1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Знаете ли како EVN ве краде? Еве како.

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Pece Elektronika, 18 Февруари 2017.

  1. Pece Elektronika

    Pece Elektronika
    Gaining Experience

    50
    54
    24 Јануари 2016
    Машко
    Во еден разговор со еден пријаел за неговото електрично броило-"саатот за стрја" еве како дојдовме и до заклучок на некои работи,дека EVN краде од вас!
    -Имаме ефтина и скапа струја,на кој ефтината стрија започнува од 22 часот т.е. навечер-али по кој сат почнува да се мери времето секако по тој од броилото,не по онај на вашиот на компјутер што го имате o_O.Значи ако по временска зона саатот кај нас е 22 часот навечер,на броилото е сеуште 21 часот,сте заприметиле ли,на тој начин и ве крадат вие мислите дека е ефтина струјата а овај тера по скапо вејке цел саат,односно од 23 часот почнува ефтината.
    -Се обратиме до EVN за ова,му рековме дека и на телевизија ке идеме за ова, и тие вака постапија,ич главата да не ве боли за други кај вас ке биде променет саатот, т.е. броилото,и утре дента дојдоја и ставија друго броило со точен саат на него.Е сеа еми чаре кога ке се промени пак летното читање на времето повторно ке има кражба,или на есен,проверете колку ви е саатот на вашето броило ако не сакате да имаде некоја илјадарка повеќе:geek: за наплата.Е ај ваше мислење сега да ве видам.
     
    На ddimkovikj, prichina, Nem_Akata и уште 13 други им се допаѓа ова.
  2. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,830
    4,369
    20 Февруари 2011
    Машко
    A mislis deka so novoto broilo ne te krade LOL.
     
    На Can4sta, andersonspace, Nem_Akata и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,615
    5,259
    21 Јануари 2009
    Тоа што ти или другар ти сте набци и не сте си го провериле саатот на време е друга работа... кај мене си е точен саатот.
     
    На Audiofil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    701
    374
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Те хакира на легален начин. Треба да се провери.
     
    На Pece Elektronika му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ulrezaj

    Ulrezaj
    Gaining Experience

    328
    405
    20 Јуни 2012
    Машко
    Незнам дали се сеќавате пред неколку години кога ЕВН добија еден куп тужби од граѓани бидејќи некој електро инжинер од Битола мислам беше, отркил дека секој месец секој потрошувач бил краден по неколку денари и изгубија на суд илјадници спорови. Луѓето беа обештетувани многу малку но адвокатите им ги откупуваа сметките и со полномошно тие тужеа бидејќи така ќе земат поголеми суми заради судските трошоци и адвокатското застапување на суд.

    Да бевме понормална држава и да немаше монопол во овој сектор ќе беше далеку подобро. Има луѓе од регулаторна прекуу ЕЛЕМ па до ЕВН кои енормно се богатат на сметка на граѓаните.

    Сигурно се сеќавате што правеше Телеком со мобилната телефонија пред да дојде вториот па и третиот оператор. Стави 500 денари кредит, јави се неколку пати и толку, мора пак да надополниш кредит па тие 500 денари повеќе ги рачунав колку СМС пораки можам да испратам. Е ВИП кога дојде на пазарот ( до некаде треба да им сме благодарни ) работите се променија драстично и сега тарифите се смешка во однос на тоа колку коштаат и што добиваме.

    Ако се случи истото со ЕВН друга приказна ќе биде. Во Австралија на пример те молат да се уклучиш бидејќи има 10тина провајдери на електрична енергија. Таму струја се плаќа на секој два месеца а роднина мој за струја и плин, ако земеме на месечна основа, плаќа од 150-200 долари, за куќа од околу 300-400 квадрати. Е сега видете која разлика е во стандард а која разлика е во цената за струја.

    Што повеќе пишувам тоа повеќе се нервирам за цената на струја кај нас...
     
    На prichina, Luxell, draganamon и уште 8 други им се допаѓа ова.
  6. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Недомаќинска банка имаат банда адвокат Дркиќ и Петков и КРШ праат. Со измислени трошоци, па чекаат три години за да ти застари жалбата, па на нотар. На сите за лекови да им се најдат. И малку да им бидат.
     
