Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Chassis Intruded, Fatal Error! решенија за проблемот

Speedy

lurker
21 август 2010
636
213
Поновите ASUS матични плочи имаат 'Chassis intrusion' опција која служи за предупредување кога куќиштето ви е отворено. Ова е useless feature за обичните корисници, но може да е и корисно во некои случаи, како на пример кај серверите.
Ваквите матични плочи имаат џампер или пак имаат сензор на куќиштето.
На малкумина од вас ви се има појавено овој проблем, Chassis Intruded, Fatal Error!, кој се појавува на биос постот.

Бидејќи и јас имав лошо искуство со оваа функција би сакал да ги споделам можните решенија.


Како да го решите проблемот:

* Ре1 (Проверка на самиот џампер): Проверете дали џамперот оваа функција е на место (очигледно).


* Ре2 (Ресет на БИОС): Ако џамперот е на место и повторно ви се појавува проблемот, ќе пробате со ресетирање на БИОС-от .

- Извадете го кабелот од напојувањето
- Извадете ја батеријата од матичната плоча и вратете ја по 2-3 минути.
- Приклучете го кабелот во напојувањето и вклучете го компјутерот.
- Кога ќе се појави постот ќе притиснете F1, потоа следи автоматски ресет, па ако не направи ресет, сторете го тоа мануелно.


* Ре3 (Исклучување на функцијата): Ако претходното решение не ви помогна, повторете го процесот со ресетирање на БИОС, и при постот наместо F1 ќе притиснете на F2 (за да влезете во БИОС-от), ќе ја најдете опцијата за Chassis Intrusion и ќе ја исклучите.


* Ре4 (Флешување на БИОС): Најпосле ако ниедно од претходните решенија не ви помогна ќе морате да се обидете да го флешувате БИОС-от. Најпрво ќе го симнете најновиот БИОС ром фајл за вашата матична од http://support.asus.com/download/download.aspx?SLanguage=en-us и ќе го ставите фајлот на USB флеш драјв кој претходно бил форматиран со FAT32 фајл систем или на хард диск . Ќе го приклучите флеш драјвот/хард дискот и ќе го
повторите процесот со ресетирање на БИОС-от.
По вклучување на компјутерот ќе притиснете на F2, во БИОС-от ќе отидете во претпоследната секција и ќе ја стартувате алатката ASUS
EZ Flash. Одберете го БИОС ром фајлот од 'explorerot' и почнете да го флешувате. Ќе почекате да заврши флешувањето и компјутерот ќе се ресетира.


Ако проблемот се јави повторно веројатно имате дефектна матична плоча.
 

Speedy

lurker
21 август 2010
636
213
Фала брат, се надевам дека ќе му се најде на некого ова.
 

VENOM

read-only
25 октомври 2012
1
0
Најпрво здраво, прв пост веднаш со проблем :)
dsc01021ol.jpg

Ова се јавува секој пат кога снемува струја или доколку компјутерот е исклучен од струја 15-на минути.
Се работи за нова конфигурација и се случува од кога е купена.

ASUS-P8Z77-M
CPU i5-5370K
RAM-Kingston Genesis - 4GB Module - DDR3 1866MHz CL9 DIMM 1.65v[но работи на DDR3-1333 1.5v-автоматски наместен]
PSU-620W Gigabyte Superb Real Power

Како што има пишувано во темата нема таква опција матичната колку што можев да видам и не најдов во биос такво нешто... друго што е пробано е со нов биос но и тоа не помага веќе 3-4 верзии на биос сменив... друго што се случува од овој проблем е и тоа што не зачувува дата и време што би насочило на слаба батерија но и со променета батерија и измерени 3.12V пак истиот проблем.

Како што кажав ова се случува само кога копмјутерот е исклучен од струја 15-на минути ... со рестарт се уклучува нормално освен што дата и време треба да се подеси.
Дали некој имал сличен проблем, или некое решение?
 

imperial

user
12 август 2009
1.420
2.054
Скопје
www.rop.mk
Незнам дали сеуште постојат скирените опции во биос.... можда таму се наоѓа опцијата за chassis intude.....
Обично беше кога ќе влезеш во биосот да стиснеш Shift+F1 или ctrl+f1 ili alt+F1...
Овие симптоми се јавуваат и кај неправилно исклучен PC... да пробаш со друго напајање.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.621
19.360
Најпрво здраво, прв пост веднаш со проблем :)

Провери како лежи кулерот на процесор. Извади го, провери го сокетот од криви ножиња и добро намести го кулерот.
[edit]
Всушност не притискај го многу а ако и после ова не ја бидува пробај со друго напојување (задолжително)
Оваа „грешка“ ја јавува би требало да се појавува после секое вадење на процесорот од лежиште.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно