Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Знаете ли како EVN ве краде? Еве како.

18 август 2019
1.247
1.241
Никого нема да бутнат во висока тарифа.
Ако ти ја отчитаат струјата за 2 месеца, пресметковниот период ќе биде за 60 дена и праговите ќе бидат наместо 210 на 420 за 2 блок, 1260 за 3 блок и тн.
А ако пресметковниот период ти е за 25 дена на пр. прагот ќе биде на 175 наместо 210.
Првиот месец сум потрошил 200, вториот исто 200, третиот сум потрошил 250. Автоматски за сите три месеци ме префрлаат во вториот блок, иако првите два треба да бидам во првиот.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.816
6.517
SK
Тоа е затоа што овде во теорија е една работа, ама во пракса е друго.
Имаше објаснување од регулаторна кога го објавија новиот начин на тарифирање. Прагот од 210 kwh е за 30 дена пресметковен период.

Ја гледам јас последната сметка кај мене, и за 28 дена колку што е периодот помеѓу читањата, првиот праг е на 196 па сум влегол во 2.

Значи за првиот праг имаш по 7kwh по ден, за вториот 21kwh од ден и тн.
Исто и за фотоволтаиците и производство/поврат на електрична енергија многу пати од влада кажуваат едни работи, ама во пракса друго. Како што добро знаат сите кои инвестираа во ова ама од ЕВН не можат да добијат нови броила заради некакви дозволи од општините кои чинат четирицифрени суми во евра за разни проекти и елаборати... Се малтретираат луѓе со пуштање рерни и други глупости, или плаќаат убави пари за блокатори само за да не враќаат струја накај ЕВН. Пошто со сегашните броила вратената струја им се пресметува како потрошена. И идиотите не им даваат ни да ги купат новите броила (а според владата треба бесплатно да ги добијат).

Затоа не верувам ништо додека не видам во пракса. И прилично извесно очекувам проблеми.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.207
18.888
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech MX Master 4
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6
Monitor
Dell U2725QE
OS
Windows 11 + MacOS
Првиот месец сум потрошил 200, вториот исто 200, третиот сум потрошил 250. Автоматски за сите три месеци ме префрлаат во вториот блок, иако првите два треба да бидам во првиот.

Не е така, не плаќаш 650 киловати во втор блок, туку плаќаш 600кв во прв и 50 во втор. Поточно, бидејки е 210 на 30 дена, значи на 3 месеци 630КВ во прв блок и 20 во втор.
 
dashbog

lurker
24 јуни 2008
576
822
dashbog's setup  
Processor & Cooler
i5 6500
Motherboard
Asrock B250 Pro 4
Storage
1TB NVME + 3TB HDD
PSU
Cooler Master 650W
RAM
8GB
Video card
RX580 8GB
Case
SAMA Yuhui
Mouse
Logi M310
Keyboard
Logi K540
Audio
Logitech Z333
Monitor
Dell 27"
OS
Windows 10
Првиот месец сум потрошил 200, вториот исто 200, третиот сум потрошил 250. Автоматски за сите три месеци ме префрлаат во вториот блок, иако првите два треба да бидам во првиот.
Не.
Ако читаат на секои 30 дена, првите два месеца ќе си само во првиот блок, а третиот месец 210 kwh во првиот блок а 40kwh во вториот.

Ако читаат на 90 дена, прагот ќе биде 630 kwh во прв блок, а останатите 20 кwh во втор блок.
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.509
7.816
Скопје
www.facebook.com
Направија измени на ова по реакции на граѓани, сега имаат обврска квартално да ги читаат броилата. Друга варијанта е сам да си пријавуваш состојба преку веб страната.
Линк
Еве со мојот случај : Ме тераа да го читам сам струјомерот којшто е на улица, све тоа убаво али пак стакленцето замаглено во текот на целиот период и затемнето. Како да прочитам струјомер во вакви ситуации и кај што не ми иде инкасатор за да ја изведе таа комплицирана постапка?
 
mviktors

user
25 октомври 2012
1.144
1.719
mviktors's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5600X & Noctua NH-D15
Motherboard
ASUS TUF GAMING B550-PLUS
Storage
1TB 970 Evo + Samsung SSD 500gb + WD10EZEX 1TB
PSU
CM Vanguard 750W
RAM
2x8GB Kingston HyperX Predator
Video card
EVGA GeForce RTX 3070 Ti FTW3 ULTRA
Case
CM Storm Scout 2
Mouse
Logitech G305
Keyboard
A4Tech B120 Bloody
Audio
JBL LSR305 & HyperX Cloud Pro
Monitor
LG 27GL850 & Dell U2412M
OS
Win 11 x64
Имаше објаснување од регулаторна кога го објавија новиот начин на тарифирање. Прагот од 210 kwh е за 30 дена пресметковен период.

Ја гледам јас последната сметка кај мене, и за 28 дена колку што е периодот помеѓу читањата, првиот праг е на 196 па сум влегол во 2.

Значи за првиот праг имаш по 7kwh по ден, за вториот 21kwh од ден и тн.
Ама ова не значи дека се обврзани секој месец да читаат броило. Според документот погоре од РКЕ, обврзани се квартално, како што порано беа еднаш годишно. Ова ти што го пишуваш е околу блоковите за струја и јас така го имам разбрано, ако ти стигне сметка на 40 дена, пропорционално се зголемуваат и блоковите. На ЕВН нема да им одговара да ги читаат на повеќе од 30 дена.

Работата е што праиме во ситуација каде што издаваат сметки редовно на период од 30 дена ама читаат еднаш у 3 месеци. Тоа не ми е јасно баш.

Еве со мојот случај : Ме тераа да го читам сам струјомерот којшто е на улица, све тоа убаво али пак стакленцето замаглено во текот на целиот период и затемнето. Како да прочитам струјомер во вакви ситуации и кај што не ми иде инкасатор за да ја изведе таа комплицирана постапка?
Не си ти должен да им читаш струјомер. Они имаат законска обврска 4 пати годишно да ти го прочитаат и да ти издаваат сметки на месечно ниво. Ја посочив дека постои како опција можност да пријавиш сам состојба а други членови потврдија дека функционирало до сега таквиот начин. Ако одбиваат да дојдат да ти прочитаат состојба поднеси им жалба па види што ќе ти одговорат. Не дека е и тоа гаранција дека ќе завршиш работа ама ќе имаш официјален одговор од нив.
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.509
7.816
Скопје
www.facebook.com
Они имаат законска обврска 4 пати годишно да ти го прочитаат и да ти издаваат сметки на месечно ниво.
Тоа ок е што се должни 4 пати годишно да читаат состојба на струјомер али не е во ред секој месец да плаќаш по 6-7000 врз основа на последното читање на струјомерот од нивна страна и после секој месец таа цена да ја плаќаш.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.207
18.888
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech MX Master 4
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6
Monitor
Dell U2725QE
OS
Windows 11 + MacOS
@dashbog иако ова со кварталново делува логично, пак ми е малку нејасно како тоа јас ќе плаќам секој месец, а они ќе читаат на 3, значи пак некои сметки ќе бидат паушални.

Едит: Ок, уште 3ца го пишале истото...
 
dashbog

lurker
24 јуни 2008
576
822
dashbog's setup  
Processor & Cooler
i5 6500
Motherboard
Asrock B250 Pro 4
Storage
1TB NVME + 3TB HDD
PSU
Cooler Master 650W
RAM
8GB
Video card
RX580 8GB
Case
SAMA Yuhui
Mouse
Logi M310
Keyboard
Logi K540
Audio
Logitech Z333
Monitor
Dell 27"
OS
Windows 10
@dashbog иако ова со кварталново делува логично, пак ми е малку нејасно како тоа јас ќе плаќам секој месец, а они ќе читаат на 3, значи пак некои сметки ќе бидат паушални.

Едит: Ок, уште 3ца го пишале истото...
Теоретски е така, а во пракса не знам како ќе биде, може да нагаѓам само како би било.
Кај мене лично читаат секој месец, на 28-32 дена и до сега не сум имал проблем за дома.

За викендицата каде што не трошам ниту 10kwh годишно имав порано проблем со паушални пресметки од по 50-100kwh месечно, количина што не би ја потрошил ни за 10 год. ама тоа беше порано и немам веке проблем, бев во претплата и веќе година дена како плаќам само улично осветлување.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.393
12.333
Скопје
androgaming.com
Теоретски е така, а во пракса не знам како ќе биде, може да нагаѓам само како би било.
Кај мене лично читаат секој месец, на 28-32 дена и до сега не сум имал проблем за дома.

За викендицата каде што не трошам ниту 10kwh годишно имав порано проблем со паушални пресметки од по 50-100kwh месечно, количина што не би ја потрошил ни за 10 год. ама тоа беше порано и немам веке проблем, бев во претплата и веќе година дена како плаќам само улично осветлување.

И јас плаќам во викендица ~200 ден. т.е. улично осветлување. А уствари таму жива лампа нема 300м околу викендицата. Навечер со долги светла возиш да стигнеш.
 
18 август 2019
1.247
1.241
Не е така, не плаќаш 650 киловати во втор блок, туку плаќаш 600кв во прв и 50 во втор. Поточно, бидејки е 210 на 30 дена, значи на 3 месеци 630КВ во прв блок и 20 во втор.

Не.
Ако читаат на секои 30 дена, првите два месеца ќе си само во првиот блок, а третиот месец 210 kwh во првиот блок а 40kwh во вториот.

Ако читаат на 90 дена, прагот ќе биде 630 kwh во прв блок, а останатите 20 кwh во втор блок.
Од ова произлегува дека јас сум во добивка. Значи во нивни интерес е редовно да ги читаат броилата.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.138
7.819
Од ова произлегува дека јас сум во добивка. Значи во нивни интерес е редовно да ги читаат броилата.
Велл, се гледа дека не се спремни да губат - загубата је префрлаат на другите претплатници, такак што на крај некој ќе си плати. Тоа е таа австриска ефикасност. К унд К. Во нивни интерес е да си седат тука и да си ставаат цифри од памет... Келнерска математика.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.766
15.850
youtu.be
Новите броила имаат двонасочна комуникација преку струјните кабли? И да очитаат и да исклучат, така?
Не, веќе неколку години старите броила ги заменуват со нова генерација на броила во кои што има интегрирано GSM модул.
Истите ќе се читат и контролират преку GSM од далечина.

Не си платил струја 3 и повеќе месеци, стискат ентер и оп немаш струја :D
Имам вакви примери кај мене во маало, во конзолата каде што е броилото има и трофазна склопка која се контролира (on/off) исто така преку GSM. Претпоставувам дека токму вакви броила ќе инсталират во спорните региони каде што е отежната наплатата на струја.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак

А шо го спречува некој шо има решено да краде да обие ормар и да си се приклучи пред склопката и пред саатот? Или ете директно на излез од трансформатор или како и да иде тоа?

Значи ако некој е решен да злоупотребува нема некое така паметно решение освен да се фаќаат и казнуваат соодветно на лице место. А за тоа треба контроли, треба полиција... а тоа не проаѓа така лесно.

---------

Исто и за прашањево со што ако паушално пишуваат на 30 дена пошо немаат измерено: валјда сепак ни преостанува само да си пријавуваме сами состојба на евн онлајн сајтот во тие денови кога пишува дека е најдобро да пријавуваме.

Уште една работа за која џабе има вработени во државава. Пошо сам ако не си внимаваш ќе ти начукаат некоја рандом сметка а сега со новиве скалести тарифи нема после корекции ретроактивно.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.766
15.850
youtu.be
А шо го спречува некој шо има решено да краде да обие ормар и да си се приклучи пред склопката и пред саатот? Или ете директно на излез од трансформатор или како и да иде тоа?
Ништо не го спречува, но сепак прави кривично дело за кое има високи парични и затворски казни.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.766
15.850
youtu.be
Па време е веќе да престанат да ни наплаќат струја која ја декларират како техничка загуба а уствари е украдена струја.
Како и да е, ќе има циркуси ова зимо.
 
acikaaa

user
22 октомври 2018
1.210
1.228
Скопје
Како и да е, ќе има циркуси ова зимо.
Никакви циркуси друже нема да има :) тој што си плаќа и понатаму ќе си плаќа, а тој што не плаќа пак нема да си плаќа и така :) абе човек да можеше да осмисли/направи таков глуп народ како нас немаше да може до толку перфектно да го направи, жими се може во учебник да не стават како пример
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.766
15.850
youtu.be
Дај боже да има струја бидејќи никој не посакува сценарио со рестрикции, и да бидеме реални, според мене постои шанса да се случи и тоа. Енергетската криза не е само кај нас, таа е на глобално ниво, и ако нема од кај да купиш струја по било каква цена еве ти рестрикции.
Вероватно имаме некои сведоци овде на форум што паметат период на рестрикции!
 
acikaaa

user
22 октомври 2018
1.210
1.228
Скопје
А гледаш од две различни точки на гледање гледаме двајцата, јас па викам боље нека има рестрикции него ли да ја увезуваат по страшно високи цени и само државата ќе запаѓа во долгови, тие рестрикции што велиш од порано малку ги паметам мал бев по 6 саати беа, а овој народ што живее овде нема никој да штеди ако мислиш и тие ќе бидат малку што ќе штедат. И друга работа таа ДРЖАВА тогаш ја водеа луѓе што се грижеа за неа и народот за разлика од оваа сега “држава” што ја водат обични “шибицари” кои дел гледаат да ја поделат а дел да ја осиромашат
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.766
15.850
youtu.be
Од било која точка да гледаме не е на арно, затоа и реков погоре дека ќе имаме циркуси зимово.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно