Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Од другар ми Google.
Барав нешто за огласи, испадна супер. Имам направено околу 10тина трампи/купо-продажби со членови и се испаднало тип-топ. Без грешка или некој да ме зезне со неисправен дел или нешто слично.
Јас пак форумското патешествие го започнав така што се зачленив на еден друг МК форум наменет за хардвер. Таму се запознав онлајн со Psyside, gOJDO, Sephiroth и други. За кратко време тој форум згасна и во потрага по уште забава се впуштив на гугл и го најдов ИТ КОМ на кој забележав дека многу од луѓето од тој форум веќе дебатираат тука (некои беа тука подолго време).
И така чекор по чекор се стекнував со форумски пријателства и сознанија и одамна овој ми е такаречи матичен форум.
Јас за it.com.mk дознав од другар. Па ми дојде идеја да направам прв македонски турнир во League of Legends и сакав некаде да го рекламирам. Па така преку it.com.mk влегов на форумот и постирав за турнирот. И по околу една недела сакав да видам за заинтересираноста за турнирот и видов една интересна тема па така почнав редовно да го посетувам
се заинтересирав ИТ посебно за смартфони и хардвери за ПЦ-то и ТВ лцд и плазма и имам другари кои веќе се оженети и воопшто не ги интересира ИТ технологи да не речам примитивци се е сега немам со кого да споделам мислења,совети и помош и бидејќи сум форумџија но не до толку и ми текнува дека мора да има македонски ИТ технолгија форум и ете ве најдов и супер само што Форумов фалат ТАПАТАЛК за да се движам секаде.
Не ми текнува специфично дали од емисијата или од списанието Ентер.
Битно го знаев форумот уште од самиот почеток, меѓутоа не го посетував бидејќи голем број од тогашните членови беа суетни админи и модови кои не придонесуваа кон квалитетни дискусии и имаа многу стриктни правила. Затоа се регистрирав многу покасно.
За среќа голем број од тогашните админи и модови веќе не се активни и наместо нив форумот сега поседува голем број на членови и модови кои редовно учествуваат во создавање на квалитетни ентузијастички дискусии.
Рикна хардвер.ком.мк и морав тука да дојдам а не дека незнаев цело време знаев а уствари ништо незнаев, и оп дознав па сега се знам...
Технологија ком.мк, ИТ.ком.мк, Хардвер.ком.мк фантастични брендови на македонската ит заедница...
Еден рикна друг стана "средовечен" и што да праиш пак номче овде од 2010 полека полека пак профи ќе бидне профилов... :crazy:
Знам за сајтов и за форумов скоро од почеток, многу одамна беше па не ми текнува како дознав, веројатно реклама некоја имало. Си читкав од време на време, ама дури годинава ми текна да се зачленам