    На dimsa, Bubache, masterficx и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,239
    6,370
    27 Март 2014
    Podobro zaprasajte se kolku e namesteno broloto vo + da tarifira, otkolku dali vi e tocen saatot na broloto. Sto mislite kako EVN ja nadomestuva zagubata na energijja sto ja imaat. ;)

    Broilata sekogas se setirani da tarifiraat poveke od ona sto ste navistina potrosile!
     
    maci, Pece Elektronika и на Arabian им се допаѓа ова.
  8. Pece Elektronika

    Pece Elektronika
    Gaining Experience

    50
    54
    24 Јануари 2016
    Машко
    Несакам да навлегувам во расправии со членови на форумот ,или било каде што се несоодветни,неразбирам што е тоа набци,но сигурно таткоти е овој што ги прочитува броилава па мораш да браниш,другарче и не си разбрал или незнаеш да читаш,саатот на брилото нестои точен во сооднос на часовникот дома,кога се променува на пролет или наесен понапред поназад часот тој на броилото останува едно исто,се надевам дека ме разбра сега па кој сака нека се противи и провоцира.
     
    На Oktar и Bubache им се допаѓа ова.
  9. Boldozer

    Boldozer
    On your way to fame

    1,156
    570
    2 ноември 2012
    Кaкo дa прoверaм oвa ли е?
     

    Прикачени датотеки:

  10. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    670
    136
    10 Мај 2007
    друже тоа е пп апарат ама точен му е саатот колку што гледам према сонцето
     
    causevd, Astro, Necromancer и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. DarkDeFnx

    DarkDeFnx
    Gaining Experience

    64
    103
    20 Јули 2016
    Машко
    Не е применлив баш истиот модел затоа што производството на струја може е поедноставно од емитувањето мегахерци и гигахерци, ама е погломазно што значи и поскапо, барем како првична инвестиција + главното, примарен извор. Телекомуникациски предавател технички може да се постави да зрачи било кое повисоко место теоретски, па и практично да има одредени ограничувања, на голем дел од местата пак може. Генератор на напон или струја не може, врзан е со примарниот извор на енергија. Исклучок се системите за струја од сонце, ама досегашните технички решенија не се најкорисни прво финансиски, а богами ни технички (недоволно струја).
    Ама генерално да, пофункционален е некој систем поблизок до тоа отколку прнципот на монопол. најкорисно е што поголемо вмрежување со околните системи а со тоа и со цела Европа, и технички и економски и кадровски. И со кабли и со пари и со луѓе.

    Ова е примарно потенцијален индивидуален проблем, т.е. од броило до броило, па потоа може да се бараат можни групи на такви броила.
    Друго и поважно, ова е проверливо.
    1. Запиши ја состојбата на броилото во точно утврдено време и датум (пример 13:00 на 18.02.2017.
    2. Запишувај моќност [вати W или киловати kW] на апаратите (телевизори, бојлери, фрижидери, комјпјутери...) и колку време [часови h] истите работат. Помножи за секој апарат поединечно и ќе добиеш колку електрична енергија потрошиле истите.
    3. Ова прави го за одреден период, пример за 24 часа, т.е. во случјов во 13:00 на 19.02.2017 повторно провери ја состојбата на броилото и види ја разликата во споредба со првото читање.
    Ако пресметката од точка 2. се совпаѓа со разликата во читањата по точка 3. , се е во ред.
    Ако не, или броилото не е во ред или ЕВН Македонија, како што се вика овде, те краде. Тогаш пријави неисправно броило, треба да си го средат. Ако се прават наудрени, оди по адвокати, што да ти кажам.

    На две броила сум пробувал ваква пресметка, во ред биле. Затоа викам дека треба индивидуална проверка прво.

    Мислиш на промената на зимското и летното сметање на времето?
    Кај мене секогаш било во ред, подесено е како што треба, броилото сум го проверувал баш во неделите после тие промени.
    Пријави за да си го подесат ко што треба.
     
    Audiofil, Molec, bokiscout и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. nikola_bb

    nikola_bb
    Intern

    245
    42
    14 Август 2009
    Покомплицирано е за секој апарат посебно да калкулираш, постојат мерачи на потрошувачка по фаза што може да ги монтираш и да си направиш математика на крај.
     
  13. DarkDeFnx

    DarkDeFnx
    Gaining Experience

    64
    103
    20 Јули 2016
    Машко
    Комплицирано е малку да, го напишав пример како јас сум проверувал.
    На кои точно мерачи мислиш, може линк?
     
  14. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    затоа браќа и сестри маќедонци, ставете солари, пуштете ветерници, наполнете батерии и кој го бриче евн.
     
    На Arabian, Molec, Teget и уште 2 други им се допаѓа ова.
  15. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    701
    374
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Се чудам како луѓе што живеат во куќа не стават соларни системи. Јас сум во стан, па не можам, ама да сум во куќа веднаш инвестирам и се бањам кога ќе ми текне, а не вака греј сабајле вода во 5 часот и до пладне се оладила па пак дополнувај. Зошто екстра да плаќаш месечно кога можеш еднократно да инвестираш и да ги повратиш средствата во неколку месеци и плус туширање во секое време.
    Извинете за малку оф-топик.
     
    На Whisky Vishera му/ѝ се допаѓа ова.
  16. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,102
    3,021
    2 Септември 2012
    Машко
    Стави си проточен бојлер Сименс , економичен практичен подобар здравје, па да се тушираш кога сакаш.
    Го имам 8 години, се користи секој ден и сеуште во топ состојба. :)
     
    На StOrMK, Molec, Lokvan и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,665
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Во кој град си? Скопската вода е смрт за проточниве, знам зошто имам проточен во кујна и фаќа бигор за 5 дена. Инаку супер работа се.
     
    На Bubache и igor_igor им се допаѓа ова.
  18. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    699
    727
    9 Декември 2015
    Машко
    Да ама ако е со бакарни цевки немаш гајле од бигор.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ab@ace

    Ab@ace
    Gaining Experience

    429
    388
    21 Мај 2016
    Машко
    21kW цело мало нема толку струја кај нас :)
    Не е баш економичен

    Sent from my SM-N910F using Tapatalk
     
  20. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,102
    3,021
    2 Септември 2012
    Машко
    Скопје, Бутел.
    Инаку од кога е монтиран до сега не е пипнат, а работи перфект исто како да е сега купен.

    Да овој што го имам сега е со бакарни цевки, а пред да го купиме овој имав ист Сименс со пластични цевки кој што беше во употреба околу 10 години.
    Значи се на се ваков болјер имам вкупно 18 години, и немам намера да се враќам на бурињата од многу причини.
    Една од нив е што купатилото не ми е така големо па ако ставам таков отиде пола простор. :p
     
    NecrotoX, Ragnar и на Oktar им се допаѓа ова.
  21. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    Подалеку од сименс. Неможеш како човек да де избањаш, или ќе те попари или ќе те смрзне :) Имам Stiebel Eltron моментално и неам такви проблеми како што имав со сименсот.

    Инаку последната сметка ми е 1100 за струја. (Секој 2 дена машина за садови, секој 2 дена машина за алишта, секој ден бањање 3-ца :) нонстоп уклучено тв, појачало, цел стан ледови.
     
    На Pece Elektronika му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Pece Elektronika

    Pece Elektronika
    Gaining Experience

    50
    54
    24 Јануари 2016
    Машко
    Хм ми се допаѓа ова со ледицивие и ми даде идеја за малку промена во мојот дом со ледици.
    -Сакам да прашам дали се става лед диода на броилава за да покаже дали е ефтина струјата или не,зборам за броила кои немаат таква диода,знам дека пломбата е проблем но сепак да прашам дали е возможно тоа.
     
  23. shtergu

    shtergu
    Intern

    6
    2
    7 Февруари 2017
    Машко
    Може да те дупнат за tempering ( неам поим како иде зборот на нашински) и да попиеш казна ко мајмун. А иначе, у Европа ми се чини најскапа струја плаќаме, ја у Италија на 70 сантима снег у сред зима за 2 месеца платив 150 евра струја и гас, парно фрчи калдајата фрчи, телевизори трештат сијалици компјутери фрижидери и што ти не. За декември месец овдека, иста апаратура, 11590 денара.
     
  24. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,665
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Daymn nigga! Дај кажи ја тајната, до бојлерот ли е? :D
    Capture.PNG

    Мислиш tampering. Немаме таков збор, најблизок превод би бил неовластено модифицирање или оштетување на направијата.
    (interfere with (something) in order to cause damage or make unauthorized alterations.)
     
  25. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    Па не трошиме нешто многу. Летно време со клима малце повеќе, докај 1.500. Греење на градско парно.

    Испратено од NEM-L21 преку IT.mk форум апликација
     

Сподели

Вчитување...