota prema Nedela i Nedela prema Ponedelnik e najgustiot del od meteorskiot dozd Perseidi.
    Planiram da nosam poveke ili pomalku golemka grupa zainteresirani lugje na Rudine. Rudine se vika visoramninata zad Vodno pred Kozjak ezeroto.

    Ovaa godina e odlicna poradi faktot sto mesecinata ke bide mlada, a i ke zajde rano, pa neboto ke bide temno i ako bide i vedro i suvo ke ima odlicna sansa ako go pogodime vremeto na maksimumot da vidime vo prosek po eden meteor vo minuta. Ako sme mnogu srekni kako nekoi lani, mozeme da vidime vo teorija i nakaj 5 meteori vo minuta vo prosek.

    Na vakvi nastani se slika ubavo so dolgi ekspozicii. Ke probam da obezbedam motorizirano postolje koe ke kompenzira za rotacijata na zemjata pa pri dolgi ekspozicii zvezdite nema da ostavaat linii kako tragi.

    Ima li nekoj zainteresiran da se pridruzi?

    M
     
    Costigan_Jr, mkd, dddragan и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,891
    1,462
    10 Август 2010
    Машко
    +1
     
  7. bobson

    bobson
    Gaining Experience

    794
    431
    29 Јануари 2009
    Ако си заинтересиран за батериска лампа со црвена диода имам Lumintop Tool AA за продавање на која можам да и ставам црвена диода.

    Пиши ми порака ако те интересира нешто повеќе.
     
  8. brasica

    brasica
    On your way to fame

    621
    946
    18 Април 2010
    Мислам дека не е лошо, со оглед на апарат и објектив кој не е за ваква намена :)

    DSCF7491
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Дечки како поминавте вчера? Рудине како времето, се погоди?

    Јас сум максимално разочаран од вчера. У 7 сабајле тргнавме, 12 бевме Коњско. Секогаш проверувам временска прогноза на минимум 2-3 различни сајта/апликации. Се беше перфектно, облаче немаше до 6 попладнето. Ко за беља цело небо се наоблачи па првите знаци на млечен пат ги видовме околу 11 вечерта. Сликите допрва ќе ги поминам, сликавме до изгрејсонце, ама не ми делува ветувачко. Ќе пуштам покасно и видео/тајмлапс. Во продолжение една слика од кампот:

    [​IMG]

    Споделете импресии.

    @Astro
    Спомна во претходниот пост стар тракер. Го разгледувам некое време iOptron моделот. Кажи ми има ли можност на некоја дружба кога ќе правите да се пробаат/тестираат како функционираат овие модели? Освен страшно добри слики што вади врска си немам за технологијава.
     
    На Трајче Дрварчето, mkd, architect и уште 6 други им се допаѓа ова.
  10. ksimon

    ksimon
    Gaining Experience

    356
    193
    29 Април 2011
    Дечки, овие фотки се од мобилен??? Ако да, кој мобил е тоа што има мануелна опција за експозиција? Иначе и ја сум заинересиран за собиранки од типот Кокино, Козјак, итн..ноќни фотографирања..
     
  11. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Не се од мобилен, од DSLR апарат се. Експериментирав и со мобилен дали ќе добијам нешто на S7 Edge, ама ништо не се гледаше.
     
    На ksimon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Astro

    Astro
    Guru

    6,644
    9,320
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    И јас сум разочаран од вчера. Се наоблачи и ја откажав организацијата за одење на Рудине. После тоа па се разведри, пробав да реорганизирам ама ме одјебаа повеќето па и не отидов. Денес се мислев дали да одам ама утре рано се оди на работа, па баталив скроз.

    Иначе на следно одење на Рудине со фотографска опрема може да те викнам па ќе поразговараш таму со постручни од мене.

    Следете ја темава, па кога ќе се оди јас ќе јавам.
     
    На Oktar и ksimon им се допаѓа ова.
  13. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,175
    3,899
    5 Декември 2009
    Машко
    M.Pix, што сетинзи имаш за сликата од кампот?

    Sent from my Huawei P20 Lite using Tapatalk
     
  14. Joan.J331

    Joan.J331
    Intern

    50
    30
    3 Април 2018
    Машко
    а каде се наоѓа Рудине, некои пишаа дека некаде на Водно?
     
  15. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Google Maps

    Edit: Еве поточна локација баш од местото каде е видиковецот. Google Maps
     
    На Joan.J331 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Одлично, фала ти!
    f/4, 25" со ISO 5000 за млечниот пат, а нешто подолга експозиција со 3200 ISO е за шаторот.

    Иначе денес извадив добри слики од Рудине. Запрепастен бев што се видов таму. На истото место пред 3-4 години бевме јас и друштво од 5-6 луѓе. Денес едно добри 30 коли, 10 шатори, гласна музика и светилки на сите страни.
     
    Oktar, Joan.J331 и на StalkeR им се допаѓа ова.
  17. krema

    krema
    Professor

    10,701
    10,271
    24 Јуни 2009
    Машко
    Има некој во лов на персеиди? :)
     
  18. Joan.J331

    Joan.J331
    Intern

    50
    30
    3 Април 2018
    Машко
    а па ова на козјак било, јас го знам како Козјак панорама местово, сум бил, ама дење
     
  19. Joan.J331

    Joan.J331
    Intern

    50
    30
    3 Април 2018
    Машко
  20. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,891
    1,462
    10 Август 2010
    Машко
    Еве нешто од мене
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Најголемиот бед го јадев на оваа слика, кога се мислев на колку да го ставам Exposure Time и ISO-то. Решив да пробам 13s со високо ISO6400, и само што се затвои блендата - се појавува метеорит. Ама буквално после 0.5s одкако затвори блендата.
    [​IMG]

    Сликано е од видиковецот кај Козјак (или Рудине, за кого како).
    На фликр имам уште неколку закачено.
     
    На Трајче Дрварчето, architect, Costigan_Jr и уште 8 други им се допаѓа ова.
  21. Joan.J331

    Joan.J331
    Intern

    50
    30
    3 Април 2018
    Машко
    а се гледа ли со голо око млечниот пат?
     
  22. AsterKekov

    AsterKekov
    Gaining Experience

    26
    97
    23 Јануари 2018
    Машко
    Kinda? Многу малку, ама се познава ако си на многу темна локација. Ништо како на сликата.
     
    На Joan.J331 му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Се гледам, ама не е ни приближно спектакуларно како кога соодветно ке ја обработиш сликата. Инаку викендов беше скроз тапа, јас имав обид од Маврово и ништо не се деси, дремев два саати и си отидов љут.
     
    На Joan.J331 му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Joan.J331

    Joan.J331
    Intern

    50
    30
    3 Април 2018
    Машко
    порано брат ми одеше на Караџица и од таму се гледал млечниот пат, само што не можел да го слика, оти на апаратот не го прикажувал, одеше со мало апаратче, и + не одеше за сликање туку за друштво, ама па за таму треба теренско возило
     
  25. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,891
    1,462
    10 Август 2010
    Машко
    Се познава дека е тоа, но не како што е на сликите, тие веќе се малце чепнати во Lightroom. Ако некој сака, можам да ги прикачам сликите во RAW формат.

    Имаше многу луѓе на Козјак вчера, и многу без осет со тоа што светеа насекаде. Имав едно 10 слики што ми ги уништија (од 50 направени), бев на доста добра позиција, понастрана од сите - скоро кај патот.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...