Токму заради ова не вреди никој да ти реплицира. Имплицираш дека си долго по форуми (реддит итн), не знам во која реалност можеш да влезеш во заедница, да почнеш да ја хејташ и да се расправаш со повеќето членови и потоа уште да се оправдуваш со AI.
Еве ти пример, не е дека јас не те читам, ти сам не се читаш. Во делузија си за муабетот што го направи со сервис, прво го кажа ова, па имаше ретракција на твоите изјави и ублажување, ама ние не сме те разбрале.
Од мене толку на темава, никој не ме обврзува да седам и реплицирам на ликови кои јас лично сметам дека се надмени, арогантни и со безвезни ставови.
Мислењето е автоматски споено:
Ова ти покажува на колку ниско ниво не смета OP тука, дека не знаеме како функционира Gemini.![]()
Шаде ли да не слушаме?
Мислењето е автоматски споено:
Фолашаде Аду (Folasade Adu). Штом не знаеш, не си имал скршено срце. Среќен човек.
Мислењето е автоматски споено:
Daaaamn son. Гемини успева да брендира веднаш, а? Без твоја помош? Закон.
Пиши го те молам промптот тука, живо ме интересира како си ја поставил работата.
Промптот беше само да анализира
нормално има биас кон корисникот иако ми е сетиран да е брутално искрен и критичен али повише онака на шала го пуштив ова иако стојам зад тоа дека добро изанализира.
Ама не ме разбираш, чекај.
!sarcasm
Ме интересира точно кој промпт си му го дал за да даде оваква длабинска анализа. Верувам дека не треба многу енергија само да направиш copy/paste на промптот заедно со неговиот резултат?
What is "drivel" Precious?и после тоа пак некој drivel читам
Ќе ти одговорам со зборојте на Цацко:Прво, сарказми не разбирам добро, така да искрен ќе бидам малку може по агресивно се однесувам дека многу ми е тешко да го разберам секад начинот на комуникација со овој тип луѓе, компјутерски типови и така. Секогаш кога зборувам вака со компјутерџии, ми има некое ниво на надменост и многу ме иритира тоа, како огромна ограниченот и не разбирање за основни работи. Пример како тоа со сервисот или тој што ми кажа за тоа ако сум можел 5090 да земам сметки сум можел да плаќам. А не ми ја разбира ни знае ситуацијата. Од кај он знае колку време сум собирал за ова, може фамилија ќе ми помогне финансики, не може све така дрско во екстреми да се збори.
Пример мене да ми постави некој прашање како јас што поставив НИКАД ни на крај памет нема да ми е да кажам такво нешто ни го помилувам.
Секад кога зборувам вака на форуми на групи на нешто, особено во овие круго на луѓе има една како заебантска дрскост и инсистирање на тоа работите или да се прават како мнозинството што смета дека треба или одма ти прават dismiss на се што збориш. И нормално, изгорен од ова веќе реагирам така.
За промптот проблемот е и да го пуштам, џабе е, пошто ова се паметни луѓе тука а многу многу лоши и способни за превртување ситуации, точно знам дека само повеќе проблем ќе ми се направи и ќе ме јадат за секој збор, секоја реченица, ќе ја превртат работат. Немам енергија, сила и душа за расправија со лешинари веќе по интернетов. Злобата човечка и дигнатоста нема граница
Ќе ти одговорам со зборојте на Цацко:
Плачи пичка работа ...
Слабо капираш изглеа и со контекст. Кон тебе беше насочено, with all due respect.Да стварно се плачипизди тука, ак оне се сложиш одма дигаат узбуна и измуслуваат глупости "waaah не прифаќа СОВЕЕЕТ!"
Совет: Остај другар ми да ти намести PC од 5000 евра немој на сервис не биди глуп Македонец хаха
Слабо капираш изглеа и со контекст. Кон тебе беше насочено, with all due respect.
Кога одиш на форум да поставиш прашање од било кој тип, никој не е должен да некако се адаптира врз тебе и твојте очекувања, шо значи не си земај при срце кој што и како ти рекол. Некој ќе ти посочи совет, друг ќе те трола ако си глуп итн. али темава ја начна ти и нормално ќе имаш разни одговори, уосталом веќе ти одговорија наназад, ако имаш пари за RTX 5090ка, трошењето на повеќе струја ти иди како добро утро. Али кога сакаш да работиш со тоа и си решил, едноставно купи ја.
Прво шо ми прелета на ум кога го прочитав наслово на темата ми беше:
Сакам да купам Ferrari, дали ќе можи да поминам со 50 евра месецо бензин ...
Старите рекле: Пушти си ги нозете до кај шо тие чергата...
Поздрав и остани ми со здравје.
Слабо капираш изглеа и со контекст. Кон тебе беше насочено, with all due respect.
Како мислиш некој тука да го склопи? Кој тоа ти понуди конкретна личност и те насочи накај него?додека не се рчнавме за АНХОЧ vs некој од тука да го склопи
Со топиков се деси ти. Почна да навредуваш други членови, не си стрплив, арогантен си на моменти, дрзок и своеглав.а сега види што се деси во топиков.
Како мислиш некој тука да го склопи? Кој тоа ти понуди конкретна личност и те насочи накај него?
На форумов имаме момак кој исто така продава и склопува компјутери. За пари, нормално. Со фирма!!
Никот му е @gOJDO и го молам ако дојде овдека да не се смее и да си ја сфати работата сериозно
Со топиков се деси ти. Почна да навредуваш други членови, не си стрплив, арогантен си на моменти, дрзок и своеглав.
Да беше малку од малку тактичен ќе дојдевме до целта. Сакаш од Anhoch од X Y причини и нека биде така.
Наместо да ја тераш дискусијата со „дечки, конфава мора да биде од Anhoch“ (нема да бидеш ни прв ни последен што сака од одреден продавач) и „кажете чаре што да земам за толку и толку пари“..
Според тебе,5000 евра се во прашање кои воопшто не е битно како си ги заработил и кој све ти помагал. Ама навистина! Мене лично исто така ми е небитно и кој си. Можеш да бидеш и Петар Пан. Ништо не ми менува.
Да фак!
Фино ти се пиша дека (ако не сфати до сега) купувањето и составувањето (не физичкото, туку оптимизираното сеуште неостварено) не е толку тривијална работа.
Мислам дека на крајот ќе не игнорираш сите до еден пошто си „навреѓен и увреѓен“, ќе појдеш во Anhoch и ќе ти дадат „совети“ кои ним им одговараат.
Потоа ќе им речеш „Еј дечки, да ве прашам.. пошто јас не сум tech savvy можете ли да го склопите сето ова и тие ќе ти речат „Уште прашаш!“
Потоа се знае!
Ќе уштекаат рандом спора DDR5 меморија, ќе нашлакаат супер евтина паста на процесорот, кејбл менаџмент ќе има само во желби, графичката ќе ти грее, рамот кој е DDR5 , машала, знае да грее прилично, па в лето ќе бидеш изненаден како ова добива рандом крешови, како одеднаш имаш cold boot и memory training кои траат по 20 секунди а ти имаш црн екран до појавата на Windows boot animation и разни level infarct ситуации кои сме ги имале низ годините и искуството со ова.
Елитизам,а? Можеш да си мислиш.
Па добро ти мислиш дека единствен си бил ваков на форумов? Ти дечко, проштевај, ама не се делиш од умот и тоа што си го намислил ќе си го оствариш само чекаш(е) мислење кое ќе се поклопи со твоето. За да се составиш со умот треба да слушаш поискусни од тебе во оваа област.
Како што си скромен и признаваш дека за склопување не те бива тогаш остани така и прифати совети.
И биди маж и прегрми ги сите овие измотавања кои се прават со тебе лично по твоја заслуга. Реториките „јас не знам да склопувам и искрено ми е по малку глупо“ ќе си ги чуваш во својата интима.
И, сега? Сакаш дискусија во тој правец или да се продолжи со исто темпо.
Зошто ја отворив темава у 2:52 и упорно читав 6 минути?
Потоа се знае!
Ќе уштекаат рандом спора DDR5 меморија, ќе нашлакаат супер евтина паста на процесорот, кејбл менаџмент ќе има само во желби, графичката ќе ти грее, рамот кој е DDR5 , машала, знае да грее прилично, па в лето ќе бидеш изненаден како ова добива рандом крешови, како одеднаш имаш cold boot и memory training кои траат по 20 секунди а ти имаш црн екран до појавата на Windows boot animation и разни level infarct ситуации кои сме ги имале низ годините и искуството со ова.
Елитизам,а? Можеш да си мислиш.
Еве работење на ефтина струја и со AI што може на човек да му направи... За беља и јас сум во ист кош, само да гледам да не изгорам како братов.
Фала ти брат за постот и 100% имаш правоВо времето на активното копаничарство на криптовци, гаранција не се признаваше на графички - под изговор не се користеле наменски, особено на 3090-ки кои беа по 200,000 ден. Дали си копал или не си не беше битно, на фирмите им одговараше оваа ситуација и изговор.
5090 (и 4090) страда од проблеми со конекторот. Некогаш е до начинот на монтажа, некогаш е до самиот конектор, некогаш е до позицијата во која е монтиран, но краток спој во вакви случаи прави катастрофална штета - односно пожар. Без разлика од која фирма земаш, барај да ти стават налепница на куќиштето дека не си го отварал и целата одговорност да остане на тој што го монтирал за да нема оправдување дека сам имаш некаков удел ако нешто условно се случи.
Друга работа, одбираш лош момент за склопување,
Погледнете го атачментот 157670
128GB ram моментално се ^ цена, 113,300
2 + 2ΤΒ дискови најмалце уште 32,000
Процесорот (9950x) 33,000+Матична 18,000 -> 51,000
5090 графичка -> 180,000
Куќиште, напојување, ладење -> 30,000
~ 406,000 ден. односно безмалку 7000Е
Тука некои 4000-5000Е се спомнуваше буџет, можно е но со кратење, нема да биде 128 ќе бидат 32GB ram, нема да биде основна Х870 плоча (не ни ставив некоја премиум плоча горе во конфигурација, ставив основна од 18000 ден.) ќе биде некоја Β650/Β850, нема да бидат 2х2 TB дискови PCI-e 5.0 ќе бидат можеби 1ΤΒ+1ΤΒ PCI-e 4.0 (што не е проблем но сепак се веќе 5 години стара технологија), нема да биде напојувањето што го калкулирав туку ќе биде некое поефтино да се вклопи во буџетска рамка итн. а Анхоч гледам носат многу напојувања од Gigabyte, Sharkoon(?), Deepcool односно напојувања на кои лично не би им доверил волку скапа конфигурација.
Oваа машина што лагерот на Анхоч покажува дека ја има најверојатно едно парче во Тетово, некако ти влегува во буџет со тоа што да побараш да ти учинат да ти заменат процесорот со 9950Х (не би требало повеќе од 120-150Е да ти побараат зголемување на цена) е ок (лично не би го земал тоа куќиште за 5090, ниту тоа ладење - 3 deepcool водени ладења ми имаат рикнато па си ги чувам во плакар (изгорени пумпи), ниту пак тој рам би го земал со ужасна латенција:
Погледнете го атачментот 157671
1. 4 модули рам никако, пробувано ми е, да можеш да ги натокмиш да работат на едвај 5600mhz треба да изгубиш цел ден во биос.
2. 32GB рам ти се доволни во догледно време, идејата за локален LLM генерирање и целиот трошок околу тоа, нервози и ризици, да не правиме муабети подесување, во овој период не се исплатат, едноставно плаќај Google AI Ultra план ако уште е $125/месечно и терај така
3. Машината од Анхоч е одлична под услов 9950х процесор да се стави и условно да го сменат куќиштето и ладењето со нешто подобро, да ти дадат солидна гаранција без Џа-Бу-Ама моменти т.е. да ти го пломбираат па ако нешто се деси да не се прават на Тошо дека е твоја кривица контектор а-у и 2 години гаранција или колку и да даваат.
Промени во цена догледно време (до крај на 2027ма) не се очекуваат, напротив, секој ден гледаме глупости на светска сцена што никако не одат во прилог на стабилизација на економија.
Кај конкуренти од тоа што на кратко проверив цените се повисоки за 500-1000Е од машината кај Анхоч, затоа мислам дека и таа прашање дали им е достапна.
Јас лично користам 9070ХТ, повеќе од задоволен сум во рамки на тоа што ми треба, платена ми е некои 38к. Плафон за графичка ми е некои 800Е, над тоа не постои никаква причина да можам да оправдам, овие цени, 2000-3000-4000Е за графичка ми е е*eње во здрав разум, нека си ги чуваат.
9900X3D или 9900Х никако. Од АMD моментално само еден од овие:
8 јадрени:
9700Х
9800X3D
16 јадрени:
9950X
9950X3D
AMD нема монолитно јадро со повеќе од 8 единици, така да 16 јадрените се 2х8 и донекаде латенцијата меѓу нив веќе е на задоволително ниво. Лепениците од 2х6 јадра се составени од неуспешни чипови (оние што не можеле 8мици да бидат) така да се џабе фрлање пари. Единствени 6ки кои се земаат се обично најосновните модели како 9600X.
9950Х е најдобар компромис цена/перформанси за она што го бараш освен ако не си сигурен дека програмите со кои работиш би имале бенефит од екстра Л3 кеш меморија НА ЕДНОТО ОД 8-те ЈАДРА - како во случај на 9950X3D.
Стварно е крајно информативно ова човек, фала ти.
Овој значи викаш да го земам?
MONITOR 24.5" GIGABYTE GS25F2A SS-IPS, 1ms, 240Hz, 1920 x 1080, 2x HDMI, DP
7.490,00 ден
HDD 3,5" 4TB WD RED PLUS NAS 5400RPM 128MB 24x7 SATAIII WD40EFZZ
11.650,00 ден
COOLERS CASE FAN 140mm ARCTIC P14 PRO REVERSE PWM ARGB, 400-2650 RPM, WHITE, ACFAN00324A
1.440,00 ден
EARPHONES WIRELESS XIAOMI Redmi Buds 8 LITE BLUETOOTH w/microphone, WHITE
1.700,00 ден
PUMPA EXTRALINK BICYCLE AND CAR w/pressure Gauge
890,00 ден
PROJECTOR LASER LED EXTRALINK ASTRONAUT - GWIAZD 03
890,00 ден