• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Македонски Пошти- општа дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?


  • Вкупно гласале
    421
  • Ја почнал/а темата
  • #1

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,921
2,434
Значи не можам повеќе со вакви институции заборавени во времето. Истата институција, со истиот ентериер, со истиот метод на работа од пред 50 години и без изгледи дека нешто ќе се промени.

Да напоменам дека овој пост пред се, се однесува на главната пошта под Железничка станица од која понатаму се разнесуваат пратките во локалните пошти.

1. Известие за пристигната пратка. Со години се користи истото картонче за да те известат дека пратката е пристигната, целото е со печатни грешки и зборови што не постојат во македонскиот литературен јазик и на никој не му е гајле. Кога ќе размислам какво е се друго, картончето е најмалиот проблем (нека го прикачи некој ако му се наоѓа при рака)

2. Поштата може тебе да ти доцни, но ти не смееш да и доцниш на поштата. Доставата на пратки во светски рамки драстично се подобри. Hong Kong Airmail Post почна да доставува пратки од другиот крај на светот за една недела, а понекогаш исто толку време и треба на нашата пошта за да ја обработи истата. И за тоа треба да бидеме луѓе и да ги разбереме, но ако ти не си го проверил поштенското сандаче и не ја подигнеш за 5-7 дена ќе ја вратат од каде што е купена. Зошто? Бидејќи ти си тој кој треба да биде во служба на поштата а не обратно.

3. Пратката е пренасочена. Гледаш дека пратката е пристигната онлајн, си велиш ќе одам да ја земам. Одиш кај поштарите, не е кај нас, пренасочена е на приемно одделение. Одиш на приемно одделение, а дечко утре ќе ти стигне известување дека од задутре можеш да дојдеш да ја земеш. Па добро бе 2 врати ве делат со поштарите, организирајте се и дајте ми ја пратката. 3 дена процедура за нешто што треба да одземе максимум 5 минути.

4. Губење на пратки. Моето досегашно искуство покажало дека, пратките без број за следење без проблеми стигаат доколку е пластика, имаат ситни и лесни работи, но доколку е во кутија и/или изгледаат симпатично, мистериозно ќе исчезнат. Доколку е книга може да ја скинат опаковката за да се види што книга е и ако е на англиски така со скината опаковка ќе ви ја достават без пардон. Се разбира за ова не можам со сигурност да потврдам чија вина е but it fits the description.

5. Ако отидете 10 минути пред крај на работно време, како во око да сте им бркнале. Ако отидете во сабота кај поштарите (а најверојатно и другите денови) 10 минути пред истекот на работно време, џабе сте отишле. Се спакувале, раздолжиле и се на пат накај дома. Затоа што работно време е за пи*кици.

Морам да им оддадам почит на 20% од вработените кои одговорно и чесно си ја вршат работата и покрај сите услови, но сепак нешто е труло. А тоа не е само ентериерот и екстериерот на македонски пошти.
 
Последна промена:

Costigan_Jr

Unstoppable
5 јули 2013
2,853
3,943
Доволно е да се спомне фактот што изникнаа други сервиси за брза достава, а тоа можеше да биде Македонски Пошти. Тоа кажува за интересот за вложување во таа институција и збогатувањето на услугите. Со % ќе се полнеше буџетот на РМ, а не сега да плаќамe на КЕ или незнам кои за да ни достават пратка. Замислете со возилата со кои доставува КЕ ќе се доставуваа поштенските пратки и истовремено и други пратки кои се до истата адреса. И тие возила би можеле да се на сончева енергија, кои повремено би работеле како хибридни возила. Милиони идеи се возможни, ама кај нас до ден денес луѓето со идеи својот интелект го продаваат на запад, дел на никого, а оние другите се сите во државни институции и си играат к-т со парите од џебот на народот.

Респект, за отворањето на оваа тема. :)
 

psyside

Rising Star
4 септември 2008
27,592
28,403
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Мојата пошта идеално си ја врши работата, најмногу 1 ден каснење има у просек откако ќе ми стигне нешто. Некогаш можеби 2, но после тоа идам и го подигам продуктот без проблем, или истиот ми е доставен.
 

GreenRoot

On your way to fame
1 октомври 2011
929
871
Охрид
GreenRoot's setup  
Processor & Cooler
i5 4200U
Storage
Samsung Evo 850 240gb
RAM
8GB
Video card
AMD 8670m
Monitor
15,4''
OS
Windows 7 Home Premium
Не дека не си во право ама факт е дека има многу полоши институции од Македонски пошти. Поточно се што е државно е климаво.

Доста негативни искуства имам прочитано по форуми, но за поштата во Охрид нема што многу да се пожалам. Ако пратка стигне на царина, следниот ден имам известение. Дури и поштарот ме праша дали сакам да ми ги носи пратките на врата, ама пошто често од сабајле не сум дома му реков да остава само известение.

Два пати ми доцнеше препорачана пратка. Првиот пат чекав 3 дена, немаше известение и бев да си ја подигнам, пошо немале поштар тие денови. А вториот пат каснеше 4 дена, бев да ја побарам но не ја најдоја. Ми рекоја дека најверојатно е задржана на царина и стигна 5тиот ден.

Од интернет порачувам некаде од почетокот на 2012, и до сега може низ моиве раце поминале повеќе од 500 пратки. На почетокот често имаше каснење а уште почесто не стигнуваа воопшто работи. Последниве две години, работите полека се упоравуваат.
 

Costigan_Jr

Unstoppable
5 јули 2013
2,853
3,943
Мислам дека би требало да се оцени работата од примањето на пратката до доставуањето и начинот на којшто се врши плаќањето и времето откако ќе се влези во поштата до подигнувањето на пратката итн итн.
Процесирањето на пратките кога ќе пристигнат во државава МП го вршат премногу бавно. Дали немаат доволно вработени, незнам што е причината. Но, и за тоа има решение.

За лично подигнување најчесто сум чекал по 30 мин, бидејќи работат премногу бавно, а и начинот на подигнување како да е смислен од некој ограничен во мозокот.Значи, прво одат да ја бараат пратката во хаосот. Откако ќе ја најдат (АКО ја најдат), ти даваат уплатница ти да одиш да си уплатиш, па ако си начекал таму ред пред тебе може и 1 час да потрошиш за пратката од Кина. Мислам, досега можеше да направат и електронски систем за уплата ако не друго. После тоа на друг шалтар се купува таксена/поштенска марка па и таму може да начекаш ред. И се враќаш назад, па ако некој е пред тебе, пак ќе треба да чекаш на ред. Што да кажам, како да сме во незнам кој век... Ова е МП. Ова е начинот којшто важи за цела држава.
 

goranzoran

Unstoppable
21 јануари 2011
3,318
2,793
скопје
10 минути викаш? Ја у поштана карпош сум бил 40 минути пред затварање а имаа ставено клуч на врата. Поштата требаше да затвори во 20.00 а они беа затворени и готови да си одат во 19.20.
:D
 

igor_igor

Unstoppable
2 септември 2012
2,120
3,271
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i3-10100F (6M Cache, 3.60GHz, up to 4.30 GHz) + CM Hyper 212 EVO
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston A2000 250GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master G750M 80 Plus Bronze
RAM
2 x 8GB (16GB) Kingston HyperX FURY RGB 3200MHz DDR4
Video card
SAPPHIRE NITRO+ RX 580 - 8GB DDR5
Case
SAMA Vision III
Mouse
X7 XL-750BH
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 10 Pro 64 bit
10 минути викаш? Ја у поштана карпош сум бил 40 минути пред затварање а имаа ставено клуч на врата. Поштата требаше да затвори во 20.00 а они беа затворени и готови да си одат во 19.20.
:D
Па тие исто како Карго Експрес , одам во 17:20 ,а работат до 18:00 и ми викаат толку дечко утре дојди, па им викам до 6 работите, да ама касата ја затворивме, ама не треба да плаќам им викам само да предадам пратка тој таму си плаќа ?
Не бе готово затворено е, а таму 8 души од кои тројца седат ко волови не се мрдаат и ги мрзи два збора да напишат ВО РАБОТНО ВРЕМЕ.
Нормално си завршив работа во Брза Пратка. (ова е од пред 2 дена на инсистирање на купецот , инаку таму сум рекол одамна, не им влегувам).

