1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

МарНет со нов правилник

Дискусија во форумот 'Веб Хостинг' започната од smole, 11 Декември 2013.

  1. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,868
    6,466
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Нешто не ми е јасно, зошто воопшто некој би сакал МК домен? Регистрирај com и уживај место да се заебаваш со марнет и слични сиви фирми за хостинг во државава. Што му фали на anhoch.com или на nikocomputers.com.

    Апсолутно нема разлика во ништо кој gTLD ќе го одберете. Со МК само глава повеќе ќе ве боли кога ќе треба ns да местите или недајбоже да сакате да додадете cname преку викенд или празник. Или да се заебавате со формулари, печати и слично да го префрлите доменот на ваше име, кој инаку вие сте го платиле, а хостинг компанијата си го регистрирала на нивно име. Срамота.
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,094
    8,263
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    А каква па тоа услуга ти добиваш од МАРНет сега па новава да ти била уште поквалитетна?
     
  3. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    736
    8 Април 2007
    Машко
    По правило пререгистрацијата се води како обнова на домен во Марнет НО некој компании можеби ке одлучат цената за пререгистрација да биде и повисока од регистрација тоа е право на регистраторот. За тоа пак има избор на регистратори и избор на понуди...

    Не мислев јас каква услуга добивам туку крајниот корисни на доменот каква услуга ке добие. Инаку мислев на пример поддршка 24/7 а не како до сега само во раб време, промена на NS 24/7 кое може да го направиш преку панел ( барем кај нас ), промена на административен и технички контакт и слично...


    Па заради тоа е цела работа. Тоа дали сака некој .мк домен е избор на компанијата. Дека има сиви компании да но во секој бизнис ги има па одбери ја вистинската
    Инаку има разлика кој gTLD ке го одбереш, зависно од бизнис моделот но има...
    Околу болење на глава со NS пеку викенд/празник, домен на ваше име и се останато е идејата на целава работа да биде како шо треба и да не ве боли глава за промена на NS преку викенд туку да можеш да го направиш со 1-2 клика, доменот да биде на ваше име безразлика преку каде си го регистрирал и слично.

    Во целава постапка ке имате само еден формулар да го испринтате, потпишете и доставете САМО при регистрација или промена на сопственост на регистрант. За се останато е идејата да биде online.

    Да напоменам .com е генерички домен
    .мк е национален домен, ако сте работеле со национални домени во минатото ке видете дека секој од нив имаат некоја постапка која е покомплицирана одколку регистрација на генерички домен. Разликата е што мора да се испочитуват законите и пред се мора да се исфитрираат податоците да бидат точни во регистарот, да не испадне комшијата кај тебе да регистрира домен а да внеси твои податоци, да направи криминал ( а ти врска немаш ) па после институциите да тропнат кај тебе на врата бидејќи доменот е на твое име па оди докажи се после....Само заради ова ( а се има случено ) е потребна документацијата и идентификацијата при регистрација...
     
    На JasSum и smole им се допаѓа ова.
  4. smole

    smole
    Unstoppable

    2,950
    3,290
    18 Април 2007

    Јас сакам МК домен. Зашто .com кога полето на делување ми е во Македонија?

    Со други хостинг компании не сум имал искуство, само со ухост, и дечките си се супер, немало зашто да барам друга компанија.

    Порадо на нив ќе им дадам пари него на марнет, макар биле малку повеќе од 5те евра годишно што ги зимаа марнет, или 10. За сите треба да капнува по нешто.
     
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,868
    6,466
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Не се проблем парите, него тоа што доменот не е на твое име регистриран него на Ухост (да речеме, пример). Па ако сакаш да го повлечеш треба дополнително да се заебаваш. Тоа што ти сакаш МК е една работа, а полето на дејност нема врска. Исто ќе делуваш на овие простори и со .biz домен, важна е реклама.


    А кој ќе го спречи комшијата да регистрира com домен со мои податоци? Ова нема логика. При регистрација се остава број на платежна картица, име и презиме и адреса. Секој додатен документ е нонсенс.
     
    На P.Overdrive му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,986
    1,217
    5 oктомври 2007
    Машко
    Па баш работата со пререгистрацијава и/или регистрацијата на нов домен е да може секој (и физичко лице) да регистрира домен, без да се јавуе посредник помеѓу него и марнет. Значи Доменот ќе гласи на тебе ако го земеш а не на Ухост (пример). Дури и сите досегашни домени регистрирани на име на сегашните регистрари ќе мора да се пренесат (да се ослободат од нив пошто се ограничени на макс 30 домени во својство на регистрант).
    Епа тоа е разликата помеѓу генеричкиот COM и националните домени. Кај последниве е обавезно докажување на идентитет. Мада рака на срце кажано и кај COM е можно регистраторот да ти побара документи за потврда на идентитет, ако се посомневаат или добијат поплака за содржините на сајтот. Најчесто бараат и прават сопсвеник на домејнот да биде оној чија е последната уплата.
     
  7. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    736
    8 Април 2007
    Машко
    Иако marv одговори горе-доле ке се потрудам да го дообјаснам.

    Прво очигледно си скокнал некој пост од темава :) не е страшно и јас рипам постови ви некој теми за тоа сме тука ние да те исправеме и да продискутираме.

    Ова со целава работа е тому тоа што го велиш. доменот да не биде на друго име туку на твое лично БЕЗ разлика од кој и да е партнер на Марнет да го регистрираш. Сега и во УХост еве на пример кај нас да го регистрираш доменот ке биде на твое име и лично ке имаш контролен панел да ги менаџираш name серверите и слично...



    За генеричкиот домен .com податоците не се гарантирани што за разлика од националниот Марнет мора да ги има точните податоци чии е доменот за тоа е потребен тој 1 лист документ и идентификација чии е доменот и кој е одговорен за него.
    Инаку јас и напоменав претходно и за .сом домените се бара идентификација ако има поплаки или се забележи сомнителна активност преку него.
     
  8. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,868
    6,466
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ок, ме сфаќате погрешно очигледно. Јас сум за либерализација на МК доменот ама како што треба. Додека дојде оној момент кога ЈАС ЛИЧНО ќе можам да откуцам marnet.mk во бровсер, ставам податоци, платежна картица (па дури и скен од ЛК ако треба), работава не ја бива. Зошто да морам да одам преку 3-та компанија за да регистрирам домен ако не сакам да се заебавам со документации и сметкопотврди? Работава е тиња и марнет ништо неправи за да се среди. Само индиректно промовира хостинг компании од МК затоа што секој нормален човеко попрво би се регистрирал на некоја од нив и би купил домен одошто да печати барања и да трча по банки.

    Правилникот на Марнет е вака моментално
    Потребни документи:

    • Барање за регистрација пополнето во електронска форма и испечатени
    • Правни лица: копија тековна состојба од Централен регистар
    • Физички лица: документите се доставуваат лично
    • Копија од уплатница со уплатени 620 мкд по домен
    Значи јас треба да си штампам барање, а немам штампач, да го попунам, па да одам во банка да уплатам на жиро сметка кај нив 620 ден, па да идам фотокопир да барам и на крај да одам во Марнет и да чекам некој да ме услужи. Колку е тоа 4-5 саати работа? Ако имаш среќа.

    После колку време Марнет ќе го реализира барањето, плус времето потребно да се кешираат NS-ата = време за кое сајтот нема да ви работи.

    Исто ова:
    Доколку даден именски опслужувач се наоѓа во доменот кој треба да се регистрира, задолжително се
    наведува барем една негова званична IP адреса. Во спротивно тоа не е потребно.
    wtf.... кој DNS сервер да се наоѓа во кој домен? Во тој што го регистрирам? Најверојатно мислат на барањето да има и IP и ова е чиста глупост.
     
  9. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,986
    1,217
    5 oктомври 2007
    Машко
    Не бе јас бар те разбирам, ама ти изгледа нас не не разбираш. Целата работа е да нема директни регистрации во Марнет, и они да си работат други работи. Така е во цел свет. COM домеин не купуваш директно од ICANN туку од регистрари (godaddy и сл.).
    Шти се однесува до папирологијата, може и се електронски ако имаш елек.сертификат. Ако не верувам дека сегашниве регистрари ќе направат се да ти го олеснат превземањето документи.
    Она за цените и докумнтите што си ги пренел од сајтот на марнет е веќе историја, т.е. ќе биде од 01.04.2014. Нема да може така веќе.

    Околу последното, незбам што те буни. Занислу сакам да регистрирам XXX.mk i NS-и да ми бидат ns1.XXX.mk и ns2.XXX.mk. Како да ја приверат зоната ако не доставиш IP. Ете тоа сакаат да кажат.
     
    На sumi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. burce

    burce
    Intern

    267
    38
    1 Април 2009
    Најголемиот недостаток на промениве е што се со неверојатно задоцнување, ова требаше да биде завршено уште пред 10 години. Но, добро е што нешто ќе се смени и сигурно ќе биде на подобро.
     
    На sumi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,353
    2,955
    4 Септември 2008
    Ова само во Македонија го има и никаде на друго место, регистрација со сертификат кој го издаваат на токен кој кошта 2000+ денари еднократно плус сертификатот што треба да го обновуваш секоја година. Ова не е бричење на суво, ова е дилдо отпозади на суво.

    Инаку мене не ми е јасно, ако останува процедурата со штампани и потпишани документи лично да се достават наместо до Марнет во овој случај до регистрантите дали тоа значи доколку јас регистрирам преку ухост ќе мора да одам до Кавадарци да им ги однесам оти седиштето им е таму ?
     
