Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

СЕТ Компјутери

Статус
Затворена за нови мислења.

smole

poweruser
18 април 2007
3.909
4.589
Сале, можеби Сет е во право (иако јас ако сум купил нешто од Сет таму ќе го носам на сервис па они кај сакаат нека го носат) но нивното понашање апсолутно е погрешно. И има Дарко право за женската во сервисот, не е баш најфината личност на цел свет, благо кажано. Дефинитивно треба Сет да поработат на комуникацијата со клиентите.

Зашто Анхоч или Мебиус немаат свои теми со жалби? Јас и погоре пишав дека во Мебиус неколку пати сум носел на сервис делови и стално биле фер. Исто и со ИТД пред некој ден (освен што се лоцирани на тапа место и патот до нив е У Ж А С).
 
3 ноември 2012
868
1.896
Area 51
Трајче Дрварчето's setup  
Processor & Cooler
Intel 8088, 4.77MHz
Storage
dual 160KB 5.25-inch disk drives and 10 MB HDD
RAM
16K on-board RAM
Video card
Monochrome Display Adapter
Audio
1-channel PWM
Monitor
IBM 3270
OS
PC-DOS v1.0
И јас се сложувам дека производо кој ќе го купам од некоја продавница, ако се расипи ќе го вратам во продавницата, па после тие кај сакаат нека го носат на сервис.
Пример, јас едно време кога работев во Tobacco Together, некои што купиле мобилен од таму па им се расипал, го враќаа во салонот. Ние поштено го земавме телефоно и наше беше да го испратиме во овластениот сервис, па кога ќе биди вратен наша задача беше да го исконтактираме сопственикот за да си го земи...

За разлика од случајот со Сет или пак случајот со рутер купен од Нептун. Се расипа. Се скапав шетање дури да го најдам тој сервисо во кој шо ме упатија од Нептун...

Не ме бендисва тоа. Знат да ги земат парите и да удрат печат на гаранцијата, нека си ја преземат одговорноста до крај.
 
Steff_Maja

poweruser
30 мај 2010
4.174
1.710
Ако тие се заштитуваат сами себеси со тоа што нема точно да ја дефинираат гаранцијата тогаш и јас ќе се бранам самиот.
По правна одлука нема ли да сум јас во право ?
Никаде нема напишано колку време треба да го очекувам проблемот. За 1 мртов пиксел сигурно не важи гаранцијата. Имам прочитано гаранции со најмалку 3,5,7 (мислам дека 5 беше во Анхоч и убаво си е напишано на гаранцијата без разлика каков продукт купуваш).
Ако и ова не е дефинирано на ливчето каде стои нивен печат и потпис зошто тие да се во право ?
И најлошото е тоа што од кај нив сум го купил, а ме праќаат на други места во сервис. Кога сум отишол да го купам што не ме вратиле и да ми кажат оди купи си од друго место.
 
Shutter

hello world
29 декември 2010
350
121
Скопје
Се согласувам со останатите.
Земи му ги парите на купувачот и стискај палци да не ти се појави во наредните 15 дена, за да можеш после да го испратиш сам да шета по сервиси.
 
Darko Migrov

read-only
16 февруари 2013
1
0
Се зачленив на форумов бидејќи сега читав на фејсбук - сет компјутери за случајот со мониторот. Случајно пред некоја вечер бев сведок на тој случај. Редовен муштерија сум во Сет и секогаш сум бил добро услужен. Имено имаше гужва а тричетворица вработени во огромен салон. А муштерии кој брза, кој бара обука (а за обука се плаќа нели) и влегуваат двајца типци и трес мониторот на биро и урлаат. Сакаме нов! Ја викаат шефицата. Ок ит продавачка мислам дека е таму од почеток на Сет и секогаш услужлива и добро поткована. И беше познат случајот и убаво им објасни дека од Сет бил проследен во овластен сервис и дека одтаму е вратен како исправен и ги посоветува дека е подобро повторно кога ќе го носат да го сторат тоа лично за да убаво се разберат. И пак викање, заканување. Не беа во право воопшто. А што би се рекло кај има гужва таму има и работа. Нормално дека ви се лепат продавачи во празна продавница.
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
На 100 задоволни корисници кои нема да кажат ни еден пофален збор има 1 незадоволен кој ќе се скапа плачејќи и плукајќи насекаде.

Моето генерално искуство со СЕТ големопродажба е воглавно многу позитивно. Со сервис сум имал недоразбирања кои ги решававме на повисоки истанци. Со малопродажба сум имал многу малку искуство за да можам да коментирам.
 
Enforcer_

lurker
26 декември 2012
948
1.068

1 незадоволен? не би рекол.......и пак ќе напоменам,му паѓа телевизор у сред салон пред муштерии,пцуе,и никому ништо? каков углед создава тоа? утре коа ќе ми склапа компјутер и му падне матична и никому ништо?? епа извини,ако сакаш некој да си игра ..... со твоите пари и да ги збогатуваш кретените,слободно
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.909
4.589
Поздрав до новиот член, добредојде. Мене ми е многу симптоматично што се зачленил денес и прва тема на која коментира е таа за Сет, но ок, можеби стварно е "innocent bystander".

Моето генерално искуство со СЕТ големопродажба е воглавно многу позитивно. Со сервис сум имал недоразбирања кои ги решававме на повисоки истанци. Со малопродажба сум имал многу малку искуство за да можам да коментирам.

Јас незнам некој што имал лошо искуство со оддел за продажба. Секој сака да те услужи бидејќи ќе му платиш.

Со сервис од друга страна (било кој не само Сет) ретко кој има добро искуство. Зашто? Бидејќи кај нив идеш кога нешто не е во ред, било дали бараш да направат RMA, да ти го поправат а во меѓувреме да ти дадат заменски дел/уред.

Ете и ти не си имал ок искуство со сервисот на Сет штом викаш дека проблемите си ги решавал на повисоки инстанци. Значи нешто кај нив не штима.

Поради овие искуства јас (а верувам и други членови) во иднина ќе бидам многу внимателен од која фирма купувам.
 
daci92

poweruser
4 февруари 2009
2.120
162
Скопје
Генерално како член кој има искуство со неколку фирми во Скопјево и во некој од нив сум бил деловно, приватно и како вработен можам да кажам дека од фирма до фирма има голема разлика .

Гојдо напомена на големопродажба. Јас лично деловно преку фирма со СЕТ имам многу позитивно искуство но на приватно ниво сум тотално незадоволен најпрво заради некултура и непринципиелност од нивна страна.
Од друга страна од ДДКом сум незадоволен за односот со мене (всушност никаков однос) иако деловно ги контактирав повеќе пати.

Гледам сите се фативте за тој со ЛЦД Телевизорот од фејсбук ,ќе ви речам дека човекот не е во право - Зашто?
Затоа што на самата гаранција си пишува кој е овластен сервис и каде треба да го однесете независно од тоа каде сте го купиле ,СЕТ ,АНХОЧ и останатите имаат свои сервиси но тие имаат многу производи кој се од други увозници и нив им е наложено од увозникот во неговиот сервис да се носат ,а СЕТ не е задолжен за тоа туку купувачот.

Незнам за СЕТ но во Анхоч кога купувате производ кој има гаранција и сервис од друга фирма тогаш при купувањето ќе ви напоменат која е таа фирма и дека таму треба да го однесете производот освен доколку е во рокот од 15 дена (така мислам дека беше законски), доколку производот го донесете кај нив повторно иако ви било напоменато каде треба повторно ќе ве препратат таму и нема жалење ама јас од кај вас го купив а не од кај нив.
Конкретно во Анхоч се продаваат рутери кој овластен увозник и сервис е Мебиус и кога ќе купите тоа ќе ви го кажат, а за останатите производи кој Анхоч ги увезува ќе ви кажат дека сервиот им се наоѓа на Водњанска.

Е сега за културата на продавачите не знам како е во СЕТ но во Анхоч за да стигнеш на работно место да продаваш во дуќан ќе треба да поминеш неколку теста и треба да добиеш одобренија од луѓето со кој си работел во текот на тест периодот за да добиеш работно место.

За услужување на купувачи не секогаш е лесно затоа што сите имаат различни барања, а секогаш има и такви кој ќе те извадат од такт, во Анхоч важи дека купувачот е на прво место и треба да се услужи, а за другите незнам.
 
Sylvester

lurker
24 март 2009
500
74
Скопје
Едно не ми е јасно... како некои членови со дрвја и камења плукаа по други фирми од кај нас како не чинат , за ништо не ги бива и слично, дури те убедуваат немој од таму да купуваш не чинат.... а сега кога друг има ист или сличен проблем, како што најверојатно и тие имале проблеми со фирмите кои ги плукаат, од еднаш застануваат во одбрана на фирмата, во случајов СЕТ ?!?!?! Мислам од авион се гледаат некои работи :)

А факт е дека во Македонија, купувачот е од зезнатата страна во секој случај.... не знам дали во скоро време нешто ќе се оправи во тој поглед и дали ќе се почитуваат правата.
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.909
4.589
А факт е дека во Македонија, купувачот е од зезнатата страна во секој случај.... не знам дали во скоро време нешто ќе се оправи во тој поглед и дали ќе се почитуваат правата.

Немора да значи, ако си ги знаеш правата кои ти произлегуват од Законот за Заштита на Купувачите и се повикаш на нив, или ако нешто дојде нож до коска имаш пазарна инспекција и здружение за заштита на потрошувачите.

ПС Кога сме кај сервиси, сервисот на членот под мене е одличен. За 1 ден ми ги среди и двата лаптопи, фин и коректен и прецизен дечко.
 
poljakot

hello world
20 октомври 2010
148
98
Во СЕТ ми се има десено следново...Бев во Сет ГТЦ и прашував за матична на z68 чипсет...тој високиот дечко ми вика p67 ти е подобро затоа што можело да се клока а на z68 не можело..пред мене ја гледам maximus iv gene-z и типот ми кажува не, p67 е клокерска а оваа другата не..трагикомедија...но секогаш биле услужливи колку толку, иако сакаат да ти истоварат стара роба со гледање во очи и лажење..услугата во Anhoch пак и нема рамна а и Mebius и DDcom имаат ОК услуга.
 
vladimir171

lurker
15 ноември 2007
632
455
Безразлика на фирмата најмногу нервира што се повеке ставаат недообразован(да не речам неписмен) кадар за на продавачи, кој што можеби за продавање компир ке ги бива ама не и за ИТ технологија. Во Сет сум имал само еднаш проблем кога барав матична за 775 сокет и се објаснував со типката 10 минути дека ми треба плоча со ддр2 рам и подршка за одреден процесор но наместо тоа коа отворив дома плочата имаше 2 ддр слота и процесорот беше премногу нов за неа нормално. Сепак коректност од дечкото кој ми ги врати парите утредента откако му објаснив што како така да у загуба бев само со 20км поминати во непредвидена прошетка.

Затоа па во Анхоч во Аеродром се имам 3 пати враќано да сменам хладњак за ам2+/ам3 поради највероватно мојот кинески дијалект..XD
Првиот пат добив за 939 моја грешка не проверив, после неуспешно монтирање незнам со кој памет и пробував на прво место го вратив се потпишав и ми го сменија. Овој пат си добив ам2 сокет навидум исто било и фаќало на сите. И од трета мајка отидов малце понервозен и упадна дечкото што мирно дремеше претходните два пати ми извади кутија со декларација ам2+ам3, удрив уште еден потпис и си отидов дома за да сватам дека уствари целиот проблем им бил со декларациите бидејки пак си добив ам2 хладњаче фатив една жица и коа го умотав целото на плочата и ден денес не мрда :D Така да отидоа 400+ за економичниот кулер и горивото и да знаев ке си земев нешто поасално од Сет.(да не го должам со истава типка имав сличен проблем со напојување и тастатура и коа ке ја видам таму бегам ко вампир од лук)
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Boko

gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
1 незадоволен? не би рекол.......и пак ќе напоменам,му паѓа телевизор у сред салон пред муштерии,пцуе,и никому ништо? каков углед создава тоа? утре коа ќе ми склапа компјутер и му падне матична и никому ништо?? епа извини,ако сакаш некој да си игра ..... со твоите пари и да ги збогатуваш кретените,слободно
До сега во СЕТ сум бил може 1000 пати, имам купено еден шлепер со хардвер во вредност од можда 100,000 евра. Такво понашање и таков настан или нешто бар малку приближно не сум видел/доживеал. Не се случило да ми дадат скршен или употребен хардвер (ова ми се случило кај други фирми и тоа повеќе пати).

