• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Започна IP TV на T-Home

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Сега гледав на вести и ова е една радосна вест.... Започна IP тв. За цените и другите работи можете да се информирате на порталот на МаксТВ.

Првичен извор: А1
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,087
27,233
kalco.ru
Епа ај за арно за убаво нека е... требаше и еден ваков пакет од т-хоме :bravo:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Ако добро ме држи паметењето ( не слушнав добро на ТВ) цената ќе се движи од 1000 до 2500 денари. Како споредба дадоја дека овој пакет во Германија од истиот бренд чини 50 евра.
 

Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
Германија е друго, има висок стандард. Кај нас е 1200 ден. значи 400 денари телефон, 500 ден. интернет и 300 денари ТВ. И плус ДДВ на ова:D
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Супер изгледа пакет-ов,може да се стопираат канали,може да моташ напред и назад,можеш и да снимаш,супер е :bravo:
 

Intruder

Intern
7 ноември 2008
8
0
Говор, интернет и телевизија. Се во едно преку Т-Home.

.. Раководството на компанијата денеска на прес-конференција информира дека корисниците ќе добиваат три услуги на иста сметка, преку два пакета: 3 Мах Комфорт по цена од 1.999 денари и 3 Мах Комфорт плус по цена од 2.499 денари. Ќе се наплаќа и еднократен надомест од 1.299 денари за инсталирање на потребниот приклучок и опрема.

Извор: idividi.com.mk
 

Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
прескапо е, Најевтин пакет за фиксен телефон е 200 денари, кабелска ТВ 370 и Неограничен интернет 500 денари = илјадарче. Телеком 1999 ден (дупло поскапо) + дополнително се плаќа 1.299 денари за инсталирање на потребниот приклучок и опрема. Ако сакаш да гледаш на 2ТВ треба да имаш два уреди а кабелската дели ја на 5 ТВ нема гајле.
Сепак понудава е прескапа. Ништо изненадувачки кога се работи за телеком
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Чекај бе ники каде си тргнал. Кога ќе имаш ти шанса да бираш сам филм кој ти се гледа во моментот без притоа да скокнеш до локалната видеотека, каде истиот филм е со лош квалитет. Или пак да си ја снимиш утакмицата бидејќи во моментот си на некое друго место.
 

Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
Тука си во право, или тоа со паузирање на програма се е ОК и најдобро но
мислам дека би можеле да направат и поевтино да биде а со тоа сите корисници од кабелските оператори да ги присвојат
 

Jano

Intern
8 февруари 2008
281
11
Тука си во право, или тоа со паузирање на програма се е ОК и најдобро но
мислам дека би можеле да направат и поевтино да биде а со тоа сите корисници од кабелските оператори да ги присвојат
Мислам дека им е почеток па ставиле 2500 битребало со тек на време да поефтини како со интернетов прово беше 500 ден за 2 ГБ па сега за 500 ден имаш 10 ГБ.
 

Jano

Intern
8 февруари 2008
281
11
Па космофон нели почна со 3G и Т мобиле мислам дека ке се створи конкуренциа за некое време.
 

Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
da ama koga, tenderot za 3G od koga e pusten (2 meseci ima moze) a de sega
nema ni traga ni glas... da ne propadna tenderot?
 

James

Intern
8 јули 2008
336
13
Ако ја најавиле CableTel не се ни надевам, со оглед на тоа дека чекам 4 месеци да “ЈА СРЕДАТ МРЕЖАТА“ па да ги добијам оние 4mbps за кои плаќам, ако го чекаш ова, е стварно ќе се изначекаш. :D
 

maci

On your way to fame
2 април 2008
2,972
686
1.skapo mi e 2000 denari mesecno + 1300 za uredot.
2.cabletel imaat 3 vo edno no ne e toa toa.1300 denari e.
imaat pay per wiew samo neznam kolku se plaka,i kako se plaka ,od film ili mesecno?

fiksen telefon ne ti treba,poveketo zborat na skype,msn i slicno.
cabletel gi pokaci cenite na analognata tv od 350 na 450,neznam po koja logika,koga site gi spustaat cenite ovie pokacuvaat.i 500 e EXTRA paketot ,vkupno 950.

no prvicno IT TV na t home e skapicko.....
 

