SaleSk
Arzt
- 20 април 2007
- 4.697
- 5.491
Големата побарувачка на Smart Low Budget телевизорите не натера да тргнеме во потрага по дуќаните за да видиме што се нуди. Имено актуелна беше побарувачката за екран со 32 инча. Разгледувајќи ги сите можни опции кои се нудеа, за око ни западна понудата која ја нудеше СЕТ компјутери. Станува збор за ефтин смарт уред, односно Hitachi 32HXC41 по цена од 12999 денари.
Прашувајќи го google и сурфајќи по нет дојдовме до заклучок дека ова е еден интересен уред кој треба да се изанализира и да се види дали навистина нуди највеќе за цената.
Hitachi е јапонски бренд кој опстојува долго време на пазарот. Во поново време лиценцата за производство на овој бренд е доделена на турскиот производител на тв уреди Vestel, па покрај останатите светски брендови кои се произведуваат во таа фабрика, се произведува и Hitachi. Гаранцијата е 2 години што ни влева доверба во квалитетот на самиот производ.
Па да започнеме.
Телевизорот е спакуван во стандардна амбалажа:
За да немаме погрешна слика за нештата еве и што пишува на самото пакување, односно земјата на производство:
Во кутијата се сместени сите аксесоари, односно постољето и ногата на која стои телевизорот, штрафчиња за нивно прицврстување, далечински управувач, батерии, цд, упатства за користење на многу јазици, гарантен лист и кабелче за приклучување на екстерен уред.
Далечинскиот управувач е изработен од сјајна пластика со гумени тастери, и можам да кажам дека сите функции се доста читко напишани и добро лежи во рака.
И покрај тоа што во пакетот доаѓаат батерии ААА од 1,5 волти, би ви препорачал уште од сам старт да ги замените со некој поквалитетни. Јас истото го направив. Тука можеле да се потрудат малку повеќе.
Конечно доаѓаме до моментот кога го вадиме и телевизорот. Екранот е полу сјаен, а рамката е од графитна боја, малку поразлична од сите на пазарот, и тоа многу ми се допадна. Го прави поразличен од останатите.
Задниот капак е во стандардна црна боја.
На задниот дел одма можеме да ги приметиме сите конекции, односно RJ-45 приклучокот за LAN, два HDMI порти, коаксијален излез, VGA влез, антенски приклучок и скарт.
Од страна се наоѓаат останатите пориклучоци и команди односно мултифункцицкиот прекинувач и контакт за менување на канали, глас и вклучување и исклучување. Одма над него е сместен приклучокот за слушалки, приклучокот за екстерен уред и првото USB. До нив се наоѓаат второто USB и CI интерфејсот.
Неколку погледи од различни агли:
Да се навратиме на изработката. Телевизорот е сосема солидно изработен. Пластиката е квалитетна, можеби не на ниво на некој од актуелните големи брендови како Самсунг, ЛГ или Панасоник, но е навистина добра. Како што кажав специфичната боја го прави поразличен од неговата конкуренција.
Општите спецификации се следниве:
SMART LED TV
(open browser, facebook, youtube, skype)
Wifi ready
Titanium боја
HD Ready, Resolution 1366x768 , (S-IPS матрица)
Contrast 3.000.000 : 1
MPEG4
DVB T/C
HDMI x 2
USB x 2
PVR - Опција за снимање на екстерен уред, мемориски стик
DLNA
Интересно е да се каже дека во овие телевизори се вградуваат S-IPS матрици. Имено тоа се приметуваше и во продавницата каде што беа поставени неколку различни телевизори со различни панели. Сликата драстично беше поквалитетна во однос на неговите конкуренти. Практично тоа беа и првите моменти кои ме натераа да посветам поголемо внимание на уредов. Доказ дека се користи S-IPS матрица е следнава слика сликана во макро мод:
Затоа не е ни чудно што телевизорот дава одличен приказ на боите.
Хард коутингот е поизразен што мора да е на ваков панел но со осветлувањето кое го има телевизорор негативниот ефект е маргинализиран.
Генерално телевизорот има прекрасна слика, искрено очекував ради панелот, но навистина позитивно ме изненади.
Во поглед на смарт опциите кои ги нуди, тие се следните да не ги набројувам една по една:
Генерално опремен е со доста апликации. Јас најчесто ја користам апликацијата Youtube, а го пробав и web браузерот. Впишувањето на страните е малку мачно, но доколку имате смарт андроид телефон можете да си инсталирате апликација и телефонот да го користите наместо далечинскиот управувач.Но за да ви биде активна оваа опција, ке треба да имате и Wi-Fi донгл, кој ке треба да го докупите дополнително.
Во поглед на функционалноста на самиот уред ке кажеме неколку зборови. При вклучување на уредот, првично се појавува логото на Hitachi, за да после 5 секунди се појави сликата. Уредот ги скенира активните влезови. Доколку на телевизорот имате вклучено и LAN приклучок, односно интернет, ке неможете да ракувате со него следни 20 секунди, додека не се изврши иницијализација на мреќната карта, и превземање на IP адреса. Доколку не користите интернет, односно немате вклучен LAN ова нема да ви се случува.
Подигнувањето на апликациите оди релативно нормално, немаме директна споредба со некој друг модел на смарт тв, но обично е не повеќе од 5 до 10 секунди, конкретно за YouTube. При менување на каналите е забележано мало доцнење од по 2 до 3 секунди до појавување на слика, додека тонот го имаме одма.
Тонот е сосема задоволителен за оваков Low budget уред, а можам да кажам дека и е подобар од некој други брендови.
Во моментот телезвизорот се користи на DVB-T со обична антена и е приклучен на LAN.
Се фаќаат сите канали кои зрачат дигитално, 16 канали кои се отклучени, и останатите кои се кодирани од страна на ОНЕ.
Доколку го опремам и со Wi-Fi донгл, ке можам да споделам и дополнителни информации во врска со тоа. Би сакал да упатам и голема благодарност до членот @Steff_Maja кој ни организираше групно купување на телевизоров, односно направивме масовно пазарување и масовна дружба со ужување на благодетите на кафето
На овој телевизор мислам дека има голем број на сопственици членови на форумот, па би ги замолил сите корисни информации за и во врска со него да ги постираат во темава (DLNA, Hbb итн). Истата ке биде од голема корист за идните купувачи.
Се останато што ве интересира слободно можете да прашате, отворени сме за дискусија. Се она што сум заборавил да го напишам, ке го споделувам тековно.
Мојот генерален заклучок е дека во поглед на цена перформанси, вложено добиено, во моментот ова е најдобриот избор што се нуди кај нас.
Линк кој може да ви биде корисен:
http://www.hitachi-tv.cz/produkty/televizory-32-81cm/32hxc41.aspx