1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски Пошти- општа дискусија

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од ТАТА_МАТА, 28 Мај 2016.

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  1. Да, задоволен/а сум

    12.8%
  2. Ок се, сум немал/а некакви особени проблеми

    40.8%
  3. Не сум задоволен/а

    17.8%
  4. Не сум воопшто задоволен/а

    28.6%
  1. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    528
    565
    15 Септември 2012
    Машко
    Неможеш без картонче и лична карта да ја земеш пратката.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,282
    3,391
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Јас ги земам.
    Ми се јавуваат телефонски дека ми пристигнала пратка и после 15 часот идам ги земам лично.
    Отсекогаш било така кај мене у маџари.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  3. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    767
    485
    20 Декември 2015
    Машко
    Ете незнаев дека не смее, ама тие ми рекоа смее дојди сабајле. Лична карта знам дека мора.
    Шо значи последново од SSво?
     

    Прикачени датотеки:

  4. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    528
    565
    15 Септември 2012
    Машко
    Треба да знаете дека поштарите имаат добро организиран систем:
    Пратката, во вреќата со останатата пошта пристига во поштата XYZT во 18:30. Ја прима дежурниот шеф на шалтерушите.
    Наредниот ден до 7:15, шефот на доставната пошта ја отвара вреќата и ја предава со пописен лист на распоредување на шефот на пошторазнесувачите.
    Пошторазнесувачите ги задолжуваат пратките со пописен лист од својот реон најдоцна до 9:00 часот и тргнуваат да ги разнесат. Нормално, не се килават со вашите пратки, па уште во канцеларија ви пишуваат картончиња да од утре дојдете во доставната пошта и да си ги подигнете пратките. Тоа црвеното картонче ќе ви го стават во сандаче и уво не ги боли. Ниту ќе ви ѕвонат на врата, ниту ќе ве бараат...
    Пошторазнесувачот се враќа назад во доставната пошта до 14:30 и предава извештај за предадени и вратени пратки.
    Утре, вратените пратки со пописен лист, шефот на пошторазнесувачите ги предава на шалтер во пошта за странките да си ги подигнат.

    Е, затоа ти пишува на картончето да дојдеш утре.

    Во многу доставни пошти, дежурниот шефот на шалтерушите во втората смена, ги превзема пописните листи попладне (после неуспешната достава до тебе дома) и ги предава на шалтер за подигање и ти можеш да си ги подигнеш пратките после.... 17, 18, 19 часот или кога ќе завршат. Е, ама тоа не му е редовна работа.

    Тоа е процедурата за оние пратки на чиј број за следење Tracking number почнува со буквата R или V (вредносна пратка).

    Многу пописни листи? Епа ако се изгуби, да знае шефот кој ја изгубил пратката и кого да казни.

    Каде можеш да убрзаш и да ја земеш пратката порано?
    Само ако лично го знаеш пошторазнесувачот во твојот реон, па да ти јави да дојдеш во пошта да ја земеш пратката од него лично, како он да ти ја донел дома, или ако е помала пратката по габарит, па да се сложи да ти ја донесе некаде на реон.

    Ако нарачуваш почесто или тераш бизнис по пошта, добро е малку да го подмачкаш твојот поштар, оти и жаба не крека на суво.
    Тоа се додека пошторазнесувачите работат за фиксна плата.
     
    На Krkac, ТАТА_МАТА, RoninMK и уште 3 други им се допаѓа ова.
  5. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    528
    565
    15 Септември 2012
    Машко
    Утре ќе ја задолжи пратката пошторазнесувачот. Продолжи со читање на подолгата моја порака.
     
  6. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    528
    565
    15 Септември 2012
    Машко
    За маџари, нормално. Поштарот сеуште живее во истата барака со поштата?
     
  7. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,282
    3,391
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Поштарот не сум го видел 1.5 година. Све сам лично сум ги земал пратките во пошта Ченто.
     
  8. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    767
    485
    20 Декември 2015
    Машко
    Баш убаво скоцкано,
    сакам да кажам дека не е моја кривица што сум побарал, не сум знаел, најчесто Охрид си ги пуштам бидејќи наврата стигаат истиот ден чим покаже дека пратката е МК.

    Поентата е тие ми рекоа дојди дечко утре сабајле земи ја, отидов ама неможиме сега ме смееме не е куцана, па зошто не ми кажаа вака како тебе како функционираат? Туку ми рекоа дојди вечер подигни ја.Отидов со картонче и пак ме зезнаа.
     
  9. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    528
    565
    15 Септември 2012
    Машко
    Ова нема никој да ти го каже. Кај си видел интерни процедури на било која фирма јавно да се објавени?

    Оти те гледаат од друг град, знаеТ дека таму те мазаТ и пазаТ, па овде да компензирааТ и да имаш средно жалосно мислење за поштата..

    Оти од Охрид си, па клавам Т каде требвиТ.

    џаст џокинг.
     
    На Excalibur му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,282
    3,391
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    На @igor_igor и тоа како го има подмачкано неговиот поштар што дури и до дома му ги носе габаритните пратки :D
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  11. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,050
    3,000
    2 Септември 2012
    Машко
    Да му даде господ здравје и никогаш да не ми го сменат. :p:)
     
  12. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,282
    3,391
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Забите му ги расипа од толку благо :D
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  13. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    528
    565
    15 Септември 2012
    Машко
    Yes-те да. Одамна ја преселија доставата таму. Моја грешка...
     
  14. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    173
    81
    18 oктомври 2019
    Машко
    Него шо прајме со оние тракинг броеви шо не ги читаат кај нас...? :)

    BPost
    Your shipment has been delivered to the postal operator of the country of destination and will be delivered in the coming days.
    2019-10-21
     
  15. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    173
    81
    18 oктомври 2019
    Машко
    Функционира кај некого страницата на пошта?
     
  16. krema

    krema
    Professor

    9,492
    9,192
    24 Јуни 2009
    Машко
    Утре ќе го ресетират серверот.
     
    На gligor и DrMTR им се допаѓа ова.
  17. emmdee

    emmdee
    Intern

    2
    0
    2 ноември 2019
    Здраво на сите.

    Кај средина на септември нарачав две работи од интернет и уште не ми стигнаа. Едната е пратена преку Royal Mail другата е преку Paq Light Internacional, за жал не ми дадоа tracking number и за двете пратки. Средина на ноември е и сеуште не ми стигнаа, а секогаш ми стигнуваа пратките порано. Зборнав со некои други луѓе што нарачаа исто во тоа време и на нив пратките сеуште не им стигнаа. А најсмешно е тоа што на почеток од месецов нарачав од Amazon и петокот ми стигна таа пратка.

    Нешто се случува со поштава или?
     
  18. krema

    krema
    Professor

    9,492
    9,192
    24 Јуни 2009
    Машко
    Си требал да доплатиш за тракинг бројче.
    Пошта имат зголемен обем на работа а мањак на работна сила.
     
  19. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    173
    81
    18 oктомври 2019
    Машко
    "Пошта имат зголемен обем на работа а мањак на работна сила."

    Ова важи само за тие без тракинг? :)
     
  20. krema

    krema
    Professor

    9,492
    9,192
    24 Јуни 2009
    Машко
    Одговорив на последното прашање од тој пост.

    Инаку регистрираните пратки со "R" секогаш имат приоритет.
     
  21. Geek64

    Geek64
    Intern

    8
    4
    24 Декември 2018
    Здраво дечки, да ве прашам нешто во врска со следење на пратките тука во Македонија преку страницата на Македонски Пошти. Имено, пред околу месец дена од Aliexpress нарачав некои работи и пред неколку дена(недели) стигнаа во Македонија, но не и кај мене. Не знам каде се заглавени. Што мислите, што се има случено, бидејќи доста време е поминато?

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  22. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    173
    81
    18 oктомври 2019
    Машко
    Каде гледаш дека се стигнати?
     
  23. Geek64

    Geek64
    Intern

    8
    4
    24 Декември 2018
    Па регистрирана е на страната на Македонски Пошти, претпоставувам дека е стигната во Македонија? Бидејќи во спротивно мислам не може да се следи?
     
  24. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,997
    6,778
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ти пишува дека е ставена во вреќа. Кога ќе стигне пишува пристигната во 1003.

    Темава треба да се модерира. Секоја страна истите работи се повторуваат. Однови и одново.
     
    moongose, CBB_6 и на Маша им се допаѓа ова.
  25. emmdee

    emmdee
    Intern

    2
    0
    2 ноември 2019
    За жал и на двете места немаа такваа опција. Т.е. има ама тоа преку друг carrier како UPS или DHL. 2 години нарачувам од овие места и ми стигаа пратките без никаков проблем за 2-3 недели. Башка ова од амазон што го нарачав што ми стигна за брзо време исто немаше тракинг.

    Ова првпат ми се случува а и други ми кажаа дека не им стигнаа пратките па да прашам дали некој знае што се случува.
     

Сподели

Вчитување...