''TcM>>

Intern
6 јануари 2008
961
39
Ja pa mislam deka i ne e neso mnogu skapo. Bidejki i onaka sea za internet plakam 1600 den. mesecno, a ako pocekame nekoj mesec pa mozda do godina cenite na toa sigurno ke padnat,.,.. A mi se sviga sto sve funkcii ima bas e interesno...
 

angel485mk

Gaining Experience
26 март 2008
267
60
angel485mk's setup  
OS
Windows 7
Луѓе ја мислам оти DREAMBOX му е мајката за телевизија.
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
Германија е друго, има висок стандард. Кај нас е 1200 ден. значи 400 денари телефон, 500 ден. интернет и 300 денари ТВ. И плус ДДВ на ова:D
да во право си прават споредба само на она што им одговара
а да направат споредба со плата таму и ваму ке излезе кај нас многу многу повеќе

иначе добра работа е за оние што гледаат тв
јас а сакам некој филм одма торенте додека се симнува побарам превод
изгледам ако е добар го оставам ако не го бришам

еве сега со bluray да поевтинат малку да дојдат до некои си 400 ден
ке си сминам на нив
 

DaDo|BT

Intern
21 септември 2007
258
13
dad0bt.blogspot.com
ova e super mislam ....kako usluga .... i mnoznostite so gi nudi , pauziranje , vrakanje na sodrzinite nazad .,video teka ......
ama cenata .... iskreno ako bidi nad 1000 denari ( a ke bidi ) neznam kolku luge ke mozat da si go priustat toa zadovolstvo + kako so kaza Niki ...za sekoj tv posebno , aparatce , to sigurno ke kosta taka da .... i don`n know .... neznam kako i kolku ke mu profunkcionira celata zamisla .. :)
 

Bam1

Intern
10 септември 2008
105
1
А јас ќе чекам ОНнет да каже нешто за ова па може и нешто ќе поефтини:)
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,842
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Хехе, конечно ќе можам да гледам филмови на Full HD резолуција и 5.1 surround.

Денес треба да почнат со приклучување. Ги чекам од телеком да ми јават дали има техничка можност за да ме приклучат. Го избрав тој подобриот пакет, Макс плус.

Најнови промени:
- 100 часа бесплатен разговор кон сите телефони во земјава
- неограничен(150GB, фер користење?:D) интернет, 6MBps/768kBps
- 60 телевизиски канали
- Видеотека: 60 и 90 денари за да можеш да гледаш 1 филм во текот на 24 часа
- 30% попуст за меѓународни разговори
- 30% попуст за разговори кон мобилните оператори (не знам дали важи за сите или само за т-мобиле)

Ќе пишам кога ќе дознаам некоја друга новина.
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Читав на страната за прашања за MaxTV и еве две прашања и одговори што ми паднаа во очи:

Прво, не би сакал, но морам да го разочарам gOJDO:

Дали MaxTV поддржува HDTV?

За жал сеуште на MaxTV нема да се нудат HD содржини. Сепак планот е тие да започнат во текот на следната година.
Второ, толку најавуваното и револуционерно "премотување на програмата":

Колку време уредот може да ја памети програмата за повторно гледање (replay) на филм или некоја серија од претходниот ден?

- Kаналите, односно, програмите кои ги снимате на Медиа приемникот на располагање ќе ви бидат толку долго колку што е ќе одлучите. Самиот уред има 160GB хард диск (што во превод би значело повеќе од 150часа снимање). Кога ќе се полни целата меморија на уредот тој ќе ве информира и вие ќе одлучите која содржина ќе ја избришете.

- Во поглед на меморирањето на каналите во живо, всушност, станува збор за времена меморија, која ја чува содржината што ја гледате (од почетокот на вклучување на дадениот канал се додека не го смените истиот). Откако ќе го промените каналот, започнува меморирање на новиот канал, а сè претходно од времената меморија се брише.
И што има тука револуционерно? Овој систем можевте да го користите и пред 10 години, кога се појави кабелската за првпат, ставете ТВ картичка (или сателитска) во компјутерот и секој софтвер за нејзино работење поддржува TimeShift и Scheduled Recording. За разлика од MaxTV, со некоја сателитска картичка можете да гледате Вие кој сакате канали, Вие кој сакате филмови и многу HD канали.
Беспотребно дигање прашина.:ua:
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,842
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Шу*аци! :lut2: Сега го прочитав FAQ-от...Јас кога се распрашував за ова, пријателите кои работат во телеком ми рекоа дека телевизијата ќе е HD...
А јас се попалив ко млад мајмун. Две години живеам без телевизор во дневна, а викендов за атер на MaxTV си купив Full HD 37" телевизор и нов 5.1 surround.

Како и да е, месечно плаќам 4000 за фиксен телефон и интернет. Вака ќе ми излезе поефтино и плус ќе добијам кабелска телевизија.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,569
Мислења
823,606
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно