• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,306
2,115
Пак ќе кажам, AKG K702 (иако жичани) се најдобрите слушалки за гејминг поради тоа што репродуцираат голема сцена и имаат одлична стерео слика, се премногу удобни и може да се најдат за 6-8К денари ако се нарачаат од интернет. Ама ако се настојува на гејмерски слушалки, SteelSeries се единствениот избор што може да се наречат гејмерски слушалки.

Се е тоа океј 7.1, 5.1 и останати виртуелни ефекти. Но тие немаат никаква смисла ако слушалката има лоша сцена, а тоа е многу често кај гејмерските слушалки.Тоа се должи на фактот што гејмерските слушалки се затворени, а затворени слушалки со голема сцена е реткост*. Да не збориме дека поголемиот дел од нив имаат и агресивен V-Shaped звук. Не знам колку е тоа предност за одредување на стапките во real life. Има и одлични гејемрски слушалки, не викам не, но проблемот е што поголем дел од гејмерските брендовите користат маркетинг mumbo-jumbo. :)

*Еден од исклучоците се Beyerdynamic DT770 што имаат масивна сцена како за затворени слушалки.
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,060
3,048
Битола
Овој е најголемиот проблем и единствената причина што барам wireless. Во животот сум расипал над 15тина пара слушалки и СИТЕ БЕЗ ИСКЛУЧОК се расипували ради жиците -- oд 500 ден. слушалки до 200 евра слушалки. За таа цел си ветив жици никогаш повеќе. Плус, сакам слобода на движење. Правам чучњеви додека чекам да ми почни нова игра.

Инаку, не ме интересира лепенка „гејмерски“ слушалки нит барам квалитет на звук. ЕДИНСТВЕН критериум е недостиг на жица и присуство на микрофон за да им карам мајче шајче на русите. НИШТО ДРУГО. Секако Stereo ќе ги терам без виртуелни ефекти или други глупости. Работата е што тие категоризирани како „гејмерски“ се тие што се wireless. Другите одат со жици за супериорна репродукција на звук. За таа конкретна цел имам студијски монитори со интерфејс ко ќе ми се слушна акустика Влатко Стефановски.
 
Последна промена:

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,574
2,664
Овој е најголемиот проблем и единствената причина што барам wireless. Во животот сум расипал над 15тина пара слушалки и СИТЕ БЕЗ ИСКЛУЧОК се расипували ради жиците oд 500 ден. слушалки до 200 евра слушалки -- кога тогаш ради жицата си е**** матер. За таа цел си ветив жици никогаш повеќе. Плус сакам слобода на движење. Правам чучњеви додека чекам да ми почни нова игра.

Инаку не ме интересира лепенка „гејмерски“ слушалки нит барам квалитет на звук. ЕДИНСТВЕН критериум е недостиг на жица и присуство на микрофон. НИШТО ДРУГО. Работата е што тие категоризирани како „гејмерски“ се обично wireless. Другите одат со жици за супериорна репродукција на звук. За таа цел имам студијски монитори со интерфејс ко ќе ми се слушна акустика влатко стефановски.
Земај Arctis 7 тогаш. Јас ги користам 5ката, со идентичен драјвер, звукот е супер за игри, микрофонот е страшно добар и има одличен noise cancelling. Плус имаш и копче за mute, што исто така се наоѓа често. И headband дизајнот во комбинација со меки и дебели перничиња е неверојатно удобен.
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,060
3,048
Битола
Земај Arctis 7 тогаш. Јас ги користам 5ката, со идентичен драјвер, звукот е супер за игри, микрофонот е страшно добар и има одличен noise cancelling. Плус имаш и копче за mute, што исто така се наоѓа често. И headband дизајнот во комбинација со меки и дебели перничиња е неверојатно удобен.
Да ги начекам за 100тина евра ги земам, ако не, ќе се порачуваат следниве:

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,306
2,115
Овој е најголемиот проблем и единствената причина што барам wireless. Во животот сум расипал над 15тина пара слушалки и СИТЕ БЕЗ ИСКЛУЧОК се расипували ради жиците -- oд 500 ден. слушалки до 200 евра слушалки. За таа цел си ветив жици никогаш повеќе. Плус, сакам слобода на движење. Правам чучњеви додека чекам да ми почни нова игра.
AKG K702 имаат кабел од 3М што е заменлив. Едноставно ако ти се скине/сјебе кабелот само си го менуваш, а неговата должина ти дава поголема флексибилност и слобода на движење. Инаку да, некогаш гајтанлес слушалка е подобро, доста попрактично е.

ЕДИНСТВЕН критериум е недостиг на жица и присуство на микрофон за да им карам мајче шајче на русите. НИШТО ДРУГО. Секако Stereo ќе ги терам без виртуелни ефекти или други глупости. Работата е што тие категоризирани како „гејмерски“ се тие што се wireless. Другите одат со жици за супериорна репродукција на звук. За таа конкретна цел имам студијски монитори со интерфејс ко ќе ми се слушна акустика Влатко Стефановски.
Е гледаш, ја не гледам така на тоа затоа што користам condenser микрофон. И воопшто немам размислувано дека ми е потреба да имам микрофон на слушалките. Инаку, на 2.4ghz, би требало losless да е аудиото, ама не го зимај ова здраво за готово затоа што немам проверено за сигурно.
 
Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
2,060
3,048
Битола
@TheMarshal имам фобија од кабли и посебно во случаи каде се опционални, а на главно место е прагматичноста, купувам wireless продукт. Еве се уште чекам безжична струја што ветуваше Тесла пред 100 години. Ако ми треба квалитет, уклучувам кабел (интернет при гејминг, аудио репродукција кога слушам музика, итн.). Секаде каде може да останам без кабел на друго место, без размислување го кинам. Кон таа цел зедов wireless:

- маус
- слушалки за мобилен
- интернет (имам wi-fi 6 антена интегрирана на матична)
- дискови (2x m.2 за OS + Storage)
- тастатурата не е се уште бидејќи АСУС не нудат се уште wireless. EDIT: грешка сум: ROG Falchion | Keyboards | Gaming Keyboards|ROG - Republic of Gamers|ROG Global --- време ми е за апгрејд.
- headset сега

Ако има уште некој дел што може да се јави во wireless верзија, споделувај.

ЕДИТ: Aliexpress ми дава wireless dildo ама не сум стигнал дотаму се уште.
 
Последна промена:

opp993

Intern
11 февруари 2014
13
4
Ако може помош при купување на budget wireless слушалки, ќе се користат за музика низ дома нешто поретко при спортување. Изборот e помеѓу:
Други модели не најдов така да некој од овие. Sony и Philips имаат понов BT и поголема батерија, цената на сите им е тука така.
Доколку некој има искуство со квалитетот на звукот би било добро да сподели
 
Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
113
137
Fiio K3 ($80) соодветно е, ќе ти брка работа, но нема да е нешто WOW. Ја би те советувал да идеш на Тopping DX3 или на Topping E30 + L30 комбо од Али.
Малку касно враќам, ама фала за препораките. Topping DX3 или E30+L30 варијантата идат за 190-230+ евра што му доаѓа поскапо од самите слушалки (AKG K712 Pro), така да ќе ја разгледам Fiio K3 опцијата.

П.С. можеби не пребарав најубаво ама кај локалниве (Болин, Pix+, и други) не наоѓам категории засилувач за слушалки. Дали некоја продавница продава кај нас чисто да ѕирнам што опции имаат?
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,306
2,115
Малку касно враќам, ама фала за препораките. Topping DX3 или E30+L30 варијантата идат за 190-230+ евра што му доаѓа поскапо од самите слушалки (AKG K712 Pro), така да ќе ја разгледам Fiio K3 опцијата.
Ако сакаш извонредна опција со супер DAC и одличен засилувач тоа е најевтината опција L30 + E30. Или D10s + L30, така ќе ти испадне малку поевтино. Но верувај дека таква опција повеќе би ти вредела, затоа што ќе имаш доволно сила да го искористиш максималниот потенцијал на слушалките. Но, ако имаш лимит на буџетот, ја би играл на Fiio K3 и понатаму би правел upgrade. Мислам дека за почеток сосема доволно ќе ти биде.

Локално, имаш само нешто вакво, што е прескао и overkill за твојата ситуација:

Можеш да идеш и со студиски интерфејс, на пример Focusrite 2i2 (имаат добар DAC, но слаб засилувач).

Односно, можеш да идеш и на некој E1da 9038d thumbdrive DAC. Викаат дека е одличен, но го немам чуено.
 
MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
148
359
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro

И јас се приклучувам на препораките на TheMarshal , али ако го сакаш апсолутниот минимум трошок за најевтиното појачалце, што ќе ти даде пристојно засилување на звукот тоа кај нас можеш да го најдеш во Vision, производот е Mackie HM-4 (го линкувам од Thomann моделот за да го видиш визуелно). Јас од Vision го земав за 2.408,00 Ден., прашај дали сеуште го имаат, доаѓа со 12V адаптер за во струја, така да има барем 30% до 40% повеќе моќност од појачалцата што се вградени во USB Аудио интерфејсите (пробано, споредував со Mackie Onyx Artist 1-2 аудио интерфејсот што во моментов ми служи како DAC).
www.thomann.de/intl/mk/mackie_hm_4.htm

Во Артист имаш ист тип на производ само од Behringer, за скоро истата цена 2.300,00 Ден., само некако не ми се препорачува Behringer, прво го немам слушнато (мада во овој ценовен ранг и нема што многу да се споредува), второ Behringer ги бие лош глас за ниско ниво на квалитет.
www.artist.com.mk/mex/artikal.php?art=2890&imea=Behringer_MicroAmp_HA400
На пример кај мене HM-4 е директно поврзан на излезот од звучната на матичната плоча со 3,5мм кабел и додаден 6,5мм адаптер џекче на 3,5мм конектор и функционира без проблем, звукот е прљав на многу гласно ако слушаш музика или игри али врши работа 92-95% од случаевите.
Аудио интерфејсот си има други предности, DAC уште повеќе за репродукција на музика, али дур чекаш да набавиш прописна опрема, HM-4 (или сличен производ од друг бренд) ќе ти брка работа.
 
Ептен фала за деталниве одговори. Многу помагаат. Ќе ги разгледам сите опции и ќе мозгам.

Навраќајки се на L30+E30 комбинацијата, дали би можел да купам и користам само Topping L30 amp, па друг пат ако се решам дека ми треба DAC да доземам E30? Или L30 е направено исклучиво за со E30 да се користи?
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,306
2,115
Ептен фала за деталниве одговори. Многу помагаат. Ќе ги разгледам сите опции и ќе мозгам.

Навраќајки се на L30+E30 комбинацијата, дали би можел да купам и користам само Topping L30 amp, па друг пат ако се решам дека ми треба DAC да доземам E30? Или L30 е направено исклучиво за со E30 да се користи?
Не бе, можеш од матичната (ако има линиски излез за аудио) да го поврзеш со L30. Тоа е доста добро решение за почеток. Па понатаму пожелно е да додадеш и DAC.
 
Salermo

Intern
13 септември 2017
24
2
Kade kaj nas da se kupi pojacalo so vgraden DAC i da ima vlez so USB Type-B, kako bi go vrzal so pc. Ako ima i sub out bi bilo top kombinacija. Normalno, za razumna cena, pa i polovno moze.
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,306
2,115
Kade kaj nas da se kupi pojacalo so vgraden DAC i da ima vlez so USB Type-B, kako bi go vrzal so pc. Ako ima i sub out bi bilo top kombinacija. Normalno, za razumna cena, pa i polovno moze.
sotie toa razumna cena ???? deficitiraj go bugjetot pa keti pomognime.

Постави го прашањето на крилилица, дефинирај буџет и кажи какви звучници имаш. :)
 
Salermo

Intern
13 септември 2017
24
2
Околу 30-40w / 8Ohm на канал би било доволно, 150-200еур, За десктоп ми се, Ханд маде звуцници
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,306
2,115
Околу 30-40w / 8Ohm на канал би било доволно, 150-200еур, За десктоп ми се, Ханд маде звуцници
Барај нешто на старо, можеби ќе најдеш. Мислам дека најевтино солидно појачало ќе биде минимум 450 евра.

Евентуално, да нарачаш од Aliexpress вакво:

Не ти е нешо најсолидно, ама најверојатно ќе ти брка работа.
 
Salermo

Intern
13 септември 2017
24
2
Гледав и јас алиееџпресс, ама не ми се чека, Барам половно ама не мозам да најдам. Не ми се даваат многу пари за десктоп звуцници
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,306
2,115
Гледав и јас алиееџпресс, ама не ми се чека, Барам половно ама не мозам да најдам. Не ми се даваат многу пари за десктоп звуцници
Затоа за десктоп, особено за пред компјутер се купуваат активни звучници. :)
 
Salermo

Intern
13 септември 2017
24
2
Последна промена:

Pane-G

On your way to fame
9 мај 2012
1,467
830
Дечки ,само прашање? Каде има во Македонија слушалки гејмерски или универзални со вграден микрофон . Се работи за Epos Sennheizer rsp 670 и каде има специјализарн за сенхајзер?

Sent from my Samsung Note 10+ 5G using Tapatalk
 
MadBuldog

Gaining Experience
22 јуни 2008
148
359
Скопје
MadBuldog's setup  
Processor & Cooler
DT R7 3700X / LT 6700HQ
Motherboard
DT Gigabyte AORUS X570 Elite / LT Alienware 17 R3 Laptop Motherboard with i7 2.6GHz Quad Core CPU - DVV6W
Storage
DT Samsung 970 EVO 500 GB, Samsung 860 QVO 1 TB / LT Kingston A100 480 GB
PSU
DT Gigabyte AORUS 850W / LT Alienware 280W
RAM
DT 32 GB G-Skill DDR4 CL16 3200 Mhz / LT 16 GB G-Skill DDR4 SO-DIMM 2400 Mhz
Video card
DT AORUS GeForce® GTX 1070Ti 8G / LT GeForce® GTX 970 3G
Case
DT NZXT H510 Elite / LT Alienware 17 R3 + Alienware Graphics Amplifier
Mouse
DT Alienware Elite Gaming Mouse AW959 / LT ROCCAT Nyth
Keyboard
DT Alienware Pro Gaming Keyboard AW768 / LT ROCCAT ISKU FX+
Audio
DT Alienware Wireless Gaming Headset AW988 / LT ASUS STRIX PRO 2.0
Monitor
DT / LT Alienware 25 Gaming Monitor AW2518HF + LG 29UM67-P 29" Ultra Wide
OS
DT/ LT Windows 10 Pro
Дечки ,само прашање? Каде има во Македонија слушалки гејмерски или универзални со вграден микрофон . Се работи за Epos Sennheizer rsp 670 и каде има специјализарн за сенхајзер?

Sent from my Samsung Note 10+ 5G using Tapatalk
Прашај во Амски и во Vision за Sennheiser, Амски мислам го рекламираше Epos, во Vision и во PixPlus прашај дали може да ти ги донесат од Bayerdynamic TYGR 300 (последниве немаат вграден микрофон али тоа воопшто не е минус за тој модел).
Во ценовниот ранг си блиску до HD660S што е феноменална слушалка (+130€ на цената на GSP 670 www.eposaudio.com/en/mk/gaming/products/gsp-670-low-latency-connection-bluetooth-gaming-headset-1000233).
Ако поразмислиш малце од Sennheiser, BayerDynamic, AKG како опција ги имаш слeдниве:
HD560S - open back
(најнов модел од Sennheiser MSRP цена 200€, рецензија: rtings.com/headphones/reviews/sennheiser/hd-560s)
или од постарите модели HD 559 -- open back
(околу 100€, рецензија: rtings.com/headphones/reviews/sennheiser/hd-599)
од Bayerdynamic ги имаш како опција следниве:
DT 770/DT880/DT990 32 Ohm/80 Ohm/250 Ohm - closed back
(околу 140€ во Vision, рецензија: www.rtings.com/headphones/reviews/beyerdynamic/dt-770-pro / www.rtings.com/headphones/reviews/beyerdynamic/dt-880 / www.rtings.com/headphones/reviews/beyerdynamic/dt-990-pro)
AKG K702 -- open back
(околу 111€ од Thomann.de - впиши Thomann.mk и ќе ги видиш цените во МКД и без Германски VAT, кај локални дистрибутери обично цената е дупло. www.thomann.de/intl/mk/akg_k702.htm / рецензија: www.rtings.com/headphones/reviews/akg/k702)

Со разликата во цената, можеш да си купиш, Vmoda безжичан/жичан микрофон, плус DAC/AMP комбинација. Всушност можеш дури и кондензер микрофон да земeш и USB Audio Interface што има DAC/AMP плус влез за кондензер микрофон со напојување за него.

Кратко надополнување, ако живееш авантуристички, можеш и директно (од линкот на Epos погоре) да си ги нарачаш, за таа цена нудат free shipping до Македонија со Express Courier (Air) 2 to 3 business days, најверојатно преку DHL Express (лошковците кои ќе си наплатат за услугата и ќе ти ги царинат по максималната царинска тарифа и ддв што можат).
Со други зборови прашај во Амски за HD660S (минус микрофон), по истата цена ќе ти дојде колку што би било за GSP 670 + разноразни давачки.
 
Последна промена:

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,306
2,115
Ако купам активни, треба да купам и dac, а јас звуцници имам.
Па многу поевтино е да купиш само DAC него ли добар интегриран засилувач, затоа и викаме сите дека активни се подобра опција за desktop use... Но, бидејќи имаш звучници, барај што да најдеш. И да се разбереме, ти сакаш да се е**ш, а да не ти влезе. Веќе кога си влегол во таа игра со пасивни звучници, имаш две опции:

Опција 1: Да купиш евтин DAC, од тие што се на Алиекспрес по 10 долари, па да купиш од старите огромни појачала што сигурно ќе најдеш под 100 евра.
Опција 2: Да купиш некое појачало на старо до 200 евра и да го користиш 3.5мм излезот од матичната.
Бонус опција: Види што има кај Зец.

Но во секој случај, ако сакаш да поминеш евтино, внатре во твјот буџет до 200 евра, подобро ти е да купиш засебен DAC и на старо да бараш само појачало. :)
 
15 август 2017
24
18
Скопје
Пред пар страници супер два поста и објаснување од TheMarshal и Владимир Филевски, се надевам дека нема да престанат тука, вистинска посластица за нас аматерите. :)
Во сличен контекст, на мојот сетап CA AXA35 + Elac Debut 2.0 DB62, јас не можам да направам разлика помеѓу Spotify (320kbps) и Tidal (lossless). Слушам преку Chromecast Audio и размислувам да додадам и DAC во сетапот, schiit modi 3 има пристојни ривјуа по нет, па тој ми е примарен таргет. Има ли логика?
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,654
Мислења
829,786
Членови
28,656
Најнов член
viddo
На врв Дно