  12. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    736
    8 Април 2007
    Машко
    Немора да вадеш сертификат само за да регистрираш домени. Ако веќе го имаш а секако во иднина секој граѓанин ке биде приморан да го има исто како што секоја фирма сега мора да го има...
    Ако го немаш немора електроснки да го потпишеш документот, за тоа е тука другата (offline) процедура.


    По правило ако си правно лице немора да одеш до ниту еден регистратор, можеш по пошта да го пуштеш или во нашиот случај да не контактираш и ние ке ангажираме курирска служба да дојде и лично да го подигне барањето.

    Ако сакаш како физичко лице да регистрираш тогаш по правило мора со лична карта лично да го доставеш барањето. Но во нашиот случај ( УХост ) пошто сме од кавадарци и да испаднеме во пресрет на СИТЕ од цела МК имаме договор со соработници и курирска служба која лично ке дојде до кај тебе ке те идентификува ( мораш да покажеш лична карта на увид ( не се прави копија ) ) ке го земе барањето и ке ни го достави на нас.

    Сетоа ова е на НАШ трошок.

    Идејата е донекаде да се избегне малтретирањето на краниот корисник и барем да се доближе корисничкото искуство како да регистрира генерички домен а сепак да се запази постапката.

    Или во кратки црти постапката би била вака:

    1. Онлине правеш нарачка
    2. Добиваш документи ( потполнети и спремни на маил ) само ги потпишуваш и заверуваш со печат ако си правно лице
    3. добиваш сметка истовремено и имаш можност да ја платеш online
    4. Не контактираш ( или оставаш во забелешка при нарачката ) дека сакаш ние да ги подигнеме документите.
    5. Подигаме документи и штом ги добиеме добиваш активен домен без да испаднеш од дома без дополнителен трошок.
     
    На shooter и Taurus им се допаѓа ова.
  13. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,131
    491
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Место навистина да направат либерализација, секој од дома да може да си регистрира домејн, брзо и едноставно овие уште толку комплицираат. Ако не знаеле како, само требало да копираат и применат искуство на западните земји, ама овие од марнет или пак мио мислат колку е посложено толку е попрофесионално, токмаци невидени се.
     
  14. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    958
    563
    3 Јули 2007
    Ми стигна маил од УХОСТ со реклама за нивната услуга како регистар на мк домени.

    Никаде не сум го оставил мојот маил и никаде не сум навел дека сакам да добивам промотивни мејлови. Колку е исправно ваквиот начин на спамирање на корисниците на марнет??? Доколку некој треба да го направи известувањето е МАРнет, добивме мејлови за пререгистрација во кое се ни беше објаснето.
     
  15. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,353
    2,955
    4 Септември 2008
    Која црна заштита на лични податоци, најверојатно марнет им дал на сите листата со мејловите. Тоа ти е исто како тоа дека никој не смее копија од лична карта да ти прави но упорно во банките ти прават по 200.000 копии на секое одење на шалтер.
     
  16. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Пријави ги во ДЗЛП. А копија од лична карта смеат во банка според Закон за борба против перење на пари или сл.
     
  17. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    736
    8 Април 2007
    Машко
    Ајдее, еден инфо маил е толку проблем ?! Дневно од сите сајтови за групни попусти стигаат по 100 мајлови со нивни понуди, реклами и слично а за исто никаде не сте пријавени да ги добивате. Истовремено колегите од другите компании по телефон замараат со саати по неколку пати неделно, тоа пак што е?!

    Идејата на маилот е далеку повеќе информативна отколку реклама/спам, жалам што си почуствувал дека намерата е да се спамира. Доколку ти смета да што си го добил доволен е еден replay и завршена работа.

    Идејата ни беше да информираме дополнително и проширено за процесот и дополнително при истек на доменот ( добронамерно ) ако не е пререгистриран чисто да не дојде до ситуација јас незнав, не го видов маилот, не ми стигнал...
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    958
    563
    3 Јули 2007
    Суми, проблемот е што не е професионално тоа. Бидејки сте една од попознатите хостинг компании во македонија тоа ти е исто како Оне/Телеком/Вип да прака понуди на некоја си маил листа на таргетирани корисници.

    Примам информативни мејлови од сајтовите кај што сум се зачленил, и имам добиено мејлови од сајтови што се почетници и добиле некоја маил листа и спамираат. Фино лепо ги откарав у ....

    Очигледна е големата борба за грабање на клиенти. Марнет е тој што треба да ги извести корисниците (и веќе ги извести) за новите промени. По вестите се збори за тоа неколку месеци, не верувам дека некој не слушнал за тоа.

    И не е завршена работа со еден replay, проблемот е што се злоупотребени личните податоци од марнет. Што ќе се случи сега сите останати регистри да „спамираат“ по мејловите?
     
    На Taurus му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    736
    8 Април 2007
    Машко
    Потполно те разбирам, но да знаеш само колку луѓе се неинформирани, не дека не добиле известување туку од причина што едноставно го игнорирале.
    Намерата беше да се информира. Тој што работел со нас донекаде знае дека нашата намера е пред се клиентот да е задоволен, парите сами ке дојдат после.
    Како што напоменав останати колеги не спамирата по маил, туку собрале сите информации и спамираат по телефон, каде буквално спамираат.
    Нашата идеја е да се информира точниот корисник кој јавно го оставил маилот за контакт во врска со доменот. Ако идејата ни беше да спамиравме лесно може преку агнеции со таргет група македонија да пуштеме преку милион мајлови па да стигне до секој кој има поштенско сандаче. Намерно се таргетирани тие кој оставиле маил за контакт и истиот е јавно достапен.

    Пак да се извинам од наше име што си се почуствувал спамиран, идејата воопшто не беше тоа.
     
  20. burce

    burce
    Intern

    267
    38
    1 Април 2009
    Скоро секој ден добивам промотивни имејли од наши компании, а 100% сум сигурен дека не сум се регистрирал никаде. Едноставно од негде ми е собрана имејл адресата. И тоа е неминовно. Секој што гради некој бизнис се обидува да допре до потенцијалните корисници.

    Конкретниот случај тешко дека може да се нарече спамирање. Ако си добил еден имајл, и тоа баш сега во очи на една од најголемите промени во МАРнет од компанија што е официјален регистрар на МАРнет, што е тука спам? Ти си совршен таргет за нив. Доколку ти праќаат секој втор ден имејл, а не си се регистрирал, би личело на спамирање. Вака, едно Delete и решен проблем.
     
  21. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,992
    504
    14 Април 2007
    Машко
    суми имам 2 прашања до тебе оти гледам си доста информиран околу тоа

    1. оваа со сертификат, имам сертификат значи слободно можам документот да го потпишам и пратам на мејл, ТАКА ??
    и домејнот е на мое име, исто како од марнет да е земен,

    2. Кои процедури ми треба да си го вратам домејнот .мк од човек кој сака да го препродава, а името на домејнот ми е заштитено

    само по судови да се оди или има некоја кратка процедура со марнет ?
     
  22. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    736
    8 Април 2007
    Машко


    1. Да ако имаш дигитален потпис можеш да го потпишеш и пратеш на маил и да доменот е на твое име

    2. Потребно е да се покрене арбитражна постапка, за која немам точни информации бидејќи арбитражните постапки ке ги води Марнет и генрално тоа ни кажаа, ако има проблем кај нив :).

    Ако имаш прашања други и слично слободно барај ме на маил, телефон би ми било мило да продискутираме.

    Истото важи и за сите вас, а не е лошо некоја собиранка да се направи во Скопје деновиве од ИТ заедницава па да продискутираме за многу работи од IT сверата па и за случајот со Марнет и домениве, верувам дека има мал милион прашања, коментари и слично кој искрено би сакал да ги слушнам.
     
    На MetalGear му/ѝ се допаѓа ова.
  23. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,992
    504
    14 Април 2007
    Машко
    фала за инфото ке те барам деновите да го земеме .com.mk домејнот, а за .мк ке отидеме до марнет да поднесеме потребни документи


    ај уште оваа, што мислиш т.е. имаш ли инфо колку време ке е потребно за арбитражната постапка
    имено лицето си го има заштитено името, има фирма со исто име, додека трето лице само го купило и бара пари за да го отстапи домејнот ???
     
  24. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    736
    8 Април 2007
    Машко
    Искрено незнам но не верувам дека ке завршете за брзо време.
    Ако можеш документирај дека ви бара пари за доменот може полесно да поминеш.
    Од друга страна ако не се работат за многу пари мој совет подобро дај му ги, арбитражна постапка да се покрене мислам дека чини 3000/9000ден па ако се работи за ситна пара ке си скратеш маки.
     
    На MetalGear му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    347
    233
    24 oктомври 2010
    Машко
    Замисли чоече за да пререгистрираш .mk домен, еве пример кај @sumi е 700 денари, тоа е повеќе од 16$ а кај другиве овластени „регистрари“ е повеќе од 26$. Како за илустрација, регистрација на .com домен кошта помалце од 2$ некад и 0,99$ а обнова 12-15$. Еве дури и домени како .guru .gallery и слично се по 20-25$
    Што е многу многу е.
    Имам за префрлање околу 5-6 .мк домени и тоа ќе го направам кај @sumi пошо другиве нешо глумат лудило со цените.
     

Сподели

Вчитување...