Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Ваши искуства со Сетек

stefano

hello world
8 декември 2016
180
260
Не се исплати тој начин и баш нема поента и логика истиот. Ти ја резервира целата сума, а резервираните пари секако не можеш да ги користиш, исто ко да си ја платил целата сума наеднаш. Фак лоџик.
Неубо ти објаснија. Не ти резервира од парите кои ти се на сметка туку од дозволениот минус.
Значи ако ти е дозволено да си 60иљади во минус а купиш нешто за 6000, 1000 ти зема веднаш а другите од минусот. Во примеров значи можиш да си уште 55иљади во минус.
Од твоите реални пари ти зема секој месец по 1000 и ги додава во дозволениот минус.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.215
Струмица
Има дозволен минус на дебитна?
Една плата можеш да си во минус. Треба да поднесеш барање за активација на оваа услуга и се обновува автоматски секоја година. (150ден.)
 
Последна промена:

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Неубо ти објаснија. Не ти резервира од парите кои ти се на сметка туку од дозволениот минус.
Значи ако ти е дозволено да си 60иљади во минус а купиш нешто за 6000, 1000 ти зема веднаш а другите од минусот. Во примеров значи можиш да си уште 55иљади во минус.
Од твоите реални пари ти зема секој месец по 1000 и ги додава во дозволениот минус.
Убо му кажа и ти, но, според податоците на народна банка 7 од 10 се во минус на трансакциска, бидејќи просечна плата во државава е 21.000 денари.

испратено од мобиљка
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Не се исплати тој начин и баш нема поента и логика истиот. Ти ја резервира целата сума, а резервираните пари секако не можеш да ги користиш, исто ко да си ја платил целата сума наеднаш. Фак лоџик.
Па сега дискутабилно е, за кого како, јас на овој начин плаќам поскапи ствари и ми се исплати, со тоа што имам условно кажано ,,фонд,, за ова цел за тоа и пишав ако имаш доволно пари и малку повеќе.
Логиката е следна, претпостави дека имаш фонд од 12.000 во готови пари за купување на пример графичка што кошта 12.000, одиш ја купуваш, при што плаќаш 2.000 ден а остатокот (10.000) на 5 рати (месеци) со тоа, со тоа што тие 10.000 ги чуваш во сеф и несмееш да ги користиш, секој месец како што ја плаќаш ратата си го дополнуваш фондот со онолку колку си платил рата (2.000), односно месечно си оптоварен со 2.000 денари. Графичката нормално ја имаш веднаш а плаќањето ти е на 6 рати без камата а по 6 месеца имаш и графичка и целиот фонд 12.000 за наредно купување. Е сега истово замислиго само во електронска форма односно парите ти се во банка а плаќаш со Маестро дебитна.
Бонус, плаќањето на овој начин за продавачот е плаќање во готово(банката ја исплаќа целата сума), така што можеш да добиеш попуст, на пример во СЕТЕК ќе ја платиш ,,фабричката,, цена.
 
Harrabed

user
22 април 2013
1.370
1.542

Колку доволно? Мораш да се водеш како вработен?

Пример ќе функционира ли да уплтам 100к денари и тоа некако да ми биде како фонт и после тоа да си купувам на рати ?
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Колку доволно? Мораш да се водеш како вработен?

Пример ќе функционира ли да уплтам 100к денари и тоа некако да ми биде како фонт и после тоа да си купувам на рати ?
Доволно да ја покрие целиот износ на она што го купуваш, пример сакаш да купиш графичка од 12.000 треба да имаш на сметка барем 12.000. Ако имаш повеќе уште подобро (можеш да купуваш повеќе ствари на ист начин паралелно).
Може и да немаш во тој момент доволно пари, тогаш мора да имаш дозволен минус (како што пишаа погоре една плата во минус) меѓутоа во тој случај банката за минусот ти пресметува камата на пример имаш 8.000 на сметка а остатокот(4.000) се резервира од дозволениот минус. За тие 4.000 банката ти пресметува камата, затоа ова не е поволна опција освен ако немаш друг избор.
За дозволен минус мора да си вработен, а за тоа дали воопшто можеш да имаш ваква картица како невработен треба да се праша во банка.
 
StalkeR

poweruser
5 декември 2009
5.517
6.741
Еднаш се дискутираше ова во некоја тема, само не можам да барам каде точно за тоа плаќање на рати и слично... Ке отидам оф топик, ама ај.

Дебитна, може да одиш во минус (1,2 плати зависи од банката) и МИСЛАМ дека не може да се плаќа на рати со таа иако имаш дозволен минус.
Кредитна, имаш минус од 30/50/100К (зависи колку ке ти дозволи банката) и можеш да земеш на рати, со тоа што ако сакаш да купиш графичка од 15К, ти се резервирани сите 15К од картицата и не можеш да ги користиш се додека не ги внесеш сите преостанати рати, односно да ја нулираш таа сума. Тоа е принципот на плаќање со кредитни во СИТЕ фирми каде има склучено договор.
Во Сет може да се земе со кредитна до 3 рати, со таа пониската цена(акциска) без камата.

Нормално, најубаво е да си земеш кеш, ама добро знаеме каде живееме и дека пола и фазлал МК живее на кредити, па тоа е тоа. :)
 
stefano

hello world
8 декември 2016
180
260
...Дебитна, може да одиш во минус (1,2 плати зависи од банката) и МИСЛАМ дека не може да се плаќа на рати со таа иако имаш дозволен минус...

Грешка за двете. На дебитна можиш да имаш и повеќе од 2 плати дозволен минус (користам во моментов таква од NLB).
Не плаќаш на рати во продавницата туку банката ти ја дели сумата на рати според износот, значи тебе ти иди на рати (со мојот тип на картичка не повеќе од 6 рати).
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.241
Така е како што кажува @stefano
Фирмата апсолутно нема воља тебе да те кредитира да ти наплаќа на рати. Кеш одма батка, пошто и така ќе ти ували фалш, па да ти ги земе парите док не си приметил.
Тоа што ќе си договориш со банката тоа ќе ти биде достапно во СЕКОЈА продавница, макар купувал и суви кајсии на кванташки.
 
StalkeR

poweruser
5 декември 2009
5.517
6.741
Дебитна, може да одиш во минус (1,2 плати зависи од банката)
Грешка за двете. На дебитна можиш да имаш и повеќе од 2 плати дозволен минус (користам во моментов таква од NLB).
По се изгледа не си прочитал убаво што пишав. Реков, зависи од банката, не напоменав дека може само ДО 2.

Не плаќаш на рати во продавницата туку банката ти ја дели сумата на рати според износот, значи тебе ти иди на рати (со мојот тип на картичка не повеќе од 6 рати).
Тие од НЛБ се друга прича, не ги споменав никаде тие. Кажав за секоја кредитна картица.
Да се разбереме нешто, ако продавницата тебе ти повлече наеднаш сума од кредитна, ти ке имаш камата на таа сума, додека пак ако продавницата има склучено договор со банката за рати и ти ја подели сумата на XX рати, нема да имаш камата.

Така е како што кажува @stefano
Фирмата апсолутно нема воља тебе да те кредитира да ти наплаќа на рати.
Макар било и на рати, продавницата секако ги повлекува сите пари од кај тебе (ги резервира) па после тоа банката си брка работ со тебе, дали ке плаќаш рати и слично. Што значи, продавницата секако ги има сите пари наеднаш.
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.924
8.417
Откако се поприкажавте за ратите нашироко, може некој да сподели искуство со Сет ? Мислам олку да отидете офтопик..
 
masterwu

lurker
11 февруари 2016
853
815
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
Земав Mi 4C крај на јануари на промоција. Телефонот беше дефектен, па го пратија на сервисирање, после 25 дена стигна одговор дека не може да се поправи и одобрена ми е замена за ист или друг со доплата. Им кажав дека сакам замена за ист, и тука во Струга ми викаат мора да платиш 800 денари бидејќи сега цената е повисока (ХАХА!). Нормално, не прифатив, по таа логика да беше поевтино ќе требаше тие да ми дадат пари мене доколку сега беше поевтин.

Што предлагате, да терам со пазарна инспекција, или да не се замарам и да си ги побарам парите да ми ги вратат? По муабетот нивни, сигурен сум дека не знаат книговодствено како да ја средат работата, па најлесно им е да го сторнираат првиот телефон, и да извадат нова фискална за новиот и јас да ја доплатам разликата. Стандарден дифолт одговор... извини дечко системот не дозволува, хах.
 
20 декември 2015
1.156
856
Skopje
steelseries's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 w/Stock Cooler (Wraith Spire RGB)
Motherboard
Asus x370 Prime PRO
Storage
WD10EZEX Blue
PSU
Cooler Master Vanguard 750+ Gold
RAM
HyperX Predator 2x8GB // 3200Mhz
Video card
Asus GTX 1060 6GB
Mouse
SteelSeries Rival 310
Keyboard
Gigabyte K85 Mechanical RGB
Monitor
Benq RL2455HM
OS
Windows 10 Pro
што убави искуства во сетек сте имале.
Земав Mi 4C крај на јануари на промоција. Телефонот беше дефектен, па го пратија на сервисирање, после 25 дена стигна одговор дека не може да се поправи и одобрена ми е замена за ист или друг со доплата. Им кажав дека сакам замена за ист, и тука во Струга ми викаат мора да платиш 800 денари бидејќи сега цената е повисока (ХАХА!). Нормално, не прифатив, по таа логика да беше поевтино ќе требаше тие да ми дадат пари мене доколку сега беше поевтин.

Што предлагате, да терам со пазарна инспекција, или да не се замарам и да си ги побарам парите да ми ги вратат? По муабетот нивни, сигурен сум дека не знаат книговодствено како да ја средат работата, па најлесно им е да го сторнираат првиот телефон, и да извадат нова фискална за новиот и јас да ја доплатам разликата. Стандарден дифолт одговор... извини дечко системот не дозволува, хах.
некако гледај земи си ги парите и уште 1 не влегувај таму.Ако треба и инспекција искрено се додека не им дојде на газдите умот што прават со фирмата.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Земав Mi 4C крај на јануари на промоција. Телефонот беше дефектен, па го пратија на сервисирање, после 25 дена стигна одговор дека не може да се поправи и одобрена ми е замена за ист или друг со доплата. Им кажав дека сакам замена за ист, и тука во Струга ми викаат мора да платиш 800 денари бидејќи сега цената е повисока (ХАХА!). Нормално, не прифатив, по таа логика да беше поевтино ќе требаше тие да ми дадат пари мене доколку сега беше поевтин.

Што предлагате, да терам со пазарна инспекција, или да не се замарам и да си ги побарам парите да ми ги вратат? По муабетот нивни, сигурен сум дека не знаат книговодствено како да ја средат работата, па најлесно им е да го сторнираат првиот телефон, и да извадат нова фискална за новиот и јас да ја доплатам разликата. Стандарден дифолт одговор... извини дечко системот не дозволува, хах.
Ти друже, фино-лепо да се јавиш во дирекцијата на Сетек во Скопје, и да ти потврдат за доплатата, бидејќи нема логика. Замената е производ за производ, а не верувам дека дури ни Сетек има таква политика за доплата на разлика. Мислам дека вработените во салонот во Струга се обидуваат да ти ќарат.;)
 
Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.290
11.816
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
После 5 минутно скитање во салон (Сетек Соравиа):

Добар ден, се извинувам, може ли да ве прашам дали имате обична блутут слушалка за разговор за на телефон, гледав на сајтот дека имате некои НАМА, па би сакал да ги погледнам какви се?

Хммм, само да видамммм... Еве овде имаш дечко, ама нема НАМА туку само Самсунг.

Ок, Самсунг Самсунг, звучи боље од НАМА, има ли можност да ја поврзам со телефонот да видам само како се однесува и дали се слуша добро, не ми е за зафрканција, него стварно имам голема потреба од добра слушалка?

Аааа дечко не може да ја отвараме, купи ја па пробај ја (800-900 ден.), ако има некој проблем, можеш да ја вратиш во рок од 7 дена, само донеси ја фискалната и нека биде запакувано се како што било, ќе ти ја замениме или ќе ти ги вратиме парите, бидејќи нема писмена гаранција.

Ок, ја купувам, стигам дома, едвај ја конектирав по којзнае колку обиди, звукот да не речам во најмала рака беше очаен, мораш да ја набиеш во уво за да слушнеш што ти зборуваат од другата страна, за надвор да не збориме, неупотреблива. Другиот ден, или после два дена така нешто, уредно спакувана, исчистена од секаква прашинка, без апсолутно никакви знаци на употреба, со сите лепенки на неа, фискална со мене, одам да ја вратам.

Добар ден, се извинувам, вчера/завчера купив блутут слушалка од овде, меѓутоа слушалкава е практично неупотреблива, одбива да се конектира на моменти, па сама се дисконектира, а звукот е да не речам очаен, и воопшто не сум задоволен од производот, па би сакал замена со друг производ или да ми ги вратите парите.

Ех, дечко, не може така, па веќе е отворена и употребувана...

Ми беше кажано дека можам да ја вратам во рок од 7 дена доколку има некаков проблем со неа и ќе ми биде заменета или ќе ми бидат вратени парите, (тука малку зоврев ко по обичај) немој да ми правите стандард маалски финти, си ги знам законските права како потрошувач и ќе реагирам соодветно доколку има потреба, затоа или заменете ја слушалката или вратете ми ги парите!!!

(Дрско) Дечко немаат врска тука законите, ние одлучуваме дали ќе замениме или вратиме!!! (Не ми се веруваше што слушам)

(Уште подрско и јас) Ајде распакувај ја слушалката, земај телефон, конектирај и разговарај, држи ќесава, имаш и фискална внатре!!!

Ко усран ја зема, пробаа на еден телефон, не можеа да ја конектираат, по неколку обида им успеа на друг, и ајде пробаа да направат повик, и после неколку минутна консултација меѓу нив:

Сакаш да ти ја замениме или да ти ги вратиме парите?

Вратете ми ги парите, ако треба од битпазар ќе идам ќе си купам. Земав парите и правец Нептун, каде за истите пари добив љубезност, имав можност да ја пробам слушалката на лице место, звукот беше кристално јасен, одлично лежеше на уво и без пластиката и плус доаѓаше со една година писмена гаранција, без сервисирање, туку директна замена на производот во случај на дефект.

Сума сумарум, 4 пати одев со такси до гтц и назад, за да ме сексаат у здрав мозок и да ми се однесуваат како некои шалабајзери за мои пари. Ете тоа е моето последно искуство со Сетек, буквално последно.
 
Ни они самите незнаат што имат... На нивната вебстрана нема никаква бежична слушалка самсунг :) Се каша попара...
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.241
Тоа секогаш беше така со Сет. Вие млади сте не знаете, ама порано се формираше ЗДРУЖЕНИЕ на граѓани, правен субјект каде се органзираа повеќе од 1000 луѓе да си ги остварат правата од ретардираната компанија Сет. Тогаш компјутерите беа скапи, па луѓето се бореа.
Ништо не научија, ништо не учат и ништо нема да научат. Затоа си се шупак компанија, затоа почнаа шпорети да продаваат, затоа продаваат преку синдикати и други кутри методи
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.044
7.716

Кога било тоа со здружение? Дај некои детаљи?
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Искрено не ми текнува како стартуваше СЕТ. За другиве се сеќавам. АМЦ беше со буквално 1 вработен во зградите кај градинката позади универзална (во стан), тој беше и сервисер и каса и се друго. Имаше и една друга фирмичка тука од карши се викаше DEP-Desk Electronic Pull што беше популарна меѓу нас копиљаците пошто откупуваа користени делови па да присобереме пари за Voodoo 2-ки :)

Риверсофт стартуваше како цд-тека во Скопјанка, а заврши како камионџиска логистика. Нико исто беше таму негде во стан.

Едит: Ахахаха да да.... мебиус, двајца „студенти“ во Гоце студентскиот. Идам да купам плоча некоја, го чекав „колегата“ од веце да излезе да ми ја дадел, а овој по голема отишол.
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.044
7.716
Сет? У Тафталиџе некаде беа у стан. Носеа шверцани пентиуми под мантил од Бугарија. Иначе ДЕП сега работи во Аеродром негде.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
СЕТ не произлезе од Луцифер компјутери? Ако беа тие, беше во зградите некаде Козле/Тафталиџе во еден стан по дома.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.241
Имаше и една друга фирмичка тука од карши се викаше DEP-Desk Electronic Pull што беше популарна меѓу нас копиљаците пошто откупуваа користени делови па да присобереме пари за Voodoo 2-ки :)

Хаха,да Драгиша се викаше.
Татко ми му работеше сметководство.

@kirev заборавив деталите за здружението ама сигурен сум пошто брат на другар мој (бивши член тука) беше еден од организаторите.

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.515
3.121
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Купив миксер БОШ пред една недела на попуст. Иако изгледав како потенцијален џепчија (неизбричен, бушав во темни тренерки и јакна, иако сега тоа може да биде дефиниција и за фриленсер) бев услужен пристојно. Сопругата направи палачинки, миксерот функционираше беспрекорно. Доколку има потреба ќе ве известам кога ќе прави торта затоа што сепак миксерот е 450 W и при правење на торта всушност може да го видиме неговиот вистински потенцијал.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно