Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Mi True Wireless Earbuds

Arioth

hello world
2 април 2011
262
327
Друштво, ми треба помош.

Пред скоро 2 месеца на поклон ги добив горенаведените слушалки. Возејќи велосипед еден идиот ме истисна од патот во грмушки а друг намерно ми ја згазна и искрши левата слушалка. Ѕвонев во МИ МК но, не подаваат само лева. Дали некој случајно има само лева(десната да му е дефект) за продавање? Можеби знаете некој канал како би можел да си наачам само лева? Пробав на нет но јас не можев да најдам.

Поздрав,
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.908
4.587
Кога возиш велосипед не треба да слушаш музика на слушалки за да бидеш свесен за настаните околу себе и за да можеш соодветно да реагираш бидејќи си учесник во сообраќајот како и сите останати возачи/пешаци.
 

Arioth

hello world
2 април 2011
262
327
Кога возиш велосипед не треба да слушаш музика на слушалки за да бидеш свесен за настаните околу себе и за да можеш соодветно да реагираш бидејќи си учесник во сообраќајот како и сите останати возачи/пешаци.

Ти благодарам за советот.Доколку имаш информација каде може да најдам само лева слушалка би ти бил благодарен.
 

vladimir171

lurker
15 ноември 2007
632
455
Фабрички се спарени неможеш само една да смениш но можеш независно една од друга да ги користиш.
 

fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
@Вајкинг може да се користи мислам само десната поединечно, таа има master функција. Инаку @Arioth немаш начин да купиш само лева и да ја користиш со твојата десна. Мора да се пар, така ги продаваат од фабрика.

Малку offtopic, ама ако ги користиш само за возење велосипед, користи ја само десната, и не гласно. Ќе ја слушаш музиката, ама левото уво ти е отворено за сообраќај. Не е паметно да се изолираш така.
 

Arioth

hello world
2 април 2011
262
327
Ви благодарам на помошта. Може да се користи само десната меѓутоа мене ми е малку безвезе. Инаку слушав со минимално пуштен звук, да ми прави "друштво", инаку комплетно сум свесен за сообраќајниот метеж.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно