1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ноќна фотографија (long exposure, Light trails)

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од Joan.J331, 26 Мај 2018.

  1. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,354
    9,839
    23 oктомври 2012
    Машко
    Самоорганизација, не е комплицирано има летови до Тросмо, после фаќаш рентакар и шеташ низ предели кои сами се сликаат. Ајде да го прајме тоа кафето па ке напрајме муабет на темата.
     
    На l1d0v1c и Necromancer им се допаѓа ова.
  2. Balanar

    Balanar
    Баниран/a

    1,066
    1,162
    6 Декември 2016
    Машко
    20181016_231349-01.jpeg
    Еден очаен обид, сликано над спортскиот аеродром Сушево. Galaxy S8, ISO800, exposure 10s.

    За нареден пат некаде на многу потемно и рутиран телефон за поголема експозиција и ISO. DSLR немам, ама можам да пробам со Firefly 8S акциска камера.
     
    krema, Трајче Дрварчето и на Oktar им се допаѓа ова.
  3. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    621
    1,267
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    Петок, сабота, недела, бирај ден ;) Или било кој наредна.
     
  4. Winncoot

    Winncoot
    Gaining Experience

    64
    84
    22 Јуни 2017
    Машко
    Youtube
    52914727_539371823249098_2792365578675814400_n.jpg И од мене една ноќна слика. Меѓу првите. :)
     
    На Joan.J331, architect, stefan_off и уште 8 други им се допаѓа ова.
  5. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    3,955
    3,572
    5 Декември 2009
    Машко
    Ке постирам една слика овде, воедно ми треба и совет/помош за овие долгии работи... :D

    Сликам со Fuji X10 + сталак и изменета во LightRoom малку. Shutter mode, f/2.2; 13 sec.
    Локација: Башино Село, Велешко.
    Наместен сум на мост, но оградата беше повисока од сталакот (се гледа шипката).
    Бујрумте со критики што чини, не чини овде. :))
    DSCF9340-2.jpg

    Апаратот има 3 мода на фокус, AF-S, AF-C и M-F. Јас сликав со Single, но на голем дел од сликите приметив на пц дека фокусот е избеган, односно дека се заматени.
    Па, ми треба совет како би вадел подобри фотки, односно со кој мод да сликам да не бидат матни сликите?

    Благодарам, поздрав.
     
    На Joan.J331, PC_GAMER, Sharlovski и уште 6 други им се допаѓа ова.
  6. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,039
    1,604
    13 Јануари 2014
    Машко
    Прво, за мостот долу, според мене имаш две опции. Или кропни го, со тоа што ќе изгубиш солиден дел од кадарот, или со Photoshop можеш релативно лесно да "преместиш" дел од патот долу, како и областа околу патот лево и десно, на местото на шипката.

    Друго, за фокусот, јас би ти рекол да сликаш со мануелен фокус. Намести го на Live View, зумирај на екранот до крај на делот што сакаш да ти е во фокус, и фокусирај на него. Исто така, мислам дека f/2.2 е прилично отворено за ваква фотографија. Јас би одел со f/8 - f/11, but that's just me :)
     
    Joan.J331, StalkeR, M.Pix и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    3,955
    3,572
    5 Декември 2009
    Машко
    Здраво, ти благодарам за одговорот.
    Слаб сум со фотошоп, лајтрум, така да ке почека тоа.

    Инаку, прилично сум нов во сликањето, но сакам да сликам, така што секој предлог / критика се добредојдени. :)

    За фокусот ке пробам деновиве пак, во план сум да се слика навечер пак.
    Да, дури кога ја ставив на пц видов дека сум бил со f/2. Нареден пат ке го запазам, ко за прв пат сум заборавил..


    Sent from my Huawei P20 Lite using Tapatalk
     
    На Joan.J331 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,354
    9,839
    23 oктомври 2012
    Машко
    Во ноќни услови долга експозиција користи искључиво мануелен фокус. Избери некоја светла точка и на екранчето зумирај на неа и фокусирај рачно. Околу блендата, доколку сликаш објекти што се далеку од тебе, не е проблем да идеш и со помал ф број, пак ке бидат во фукус работите бидејки се многу далеку од тебе. Но зависи на што целиш, ако целта ти е што подолга експозиција, тогаш стави повисок ф број, позатворена бленда. Ако целиш на звезди и млечен пат, тогаш неможеш предолга експозиција па пак доаѓаме до помал ф број, најмал што имаш. И така...
     
    Последна промена: 23 Април 2019
    Joan.J331, Fatal1ty_, StalkeR и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,411
    25,086
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    И ја имам едно прашање (не е за во темава али ќе биде од корист).
    Се работи за сетинзи за дневна долга експозиција.
    Викендов бев на шетање низ источна македонија и на една река со водопад сакав да напраам една слика со долга експозоција @M.Pix слична како твојата последна на инста.
    И светлината беше слична и кадарот. Но не успеав да ја направам бидејќи беше премногу светла.
    Ги пробав сите можни подесувања не успеав сликите беа речиси сктоз бели.

    Каде сум го грешел?
     
  10. Kajsibebraat

    Kajsibebraat
    On your way to fame

    1,426
    846
    1 Април 2012
    Машко
    Ти треба ND Filter (или у маало познато како „наочари за сонце“ за апаратот) за долги експозиции преку ден. Повеќе информации околу тоа појма немам да ти дадам зошто никогаш немам користено, почекај на некој од поискусните.
     
  11. Balanar

    Balanar
    Баниран/a

    1,066
    1,162
    6 Декември 2016
    Машко
    Предлог за промена на насловот на темава

    Ноќна фотографија (long exposure, Light trails, Bromance)

    :rolleyes::inlove:
     
    На Joan.J331 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,319
    968
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    @Fatal1ty_ дали намести исо-то на најмало бројче, f на највисоко бројче, а време на експозиција 1-2-3.... секунди.... во зависност колку е светло... и мора да добиеш таква слика.
     
    StalkeR, Joan.J331 и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  13. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    691
    2,293
    27 Јануари 2014
    Машко
    На кои сетинзи сликаше? Сликата од инста е со сетинзи ISO 50, f22, 2". Водопади обично сликам со ND филтер ама овој беше многу брз и немаше потреба од филтер. За долга експозиција во ден нема подобро од нд. Стави ја најзатворената бленда што ја имаш, најмало исо, и види шатерот до колку ти дозволува. Ако пак не можеш да извадиш ондак дефинитивно ти треба филтер.
     
    Joan.J331, Fatal1ty_ и на Oktar им се допаѓа ова.
  14. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,411
    25,086
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Најмало исо ми е 100 на мојот апарат, наместив со најразлични отворања на бленда и пак беа светли.
    Значи филтер да се пазари.
    Фала ви
     
    На Joan.J331 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    691
    2,293
    27 Јануари 2014
    Машко
    Па или филтер или да направиш на трипод 10тина фотки и после у фотошоп да им направиш стак. Ќе добиеш сличен ефект.
     
    Joan.J331, Fatal1ty_ и на Oktar им се допаѓа ова.
  16. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,354
    9,839
    23 oктомври 2012
    Машко
    Само не купувај варијабилни и ефтини нд филтри, прилично лоши се, џабе фрлени пари. Ем не затемнуваат колку што декларираат ем ја бојат сликата. Јас користам Breakthrough Photography филтри. Супер билд, супер квалитет и на тестови се покажуваат како доста добри, најчесто и најдобри. Lee филтрите се исто така доста популарни, не сум имал прилика да користам, али ѕирни ги.
    Инаку со филтриве имаш опција да земеш screw-on кружни или коцкасти, универзални. Кружните ти се спрема дијаметарот на објективот и за секоја димензија на објектив ти треба посебен филтер, кај коцкастиве обично се 10х10 и имаат маунт кој е безмалку универзален, ама па имаат други недостатоци, обично им цури светлина од страна затоа што не лепат така добро... ама па генерално се поефтини.
    Нешто ново на пазарот што делува ветувачки се брендираните филтри на Peter Mackinnon. Предноста е што се варијабилни, имаат добри ривјуа, квалитетен производител се, скру-он се и делуваат многу практично. Е сега, многу пари се...

    П.С. Кај циркуларните филтри имаш и опција да купуваш за најшироката леќа што ја имаш во дијаметар и да користиш step-up/step-down адаптери.

    Имаш многу за мислење пред да ги фрлиш парите, не е лесно, а без НД филтер, тешко долги експозиции преку ден :(

    Пример, ова е сликано сред ден, кој патем беше доста тмурен со f/20, ISO 100, 1s и ND филтер 6 stops. Пак е само една секунда експзицијата.

    Lofoten-59.jpg
     
    На FLEGMA, mrkela2009, StalkeR и уште 13 други им се допаѓа ова.
  17. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    691
    2,293
    27 Јануари 2014
    Машко
    Lee, Polar Pro, NiSi се меѓу подобрите. Имаше и едни други као ептен профи ама тие забегуваа со цени над 500-600 долари. По нормална цена кај нас се Hoya, ама ги немам користено.
     
    Joan.J331, Fatal1ty_ и на Oktar им се допаѓа ова.
  18. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,111
    4,389
    4 ноември 2013
    Машко
    @Oktar каква фотка брате... браво!
    Извинете за офтопик.
     
    Joan.J331, M.Pix, Fatal1ty_ и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,411
    25,086
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ете ми занимација за слободно време да проучувам филтри.
     
    На Joan.J331 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    621
    1,267
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    Моментално користам Hoya, и сум горе-доле задоволен. Не работам професионално со ова, но за мои потреби е и повеќе од доволно.

    Знам дека не можат да се споредат со горе-наведените филтри, но како за класа над чкарт филтри или варијабилни ефтини, се доста солидни. Нарачав неколку од ибеј од оваа продавница, и ND филтри и Polarizing филтер, брза испорака, уредно спакувано, одличен квалитет.

    IMG_20190423_120250__01.jpg



    Еве една фотка со Hoya ND 10 stops филтер, f/8.0 - ISO100 - 10 секунди

    IMG_6574.jpg



    И уште една со истиот 10 stops филтер: f/8.0 - ISO 100 - 5 секунди

    IMG_6593.jpg



    P.S. Да не бидат тотален оф топик претходните фотки, еве една наменета за оваа тема :)

    IMG_0560.jpg
     
    Последна промена: 23 Април 2019
    На FLEGMA, mrkela2009, DonFrozex и уште 17 други им се допаѓа ова.
  21. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    3,955
    3,572
    5 Декември 2009
    Машко
    Втора проба. Одев со мануелен фокус, live view. Се надевам ке ве ареса поише него ли првото. :D
    Fuji X10,ISO:100, SS:10sec, Manual mod.

    Локација: Велешко Езеро, некој ден пред да се запали цела шума од левата страна...

    [​IMG]Light Trails by Boshko, on Flickr
     
    На Tomekk, PC_GAMER, mkd и уште 8 други им се допаѓа ова.
  22. SpiroC

    SpiroC
    Gaining Experience

    18
    76
    29 ноември 2013
    Машко
    Canon eos 800d
    Sigma 17-50 f/2.8
    Slikano 17mm na 2.8 1600 iso 20sec 20190926225159_IMG_6487-01.jpg 20190926230518_IMG_6504-01.jpg 20190926230444_IMG_6503-01.jpg

    Sent from my SM-G960F using Tapatalk
     
    На it_boy и Oktar им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...