Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Лична карта и Возачка дозвола во „Волет“ На 1 октомври ќе биде претставена демо верзија на апликацијата

kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Ја инсталирав, одлично фунционира, уште поодлично изгледа (за среќа). Има неколку багови, но секако е ептен бета. Но, сепак ќе им пишам што сум забележал, да имаат предвид.

Ми се допаѓа што се откажаа од првичната идеја да се вика Супер апликација ЕЛИ / Super App ELI... така најавуваше министерот од пред една година... тоа ќе беше ужасен избор.
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Читав некаде дека ќе прават нова апликација за здравје (МоеЗдравје работи добро). Јас би ставил се на едно место да има, ама ајде да бидеме оптимисти и да веруваме во проектов.
Да, на иста линија сум. Една апликација треба да е за сѐ, тоа е и поентата. И мислам дека ќе се насочат натаму. Да, и МоеЗдравје работи добро, особено моментот со нотификации. Но, плаче за подобрување на дизајнот. Но, ако влезе во состав на m.Uslugi, сѐ ќе биде таман. Патем, и m.Uslugi и e.Uslugi изгледаат и функционираат одлично.
 
Delicon

user
10 јуни 2007
1.265
795
delicon.mk
Ја инсталирав, одлично фунционира, уште поодлично изгледа (за среќа). Има неколку багови, но секако е ептен бета. Но, сепак ќе им пишам што сум забележал, да имаат предвид.

Ми се допаѓа што се откажаа од првичната идеја да се вика Супер апликација ЕЛИ / Super App ELI... така најавуваше министерот од пред една година... тоа ќе беше ужасен избор.
Успеа да додадеш нешто? Кај мене и за лична карта и за возачка дава грешка.
 
28 ноември 2014
1.224
820
Скопје
Антониј.К's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 5600
Motherboard
Asus Prime B550M-K
Storage
Samsung SSD 980
PSU
Cooler Master
RAM
ADATA 2x8gb
Video card
MSI N750TI/OC EDITION
Case
Cooler Master MB511 RGB
Keyboard
GHOSTWRITER CLASSIC | RIOTORO
Monitor
SAMSUNG C24F396FHU 24" Curved AMD Freesync Monitor
OS
Microsoft Windows 10 Pro
Јас додадов и возачка и лична карта. Ама на возачката нешто датумите не ми се поклапаат а и вика "Sample".
Во секој случај, добра е апликацијата.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.097
2.341
Ќе си легнеме на брашно сите без гајле, така беше и со мејловите при регистрација на возило. Пишував за ова, смешно е на ИТ форум да читаш некој да е против дигитализација.

Дополнување: Само се надевам дека која и да дојде власт наредна ќе ја ажурира апликацијата и нема да прават некоја нивна како што е пракса кај нас се што е направено од претходната власт да биде уништено/исклучено (со исклучок на МојДДВ). Читав некаде дека ќе прават нова апликација за здравје (МоеЗдравје работи добро). Јас би ставил се на едно место да има, ама ајде да бидеме оптимисти и да веруваме во проектов.
Што е проблемот со мејловите на регистрација на возило?
 
AleksandarT

hello world
24 февруари 2011
193
378
Јас додадов и возачка и лична карта. Ама на возачката нешто датумите не ми се поклапаат а и вика "Sample".
Во секој случај, добра е апликацијата.
Тоа го прашав и јас и рекоа дека работат на тоа.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Што е проблемот со мејловите на регистрација на возило?
Па имаше луѓе „што ако не користам мејл?“, „што ако не користам телефон“, некои такви изговори за да не се пополнат тие полиња што тогаш се дискутираа. Има тема на форумов не можам да ја најдам...
 
dddragan

hello world
12 август 2014
434
595
Навистина не можам да сфатам на ИТ форум, во 2026 година некој да вели дека ова е „забегана работа“ и дека се „форсира“ и дека некој некого „собира“ и „тера“ да „сликаат на улица свои документи“ (што и да значи последново)! Како сакате сфатете ме, немам намера понатаму да влегувам во дискусија, беспредметно ќе е, ама за мене е навистина крајно погубно да има вакви пораки...

