Speedy
lurker
- 21 август 2010
- 636
- 213
Поновите ASUS матични плочи имаат 'Chassis intrusion' опција која служи за предупредување кога куќиштето ви е отворено. Ова е useless feature за обичните корисници, но може да е и корисно во некои случаи, како на пример кај серверите.
Ваквите матични плочи имаат џампер или пак имаат сензор на куќиштето.
На малкумина од вас ви се има појавено овој проблем, Chassis Intruded, Fatal Error!, кој се појавува на биос постот.
Бидејќи и јас имав лошо искуство со оваа функција би сакал да ги споделам можните решенија.
Како да го решите проблемот:
* Ре1 (Проверка на самиот џампер): Проверете дали џамперот оваа функција е на место (очигледно).
* Ре2 (Ресет на БИОС): Ако џамперот е на место и повторно ви се појавува проблемот, ќе пробате со ресетирање на БИОС-от .
- Извадете го кабелот од напојувањето
- Извадете ја батеријата од матичната плоча и вратете ја по 2-3 минути.
- Приклучете го кабелот во напојувањето и вклучете го компјутерот.
- Кога ќе се појави постот ќе притиснете F1, потоа следи автоматски ресет, па ако не направи ресет, сторете го тоа мануелно.
* Ре3 (Исклучување на функцијата): Ако претходното решение не ви помогна, повторете го процесот со ресетирање на БИОС, и при постот наместо F1 ќе притиснете на F2 (за да влезете во БИОС-от), ќе ја најдете опцијата за Chassis Intrusion и ќе ја исклучите.
* Ре4 (Флешување на БИОС): Најпосле ако ниедно од претходните решенија не ви помогна ќе морате да се обидете да го флешувате БИОС-от. Најпрво ќе го симнете најновиот БИОС ром фајл за вашата матична од http://support.asus.com/download/download.aspx?SLanguage=en-us и ќе го ставите фајлот на USB флеш драјв кој претходно бил форматиран со FAT32 фајл систем или на хард диск . Ќе го приклучите флеш драјвот/хард дискот и ќе го
повторите процесот со ресетирање на БИОС-от.
По вклучување на компјутерот ќе притиснете на F2, во БИОС-от ќе отидете во претпоследната секција и ќе ја стартувате алатката ASUS
EZ Flash. Одберете го БИОС ром фајлот од 'explorerot' и почнете да го флешувате. Ќе почекате да заврши флешувањето и компјутерот ќе се ресетира.
Ако проблемот се јави повторно веројатно имате дефектна матична плоча.