Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

МарНет со нов правилник

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.679
3.290
офтопик
Ова не звучи добро. Каде ги трошам моите пари е моја работа. Оправдување "што се 300-500 денари годишно" не е оправдување и е навреда кон клиент.

Факт е дека МАРНЕТ не се либерализираше како што треба туку многу половично го направи тоа - на штета на крајните корисници.
Пшт, не збори што звучи добро.
Не сме најдорби, ама за подобри не сме слушнале:
да ти преведам... не сте најдобри и не ве интересира што прават другите и до кај стигнал светот. терате по старо и така и се однесувате.

сте пробале да украдете една кампања за avis. we try harder.
50 години стоеше ко мото на компанијата (до лани) како налдолго одржан слоган...
се однесуваше за hertz (најголем играчи во рент-а-кар бизнисот)

онтопик.
преку ухост иам купено домен (не е на име на фирма, па се води дека е кај нив). како може сега да си го префрлам на мое име?
 

ProHost

hello world
15 декември 2007
55
14
www.prohost.com.mk
Офтопикот нема да го коментирам, а за трансферот: нека го пополнат и ти го пратат овој формулар и заедно со формулар за регистрација на нов домен (во зависност од тоа дали сакаш на правно или физичко лице да се префрли доменот, на физичко лице само .mk екстензија може) однеси ги во МАРНЕТ или кај еден од регистрантите наведени во првиот пост.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.679
3.290
Офтопикот нема да го коментирам, а за трансферот: нека го пополнат и ти го пратат овој формулар и заедно со формулар за регистрација на нов домен (во зависност од тоа дали сакаш на правно или физичко лице да се префрли доменот, на физичко лице само .mk екстензија може) однеси ги во МАРНЕТ или кај еден од регистрантите наведени во првиот пост.

благодарам за информациите :)
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Да не цитирам посбено ке дообјаснам некој работи во овој пост во неколку точки.

1. Има квалитете во регистрација на домен, тој што разбира знае. Само еден пример кој во некој случаеви кошта многу повеќе е тоа кога треба во сабота-недела во 12 ноќта да смениш name сервери на некој домен при трансфер на сајт. Сега барем кај нас ке биде online во минутка време т.е нема да мораш да чекаш денови... Ако имаш било каков проблем со регистрација, поставување name сервери и слично исто немора да чекаш определено работно време. Тука е квалитетот. Можеби за некој не значи ништо дали денес или после 3 дена ке смениш name сревери но за многумина тоа е клучен фактор.

2. Марнет е сеуште во процес на либерализација така да дали е како што треба или не е неможе сега ниту јас ниту марнет ниту некој трет да каже...

3. Системот за онлине нарачки го има, барем го имаме ние еден клик и ке може било кој да нарача online домен и да го регистрира ВЕДНАШ после уплата исто како за .com. Но проблемот не е од технички аспект. Проблемот е од административен аспект. .мк е НАЦИОНАЛЕН домен т.е НЕ Е ГЕНЕРИЧКИ домен и Марнет како институција пред законот мора да ги гарантира податоците кој се внесени како 100% точни па поради тоа не е возможна инстант online активација и мора да се потврди автентичноста на податоците. Да не испадне утре јас да регистрирам домен со податоци на некој трет. Сега можеш во секое време online на .сом да внесеш БИЛО кое име и доменот ке е регистриран. Да не се разбереме погрешно и во .сом тоа не е дозволено и има контроли и може да го одземат доменот ( имав случаеви на така одземен домен ) но проблемот е што контролата не е толку строга па голем број на домени низ светот немаат реални whois податоци и за ова ICCAN работи па прашање е само ма време кога на некој начин ке мора да ја потврдеме валидноста на внесените податоци и кај генеричките домени.

ОВА Е ЕДОНСТВЕНАТА ПРИЧИНА што само при регистрација и пререгистрација ке биде потребна папирологија ( која е исто потребна кај голем број на други национални домени низ светот ).

4. Кој рече дека неможете да регистрирате online домен?! Тоа нема да биде проблем. Се што ви треба е валиден електронски потпис кој за жал 99.9% од Македонската популација го немаат, па од тука е муабетот дека нема да може да регистрирате online...

5. Незнам зошто велите дека се рекламирало дека цените ке паднат на домените ?! Каде тоа и кој го кажал ?! На последниот прес и претходните колку што знам не станало збор за цената. Мислам дека некој погрешни ги протолкувал работите околу цените па испадна на крај дека министерот најавува пониски цени. Но и да е така, да изјавил дека цените ке паднат тоа е стварно проблем на министерот.

Јас никогаш не сум верувал дека ке паднат бидејќи фактите се тие, цените на националните домени секаде низ светот се поскапи од нашите, на прсти се бројат земјите кој нудат поефтин домени во моментот. Од друга страна оперативните трошоци за одржување на системот и вработени само на Марнет се многу, па цената од 310 денари за обнова и да речеме дека е скапа, со либерацијата треба да се ослободи доменот па мора некоја трета страна да вложи финансии, луѓе, труд и нормално да заработи на истото и на крај ако оде пониско од 310 ден за обнова колку била цената ?! Колку би требала да биде цената на Марнет спрема регистраторите ?!
Колку регистраторите ке треба да имаат заработка од еден домен?
Кој се оперативните торшоци просочено на еден домен кај регистраторот ?


Пак да напоменам дека и јас би сакал цената да е пониска, би сакал струјата да е поефтина, би сакап нафтата да е поефтина, телефонијата и интернетот да се поефтини. Но реално неможе се да оде нагоре до бескрај, да се бара подобар квалитете и услуга а цените на домените да останат исти. За некој можеби е изненадување но барем мене ми беше јасно дека цените ке претрпат промени во нагорна линија....
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
онтопик.
преку ухост иам купено домен (не е на име на фирма, па се води дека е кај нив). како може сега да си го префрлам на мое име?



Ако не ти се брза најдобро е да почекаш да се активира работава па доменот ке гласи на твое име. Имаме интерна постапка како ке се одвива цело со НАМЛАКУ замарање за крајниот корисник се ке биде организирано од нас и нема да треба да оде никаде. Вака ке треба двапати истата работа, еднаш сега еднаш при пререгистрацијата со либеризацијата....
 

shooter

lurker
2 март 2010
660
590
Точно, она што е најголем проблем сега за сега е неажурноста на Марнет, губење документи по пошта, „неаме добиено мејл“... Самото тоа што корисникот на домејнот нема можност сам да си ги администрира нејм серверите е најголем недостаток во регистрарот. Се надевам дека другите регистрари ќе го овозможат ова и најпосле овој систем ќе профункционира како и во секоја нормална држава. За 5 пива/годишно повеќе барем ќе добиеме супер услуга.
 

Luidgi

lurker
24 февруари 2008
859
943
@sumi, бидејќи се зборува за домени и регистри каде UHost е еден од нив, да ја кажам мојата забелешка.

Сметам дека регистрацијата на домени niko.mk и anhoch.mk само за да бидат зафатени од ваша страна е нефер, меѓутоа истите да пренасочуваат на timcomputers.mk е крајно несериозно.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.140
7.821
@sumi, бидејќи се зборува за домени и регистри каде UHost е еден од нив, да ја кажам мојата забелешка.

Сметам дека регистрацијата на домени niko.mk и anhoch.mk само за да бидат зафатени од ваша страна е нефер, меѓутоа истите да пренасочуваат на timcomputers.mk е крајно несериозно.
Зошто? Слободен пазар...
 

mkd

hello world
5 јуни 2007
321
164
Постои разлика помеѓу тие два домени, меѓутоа и Нико Комп и Анхоч имаат право да тужат за злоупотреба на трговска марка.

Сајтот niko.mk да водеше кон било што друго освен за ИТ фирма немаше да биде проблем. Во случајот на anhoch.mk е поинаку затоа што тоа не е генеричко име и треба да се има прилично добро "оправдување" за употребата на тоа име, без разлика на типот на сајтот што би стоел на таа адреса (продажба на дрво, спортски клуб, шаховско здружение или слично).
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.140
7.821
Постои разлика помеѓу тие два домени, меѓутоа и Нико Комп и Анхоч имаат право да тужат за злоупотреба на трговска марка.

Сајтот niko.mk да водеше кон било што друго освен за ИТ фирма немаше да биде проблем. Во случајот на anhoch.mk е поинаку затоа што тоа не е генеричко име и треба да се има прилично добро "оправдување" за употребата на тоа име, без разлика на типот на сајтот што би стоел на таа адреса (продажба на дрво, спортски клуб, шаховско здружение или слично).
За што нема судска пракса. Фино лепо нека тужат па ќе видиме.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
@sumi, бидејќи се зборува за домени и регистри каде UHost е еден од нив, да ја кажам мојата забелешка.

Сметам дека регистрацијата на домени niko.mk и anhoch.mk само за да бидат зафатени од ваша страна е нефер, меѓутоа истите да пренасочуваат на timcomputers.mk е крајно несериозно.

Постои разлика помеѓу тие два домени, меѓутоа и Нико Комп и Анхоч имаат право да тужат за злоупотреба на трговска марка.

Сајтот niko.mk да водеше кон било што друго освен за ИТ фирма немаше да биде проблем. Во случајот на anhoch.mk е поинаку затоа што тоа не е генеричко име и треба да се има прилично добро "оправдување" за употребата на тоа име, без разлика на типот на сајтот што би стоел на таа адреса (продажба на дрво, спортски клуб, шаховско здружение или слично).

Кој хаос настана и колку наши домени ни земаа се решив да не седам од страна со скрстени раце. Што се однесува до конкретниве домени имав друга идеја а во меѓувреме ги паркирав само...

Овие 2 домени ако се проблам што ке кажеш на илјадниците домени што телеком, on.net, mol ... ги имаат земено ?!

Мене ако ме прашате немаше да дозволам вакво нешто и ке го организирав подобро, но ете правилата на марнет го дозволуваат истото па играме според истите...
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.140
7.821
Он.нет има над илјада домени што не ги плаќаше над 10 години. Гарант и мт.нет. Според Правилникот.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Он.нет има над илјада домени што не ги плаќаше над 10 години. Гарант и мт.нет. Според Правилникот.
Тоа и и мислев, а проблем се 2 домени кој верувам не се регистрирани како трговски марки... :)

Ако стварно толку сметаат е ги насочам на google :) само да не ме карате ...
 

bkarbev

read-only
3 јуни 2009
17
11
Абе разбравте дека на марнет пред 2-3 дена мигрирале некој сервер (китка мислам дека се викал, и кое глупо име за сервер) и среде миграција системот им паднал и сега имаат вратено бекап од пред 1 година... ??? :)
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Абе разбравте дека на марнет пред 2-3 дена мигрирале некој сервер (китка мислам дека се викал, и кое глупо име за сервер) и среде миграција системот им паднал и сега имаат вратено бекап од пред 1 година... ??? :)

Чист пример на дезинформации :)
Стариот систем се вика Китка и мигрираат од него, а за паѓање и враќање на бекап пред 1год би настанал национален интернет хаос ...
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.909
4.589
Марнет strikes again:

Почитувани,

На 01.10.2013 стапи на сила новиот Правилник за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен.
Според Правилникот, МАРнет воведува Регистрари, правни лица кои исполнуваат определни услови утврдени од МАРнет, кои ќе ја вршат дејноста регистрирање на .mk домени. МАРнет ќе прекине со вршењето на дејноста регистрација на домени, освен за домените со фиксен дел gov.mk, но останува сопственик на процесот и ќе го регулира истиот. Бидејќи до сега само МАРнет ја вршеше дејноста регистрар, потребно е да се изврши прераспределба на веќе постоечките домени на новите регистрари.
Процесот на прераспределба на постечките домени се нарекува пререгистрација. Секој домен ќе треба да се пререгистрира во зависност од периодот на обновување на истиот, што може да се провери за секој домен во Регистарот на регистрирани домени кој е јавно објавен на интернет страницата на МАРнет http://whois.marnet.mk/
Пример: доменот marnet.com.mk е валиден до 12.11.2014 и истиот може да се обнови 1 месец пред истекот на валидноста на доменот или од 12.10.2014 до 12.11.2014 година. Доколку не се обнови во дадениот период започнува постапката за бришење на доменот според Правилникот.

Доменот може да се пререгистрира само од страна на постоечкиот регистрант кај регистрар кој ќе биде своеволно одбран од страна на регистрантот.



Насоки за пререгистрација и листата на регистрари ќе бидат дополнително испратени најмалку 15 дена пред истекот на рокот за пререгистрација, на адресата на електронска пошта за доменот од Регистарот на МАРнет. Доколку адресата на електронска пошта не е валидна, потребно е да се корегира со цел да може регистрантот навремено да биде известен за процесите кои следат.
Процесот на пререгистрација на сите домени ќе започне на 01.04.2014 година и ќе трае до 01.04.2015 година. Со започнувањето на процесот на пререгистрација на домените, МАРнет ќе прекине со вршењето на дејноста регистрација на домени, освен за домените со фиксен дел gov.mk. Ситепромени што регистрантите ќе треба да ги извршат за домените ќе продолжи да ги врши МАРнет, се до пререгистрацијата на доменот, кога истите ќе ги превземе новиот регистрар.






Доколку имате дополнителни Прашања можете да се обратите до МАРнет на адресата на електронска пошта [email protected]или до компаниите кои имаат потпишано договор за Регистрар објавени на интернет страницата на МАРнет.

Со почит,
МАРнет
 

shooter

lurker
2 март 2010
660
590
На кратко - после 1ви април сите со домејни .мк кај Sumi на ракија :D
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Ајде и од утре официјално почнуваме ние со регистрација на .мк домени во новиот систем... Денеска имавме состанок на кој голем број на прашања се разјаснија.
Ке се потрудам деновиве да отворам едан нова и официјална тема каде би дискутирале точно што и како е постапката, ситуација со официјлани и точни информации ( т.е без шпекулации... ) па ке имате инфо од прва рака.

Она што е битно во моментот за сите кој имаат домен дирекно во Марнет а им истекува после 01.04.2014 треба да направат пререгистрација на истиот најкасно ПРЕД истекот на доменот НО неможе да направете пререгистрација порано од 30 дена пред истекот на доменот. Значи ако ви истекува доменот пример на 01.05.2014 ке може да го пререгистрирате почнувајќи од 01.04.2014 до 01.05.2014.

Ако некој има прашања и сака подиректен одговор ви стиме на располагање на skype, mail и телефон....
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.698
5.492
А ако доменот ни истекува догодина, не треба ништо да превземаме?
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
А ако доменот ни истекува догодина, не треба ништо да превземаме?

Треба но други догодина односно НАЈРАНО 30 дена пред да истече а најкасно на денот на истекување треба да се пререгистрира. До тогаш останувате во Марнет
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно