teokitan
Gaining Experience
- 11 октомври 2017
- 115
- 55
Работата е дека е малце niche ствар и нема многу избор, инаку веројатно би имало опција на старо кај нас. Сепак, јас би идел со посебен DAC па после појачало, кое може дефинитивно на старо
А саббуферче?имам и мало вуферче 100-150 вати кое е активно, и нема да треба свртница, Целта беше 3 во едно, во секој случј ви благодарам на сите за сугестиите
Old-School верзијата или новата верзија она малечкото појачалце?Дечки моментално имам појачали NAD3020, сакам да одам на нешто малку посилно. Имам во игра еден солидно сочуван Denon pma-525r. Ме интересира мислење на поискусните дали би згрешил со овој апгрејд?
Ако е стариот модел на NAD 3020 (оној од пред 40 години), нема логика да го заменуваш со Denon стар 25 години. Почекај, заштеди пари и потоа купи си нов засилувач.Дечки моментално имам појачали NAD3020, сакам да одам на нешто малку посилно. Имам во игра еден солидно сочуван Denon pma-525r. Ме интересира мислење на поискусните дали би згрешил со овој апгрејд?
Па ни новиот не вреди, особено пошо новиот 3020 има BluOS, и различни функционалности, а особено што брка одлична работа како стример. Имам чепкано со овие појачалца кај Љубо, закон се од аспект на фунцкионалност. Само немаат доволно снага да возат звучници. БАШКА и лоши скорови имаат кај Амир. Али, за секојдневна намена мислам дека е сосема океј уредче, многу боље него 25 години стар заслиувач.Ако е стариот модел на NAD 3020 (оној од пред 40 години), нема логика да го заменуваш со Denon стар 25 години. Почекај, заштеди пари и потоа купи си нов засилувач.
Само немој електролити од алиекспрес! Или барај бренднејм електролити, прашај и во логинг кој им се најдобрите брендови што ги имат.Замени ги сите електролити со нови и уживај
Не се сложувам.Сакав да кажам дека многу добар засилувач од пред 25 години (Denon) не е некој напредок во однос на одличен засилувач од пред 40 години (NAD 3020).
Мислев се подразбира - ако ги има новиот модел NAD 3020D, дури тогаш нема никаква логика да го заменува со антика стара 25 години.
Кога го прашале Хенри Форд „Која кола е најдобра?“, наместо очекуваниот одговор „Форд“ тој ладнокрвно рекол: „Нова (кола)“!
Дали локално да барам, чисто се сомневам дека ќе добијам соодветен квалитет. Другите опции ми се од германија има сетови за овој засилувач со Elko или Panasonic premium и исто така има опција за од интернет nichicon. Првата опција е околу 35 евра, вторава околу 45-50 за сите 42 кондензатори.Замени ги сите електролити со нови и уживај, не ти треба нов засилувач.
2 X Hypex NC400 модули (600 евра цена со одбиток на ДДВ) + 8% царина + 18% ддв), да докупиш останатите делови заедно со куќиште ќе испадне околу 1000 евра. Тоа е едно од best buy засилувачите што може да се најдат за таа цена.Не се сложувам.
Едно старо Sansui од 1000 eur звучи бескрајно подобро од било кое ново појачало за тие пари, па би рекол и 3 пати повеќе.
Е сеа што тоа Сансуи може да рикне во секој момент... ко мене што ми се деси, е друг проблем![]()
Која било од тие странски опции е супер.Дали локално да барам, чисто се сомневам дека ќе добијам соодветен квалитет. Другите опции ми се од германија има сетови за овој засилувач со Elko или Panasonic premium и исто така има опција за од интернет nichicon. Првата опција е околу 35 евра, вторава околу 45-50 за сите 42 кондензатори.
Напишав едно четиво цело, ама го избришав.2 X Hypex NC400 модули (600 евра цена со одбиток на ДДВ) + 8% царина + 18% ддв), да докупиш останатите делови заедно со куќиште ќе испадне околу 1000 евра. Тоа е едно од best buy засилувачите што може да се најдат за таа цена.![]()
Ептен не се сложувам, на квадрат.Не се сложувам.
Едно старо Sansui од 1000 eur звучи бескрајно подобро од било кое ново појачало за тие пари, па би рекол и 3 пати повеќе.
Мило ми е дека пасијата за AR сеуште траевеќе сум на петти пар Acoustic Research
Ќути уште ме трпат.Мило ми е дека пасијата за AR сеуште трае![]()
Немам потреба од такви бесцелни дискусии што ништо не докажуваат освен кој е попаметен. Не си дозволувам одамна такви баханалии.Ептен не се сложувам, на квадрат.
Освен тоа, малку тешко е да споредуваш цена од пред 30-40 години (тогаш не постоеа евра!?) со сегашните 1.000 EUR. Знаеш, инфлација ...
Сепак, постојат банкарски извештаи за коригирана инфлаторна вредност за одредена валута според конкретна година. Ајде дај пример, тој модел на Sansui колку фунти или марки чинел во која година, па ќе споредиме колку пари (EUR) се тоа денес.
Имаш отворена покана во секое време, само уште малце да се нормализираме и да искористам да зголемам колекција на плочи во меѓу времеЌути уште ме трпат.
Штета коронава, неколку пати бев до Битола и до Прилеп и мислев да ти се тупнам (со најава нормално), ама ај нека помине пандемијата.
Па, и тоа не е лошо да се знае, корисно е.Немам потреба од такви бесцелни дискусии што ништо не докажуваат освен кој е попаметен.
Таман работа бе, ја само дискутирам! Извини ако мислеше дека те напаѓам, не мисев така да звучи.Напишав едно четиво цело, ама го избришав.
Батали, не се разбираме
Јас ионака не се сметам себеси за аудиофил, туку за уживател на музика (и малце колекционер - веќе сум на петти пар Acoustic Research).
Не не, батали жити се, слаб сум со нерви.Па, и тоа не е лошо да се знае, корисно е.![]()
Ги имам AR-11ОК, да преминеме на нешто друго... спомна Acoustic Research звучници.
Пред повеќе од 40 години, другар ми (т.е татко му) купи Acoustic Research AR11, модел што беше само едно скалило подолу од огромните top-of-the-line AR9 (т.е. измеѓу имаше и еден модел AR10pi, но тој беше истиот AR11, само со дополнителен аутотрансформатор и покомплицирана свртница за басот), кој заедно со слично ниво на Harman Kardon рисивер и Thorens грамофон пружи фантастично доживување - феноменални басови и природни средни и високи, со само малку дифузна стерео слика. За тоа време вистински Space Shuttle, а мислам дека и денес добро би се држел.
Не бе зашто да мислам така, извини ти, те разбирам, знам за NC400 - наводно лампашки звук со моќ на транзистор.Таман работа бе, ја само дискутирам! Извини ако мислеше дека те напаѓам, не мисев така да звучи.![]()
Според мерењеата, не би требало воопшто да има лампашки звук, затоа што има рамен аудио-фрекфентен опсег и ја нема таа карактеристича дисторзија што ги прави лампашите интересни. Претпоставувам дека со дигитални филтри може тоа да се постигне за тие што се љуибители на тој звук.наводно лампашки звук со моќ на транзистор.
Мене така ми е останато во глава, ама има некои пар плус години, можда погрешно сум запамтил.Според мерењеата, не би требало воопшто да има лампашки звук, затоа што има рамен аудио-фрекфентен опсег и ја нема таа карактеристича дисторзија што ги прави лампашите интересни. Претпоставувам дека со дигитални филтри може тоа да се постигне за тие што се љуибители на тој звук.