Патем, цел објект е под камери, а посебно деловите каде се материјалните добра (роба и пари). Нема шанса вреаботрен да направи штета на газдите(како примеров со паѓање на телевизор), а газдите да не дознаат и вработениот да не си го купи/плати од џеб. А ако згора па јаде и бурек ќе добие и клоци.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.622
19.361
Сале, секоја чест и респект спрема тебе но ајде малку да одиме аналитички.
Смоле не може да биде тужен за „валкање“ на името на Сет затоа што смоле се жали/поплакува на државата.
Не отиде смоле во Вечер да даде интервју и да изнесува клевети.Ако имаш поплака и таа ја доставиш до државата лудо е да очекуваш дека државата ќе те тужи во друг процес за, ајде-ми-ти наводна клевета изнесена пред државата.

Сето ова се заплашувања за мали деца. Сет, што се однесува до поплаката, не му можат тука ништо. Името од сет ќе биде извалкано ако некој се истрча во весник или на ТВ и почне да изнесува невистини.
Настрана дискусијата кој е во право дали Сет или Смоле.
Ова студент од прва на правен факултет ќе го добие.

Што се однесува до Dead Pixel Statement

Супер е тоа што го пишува Самсунг и што ова оди во полза на продавачот и, нормално на Самсунг. Но има еден проблем
Проблемот е тоа што овдека луѓето во ретки случаи ја добиваат комплетната документација на мајчин јазик а тоа е, нели, пропишано во законот за заштита на потрошувачи.
Ако добиете упатство на англиски или вакви „манифести“ трговецот и Самсунг можат да си ги закачат на газот, да простите.

И за крај сакам да порачам нешто.
Не значи дека ако го познавате законот за заштита на потрошувачи дека треба дасе изживувате со трговците. Не е ниту културно ниту етички да вратите комплетно исправен прозивод под изговор дека не ви „ујдисува“
Или пак да се вршат преправки или промена на делови ...па потоа правење на тошо итн.
Срвисерите не се ненормални!!
 
stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
Абре отидов да гледам лаптоп во Анхоч, една типка со црна коса(сеа има една со виткана коса кога влегов пред некој ден) лаптоп ми извади од излог(тоест повеќе лаптопи пробав), па дури земав ги кревав лаптопите да видам колку тежат додека таа услужуваше друг купувач.
Коректност и толеранција да не ги урочам Lv 99 хах.
После од коа го услужи него, си поразговаравме почна да ми збори за перформанси у игри, била гејмерка и незнам што ми објаснуваше за колку која графичка имала фпс(спомна модерн ворфер и LoL мислам онјалн играла, скорови и финти) итн. Значи подолг муабет и одлично ме услужи. И си заминав.
Али пошто ја немаа таа варијанта на лаптоп која јас ја сакав во Анхоч, отидов до SET(а првпат купував кај нив). Имаше 2 женски за наплата па сега коа зборите незнам за која е муабетов.
Иначе ова беше пред 2 месеца.

А во СЕТ дека ме правеа будала тоа да. И продавачите а и сервисерите. Нов лаптоп сакаа да го сервисираат(во рок од тие 15 дена), но не дозволив.
Кога бев во сервисот на Рузвелтова дојде еден човек требало да му поправат клима(они биле нешто дистрибутери на некоиси производители на клима уреди), и таа го убедуваше дека треба да КУПИ нов цел апарат(иако само бил мал дефект) и на гарантниот лист пишувало дека кај нив требало да го однесе да го сервисираат а бил во рок на гаранција. Таа нервозно му одговори дека иако се таков сервис со гаранција дека пак он требало да си плати али за цел нов апарат. Овој се закани со инспекција и оваа абе у Момент се смени и го услужи.
Иазглеа имаат стратегија кој не е информиран тупни му што било(па затоа од прво така ги пробуваат луѓето).

Не е дека само за СЕТ лошо збориме, али дали има волку негативна критика ете и за АНХОЧ. Не е дека од кај нив не се купува али услугата и односот кон купувачите е многу пофер. Бар ти кажуваат што и како е.
 
Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
Ја купив Лаптоп од кај нив. Не се знае ни кој јаде, ни кој плаќа. Хаос.
Влагам да купам маус не ме рецкаат ни 2%. Одам у анхоч одма што е вработениот/вработената со мене цело време шета и ми покажуваше и од таму купив дури и така поскапа тастатура непланирано. Е тоа ти значи услуга.
У анхоч ГТЦ обично 3-4 има, во СЕТ ГТЦ 5-6 вработени, помала продавница(не е дека не ме виделе) и не се замараат. Страшно ме нервираат.
На Сервисот на Водњанска на Анхоч одма ми заменија графичка(ја сменив за друга) и не ме малтретираа ич(се извинија па дури и подобра ми дадоа а не ја доплатив разликата), а и со СЕТ требаше да го сменам лаптопот и во Сервисот на Рузвелтова чекав ни помалку ни повеќе 2 часа на шалтер само да видат дека не е оштетен лаптопот(и плус еден саат да проверат) значи 3 саати. На едни деца пред мене тој што е на шалтер им се дере кога го прашаа кога ќе можат да го земат компјутерот. Само незнам што беше работава.

И прво ме правеа будали да сум преинсталирал драјвери, и ми вика дечко немам време ај дојди во понеделник, а сеа иди дома види пак.
1. Прв ден да одам за да го купам лаптопот(беше петок) каде чекав 2 и пол саати само да ми наплатат:devil:
2. Втор ден да одам да се жалам(сабота)
3. Трет ден да одам прво до салон, па од таму на рузвелтова(па имаше и протести) да чекам 3 саати да го проверат, па пак назат во салонот во ГТЦ, па таму да чекам уште еден саат, па дома да дојдам.

И незнаете колку само преку глава ми беше од нив.
Намерно направив споредба со Анхоч бидејќи тие фала богу до сега ми понудиле најдобра услуга. Графичка, слушалки, маус, тастатура, УСБиња, хабови, мауспадови, и уште незнам што неможам да се сетам сега сум зел од Анхоч. Ако имало нешто тука биле.

Иначе незнаев дека се такви флегми(FLEGMA без навреда) зашто не сакаат да услужат.
Andreja Hocevar + Slovenski mentalitet i nacionalnost = ANHOCH.
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.698
5.492
Сале, секоја чест и респект спрема тебе но ајде малку да одиме аналитички.
Смоле не може да биде тужен за „валкање“ на името на Сет затоа што смоле се жали/поплакува на државата.
Не отиде смоле во Вечер да даде интервју и да изнесува клевети.Ако имаш поплака и таа ја доставиш до државата лудо е да очекуваш дека државата ќе те тужи во друг процес за, ајде-ми-ти наводна клевета изнесена пред државата.

Не реков јас дека смоле или било кој треба да биде тужен од страна на СЕТ или незнам што како, но да постапува на дрзок начин, а не е во право, тогаш да е мој дуќан јас на клоци ке го избркам.
Не отишол никој во Вечер, но нели сметаш дека ФБ е повеќе читан од Вечер? :)
Елем, небитно за клеветите, но глупаво е да се жалиш некому, да се издераваш и да изиграваш глупи август кога апсолутно не си во право.
За конкретниот случај:
1. Објаснето му е на купувачот каде треба да се обрати, поточно во кој сервис, бидејќи тие се само продавачи, не се овластен сервис. Овластен сервис е оној кој е наведен во гарантниот лист.
2. Купувачот бил на сервис со производот. Од таму добил потврда дека производот е исправен.
3. Купувачот тврди дека производот не му е исправен, доаѓа во продажен салон каде бара од продавачка или кој и да е друг да му даде нов монитор. Тоа е невозможно, безобразно и некултурно. Доколку сакаш да разговараш со некого, тоа треба да биде некој на повисока инстанца со повисоки ингеренции...Како може еден обичен продавач тебе да ти даде нов монитор за кој ти тврдиш дека е неисправен, а од сервис си добил официјална потврда дека е исправен?
4. Ова се случува колку што разбрав после 2 месеца од купувањето на мониторот. Значи не се 15 дена од купување туку 60 дена од купување...И автоматски го губи законското право за замена на производот доколку е незадоволен од истиот.
5. Купувачот се жали и урла за 4 мртви или заглавени пиксели, а официјалниот документ за гаранција кажува во кој случај се признаваат и колкав е бројот на мртви пиксели кои ги покрива гаранцијата. КУПУВАЧОТ во конкретниов случај е тотално аут.
6. Ако купувачот повика ДПИ, мислиш дека ке биде случајот во полза на купувачот, кој во сите 5 точки кои ги набројав не е во право???
7. И да дојде ДПИ, и да ја прегледа документацијата, ке види дека е се во ред, и купувачот може со опроштење да си ја подвие опашката и да замине.
Верувајте...Многу фирми се изгорени за банални работи и во секој поглед веќе еден по еден почнаа да си се заштитуваат.
На крај краева мониторот може да го однесе и во друг овластен сервис за Самсунг, на пример сервисот на К&К, и ако добие документ и од таму дека мониторот е скроз исправен, што правиме тогаш?
Да добие документ дека мониторот е неисправен, ондак моментот е друг...
Ама...У случајов не е така...Ние сите знаеме да плукаме, но понекогаш треба да признаеме кога не сме во право...

Што се однесува до Dead Pixel Statement

Супер е тоа што го пишува Самсунг и што ова оди во полза на продавачот и, нормално на Самсунг. Но има еден проблем
Проблемот е тоа што овдека луѓето во ретки случаи ја добиваат комплетната документација на мајчин јазик а тоа е, нели, пропишано во законот за заштита на потрошувачи.
Ако добиете упатство на англиски или вакви „манифести“ трговецот и Самсунг можат да си ги закачат на газот, да простите.

По второво прашање...
Луѓето тука не ја добиваат комплетната документација...Уствари ја добиваат но не на мајчин јазик туку на сите други...Пошто сите други освен ние се држави...
Е сега...И за ова си имаат лек. Во секој производ веќе мора да има упатство на Македонски...И има да ти кажам. Упатството е со 4 ипол реченици, но ги содржи основните елементи. Вклучи исклучи, работен напон, 5 функции и толку. Тоа е минимално упатство кое е пропишано со закон и они се тука покриени.
Значи и по овој основ си се заштитени. И тука не им можеш ништо.
У принцип ако отвориш нов производ на сите јазици без македонски имаш по 3 или 4 страни, истото преведено на македонски на обичен лист а4...Тоа е..100% законски се исправни...

И за крај сакам да порачам нешто.
Не значи дека ако го познавате законот за заштита на потрошувачи дека треба дасе изживувате со трговците. Не е ниту културно ниту етички да вратите комплетно исправен прозивод под изговор дека не ви „ујдисува“
Или пак да се вршат преправки или промена на делови ...па потоа правење на тошо итн.
Срвисерите не се ненормални!!

Апсолутно се согласувам со тебе.
+ сакам да додадам уште една работа која ми е многу чудно што се врти низ простово ке го наречам население...
Пример некој носи телевизор на сервис...И моментот е: Не го оставам на сервис ке ми ги извадат деловите, стари ке ми стават?????
ПА добро бе малоумници!!!!
Кој стари делови ке ти ги стават???? Носиш стар производ на сервис...Неисправен ти е...Кој ке ти стави неисправни делови и твоите исправни ек ти ги извади и ке ти наплати и ке ти го даде апаратот исправен??? Која е логиката?
Или ке извадам јас старо трафо или стар транзистор, а ке вградам нов??? Ете и стар да вградам или незнам...стварно не ми е јасна таа логика...
Мизерија, озбилно...

Само кој како ке ги свати работите...

И повторно ке кажам...
Никого не сакам да напаѓам ниту да го бранам...
Или па ако некого обвинам, сакам тоа да го поткрепам со факти, со аргументи и да сум сигурен дека сум во право...Се додека не ги исполнувам овие услови како потрошувач не одам да се бламирам пред продавач, продавачка, или било кој и да се симнувам на негово ниво, односно со моето сељачко понашање под нивно ниво...
СО аргументи да, кога сум во право...На негативен одговор, без закани, извикувања и навреди, вртам телефон, пријавувам и си се смешкам и свиркам. Знам дека јас сум во право и дека ке си го добијам тоа што ми следи...
Таков беше случајот со ОНЕ и со нивниот телефон, користен 2 минути во разговор со оператор, нивни, по прво вклучување и воочување на проблемот. Не сакаа да и го сменат телефонот, па после две недели препуцавање со инспекторката од ДПИ ми ја вратија полната сума пари, ми дадоа гратис телефон и ми се извинуваа. Но јас бев во право, а не тие...Аргументирано...
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.909
4.589
И за крај сакам да порачам нешто.
Не значи дека ако го познавате законот за заштита на потрошувачи дека треба дасе изживувате со трговците. Не е ниту културно ниту етички да вратите комплетно исправен прозивод под изговор дека не ви „ујдисува“
Или пак да се вршат преправки или промена на делови ...па потоа правење на тошо итн.
Срвисерите не се ненормални!!

Се слагам дека не треба да се иживуваат врз продавачите/сервисерите. Јас лично никогаш не сум однел исправен дел/уред на сервис бидејќи се што купувам купувам бидејќи ми треба, не реда-ради. Не ја гледам поентата на тоа бидејќи имам побитни работи, а и не обожавам да се карам освен ако не останува друга опција.

НО, кога нешто не ми работи и кога ќе го однесам на сервис очекувам да бидам услужен исто како кога сум треснал пари на маса во нивниот продажен салон - коректно и брзо (имало некој во продавница кој не сакал да ти наплати нешто или да ти каже "еј почекај малце, ќе ти ги земам парите за 15 минути"?). Мислам дека не е тоа многу да се бара, со оглед на тоа дека јас парите не ги берам на дрво па да се расфрлам со нив, нити сакам некој да се понаша со мене како ретардиран (не давале замени додека уредот е на сервис пошто сервисот немал ништо на залиха?!) или како неважен. Да не бев јас, ти и остали кои купиле од Сет, немаше ни они (тие во сервисот) да имаат работа.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.622
19.361
Јас со уште неколку мина на форумов многу добро им ја познавам историјата на ликовите од сет. Не е финтата да бидеш фин само со трошаџиски настроените муштерии туку таков треба да бидеш со сите.

И не е проблем само сет. Сетовци има еден куп
Како и да е, на крајот сето ова беззаконие со трговците ќе биде happy end....или за нас или за нив ако конечно не профункционира фамозниот >>ДПИ<<
 
dejan_str

senior
8 април 2011
8.368
5.392
OHRID кај ензероно
До сега во СЕТ сум бил може 1000 пати, имам купено еден шлепер со хардвер во вредност од можда 100,000 евра. Такво понашање и таков настан или нешто бар малку приближно не сум видел/доживеал. Не се случило да ми дадат скршен или употребен хардвер (ова ми се случило кај други фирми и тоа повеќе пати).

Патем, цел објект е под камери, а посебно деловите каде се материјалните добра (роба и пари). Нема шанса вреаботрен да направи штета на газдите(како примеров со паѓање на телевизор), а газдите да не дознаат и вработениот да не си го купи/плати од џеб. А ако згора па јаде и бурек ќе добие и клоци.
тамам работа по толкав промет направено и со тебе да се понашаат не фер.А со тие што чат пат купуваат нешто е друга прикаска
 
kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3.740
5.916
skopje
k2laptop.mk
vo set narocito vo ruzveltova vo prodazba ima eptem golemi profesionalci ama ima i ne tolku spremni pa koga se zboruva generalno i dobrite i losite se vo isti kos

Сале, секоја чест и респект спрема тебе но ајде малку да одиме аналитички.
Смоле не може да биде тужен за „валкање“ на името на Сет затоа што смоле се жали/поплакува на државата.
Не отиде смоле во Вечер да даде интервју и да изнесува клевети.Ако имаш поплака и таа ја доставиш до државата лудо е да очекуваш дека државата ќе те тужи во друг процес за, ајде-ми-ти наводна клевета изнесена пред државата.

Сето ова се заплашувања за мали деца. Сет, што се однесува до поплаката, не му можат тука ништо. Името од сет ќе биде извалкано ако некој се истрча во весник или на ТВ и почне да изнесува невистини.
Настрана дискусијата кој е во право дали Сет или Смоле.
Ова студент од прва на правен факултет ќе го добие.

Што се однесува до Dead Pixel Statement

Супер е тоа што го пишува Самсунг и што ова оди во полза на продавачот и, нормално на Самсунг. Но има еден проблем
Проблемот е тоа што овдека луѓето во ретки случаи ја добиваат комплетната документација на мајчин јазик а тоа е, нели, пропишано во законот за заштита на потрошувачи.
Ако добиете упатство на англиски или вакви „манифести“ трговецот и Самсунг можат да си ги закачат на газот, да простите.

И за крај сакам да порачам нешто.
Не значи дека ако го познавате законот за заштита на потрошувачи дека треба дасе изживувате со трговците. Не е ниту културно ниту етички да вратите комплетно исправен прозивод под изговор дека не ви „ујдисува“
Или пак да се вршат преправки или промена на делови ...па потоа правење на тошо итн.
Срвисерите не се ненормални!!
kompletno se slagam samo ima use eden slucaj , se slucuva da kupis proizvod a da ne e kako vo specifikaciite , ispraven ali ne e toa so treba da bide , i vo toj slucaj mozes da go zamenis za nov ili da baras pari nazat.
 
Enforcer_

lurker
26 декември 2012
948
1.068
До сега во СЕТ сум бил може 1000 пати, имам купено еден шлепер со хардвер во вредност од можда 100,000 евра. Такво понашање и таков настан или нешто бар малку приближно не сум видел/доживеал. Не се случило да ми дадат скршен или употребен хардвер (ова ми се случило кај други фирми и тоа повеќе пати).

Патем, цел објект е под камери, а посебно деловите каде се материјалните добра (роба и пари). Нема шанса вреаботрен да направи штета на газдите(како примеров со паѓање на телевизор), а газдите да не дознаат и вработениот да не си го купи/плати од џеб. А ако згора па јаде и бурек ќе добие и клоци.

Добро,ја лажам во право си :) :rolleyes:
 
O

Oliver!

Гостин
И јас не сум имал проблем до сега. Ниту со сервис ниту со услуга... може би некогаш на рузвелтова поспоро се “лепат“ за тебе, ама тоа ако имало гужва. Лошо искуство до сега немам. Пак кажувам, IMO односно, мене ак ме најдовте!
На Рузвелтов, во продажниот салон сите се одлични, ама фоката од сервисот е ужас од човек. Пред месец и пол оставив хард под гаранција што се расипа и ми рече дека за 5 дена ќе ми го средат бидејќи ги селеле канцелариите т.е сервисот. Поминаа 3 недели и откако никој не ми се јави почнав секој ден да вртам на телефонот од сервис и никој не одговараше. По 4-тата недела им пишав на Facebook (бидејќи пред нос ми излезе нивна реклама) и кажав дека се педери што не се јавуваат. Некој ми одговори дека хардот бил одобрен за замена и да отидам да го подигнам. Кога отидов после тоа во сервис, претходно спомнатата се однесуваше како лебот да сум и го земал. Чекав 10-тина минути зошто тој што го проверувал хардот не бил таму и ми рече дојди по пола саат,
излегов и се вратив по 30 минути, тој пак не беше таму, чекав уште 20 додека дојде и конечно на крај бидна работа откако ме шетнаа уште еднаш до другата страна на улицата на спрат да сум доплател 400денари.

Уште еднаш, тие од салонот за продажба сите ги сакам, ама поради оваа ситуација веќе не купувам ништо од нив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно