Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

МарНет со нов правилник

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com
Нешто не ми е јасно, зошто воопшто некој би сакал МК домен? Регистрирај com и уживај место да се заебаваш со марнет и слични сиви фирми за хостинг во државава. Што му фали на anhoch.com или на nikocomputers.com.

Апсолутно нема разлика во ништо кој gTLD ќе го одберете. Со МК само глава повеќе ќе ве боли кога ќе треба ns да местите или недајбоже да сакате да додадете cname преку викенд или празник. Или да се заебавате со формулари, печати и слично да го префрлите доменот на ваше име, кој инаку вие сте го платиле, а хостинг компанијата си го регистрирала на нивно име. Срамота.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.219
16.370
во сума како што напоменав реално не е многу, помалку од едно кафе месечно за што пак од друга страна зависно од операторот кој ке го одбереш ке добиеш поквалитетна услуга а да,

А каква па тоа услуга ти добиваш од МАРНет сега па новава да ти била уште поквалитетна?
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Дали повторно ќе се наплаќа регистрација или само обнова?

По правило пререгистрацијата се води како обнова на домен во Марнет НО некој компании можеби ке одлучат цената за пререгистрација да биде и повисока од регистрација тоа е право на регистраторот. За тоа пак има избор на регистратори и избор на понуди...

А каква па тоа услуга ти добиваш од МАРНет сега па новава да ти била уште поквалитетна?
Не мислев јас каква услуга добивам туку крајниот корисни на доменот каква услуга ке добие. Инаку мислев на пример поддршка 24/7 а не како до сега само во раб време, промена на NS 24/7 кое може да го направиш преку панел ( барем кај нас ), промена на административен и технички контакт и слично...

Нешто не ми е јасно, зошто воопшто некој би сакал МК домен? Регистрирај com и уживај место да се заебаваш со марнет и слични сиви фирми за хостинг во државава. Што му фали на anhoch.com или на nikocomputers.com.

Апсолутно нема разлика во ништо кој gTLD ќе го одберете. Со МК само глава повеќе ќе ве боли кога ќе треба ns да местите или недајбоже да сакате да додадете cname преку викенд или празник. Или да се заебавате со формулари, печати и слично да го префрлите доменот на ваше име, кој инаку вие сте го платиле, а хостинг компанијата си го регистрирала на нивно име. Срамота.


Па заради тоа е цела работа. Тоа дали сака некој .мк домен е избор на компанијата. Дека има сиви компании да но во секој бизнис ги има па одбери ја вистинската
Инаку има разлика кој gTLD ке го одбереш, зависно од бизнис моделот но има...
Околу болење на глава со NS пеку викенд/празник, домен на ваше име и се останато е идејата на целава работа да биде како шо треба и да не ве боли глава за промена на NS преку викенд туку да можеш да го направиш со 1-2 клика, доменот да биде на ваше име безразлика преку каде си го регистрирал и слично.

Во целава постапка ке имате само еден формулар да го испринтате, потпишете и доставете САМО при регистрација или промена на сопственост на регистрант. За се останато е идејата да биде online.

Да напоменам .com е генерички домен
.мк е национален домен, ако сте работеле со национални домени во минатото ке видете дека секој од нив имаат некоја постапка која е покомплицирана одколку регистрација на генерички домен. Разликата е што мора да се испочитуват законите и пред се мора да се исфитрираат податоците да бидат точни во регистарот, да не испадне комшијата кај тебе да регистрира домен а да внеси твои податоци, да направи криминал ( а ти врска немаш ) па после институциите да тропнат кај тебе на врата бидејќи доменот е на твое име па оди докажи се после....Само заради ова ( а се има случено ) е потребна документацијата и идентификацијата при регистрација...
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.909
4.589
Нешто не ми е јасно, зошто воопшто некој би сакал МК домен? Регистрирај com и уживај место да се заебаваш со марнет и слични сиви фирми за хостинг во државава. Што му фали на anhoch.com или на nikocomputers.com.


Јас сакам МК домен. Зашто .com кога полето на делување ми е во Македонија?

Со други хостинг компании не сум имал искуство, само со ухост, и дечките си се супер, немало зашто да барам друга компанија.

Порадо на нив ќе им дадам пари него на марнет, макар биле малку повеќе од 5те евра годишно што ги зимаа марнет, или 10. За сите треба да капнува по нешто.
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com
Не се проблем парите, него тоа што доменот не е на твое име регистриран него на Ухост (да речеме, пример). Па ако сакаш да го повлечеш треба дополнително да се заебаваш. Тоа што ти сакаш МК е една работа, а полето на дејност нема врска. Исто ќе делуваш на овие простори и со .biz домен, важна е реклама.


Разликата е што мора да се испочитуват законите и пред се мора да се исфитрираат податоците да бидат точни во регистарот, да не испадне комшијата кај тебе да регистрира домен а да внеси твои податоци, да направи криминал ( а ти врска немаш ) па после институциите да тропнат кај тебе на врата бидејќи доменот е на твое име па оди докажи се после....Само заради ова ( а се има случено ) е потребна документацијата и идентификацијата при регистрација...

А кој ќе го спречи комшијата да регистрира com домен со мои податоци? Ова нема логика. При регистрација се остава број на платежна картица, име и презиме и адреса. Секој додатен документ е нонсенс.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.893
5.604
Не се проблем парите, него тоа што доменот не е на твое име регистриран него на Ухост (да речеме, пример). Па ако сакаш да го повлечеш треба дополнително да се заебаваш. Тоа што ти сакаш МК е една работа, а полето на дејност нема врска. Исто ќе делуваш на овие простори и со .biz домен, важна е реклама.
Па баш работата со пререгистрацијава и/или регистрацијата на нов домен е да може секој (и физичко лице) да регистрира домен, без да се јавуе посредник помеѓу него и марнет. Значи Доменот ќе гласи на тебе ако го земеш а не на Ухост (пример). Дури и сите досегашни домени регистрирани на име на сегашните регистрари ќе мора да се пренесат (да се ослободат од нив пошто се ограничени на макс 30 домени во својство на регистрант).
А кој ќе го спречи комшијата да регистрира com домен со мои податоци? Ова нема логика. При регистрација се остава број на платежна картица, име и презиме и адреса. Секој додатен документ е нонсенс.

Епа тоа е разликата помеѓу генеричкиот COM и националните домени. Кај последниве е обавезно докажување на идентитет. Мада рака на срце кажано и кај COM е можно регистраторот да ти побара документи за потврда на идентитет, ако се посомневаат или добијат поплака за содржините на сајтот. Најчесто бараат и прават сопсвеник на домејнот да биде оној чија е последната уплата.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Иако marv одговори горе-доле ке се потрудам да го дообјаснам.

Прво очигледно си скокнал некој пост од темава :) не е страшно и јас рипам постови ви некој теми за тоа сме тука ние да те исправеме и да продискутираме.

Не се проблем парите, него тоа што доменот не е на твое име регистриран него на Ухост (да речеме, пример). Па ако сакаш да го повлечеш треба дополнително да се заебаваш. Тоа што ти сакаш МК е една работа, а полето на дејност нема врска. Исто ќе делуваш на овие простори и со .biz домен, важна е реклама.

Ова со целава работа е тому тоа што го велиш. доменот да не биде на друго име туку на твое лично БЕЗ разлика од кој и да е партнер на Марнет да го регистрираш. Сега и во УХост еве на пример кај нас да го регистрираш доменот ке биде на твое име и лично ке имаш контролен панел да ги менаџираш name серверите и слично...


А кој ќе го спречи комшијата да регистрира com домен со мои податоци? Ова нема логика. При регистрација се остава број на платежна картица, име и презиме и адреса. Секој додатен документ е нонсенс.


За генеричкиот домен .com податоците не се гарантирани што за разлика од националниот Марнет мора да ги има точните податоци чии е доменот за тоа е потребен тој 1 лист документ и идентификација чии е доменот и кој е одговорен за него.
Инаку јас и напоменав претходно и за .сом домените се бара идентификација ако има поплаки или се забележи сомнителна активност преку него.
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com
Ок, ме сфаќате погрешно очигледно. Јас сум за либерализација на МК доменот ама како што треба. Додека дојде оној момент кога ЈАС ЛИЧНО ќе можам да откуцам marnet.mk во бровсер, ставам податоци, платежна картица (па дури и скен од ЛК ако треба), работава не ја бива. Зошто да морам да одам преку 3-та компанија за да регистрирам домен ако не сакам да се заебавам со документации и сметкопотврди? Работава е тиња и марнет ништо неправи за да се среди. Само индиректно промовира хостинг компании од МК затоа што секој нормален човеко попрво би се регистрирал на некоја од нив и би купил домен одошто да печати барања и да трча по банки.

Правилникот на Марнет е вака моментално
Потребни документи:

  • Барање за регистрација пополнето во електронска форма и испечатени
  • Правни лица: копија тековна состојба од Централен регистар
  • Физички лица: документите се доставуваат лично
  • Копија од уплатница со уплатени 620 мкд по домен
Значи јас треба да си штампам барање, а немам штампач, да го попунам, па да одам во банка да уплатам на жиро сметка кај нив 620 ден, па да идам фотокопир да барам и на крај да одам во Марнет и да чекам некој да ме услужи. Колку е тоа 4-5 саати работа? Ако имаш среќа.

После колку време Марнет ќе го реализира барањето, плус времето потребно да се кешираат NS-ата = време за кое сајтот нема да ви работи.

Исто ова:
Доколку даден именски опслужувач се наоѓа во доменот кој треба да се регистрира, задолжително се
наведува барем една негова званична IP адреса. Во спротивно тоа не е потребно.
wtf.... кој DNS сервер да се наоѓа во кој домен? Во тој што го регистрирам? Најверојатно мислат на барањето да има и IP и ова е чиста глупост.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.893
5.604
Не бе јас бар те разбирам, ама ти изгледа нас не не разбираш. Целата работа е да нема директни регистрации во Марнет, и они да си работат други работи. Така е во цел свет. COM домеин не купуваш директно од ICANN туку од регистрари (godaddy и сл.).
Шти се однесува до папирологијата, може и се електронски ако имаш елек.сертификат. Ако не верувам дека сегашниве регистрари ќе направат се да ти го олеснат превземањето документи.
Она за цените и докумнтите што си ги пренел од сајтот на марнет е веќе историја, т.е. ќе биде од 01.04.2014. Нема да може така веќе.

Околу последното, незбам што те буни. Занислу сакам да регистрирам XXX.mk i NS-и да ми бидат ns1.XXX.mk и ns2.XXX.mk. Како да ја приверат зоната ако не доставиш IP. Ете тоа сакаат да кажат.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: sumi

burce

hello world
1 април 2009
268
38
Скопје
Најголемиот недостаток на промениве е што се со неверојатно задоцнување, ова требаше да биде завршено уште пред 10 години. Но, добро е што нешто ќе се смени и сигурно ќе биде на подобро.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: sumi

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.722
3.574
Не бе јас бар те разбирам, ама ти изгледа нас не не разбираш. Целата работа е да нема директни регистрации во Марнет, и они да си работат други работи. Така е во цел свет. COM домеин не купуваш директно од ICANN туку од регистрари (godaddy и сл.).
Шти се однесува до папирологијата, може и се електронски ако имаш елек.сертификат. Ако не верувам дека сегашниве регистрари ќе направат се да ти го олеснат превземањето документи.
Она за цените и докумнтите што си ги пренел од сајтот на марнет е веќе историја, т.е. ќе биде од 01.04.2014. Нема да може така веќе.

Околу последното, незбам што те буни. Занислу сакам да регистрирам XXX.mk i NS-и да ми бидат ns1.XXX.mk и ns2.XXX.mk. Како да ја приверат зоната ако не доставиш IP. Ете тоа сакаат да кажат.

Ова само во Македонија го има и никаде на друго место, регистрација со сертификат кој го издаваат на токен кој кошта 2000+ денари еднократно плус сертификатот што треба да го обновуваш секоја година. Ова не е бричење на суво, ова е дилдо отпозади на суво.

Инаку мене не ми е јасно, ако останува процедурата со штампани и потпишани документи лично да се достават наместо до Марнет во овој случај до регистрантите дали тоа значи доколку јас регистрирам преку ухост ќе мора да одам до Кавадарци да им ги однесам оти седиштето им е таму ?
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Ова само во Македонија го има и никаде на друго место, регистрација со сертификат кој го издаваат на токен кој кошта 2000+ денари еднократно плус сертификатот што треба да го обновуваш секоја година. Ова не е бричење на суво, ова е дилдо отпозади на суво.

Немора да вадеш сертификат само за да регистрираш домени. Ако веќе го имаш а секако во иднина секој граѓанин ке биде приморан да го има исто како што секоја фирма сега мора да го има...
Ако го немаш немора електроснки да го потпишеш документот, за тоа е тука другата (offline) процедура.

Инаку мене не ми е јасно, ако останува процедурата со штампани и потпишани документи лично да се достават наместо до Марнет во овој случај до регистрантите дали тоа значи доколку јас регистрирам преку ухост ќе мора да одам до Кавадарци да им ги однесам оти седиштето им е таму ?


По правило ако си правно лице немора да одеш до ниту еден регистратор, можеш по пошта да го пуштеш или во нашиот случај да не контактираш и ние ке ангажираме курирска служба да дојде и лично да го подигне барањето.

Ако сакаш како физичко лице да регистрираш тогаш по правило мора со лична карта лично да го доставеш барањето. Но во нашиот случај ( УХост ) пошто сме од кавадарци и да испаднеме во пресрет на СИТЕ од цела МК имаме договор со соработници и курирска служба која лично ке дојде до кај тебе ке те идентификува ( мораш да покажеш лична карта на увид ( не се прави копија ) ) ке го земе барањето и ке ни го достави на нас.

Сетоа ова е на НАШ трошок.

Идејата е донекаде да се избегне малтретирањето на краниот корисник и барем да се доближе корисничкото искуство како да регистрира генерички домен а сепак да се запази постапката.

Или во кратки црти постапката би била вака:

1. Онлине правеш нарачка
2. Добиваш документи ( потполнети и спремни на маил ) само ги потпишуваш и заверуваш со печат ако си правно лице
3. добиваш сметка истовремено и имаш можност да ја платеш online
4. Не контактираш ( или оставаш во забелешка при нарачката ) дека сакаш ние да ги подигнеме документите.
5. Подигаме документи и штом ги добиеме добиваш активен домен без да испаднеш од дома без дополнителен трошок.
 

artweb

user
5 март 2012
1.428
709
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10
Место навистина да направат либерализација, секој од дома да може да си регистрира домејн, брзо и едноставно овие уште толку комплицираат. Ако не знаеле како, само требало да копираат и применат искуство на западните земји, ама овие од марнет или пак мио мислат колку е посложено толку е попрофесионално, токмаци невидени се.
 

HocusPocus

user
3 јули 2007
1.031
641
Ми стигна маил од УХОСТ со реклама за нивната услуга како регистар на мк домени.

Почитувани,
Со огромно задоволство ве известуваме дека од 25.02.2014 година УХост стана официјален регистрар за .mk домени. Функциите и обврските кои беа во надлежност на МАРнет сега за истите сме надлежни ние како официјален партнер на МАРнет.
Да бидеме едни од регистрарите на македонскиот .mk домен ни претставува огромна чест и задоволство. Изминатите 8 години упорно и неуморно работевме, се трудевме за растењето на IT сферата, нудевме квалитет и на прво место ни беше и сеуште ни е исполнување и решавање на барањата и проблемите на клиентите.
Сега преку УХост ќе може на лесен и едноставен начин да го регистрирате примарниот.mk домен како и секундарните домени .com.mk, net.mk, org.mk, inf.mk, edu.mk.
Вие како регистранти и наши клиенти ќе ги имате следниве бенефиции доколку не одберете за ваш регистар или доколку сте наш клиент ја продолжите соработката со нас:
- Ќе може online да се потполни апликација за регистрација на .mk домен во било кое време
- Инстантна активација за регистрација на .mk домен
- Апликацијата за регистрирање на домен се потполнува автоматски
- Апликацијата за регистрација на доменот ќе ја подигнеме директно од вашите простории/канцеларии на наш трошок
- Ние како регистрар нудеме поддршка 24часа 7дена во неделата за сите ваши прашања и проблеми поврзани со услугите кои ги нудеме
- Преку нашиот систем на едноставен, прегледен и лесен начин може да извршете промена на именските опслужувачи, како и на административниот и техничкиот контакт инстантно!
- Добивате известувања пред истекот на услугата, при промена на именските опслужувачи, контакт податоците...
- Домените кои ќе се регистрираат ќе бидат во сопственост на самите лица кои ја имаат потполнето online апликацијата
- На брз и едноставен начин може да го обновете доменот за минимум 1 ( една ) а максимум 10 ( десет ) години
- Добијте промоции и попусти за нови нарачки како и дополнителни поволности
- За поголем број домени за пререгистрација и регистрација слободно контактирајте за специјална цена за вас
- и многу повеќе доколку не одберете за ваш хостинг и домен регистрант..
Ние како официјален регистрар за регистрација на .mk домените постојано ќе се трудеме за усовршување и за подобрување на услугите кои ги нудеме како и за олеснување за начинот на регистрација на .мк домените.

Никаде не сум го оставил мојот маил и никаде не сум навел дека сакам да добивам промотивни мејлови. Колку е исправно ваквиот начин на спамирање на корисниците на марнет??? Доколку некој треба да го направи известувањето е МАРнет, добивме мејлови за пререгистрација во кое се ни беше објаснето.
 

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.722
3.574
Никаде не сум го оставил мојот маил и никаде не сум навел дека сакам да добивам промотивни мејлови. Колку е исправно ваквиот начин на спамирање на корисниците на марнет??? Доколку некој треба да го направи известувањето е МАРнет, добивме мејлови за пререгистрација во кое се ни беше објаснето.

Која црна заштита на лични податоци, најверојатно марнет им дал на сите листата со мејловите. Тоа ти е исто како тоа дека никој не смее копија од лична карта да ти прави но упорно во банките ти прават по 200.000 копии на секое одење на шалтер.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.140
7.821
Пријави ги во ДЗЛП. А копија од лична карта смеат во банка според Закон за борба против перење на пари или сл.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Ајдее, еден инфо маил е толку проблем ?! Дневно од сите сајтови за групни попусти стигаат по 100 мајлови со нивни понуди, реклами и слично а за исто никаде не сте пријавени да ги добивате. Истовремено колегите од другите компании по телефон замараат со саати по неколку пати неделно, тоа пак што е?!

Идејата на маилот е далеку повеќе информативна отколку реклама/спам, жалам што си почуствувал дека намерата е да се спамира. Доколку ти смета да што си го добил доволен е еден replay и завршена работа.

Идејата ни беше да информираме дополнително и проширено за процесот и дополнително при истек на доменот ( добронамерно ) ако не е пререгистриран чисто да не дојде до ситуација јас незнав, не го видов маилот, не ми стигнал...
 

HocusPocus

user
3 јули 2007
1.031
641
Суми, проблемот е што не е професионално тоа. Бидејки сте една од попознатите хостинг компании во македонија тоа ти е исто како Оне/Телеком/Вип да прака понуди на некоја си маил листа на таргетирани корисници.

Примам информативни мејлови од сајтовите кај што сум се зачленил, и имам добиено мејлови од сајтови што се почетници и добиле некоја маил листа и спамираат. Фино лепо ги откарав у ....

Очигледна е големата борба за грабање на клиенти. Марнет е тој што треба да ги извести корисниците (и веќе ги извести) за новите промени. По вестите се збори за тоа неколку месеци, не верувам дека некој не слушнал за тоа.

И не е завршена работа со еден replay, проблемот е што се злоупотребени личните податоци од марнет. Што ќе се случи сега сите останати регистри да „спамираат“ по мејловите?
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Суми, проблемот е што не е професионално тоа. Бидејки сте една од попознатите хостинг компании во македонија тоа ти е исто како Оне/Телеком/Вип да прака понуди на некоја си маил листа на таргетирани корисници.

Примам информативни мејлови од сајтовите кај што сум се зачленил, и имам добиено мејлови од сајтови што се почетници и добиле некоја маил листа и спамираат. Фино лепо ги откарав у ....

Очигледна е големата борба за грабање на клиенти. Марнет е тој што треба да ги извести корисниците (и веќе ги извести) за новите промени. По вестите се збори за тоа неколку месеци, не верувам дека некој не слушнал за тоа.

И не е завршена работа со еден replay, проблемот е што се злоупотребени личните податоци од марнет. Што ќе се случи сега сите останати регистри да „спамираат“ по мејловите?

Потполно те разбирам, но да знаеш само колку луѓе се неинформирани, не дека не добиле известување туку од причина што едноставно го игнорирале.
Намерата беше да се информира. Тој што работел со нас донекаде знае дека нашата намера е пред се клиентот да е задоволен, парите сами ке дојдат после.
Како што напоменав останати колеги не спамирата по маил, туку собрале сите информации и спамираат по телефон, каде буквално спамираат.
Нашата идеја е да се информира точниот корисник кој јавно го оставил маилот за контакт во врска со доменот. Ако идејата ни беше да спамиравме лесно може преку агнеции со таргет група македонија да пуштеме преку милион мајлови па да стигне до секој кој има поштенско сандаче. Намерно се таргетирани тие кој оставиле маил за контакт и истиот е јавно достапен.

Пак да се извинам од наше име што си се почуствувал спамиран, идејата воопшто не беше тоа.
 

burce

hello world
1 април 2009
268
38
Скопје
Скоро секој ден добивам промотивни имејли од наши компании, а 100% сум сигурен дека не сум се регистрирал никаде. Едноставно од негде ми е собрана имејл адресата. И тоа е неминовно. Секој што гради некој бизнис се обидува да допре до потенцијалните корисници.

Конкретниот случај тешко дека може да се нарече спамирање. Ако си добил еден имајл, и тоа баш сега во очи на една од најголемите промени во МАРнет од компанија што е официјален регистрар на МАРнет, што е тука спам? Ти си совршен таргет за нив. Доколку ти праќаат секој втор ден имејл, а не си се регистрирал, би личело на спамирање. Вака, едно Delete и решен проблем.
 

MetalGear

poweruser
14 април 2007
3.033
550
devforge.mk
суми имам 2 прашања до тебе оти гледам си доста информиран околу тоа

1. оваа со сертификат, имам сертификат значи слободно можам документот да го потпишам и пратам на мејл, ТАКА ??
и домејнот е на мое име, исто како од марнет да е земен,

2. Кои процедури ми треба да си го вратам домејнот .мк од човек кој сака да го препродава, а името на домејнот ми е заштитено

само по судови да се оди или има некоја кратка процедура со марнет ?
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
суми имам 2 прашања до тебе оти гледам си доста информиран околу тоа

1. оваа со сертификат, имам сертификат значи слободно можам документот да го потпишам и пратам на мејл, ТАКА ??
и домејнот е на мое име, исто како од марнет да е земен,

2. Кои процедури ми треба да си го вратам домејнот .мк од човек кој сака да го препродава, а името на домејнот ми е заштитено

само по судови да се оди или има некоја кратка процедура со марнет ?



1. Да ако имаш дигитален потпис можеш да го потпишеш и пратеш на маил и да доменот е на твое име

2. Потребно е да се покрене арбитражна постапка, за која немам точни информации бидејќи арбитражните постапки ке ги води Марнет и генрално тоа ни кажаа, ако има проблем кај нив :).

Ако имаш прашања други и слично слободно барај ме на маил, телефон би ми било мило да продискутираме.

Истото важи и за сите вас, а не е лошо некоја собиранка да се направи во Скопје деновиве од ИТ заедницава па да продискутираме за многу работи од IT сверата па и за случајот со Марнет и домениве, верувам дека има мал милион прашања, коментари и слично кој искрено би сакал да ги слушнам.
 

MetalGear

poweruser
14 април 2007
3.033
550
devforge.mk
фала за инфото ке те барам деновите да го земеме .com.mk домејнот, а за .мк ке отидеме до марнет да поднесеме потребни документи


ај уште оваа, што мислиш т.е. имаш ли инфо колку време ке е потребно за арбитражната постапка
имено лицето си го има заштитено името, има фирма со исто име, додека трето лице само го купило и бара пари за да го отстапи домејнот ???
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
фала за инфото ке те барам деновите да го земеме .com.mk домејнот, а за .мк ке отидеме до марнет да поднесеме потребни документи


ај уште оваа, што мислиш т.е. имаш ли инфо колку време ке е потребно за арбитражната постапка
имено лицето си го има заштитено името, има фирма со исто име, додека трето лице само го купило и бара пари за да го отстапи домејнот ???

Искрено незнам но не верувам дека ке завршете за брзо време.
Ако можеш документирај дека ви бара пари за доменот може полесно да поминеш.
Од друга страна ако не се работат за многу пари мој совет подобро дај му ги, арбитражна постапка да се покрене мислам дека чини 3000/9000ден па ако се работи за ситна пара ке си скратеш маки.
 

Vampo

hello world
24 октомври 2010
366
257
Замисли чоече за да пререгистрираш .mk домен, еве пример кај @sumi е 700 денари, тоа е повеќе од 16$ а кај другиве овластени „регистрари“ е повеќе од 26$. Како за илустрација, регистрација на .com домен кошта помалце од 2$ некад и 0,99$ а обнова 12-15$. Еве дури и домени како .guru .gallery и слично се по 20-25$
Што е многу многу е.
Имам за префрлање околу 5-6 .мк домени и тоа ќе го направам кај @sumi пошо другиве нешо глумат лудило со цените.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно