Не може да се врзе телефон - телевизор само со wifi стик. Тоа е МНОГУ лошо објаснето и претставено и постои доста збунки на тоа поле.
За безжично поврзување потребно е WiDi ресивер (Wireless Display Receiver) односно уреди кои чинат од 100е па нагоре. Исто така предавателот (во случајов телефонот) треба да ја има таа опција. Моментално само мал број wifi-bt картички во престижни ултрабук компјутери (за таблети и телефони не знам) ја имаат таа опција. Во овој случај, при поврзување, тоа што се гледа на лаптоп се гледа и на ТВ (не сум имал искуство лично).
Најчесто како поврзување се мисли кога и телевизорот (преку лан мрежа или безжично) и телефонот се на иста мрежа, па така одредени програми како Youtube овозможуваат контрола на содржините на екранот преку телефонот (навигација, селекција на видео итн.) а телевизорот е само декодер на стримот.
Јас имам LG 42LA640S кој што целосно го контролирам преку андроид мобилен само преку LAN или WiFi. Се што треба е да се на иста мрежа. Воопшто не треба WiDi и ред други работи. Сигурно и со Хитачи-то е исто, само не сваќам зашто е ограничено преку WiFi .