Доволно е да се спомне фактот што изникнаа други сервиси за брза достава, а тоа можеше да биде Македонски Пошти. :)
Добро е да има повеќе сервиси за брза достава , што повеќе конкуренција тоа подобро.

Инаку мене до сега ми немаат оставено картонче за подигање овие од Македонска пошта, значи се ми носат до врата, освен за две пратки поголеми (или тие проценија дека се поголеми) па ме известија преку вибер со слика на пратката која што треба да си ја подигнам и каде.
Е сега пратки што не ми стигнале воопшто имало ,ама за тоа неможам со сигурност да ги обвинам Македонски Пошти , затоа што не сум сигурен дали се баш тие , може некоја друга пошта надвор од државава. :p
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,921
2,434
Еве им една идеја. На сите пратки кај што е наведен телефонски број, вработи човек кој ќе им прати смс порака на корисниците со детали за испораката. Не ми треба тоа картончето воопшто да ми го носат. Системите за праќање смс пораки не се воопшто скапи. Ќе биде брзо, ефикасно и погодно за мрзливи поштари

За лично подигнување најчесто сум чекал по 30 мин, бидејќи работат премногу бавно, а и начинот на подигнување како да е смислен од некој ограничен во мозокот.Значи, прво одат да ја бараат пратката во хаосот. Откако ќе ја најдат (АКО ја најдат), ти даваат уплатница ти да одиш да си уплатиш, па ако си начекал таму ред пред тебе може и 1 час да потрошиш за пратката од Кина. Мислам, досега можеше да направат и електронски систем за уплата ако не друго. После тоа на друг шалтар се купува таксена/поштенска марка па и таму може да начекаш ред. И се враќаш назад, па ако некој е пред тебе, пак ќе треба да чекаш на ред. Што да кажам, како да сме во незнам кој век... Ова е МП. Ова е начинот којшто важи за цела држава.
Баш така. Овој систем беше во ред пред 20 години кога немаше ни приближно толку пратки, ама 80% од луѓето во држани институции се поларни мечки и се инертни за воведување на нови методи дури и ако тие им ја олеснат работата.
 
Последна промена:

Costigan_Jr

Unstoppable
5 јули 2013
2,853
3,943
Добро е да има повеќе сервиси за брза достава , што повеќе конкуренција тоа подобро.

Инаку мене до сега ми немаат оставено картонче за подигање овие од Македонска пошта, значи се ми носат до врата, освен за две пратки поголеми (или тие проценија дека се поголеми) па ме известија преку вибер со слика на пратката која што треба да си ја подигнам и каде.
Е сега пратки што не ми стигнале воопшто имало ,ама за тоа неможам со сигурност да ги обвинам Македонски Пошти , затоа што не сум сигурен дали се баш тие , може некоја друга пошта надвор од државава. :p
Точно, но поаѓајќи од фактот дека тоа би бил национален, нема да има потреба од конкуренција, едноставно ќе мора да бидат најдобро што е возможно. Нели, од нас за нас. Колку подобар сервис толку повеќе ќе се полни буџетот. Проблемот е што мислам дека не е ни државен сервис веќе, да не е даден на концесија(некој да знае?)?
 

igor_igor

Unstoppable
2 септември 2012
2,120
3,271
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i3-10100F (6M Cache, 3.60GHz, up to 4.30 GHz) + CM Hyper 212 EVO
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston A2000 250GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master G750M 80 Plus Bronze
RAM
2 x 8GB (16GB) Kingston HyperX FURY RGB 3200MHz DDR4
Video card
SAPPHIRE NITRO+ RX 580 - 8GB DDR5
Case
SAMA Vision III
Mouse
X7 XL-750BH
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 10 Pro 64 bit
Ама на кој му е гајле за буџетот не зезај ?
На оние буџетарине ?
На некој ќе му биде гајле доколку е негова фирмата, сопственикот, другото дали работи во јавна администрација или како овие од Карго Експрес , абе ги заболе уво не се замараат воопшто дали ќе вратат муштерии или не , или пак како ќе ги услужат.
Јас во моја фирма муштерија немам вратено како сега, така и кога имав продавница, од кола ме враќале назад , дигам тоа решетката ги услужувам до кога сакаат па после си одам.
И додека ги услужувам она љубезно се а не како на клинци едвај да чекам да си отидат, ама приватно бе батки ако не земам пари од муштеријата и ако не е задоволен утре нема ни да помисли да дојде пак, ама кога работиш кај друг ти е гајле, е тоа е.
 

Costigan_Jr

Unstoppable
5 јули 2013
2,853
3,943
Ама на кој му е гајле за буџетот не зезај ?
На оние буџетарине ?
На некој ќе му биде гајле доколку е негова фирмата, сопственикот, другото дали работи во јавна администрација или како овие од Карго Експрес , абе ги заболе уво не се замараат воопшто дали ќе вратат муштерии или не , или пак како ќе го услужат.
Јас во моја фирма муштерија немам вратено како сега, така и кога имав продавница, од кола ме враќале назад , дигам тоа решетката ги услужувам до кога сакаат па после си одам.
И додека ги услужувам она љубезно се а не како на клинци едвај да чекам да си отидат, ама приватно бе батки ако не земам пари од муштеријата и ако не е задоволен утре нема ни да помисли да дојде пак, ама кога работиш кај друг ти е гајле, е тоа е.
Има решение за се, дури за тоа тие што се во државна служба да почнат да љубат работата од дното на душата. Има решение за се :)
Кај нас народот нема таков менталитет. Реално, после секое незадоволство од услуга би требало да се јавиме кај сопственикот на фурмата или некој задолжен за примање поплаки, да си кажеме, и тој што е неодговорен на работно место да лета од работа ефективно веднаш(или нека си водат евиденција, нека си запишуваат минуси, нека даваат предупредувања). Но, кај нас ретко кој се обраќа кај претпоставените, сите се расправаат со вработените, си губат нерви. Нема потреба, едноставно си се обраќаш кај претпоставен. Јас да го имам КЕ би ставил на секој документ кој го добива корисникот телефонот за примање поплаки. После ќе бркам од работа. Ама кутро македонче, денес ќе го понижат, утре пак ќе се обрати на истото место оти немало избор.. ХА-ХА. Менталитетот на народов не подразбира критички став кон ништо, затоа и државава ни стигна каде што ни стигна. Си легнале сите на брашното, место да излезат на избори и да гласаат за нешто што ќе ја промени состојбата, тие избираа до последните избори да не излегуваат воопшто, демек така го искажувале револтот. Арам да им е! Секој не даден глас против тоа што не чини е подршка и одобрување на тоа. Такa е и со услугите - ако не се обратиш кај претпоставените, сопствениците на фирмата, џабе се расправаш со вработениот. Тоа е тоа. Се извинувам за ОТ.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,921
2,434
Делумно ќе бидам оффтопик, но
- не смее да се случи да вртиш на 192 и никој да не ти се јави, или да ти се јави по шестото sвонење ( а ми се има случено)
-не смее да се случи да пратиш фактура до царина по е-мејл и никој да не ти одговори или да ја праќаш по три пати за некој да се смилува и да ја процесира
-не смее да се случи да свртиш на телефон на институција под државна капа и да бидеш дочекан со зборовите ''Aaaa ''. Ни ''повелете'', ни ''како можам да Ви помогнам'' ни името на институцијата да го каже за да бидеш сигурен дека си на вистинското место. (ми се случи кога вртев на Македонски Железници)

Ама научени сме на малку и тоа ни е очигледно доволно

Такa е и со услугите - ако не се обратиш кај претпоставените, сопствениците на фирмата, џабе се расправаш со вработениот. Тоа е тоа. Се извинувам за ОТ.
И мислиш дека ако се обратиш кај претпоставените во било која државна фирма ќе смени нешто? Секој е на некого нешто и сите ги туркаат проблемите под тепих, а тепихот е стар, излитен и валкан.
 

Software

Gaining Experience
15 август 2007
525
265
Software's setup  
Processor & Cooler
Intel i3 8100
Motherboard
Gigabyte B360M DS3H
Storage
Western Digital 1TB Blue
PSU
EVGA 450W BT 80+
RAM
8 GB Kingston HyperX 2400 Mhz
Video card
-
Case
Modecom Oberon 2F
Mouse
Genius
Keyboard
Genius 110
Audio
Trust 2.1
Monitor
Samsung P2270
OS
Windows 10 Pro 64bit
малку офф топик. Четвртокот 26 овој месец во 10ч порачав патики преку онлајн продавницата на Спорт Висион бидејќи најавија дека ќе има попуст од 20 %. Пишува на страната дека ќе ти се јават за да потврдиш порачка петокот одлучив сам да ги побарам да прашам кога ќе ги добијам патиките. Дечкото ме најде и ми кажа од Тетово ќе ги пратат и денес дека ќе ги добијам. (Доставата ја вршат преку Курир или Глопко) Патиките ги нема цел ден вртев на бројот да прашам за контакт од Спорт Висион ми исклучуваа после 5 ѕвонења :S. Пратката од Тетово до Кичево изгледа ја пратиле на желка па треба една недела да иде. А пратка од Кина ми има стигнато за 7 дена. Многу не коректен однос прв пат порачувам од македонска фирма онлајн и никогаш повеќе.
 

vlavot

Medicus
29 октомври 2009
3,012
2,837
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Супер си е поштата и поштарите. Одлично си ја вршат работата.


Gesendet von meinem iPhone mit Tapatalk
 

Daniel86

Guru
28 мај 2013
2,822
7,404
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i7 3770 & Cooler Master Hyper 612 V2
Motherboard
Asus P8Z77-V PRO
Storage
Samsung 860 EVO 250GB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Cooler Master-Silent Pro Gold 600W
RAM
Geil 2x8GB
Video card
Asus R7 250 2GDDR5 & Intel HD 4000
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Verbatim KU-0725
Audio
Realtek ALC887 & Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 7 Ultimate SP1 x64 И НЕ ГО МЕЊАМ!!!



Домаќинска работа :)
 

Costigan_Jr

Unstoppable
5 јули 2013
2,853
3,943
И мислиш дека ако се обратиш кај претпоставените во било која државна фирма ќе смени нешто? Секој е на некого нешто и сите ги туркаат проблемите под тепих, а тепихот е стар, излитен и валкан.
Не, воопшто не мислев на државните фирми, туку исклучиво на приватните. И претпоставениот е најдобро да е газдата/сопственикот. Било кој под него ќе гледа да амортизира и да не работи.
 
Откако не ми стигнаа 3 пратки по ред (ситници под 1000 денари) почнав да влечам кабли за да видам што се случува.

Од внатрешни извори на релативно висока позиција дознав дека огромен број од пратките кои што немаат ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН тракинг број, мистериозно ги снемува. Финтата е што кинезот ќе ти рече дека ти стаил тракинг, ама тој е некој домашен нивни, или ќе ти даде фејк бројче.

Вработените во македонски пошти ќе сносат бајаги одговорност ако им затаи пратка со интернационален тракинг, па затоа овие пратки ги процесираат со внимание. Ама ако немаш тракинг бројче.......ќе го видиш поштарот во твојата гејминг маичка или некој царински службеник со твоите слушалки на уши.
 

Costigan_Jr

Unstoppable
5 јули 2013
2,853
3,943
А бре,македонче... Мислам дека само кај нас од цела Европа,ако не и од цел свет, отсуството на проблеми е доволно да бидеме задоволни од услугите. Не е проблем тоа што се полошо од пред распадот на СФРЈ. А-ха-ха-ха. Ааабре македонче.
 

DennyMK

On your way to fame
5 февруари 2009
639
972
тaму
www.twitch.tv
DennyMK's setup  
Processor & Cooler
i7 6700/ CM Hyper 212 Black Edition
Motherboard
Gigabyte Z170X Gaming 3
Storage
Samsung 970 Evo Plus 1TB + 3TB HP HDD SATA 3 (128MB cache)
PSU
EVGA SuperNOVA 850 P2
RAM
2 x 8GB Kingston Savage @3GHz
Video card
Gigabyte GTX980Ti XTREME
Case
Cooler Master HAF XB II Evo
Mouse
Steel Series Rival 600
Keyboard
Razer Black Widow Ultimate 2016 Edition
Audio
On-Board/ Rosewill SP-7260
Monitor
Dell SE2717Hx
OS
Windows 10 Pro x64
Такa е и со услугите - ако не се обратиш кај претпоставените, сопствениците на фирмата, џабе се расправаш со вработениот. Тоа е тоа. Се извинувам за ОТ.
Имав пратка која пристигна од Полска за 7 дена со уредно спакувана фактура за царински преглед. На тракингот прикажуваше дека е пристигнато во МК и е на царина.
По 2 дена им се јавив да видам до каде е работата, а никој не знаеше да ми одговори каде е пратката, т.е. ми викаа:
-јави се во пошта, а тие од таму: - јави се во царина. Два дена изгубив јавувајќи се во пинг-понг насоки пошта-царина и на крај ми кажаа да го побарам шефот на царина бидејќи никој не знаеше што се случува.
Шефот го барав неколку дена по неколку пати во денот, бидејќи ме мавтаа де тука е некаде ќе дојде, де само што излезе - ќе се врати, и слично.
Кога конечно го начекав шефот, не ни сакаше да ме исслуша, цело време тој зборуваше, додека на крав не повишив тон и му реков дека не ме интересира друго, туку да си ПЛАТАМ колку чинат давачките и да ми биде испорачана пратката.
Дури наредниот ден конечно ја испорачаа.
Од Полска до МК 7 дена, во МК 8 дена...
Да скратам....понекогаш и надлежните или не можеш да ги добиеш или клиентот не им е приоритет.
 

Gilfoyle

Practice makes perfect
10 септември 2009
457
1,477
Пак се сведува на тоа дека ние како народ не не засега ништо освен да пцуеме/навредуваме/омаловажуваме и кажуваме како нешто нечини. Ако не сакате да ви се случува ништо од ова прво треба да почнете од вас.

1. Доплатете 1$ максимум 2$ за да имате вистински тракинг.
2. Кога го имате вистинскиот тракинг почекајте да стигне, кога ќе стигне не им вртете после еден саат туку стрпете се и вртете им следниот ден бидејќи им требаат околу 10~12 часа да испроцесираат една црна ќеса(односно од 100 до 300 пратки) во тоа процесирање треба да се чекираат една по една, па да се распределат кое е за царина кое е за шалтер кое е за да му се даде на поштарот. Па потоа следи распоредувањето по реони. И кога се тоа ќе се заврши може да отидете и да ви ја најдат пратката за 10 секунди.
3. Доколку видите дека ви е на царина пратката повеќе од 24 часа не се јавувајте и да чекате дека некој ќе ви каже што е и како е доколку сте во можност отидете на лице место и однесете им ги документите.
4. Тоа што пратките ги снемува немојте да мислите дека кај нас ги крадат, една пратка од Кина поминува низ неколку пошти кинеската/чешката/швајцарската па тек на крај стига до главната дестинација.

Да и јас сум да се модернизира цел овој процес, ама ако им оставите на институциите и ако не им висите над глава никогаш нема да завршите работа во брзо време.
 

psyside

Rising Star
4 септември 2008
27,592
28,403
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
10 минути викаш? Ја у поштана карпош сум бил 40 минути пред затварање а имаа ставено клуч на врата. Поштата требаше да затвори во 20.00 а они беа затворени и готови да си одат во 19.20.
:D
Поштата работи до 19:30 не до 20:00

2. Поштата може тебе да ти доцни, но ти не смееш да и доцниш на поштата. Доставата на пратки во светски рамки драстично се подобри. Hong Kong Airmail Post почна да доставува пратки од другиот крај на светот за една недела, а понекогаш исто толку време и треба на нашата пошта за да ја обработи истата. И за тоа треба да бидеме луѓе и да ги разбереме, но ако ти не си го проверил поштенското сандаче и не ја подигнеш за 5-7 дена ќе ја вратат од каде што е купена. Зошто? Бидејќи ти си тој кој треба да биде во служба на поштата а не обратно.
Не е точно, стигна предупредување, 2-ро лифче после 4-5 дена од испраќање на првото, ја враќаат после 10 дена + не 5 или 7.


4. Губење на пратки.
Моето досегашно искуство покажало дека, пратките без број за следење без проблеми стигаат доколку е пластика, имаат ситни и лесни работи, но доколку е во кутија и/или изгледаат симпатично, мистериозно ќе исчезнат. Доколку е книга може да ја скинат опаковката за да се види што книга е и ако е на англиски така со скината опаковка ќе ви ја достават без пардон. Се разбира за ова не можам со сигурност да потврдам чија вина е but it fits the description.
Од над 1000 порачки, дали 2 ми изгубиле, би рекол дека се подобро од одлични.
 

wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
890
822
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K @ 4 GHz + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
Gigabyte GA-Z170X-Gaming 3
Storage
Samsung 960 EVO M.2 + HDD 1TB WD EZEX
PSU
EVGA SuperNOVA 750 G3
RAM
32GB G.Skill TridentZ DDR4 @ 3000 MHz
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
DELL UltraSharp U2412M
OS
Ubuntu
Јас клинав не сум задоволен дека во последниве неколку месеци нарачките ми се изгубени и изигравам идиот и барам рефунд од продавачите.
 

igor_igor

Unstoppable
2 септември 2012
2,120
3,271
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i3-10100F (6M Cache, 3.60GHz, up to 4.30 GHz) + CM Hyper 212 EVO
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston A2000 250GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master G750M 80 Plus Bronze
RAM
2 x 8GB (16GB) Kingston HyperX FURY RGB 3200MHz DDR4
Video card
SAPPHIRE NITRO+ RX 580 - 8GB DDR5
Case
SAMA Vision III
Mouse
X7 XL-750BH
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 10 Pro 64 bit
Точно така ,последниве неколку месеци е ужас со нарачките.
И јас морав да отварам диспјут и тоа на повеќе нарачани производи што не стигнаа, а нарачани од проверени продавници кои што за некои артикли пред пола година ми стигале и за 11 дена.
Некои стигнаа со многу каснење па на луѓево им ги пуштав парите повторно што ми ги имаа вратено по отворен диспјут.
Прво што би се посомневал човек е на поштата која што ти ги испорачува, е сега прашањето е која пошта ?
Знаејќи дека додека да стигне пратката понекогаш менува и по 2-3 пошти.
 

Nikola Sone

Practice makes perfect
31 јануари 2014
1,237
1,329
Skopje
Nikola Sone's setup  
Processor & Cooler
i7 6700K | [email protected] | CM Nepton 240M
Motherboard
ASUS Maximus Hero VIII
Storage
840 EVO - 120GB; WD10EZEX
PSU
CM V850
RAM
HyperX Savage 32GB @2933MHz CL13
Video card
ASUS GTX TITAN 6GB || HerculeZ X3 Ultra Cooler
Case
SAMA Titan Gaming Black
Monitor
Dell U2412M || U2312HM
OS
Win 10 x64
главна пошта 1003 ака Железничка е главниот проблем, на пола од вработените не им се живее а не па да работат да те услужат итн, другиот дел се изгубени нововработени шумари и мал процент чесни исклучоци и згора на се сите се хејтаат меѓу себе и секторски...

често нарачувам глупости и од моево искуство пола од праткиве се регуларно испорачани, а за пола мора да има некој проблем од типот „не бе те нема во списоков незнам како ти стигнало картонче“, „а дечко оди у карпош таму по грешка сме ти го пратиле пакетот“ итн ју гет ит
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,682
Мислења
830,480
Членови
28,684
Најнов член
Doroti
На врв Дно