Јас сум секогаш за дигитализација, усовршување процеси, поедноставување на процедури.

Ама скептицизмот (што и јас го делам до негде) го сфаќам како - не може да трошиме 100% од енергијата на дигитализација, а 0% од енергијата на сајбер безбедност. Ко швајцарско сирење ни се системите.

Јас би ја користел апликацијата зошто знам дека личните податоци веќе ми ротираат негде по крадени бази. Мислам ми ја сфаќаш поентата :))
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Дигитализација води кон комплет надгледувано општество.
Наредно е врзување со дигитална валута и целосна контрола над цело општество.
АмА ЈаС нЕ сУм КрИмИнАлЕц ... да, не си криминалец, ама си овца. Овците завршуваат на кланица после бричење и молзење.

Бар тука очекувам да има луѓе што разбираат што значи целосна контрола и зошто не треба да има дигитализација воопшто.
Плаќање ќеш, документи во рака.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Во поглед на лична карта и возачка не гледам некој проблем во однос на дигитализација. Тие податоци веќе ги имаат сите државни институции плус осигурителни компании и банки. За финансиските трансакции се согласувам - не треба да се забрани кеш. Кој сака може да користи картички и електронски трансфери.
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Дигитализација води кон комплет надгледувано општество.
Наредно е врзување со дигитална валута и целосна контрола над цело општество.
АмА ЈаС нЕ сУм КрИмИнАлЕц ... да, не си криминалец, ама си овца. Овците завршуваат на кланица после бричење и молзење.

Бар тука очекувам да има луѓе што разбираат што значи целосна контрола и зошто не треба да има дигитализација воопшто.
Плаќање ќеш, документи во рака.
Ние не сме доволно компетентни ниту развиени за такви грижи... све што скратува бирократија е добро според мене
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Дигитализација води кон комплет надгледувано општество.

Другар, живееш во ера на социјални мрежи и Епл/Гугл мапс location сервиси што работат во позадина на секој еден телефон.
Живееш во ера на „Го сакам КАМ во поштенско сандаче“ со илјадници коментари и лајкови.

Си земал да збориш дека дигитирализирана возачка и лична карта е проблемот за надгледувано општество. На ИТ форум.
Опрај се :)
 
живееме во време на идиотизам кој се промовира како нормала. Тие што не се идиоти не им е интересно, но идиотите се гордеат на своето мнозинство.
Секоја ебана „теорија на заговор“ се покажа како договор за уништување на секоја слобода, ама на идиоти не им се докажува дека слобода не е дефолтна форма на светов. Кој не учел историја залужува да биде роб. Среќен како и секој роб. Ама многу е практично и има кул апликација и многу лајкови од истите.

Токму затоа што е ит форум и се знаат сите можни проблеми, а не само колку е практично очекувам дека има свест за кревање рачна пред да нема опција од кревање рачна.
Очигледно „практичноста“ на робството е поголема од „проблемите“ на слободата.
 
18 септември 2020
926
865
Македонија
По мое мислење е дека личните податоци не се за ставање во апликација, поради тоа што некој друг од надвор ќе има контрола на нив. Еве во Кина има камери по улиците и го гледа лицето на човек и кажува податоци за него. Не сакам да бидам погрешно сфатен, но според мое мислење не треба да се употребува никаква апликација во која ќе се постават лични документи.
Плус, понатаму може како во Шведска да го присилат народот да става чип во него (читај во откровението печатот на ѕверот) каде што ќе бидеме повеќе под контрола.
 
dddragan

hello world
12 август 2014
434
595
Дечки, збориме за документ кој веќе ви е издаден од истите нив и веќе ве знаат кои сте што сте на истиот. И погодете што - веќе сте во тој интерен систем. Не водат евиденција во МВР во тетратки. Какви црни чипови во мозок…

Ако на таа апликација испадне и треба постојано уклучена локација, тоа е веќе проблем. И за тоа вреди да се дискутира зошто е така.

И не, трева не е gateway за хероин, слаб карактер е gateway за хероин. Не да бркајте баба роги.
 
Miki98

lurker
13 јануари 2021
617
384
Macedonia Pehchevo [2326]
www.balkan77.com
Добро тоа ќе биде направено,кога ќе ја заборавиш возачката ја имаш на телефонот за да ја покажеш.

За вакви апликации што креираат треба барем некој QR code да има, за да може полесно да ја скенираат и да проверат дали се точни податоците.

Но секаде дека се регистрирате во Макеоднија тие податоци да може да ги гледаш и ако имаш некој долг да го пишува и уште.
Барем за кредитниот рејтинг да направат нешто ,во која група си и дали можеш да подигнеш кредит.

Едит:
Предности на користење вакви апликации треба да биде еден уред за најава и ако треба да одјавиш преку е-маил и текстуална порака смс код.
 
Последна промена:

thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
живееме во време на идиотизам кој се промовира како нормала. Тие што не се идиоти не им е интересно, но идиотите се гордеат на своето мнозинство.
Секоја ебана „теорија на заговор“ се покажа како договор за уништување на секоја слобода, ама на идиоти не им се докажува дека слобода не е дефолтна форма на светов. Кој не учел историја залужува да биде роб. Среќен како и секој роб. Ама многу е практично и има кул апликација и многу лајкови од истите.

Токму затоа што е ит форум и се знаат сите можни проблеми, а не само колку е практично очекувам дека има свест за кревање рачна пред да нема опција од кревање рачна.
Очигледно „практичноста“ на робството е поголема од „проблемите“ на слободата.
Но како и дае владата го има цело тоа инфо, па конкретно со ова не гледам проблем... како и да е мислам треба да остане избор, слично како со ќеш плаќања, ако сакаш да се замараш со ќеш при излагања пола саат да се бара кусури и сметања да се прават бујрум но за мене ако има опција како во Кина све да е преку wechat само за практика би ја земал, работи за 1.5 милијарда луѓе таму без некои големи проблеми па во наше корумпирано и некомпетентно општество нешто би сменило ако има дополнителна хартија... Естонија е подобра споредба по големина, иста популација како МК, скрос дигитазирана држава, можеш преку апликација фирма да отвориш во рок на 10 минути, и што? Кои слободи ги немаат таму што ние ги имаме што сме хартија општество? Или може да кажеш политичарите наши се по зло намерни, но баш поради тоа, ако сакаат да те заебат не им треба ништо дигитално, ништо нема да им смени, а и да злоупотребат на по паметен начин не се доволно компетентни за тоа, мислам дека треба на свој ризик да лежи и 2те да се прифаќаат и толку
 
389mk

hello world
16 јануари 2020
280
306
Не е работата ако „владата“ или некоја институција ги има тие податоци, туку некој батка таму кој може да ги злоупотреби за различни намени. Тие податоци веќе ги имаат институциите, но со вакви алатки кои се работат од надворешни консултанти само се зголемуваат точките каде што плус луѓе имаат контакт со тие податоци и имаат можност да ги злоупотребат.
 
Pulse

user
26 октомври 2014
1.552
1.665
127.0.0.1
надворешни консултанти
Имам работено на софтвер за Собрание на Р. Македонија, пред било каков додир со тие податоци мораше да се направат НАТО безбедносни проверки/сертификат.

можност да ги злоупотребат
Можноста за злоупотреба веќе постои и од самите вработени во МВР, во повеќе случаеви видовме пасоши на странски криминалци.

Мене никој не ме спречува да ги објавам јавно сите податоци, но тоа не значи дека нема да те гонат кривично.

За да еден документ се направи електронски и да биде валиден пред овластена институција е истиот да се дигитализира т.е. токенизира и да може да се отчита преку NFC технологија.
Така се спречуваат несакани „ликови“ на податоци, што ќе му се некому мојте податоци кога нема како да ги искористи.
И QR кодот не е безбеден, токенизација му е мајката, а не обична форма со податоци.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно