Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Дали 5090 за AI image и видео генрирање драстично би ми ја зголемило сметката за струја?

Статус
Затворена за нови мислења.

Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
139
121
Токму заради ова не вреди никој да ти реплицира. Имплицираш дека си долго по форуми (реддит итн), не знам во која реалност можеш да влезеш во заедница, да почнеш да ја хејташ и да се расправаш со повеќето членови и потоа уште да се оправдуваш со AI.

Еве ти пример, не е дека јас не те читам, ти сам не се читаш. Во делузија си за муабетот што го направи со сервис, прво го кажа ова, па имаше ретракција на твоите изјави и ублажување, ама ние не сме те разбрале.

Од мене толку на темава, никој не ме обврзува да седам и реплицирам на ликови кои јас лично сметам дека се надмени, арогантни и со безвезни ставови.
Мислењето е автоматски споено:

Ова ти покажува на колку ниско ниво не смета OP тука, дека не знаеме како функционира Gemini. :)

Јас сум дефинитивно на спектрумот али барем знам шала да направам во АИ топик и Gemini
толку крути луѓе сте, буквално од напред одма нарогушени за кавга, ти само што дојде у топиков прв пост ти беше дрзок.

Јас не сум ви проблем
Мислењето е автоматски споено:

Шаде ли да не слушаме?
Мислењето е автоматски споено:

Фолашаде Аду (Folasade Adu). Штом не знаеш, не си имал скршено срце. Среќен човек.
Мислењето е автоматски споено:

Daaaamn son. Гемини успева да брендира веднаш, а? Без твоја помош? Закон.

Пиши го те молам промптот тука, живо ме интересира како си ја поставил работата.

Промптот беше само да анализира
нормално има биас кон корисникот иако ми е сетиран да е брутално искрен и критичен али повише онака на шала го пуштив ова иако стојам зад тоа дека добро изанализира.
Нормално во промптот си објаснив кои аспекти ми беа причина за фрустрација.
Проблемот во вакви ситуации од мое искуство е ШТО И ДА ВИ КАЖАМ ама буквално било што ќе го свртите против мене сега и е губење живци и време. Јас од топиков си добив убави информации кои ако можам и колку можам ќе ги земам у предвид и нормално еве кога некој прашува нормално и нормално без таа нрдовска надменост комуницира со мене си одговарам со фино.
Али и цел форум да е против мене јас ќе си стојам на своето ако сметам дека имам право, ако не си кажувам еј заебав не требаше. Не ме интесираат мене перформативни бљувотини, секад сум истиот каде и да сум. Лош сум со тие што се надмени или јас така ги перцепирам, дрски, дигнати, добар сум со тие што ми покажуваат разбирање.
Јас убаво си прашав, почнаа луѓе да ми солат памет, не трпам солење памет особено кога некој не ја знае целата ситуација и тоа е тоа
 
Последна промена:

InSides

lurker
21 февруари 2009
758
2.019
Промптот беше само да анализира
нормално има биас кон корисникот иако ми е сетиран да е брутално искрен и критичен али повише онака на шала го пуштив ова иако стојам зад тоа дека добро изанализира.

Ама не ме разбираш, чекај.

!sarcasm

Ме интересира точно кој промпт си му го дал за да даде оваква длабинска анализа. Верувам дека не треба многу енергија само да направиш copy/paste на промптот заедно со неговиот резултат?
 
Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
139
121
Ама не ме разбираш, чекај.

!sarcasm

Ме интересира точно кој промпт си му го дал за да даде оваква длабинска анализа. Верувам дека не треба многу енергија само да направиш copy/paste на промптот заедно со неговиот резултат?

Прво, сарказми не разбирам добро, така да искрен ќе бидам малку може по агресивно се однесувам дека многу ми е тешко да го разберам секад начинот на комуникација со овој тип луѓе, компјутерски типови и така. Секогаш кога зборувам вака со компјутерџии, ми има некое ниво на надменост и многу ме иритира тоа, како огромна ограниченот и не разбирање за основни работи. Пример како тоа со сервисот или тој што ми кажа за тоа ако сум можел 5090 да земам сметки сум можел да плаќам. А не ми ја разбира ни знае ситуацијата. Од кај он знае колку време сум собирал за ова, може фамилија ќе ми помогне финансики, не може све така дрско во екстреми да се збори.

Пример мене да ми постави некој прашање како јас што поставив НИКАД ни на крај памет нема да ми е да кажам такво нешто ни го помилувам.

Секад кога зборувам вака на форуми на групи на нешто, особено во овие круго на луѓе има една како заебантска дрскост и инсистирање на тоа работите или да се прават како мнозинството што смета дека треба или одма ти прават dismiss на се што збориш. И нормално, изгорен од ова веќе реагирам така.

За промптот проблемот е и да го пуштам, џабе е, пошто ова се паметни луѓе тука а многу многу лоши и способни за превртување ситуации, точно знам дека само повеќе проблем ќе ми се направи и ќе ме јадат за секој збор, секоја реченица, ќе ја превртат работат. Немам енергија, сила и душа за расправија со лешинари веќе по интернетов. Злобата човечка и дигнатоста нема граница
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Секад кога зборувам вака на форуми на групи на нешто, особено во овие круго на луѓе има една како заебантска дрскост и инсистирање на тоа работите или да се прават како мнозинството што смета дека треба или одма ти прават dismiss на се што збориш. И нормално, изгорен од ова веќе реагирам така.
1768341850987.png
 
aleks989

hello world
19 ноември 2016
270
518
Битола

Ќе ти одговорам со зборојте на Цацко:

Плачи пичка работа ...
 
Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
139
121
Ќе ти одговорам со зборојте на Цацко:

Плачи пичка работа ...

Да стварно се плачипизди тука, ак оне се сложиш одма дигаат узбуна и измуслуваат глупости "waaah не прифаќа СОВЕЕЕТ!"
Совет: Остај другар ми да ти намести PC од 5000 евра немој на сервис не биди глуп Македонец хаха
 
aleks989

hello world
19 ноември 2016
270
518
Битола
Да стварно се плачипизди тука, ак оне се сложиш одма дигаат узбуна и измуслуваат глупости "waaah не прифаќа СОВЕЕЕТ!"
Совет: Остај другар ми да ти намести PC од 5000 евра немој на сервис не биди глуп Македонец хаха
Слабо капираш изглеа и со контекст. Кон тебе беше насочено, with all due respect.

Кога одиш на форум да поставиш прашање од било кој тип, никој не е должен да некако се адаптира врз тебе и твојте очекувања, шо значи не си земај при срце кој што и како ти рекол. Некој ќе ти посочи совет, друг ќе те трола ако си глуп итн. али темава ја начна ти и нормално ќе имаш разни одговори, уосталом веќе ти одговорија наназад, ако имаш пари за RTX 5090ка, трошењето на повеќе струја ти иди како добро утро. Али кога сакаш да работиш со тоа и си решил, едноставно купи ја.

Прво шо ми прелета на ум кога го прочитав наслово на темата ми беше:
Сакам да купам Ferrari, дали ќе можи да поминам со 50 евра месецо бензин ...

Старите рекле: Пушти си ги нозете до кај шо тие чергата...

Поздрав и остани ми со здравје.
 
Ама зашто вака ограничено ги гледате работите
Мисалм глупо е упоште ова да се објаснува а е толку логично

Сум си собирал пари долго време, за да земам јака машина, можам да ја земам.
друго си живееме нормален живот, не е ни сиромашен ни богат и нормално ако сум успеал да соберм пари полека полека низ годините за јак компјутер не значи дека ај сеа магично можам да плаќам сметки од по 100 евра секој месец, и убаво ми кажа човекот што како и супер беше тоа.

Е сеа после муабетот за напојувањето и тоа беше све супер информативно додека не се рчнавме за АНХОЧ vs некој од тука да го склопи. И ако ми ги видиш постовите два пати покушав да објаснам со фино и уште се инсиситраше и толку веќе и јас имам граници.

Како тоа не го согледувате?
Јас да прочитам некој вака да праша како јас за графичкава нема ни да помислам "еј како има пари за графичка, не за поскапа струка дупло" толку ми е нелогично тоа штп буквално бев сигурен дека тој ме тролуваше..

Е сеа ќе ти кажам каде овој менталитет сум го сретнал прво и колку ме има повредено али сум бил среќен што кај нас не било така.

Во 2000-2002 на GameFAQs во времето на Dreamcast и PS2 после
нормално јас ги имав сите игри можни благодарејки на пиратерија кај нас, ама у тоа време брат, оригинал да купиш беше и физички и финансиски скоро невозможно.

И баш сеа ова ти што го викаш и тој што ме тролаше ми го викаа на GameFAQs епа како вика можеш конзолата да ја купиш а не игрите, и немаа концепт да разберат дека да купиш конзола еднаш и после евтини игри за неа и да купуваш по 50 долари игра не е исто, особено во земја со низок income како што бевме ние, па и уште сме за нас што не сме во IT сектор.

Интересно е што ова луѓе од Македонија тогаш го разбираа и го гледаа како Американски елитизам или елитизам на богати, а сега види што се деси во топиков.

Слабо капираш изглеа и со контекст. Кон тебе беше насочено, with all due respect.

Затоа што не сум навикнат да комуницирам со финти, досетки, реплики
Директно си зборам јас и не сум бил ни дома ни со блиски, другари цело време на штрек дека некој ќе ме заебе или надоговори и затоа, немам потреба да имам цело време guard па да пазам кој што помислил или рекол од околу, јебига таков сум
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.219
додека не се рчнавме за АНХОЧ vs некој од тука да го склопи
Како мислиш некој тука да го склопи? Кој тоа ти понуди конкретна личност и те насочи накај него?
На форумов имаме момак кој исто така продава и склопува компјутери. За пари, нормално. Со фирма!!
Никот му е @gOJDO и го молам ако дојде овдека да не се смее и да си ја сфати работата сериозно :)
а сега види што се деси во топиков.
Со топиков се деси ти. Почна да навредуваш други членови, не си стрплив, арогантен си на моменти, дрзок и своеглав.

Да беше малку од малку тактичен ќе дојдевме до целта. Сакаш од Anhoch од X Y причини и нека биде така.
Наместо да ја тераш дискусијата со „дечки, конфава мора да биде од Anhoch“ (нема да бидеш ни прв ни последен што сака од одреден продавач) и „кажете чаре што да земам за толку и толку пари“..

Според тебе,5000 евра се во прашање кои воопшто не е битно како си ги заработил и кој све ти помагал. Ама навистина! Мене лично исто така ми е небитно и кој си. Можеш да бидеш и Петар Пан. Ништо не ми менува.

Да фак!
Фино ти се пиша дека (ако не сфати до сега) купувањето и составувањето (не физичкото, туку оптимизираното сеуште неостварено) не е толку тривијална работа.

Мислам дека на крајот ќе не игнорираш сите до еден пошто си „навреѓен и увреѓен“, ќе појдеш во Anhoch и ќе ти дадат „совети“ кои ним им одговараат.
Потоа ќе им речеш „Еј дечки, да ве прашам.. пошто јас не сум tech savvy можете ли да го склопите сето ова и тие ќе ти речат „Уште прашаш!“

Потоа се знае!
Ќе уштекаат рандом спора DDR5 меморија, ќе нашлакаат супер евтина паста на процесорот, кејбл менаџмент ќе има само во желби, графичката ќе ти грее, рамот кој е DDR5 , машала, знае да грее прилично, па в лето ќе бидеш изненаден како ова добива рандом крешови, како одеднаш имаш cold boot и memory training кои траат по 20 секунди а ти имаш црн екран до појавата на Windows boot animation и разни level infarct ситуации кои сме ги имале низ годините и искуството со ова.
Елитизам,а? Можеш да си мислиш.

Па добро ти мислиш дека единствен си бил ваков на форумов? Ти дечко, проштевај, ама не се делиш од умот и тоа што си го намислил ќе си го оствариш само чекаш(е) мислење кое ќе се поклопи со твоето. За да се составиш со умот треба да слушаш поискусни од тебе во оваа област.

Како што си скромен и признаваш дека за склопување не те бива тогаш остани така и прифати совети.
И биди маж и прегрми ги сите овие измотавања кои се прават со тебе лично по твоја заслуга. Реториките „јас не знам да склопувам и искрено ми е по малку глупо“ ќе си ги чуваш во својата интима.

И, сега? Сакаш дискусија во тој правец или да се продолжи со исто темпо.
 
Цело време, колку и да имаш и солидни поенти и све од почеток ги извртуваш работиве и е многу чудно зашто уопште некој би го правел ова ти што го правиш.
Што имам јас да бидам тактичниот кога доаѓа човек у топикот и одма ми се понаша за партие и струјата? Па ти да беше толку светец немаше да ја дотераш работава до овде, што од мене очекуваш нешто што не си ти. Мислиш ако ги извртиш зборовите на покилтурен начин пасивната агресивност не е исто како мојата отворена агресивност? Полоша е.

МНОГУ сте ми чудни на форумот. Отворено игнорираш дека освен тоа што беше со струјата после си имав нормален пристап додека 3 постови покасно бе почнавте да бургијате за тоа со сервисот па толку ми е трпението, сеа нема да се лигавам да вртам зборови.

Јас што разбрав од твоите постови и другите и зашто регирав така:
- Подобро е да ги купиш деловите посебно, па после да најдеш човек да ти спои што не е анхоч пошто сервисот нивен не е баш секад добар...речи често не е.

Јас со ова не се пртивам ама објаснив дека пошто се преголеми пари
недај боже се зезне нешто, еве посликовите на тој човек што не е АНХОЧ му падне дел, му се деси случајно нешто, мене графичка ми падне при пренос што ти ја знам нешто се деси, отидоа парите.
АНХОЧ ако го заебат при склопување и транспрт, тоа си е нивна одговорност.
Јас ова го објаснив и вие продуживте да притискате и да зборите за македонски менталитет. А објаснив дека тоа не потекнува од македонски менталитет или нешто.

Е сега, после продуживте пак да притискате и тогаш дури имав meltdown

Еве тука е све напишано, не ја извртувај работата.
Во топиков имаше два примарни meltodwns

Едниот ми беше насочен кој тој што метролаше за струјата
Другиот кон тебе и тој што инсиситраше на истото аико објаснив зашто ми е ризично

и после почнавме да се рчкаме за се и сешто

Е јас вака ја доживеав и гледам ситуациајта
и не ми се верува дека ова го изменувате сега а јасно е што е
 
Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
139
121
Зошто ја отворив темава у 2:52 и упорно читав 6 минути?

Затоа што е драма и е интересно :)
Мислењето е автоматски споено:

Потоа се знае!
Ќе уштекаат рандом спора DDR5 меморија, ќе нашлакаат супер евтина паста на процесорот, кејбл менаџмент ќе има само во желби, графичката ќе ти грее, рамот кој е DDR5 , машала, знае да грее прилично, па в лето ќе бидеш изненаден како ова добива рандом крешови, како одеднаш имаш cold boot и memory training кои траат по 20 секунди а ти имаш црн екран до појавата на Windows boot animation и разни level infarct ситуации кои сме ги имале низ годините и искуството со ова.
Елитизам,а? Можеш да си мислиш.

колку измислуваш и катастрофизираш невероватно нешто, морам да делови постов да ти го читам тотално е хаос.

како бе човек ќе ми стават спора меморија ако купувам брза кога сум дал пари.
Што има да ги слушам јас рандом луѓе таму кога нити работат нити знаат една десетина од тоа јас што го работам. Јас барам физичка помош да спојат тоа што купувам, не им барам да ми кажат која меморија или нешто кога си имам план и знам за што користам. Си збориш ти онака буквално од памет за да направиш погрешна слика за мене шошто си свесен дека си пасивно агресивен и го имаш тој мирен став на кој се лепат луѓе па си манипулативен.

Како бре не разбираш дека сам си направи филм за хипотетична ситуација и ме обвинуваш за неа, па тебе тоа здраво ли ти личи?
си прави човекот филм
делузија
и ме обвинува за филмот што САМ си го направи за тоа како би било ако би било

браво

И после јас тактичен да сум?
За што тактичен? Да си го пумаш егото на пасивно агресивни досетки и манипулативни смешки пошто немате храброст да зборувате дирекно и да се сносите со последиците на кажаното?

реплики, заебанции, газда да сум бил до крај
што е ова бе аудиција за ситком? Ајде не ми попувај како јас сум зборел, па јас да не беше ти таков и тие неколку други фин ќе си бев, гледаш и самио на луѓе и со фино им одговарам кога не осеќам дека се они дрски и дигнати.
Мислењето е автоматски споено:

Што мислите бе вие? Јас на тоа ниско ниво ќе се спуштам

"до крај баци газда прави се"

И јас после ќе "стиснам заби" и ќе ти вратам нетшо тупаво на ист начин "газда газда брате мора така хаха како другачие"

па попрво ќе умрам бре него да ви се спуштам на тоа ниво
не сум толку бескичмен
 
Последна промена:

Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
139
121
Еве работење на ефтина струја и со AI што може на човек да му направи... За беља и јас сум во ист кош, само да гледам да не изгорам како братов.

ЗАШТО ИМА УШТЕ АКТИВНИ ЛУЃЕ ВО ТОПИКОВ :D
без оглед на чија страна си не сме нормални сите како и да е

ете од АИто било :)
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.691
12.529
Skopje
www.wemaxa.com
Во времето на активното копаничарство на криптовци, гаранција не се признаваше на графички - под изговор не се користеле наменски, особено на 3090-ки кои беа по 200,000 ден. Дали си копал или не си не беше битно, на фирмите им одговараше оваа ситуација и изговор.

5090 (и 4090) страда од проблеми со конекторот. Некогаш е до начинот на монтажа, некогаш е до самиот конектор, некогаш е до позицијата во која е монтиран, но краток спој во вакви случаи прави катастрофална штета - односно пожар. Без разлика од која фирма земаш, барај да ти стават налепница на куќиштето дека не си го отварал и целата одговорност да остане на тој што го монтирал за да нема оправдување дека сам имаш некаков удел ако нешто условно се случи.

Друга работа, одбираш лош момент за склопување,
1768368691868.png
128GB ram моментално се ^ цена, 113,300
2 + 2ΤΒ дискови најмалце уште 32,000
Процесорот (9950x) 33,000+Матична 18,000 -> 51,000
5090 графичка -> 180,000
Куќиште, напојување, ладење -> 30,000

~ 406,000 ден. односно безмалку 7000Е

Тука некои 4000-5000Е се спомнуваше буџет, можно е но со кратење, нема да биде 128 ќе бидат 32GB ram, нема да биде основна Х870 плоча (не ни ставив некоја премиум плоча горе во конфигурација, ставив основна од 18000 ден.) ќе биде некоја Β650/Β850, нема да бидат 2х2 TB дискови PCI-e 5.0 ќе бидат можеби 1ΤΒ+1ΤΒ PCI-e 4.0 (што не е проблем но сепак се веќе 5 години стара технологија), нема да биде напојувањето што го калкулирав туку ќе биде некое поефтино да се вклопи во буџетска рамка итн. а Анхоч гледам носат многу напојувања од Gigabyte, Sharkoon(?), Deepcool односно напојувања на кои лично не би им доверил волку скапа конфигурација.

Oваа машина што лагерот на Анхоч покажува дека ја има најверојатно едно парче во Тетово, некако ти влегува во буџет со тоа што да побараш да ти учинат да ти заменат процесорот со 9950Х (не би требало повеќе од 120-150Е да ти побараат зголемување на цена) е ок (лично не би го земал тоа куќиште за 5090, ниту тоа ладење - 3 deepcool водени ладења ми имаат рикнато па си ги чувам во плакар (изгорени пумпи), ниту пак тој рам би го земал со ужасна латенција:

1768370075758.png
 
Погледнете го атачментот 157670

Погледнете го атачментот 157671
Фала ти брат за постот и 100% имаш право
Јас ради тоа со конекторот ја скокнав 4090ка што планирав да ја земам, после викам ајде 5090 ќе дојде ќе земам, уште одма имаше ситуации со неа али ми дојде преку глава што онлајн страните за видео генерација поќнаа да биваат се порестриктивни и порестриктивни.

Искрено јас не сум уште 100% сигурен дека би ја земал машинава баш поради проблемите и работи што ги постираше, затоа и го направив топиков да прашам за струјата да видам и така додека у позадина ги размисувам другите негативности.

Од една страна, да локално генерирање е топ, не сум рестриктиран како кога би изјанмувап GPU или машина да се замарам со време, од друга па не сакам да го мислам цело време толку скап хардвер. И затоа иницијално мислев да земам Октомври, после се предомислив пак поради истите проблеми со прегревање, конектор, све тоа.
Е сега кога рипнаа цените на рамот, тука беше моментот што ме пресече и викам ќе мора да земам зашто никад нема да земам ако не земам сега, наредни 2-3 години сигурно ценитр на РАМ нема да се спуштат.

После дојде ова видео
View: https://youtu.be/fnewg4srcrs?si=nk92WysxdO1daq9N

леле кога го слушав ова колку ми се огади и од NVidia и све, ти да правиш толку скап хардвер и да мора да "уригра" youtuber за да се реши ситуацијата (се реши на крај) е буквално гнасно, затоа мрзам корпорации од секад сум ги мрзел.

Така да искрено ова ти што ми кажа, плус тоа што веќе имам сумња за овие работи некад ми вика седи си, изнајмувај си машина и не се замарај со све ова, некад си викам најдобро да си имам локално. Изнајмување е дефинитивно прескапо како и да го свртиш де, мора буквално со однапред све спремногу да идеш, да му дадеш да изрендерира и да гасиш за да не ти јаде време да не плаќаш џабе, е ова ми е најлошиот дел, ептен ти прави рестриктивност на креативноста.

Од друга страна па ич не сум човек што сака да се замара со хадверски проблеми а со овој ѓавол ги има многу.

Е сега за цените на рамот, има големи шанси ради ова баш да не земам, јас мислев место
Јас овој РАМ мислев да го земам, тој ти што го пушти не ми го дава дека го имаат
од него 64GB сакав да се собере

DIMM 32GB DDR5 5600MHz Kingston Fury Beast CL36 EXPO Kit (2x16) - 356,08 € (во евра ми е подесено да покажува помали бројки полесно ми се пресметува :) )

Така да има големи шанси ништо да не земам, да се надевам дека 2070 Super-от ќе ми тера уште наредни 5 години, пошто реално за работа, без AI како што си работам илустрација стандард не ми треба повеќе и готово, али криво ми е да ми стагнираат AI Skills кога сум толку стварно ентузијаст за целата работа и убаво ќе беше локално да можам да си продолжам со работа како што можев со оваа графичка со SDXL.

Само тоа што се деси со РАМ цените е лудило

За мене за видео и слики генерирање мислам 64GB RAM би било доволно со сегашните модели и 32GB VRAM али хардверските проблеми што доаѓаат и ризици со графичката ич не ми се свиѓаат.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.691
12.529
Skopje
www.wemaxa.com
1. 4 модули рам никако, пробувано ми е, да можеш да ги натокмиш да работат на едвај 5600mhz треба да изгубиш цел ден во биос.
2. 32GB рам ти се доволни во догледно време, идејата за локален LLM генерирање и целиот трошок околу тоа, нервози и ризици, да не правиме муабети подесување, во овој период не се исплатат, едноставно плаќај Google AI Ultra план ако уште е $125/месечно и терај така
3. Машината од Анхоч е одлична под услов 9950х процесор да се стави и условно да го сменат куќиштето и ладењето со нешто подобро, да ти дадат солидна гаранција без Џа-Бу-Ама моменти т.е. да ти го пломбираат па ако нешто се деси да не се прават на Тошо дека е твоја кривица контектор а-у и 2 години гаранција или колку и да даваат.

Промени во цена догледно време (до крај на 2027ма) не се очекуваат, напротив, секој ден гледаме глупости на светска сцена што никако не одат во прилог на стабилизација на економија.

Кај конкуренти од тоа што на кратко проверив цените се повисоки за 500-1000Е од машината кај Анхоч, затоа мислам дека и таа прашање дали им е достапна.

Јас лично користам 9070ХТ, повеќе од задоволен сум во рамки на тоа што ми треба, платена ми е некои 38к. Плафон за графичка ми е некои 800Е, над тоа не постои никаква причина да можам да оправдам, овие цени, 2000-3000-4000Е за графичка ми е е*eње во здрав разум, нека си ги чуваат.
 
Ова за рамот не сум знаел, фала стварно. Јас си рачунам ако земам 4 RAM Sticks подобро би ми било ако цркне еден, помалце РАМ ќе цркне, ама видиш ова не сум знаел дека тешко се подесуваат и така, дефинитивно не зимам тогаш четири.

32GB RAM дефинитивно мислам не е доволно за off load ако правам на поголеми модели, 32GB VRAM да би требало да е доста за употреба али има некои модел, видео модели или лори кога користиш 32GB VRAM не е баш доста па мораш off-load во системски рам да правиш. 64GB системски рам би ми било идеално.
А LLM локални не ми требаат така да од тоа сме поштедени, освен арт, друго не ми е потрбно :)

Е сега ова со гаранцијава што викаш, јас како што гледаме во топиков социјално сум ептен adjusted така да незнам како баш би пристапил за тоа точно да се одреди да не ме зезнат, иако до сега Анхоч си биле секад фер за хардвер за компјутер со мене.
Али имајки во предвид колку се расипливи 5090ки стварно незнам.

еве пример 5600 евра буџет да е, да направиме конфигурација и да идам со тоа точно све да ми склопат, вљда тоа ќе инкорпорира 64GB RAM и добро ладење, искрено водени ладења никад не сум бил фан на нив а и не ми ги препорачувале ни во НИКО(реално НИКО мене ми беа најдобри порано) ни во Анхоч, така да би идел со не водено ладење, плус нели имаше некој конфликт со 5090ки и водени ладења?

Јас ви идел вака, брат

5090 - што ваљда нема да изгори и да ми направи пожар
64GB RAM
CPU AMD Ryzen 9 9900X3D
MB Gigabyte X870E AORUS MASTER AM5 DDR5 8600MHz - ако мислиш дека е во ред оваа плоча

Sve im e Gigabyte ama jas licno sum nemal problemi

И само за ладење да видиме, напојување и куќиште кои нема да има дупки од горе пошто имам 4 мачки од кои 3 персиски и проблем е ако има од горе дупки верувај :)

А ова за графичка што викаш за цените, тотално те разбирам
али имам зимано јас поскапи, пример незнам колку беше 2070 Super во 2020, не беше најскапа али може беше некаде 900 евра, за графичка давам јас али да не 2000-4000 евра, ама еве тука дојдове ради AI, не од што ми треба некоја графика мене кога 90% игри што играм не бараат ништо посебно.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.691
12.529
Skopje
www.wemaxa.com
9900X3D или 9900Х никако. Од АMD моментално само еден од овие:

8 јадрени:
9700Х
9800X3D

16 јадрени:
9950X
9950X3D

AMD нема монолитно јадро со повеќе од 8 единици, така да 16 јадрените се 2х8 и донекаде латенцијата меѓу нив веќе е на задоволително ниво. Лепениците од 2х6 јадра се составени од неуспешни чипови (оние што не можеле 8мици да бидат) така да се џабе фрлање пари. Единствени 6ки кои се земаат се обично најосновните модели како 9600X.

9950Х е најдобар компромис цена/перформанси за она што го бараш освен ако не си сигурен дека програмите со кои работиш би имале бенефит од екстра Л3 кеш меморија НА ЕДНОТО ОД 8-те ЈАДРА - како во случај на 9950X3D.
 
Стварно е крајно информативно ова човек, фала ти.
Овој значи викаш да го земам?
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.691
12.529
Skopje
www.wemaxa.com

Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
139
121
е вака топикот од почеток да почнеше супер ќе беше али мило ми стварно што пак дојдовме до овој муабет.
Сега уште за ладење и напојување да видиме, особено ладење.
А при нормално играње, зборам игри што се 3д ама не претерано нешто јаки ваљда се регулира добро 5090 и не грее повеќе од што пример би греела 2070ката моја у такви игри?

Обично од мое искуство, зависи од што користи играта, кои графички техники и така колку загрева графичката, резолуција и све тоа, јас и така гасам најчесто anti aliasing дека не го ни приметувам, што многу помага у перформанси секад, не идам над 1080p пошто буквално не гледам разлика над тоа у резолуција така да не би ја малтретирал за gaming нешто посебно

Али пак добро ладење ми треба за AI и тоа како
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно