Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
На автопат пред да претекнуваш некое возило, погледнуваш на ретровизорот дали некој има позади тебе и почнал да те престигнува, или пак се движи со поголема брзина од твојата?

Абе не ве разбирам стварно. Како да не ме читате или што е работата?
Или не сте седнале да возите.

Два пати пишав дека со никој маневар не си му попречил пат, си почнал да претекнуваш многу порано, го немало на ретровизор и се тоа.

Се дешава да претекнуваш и некој залетан да те стигне и да блица упорно, иако нема каде да одиш.
Или сте почнале заедно да претекнувате, ама тој дал многу повеќе гас.

Не знам како да ви објаснам, се понашате како во кола да немате влезено, земале ми расправаат дали јас сум претекнувал непрописно.
Дај извозете двапати до Куманово или така нешто.
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Како да се среди сообраќајот на друг начин? Факт е дека имаме голем број на сообраќајни прекшоци, насилие, своеволие, народот е научен дека што и да прави шансата некој да го казни е мала, и затоа сме тука каде што сме.
Дали власта ова го гледа како извор на приход за буџет? Да, 100% го гледа и факт е дека ни криви ни должни ако можам така да го формулирам, ќе плаќаат казни ако се заборават и поминат со 5-10 км/ч повеќе од дозволеното, но факт е и дека стравот работи и голем дел од безобразните возачи ќе почнат да внимаваат.

Најголемиот проблем во државата е корупцијата и врските, односно тоа што пак ќе гледаме злоупотреби и ќе има имуни луѓе. Сабајлево видов коли со лисја на табличките, навидум мислат дека се високо интелегенти суштества и го изиграле системот, но не сфаќаат дека и покрај скриена бројка од табличката врз база на моделот, бојата и возачот во колата, ќе бидат идентификувани, и се надевам казнети со далеку поголеми казни од некој што ќе биде фатен како вози 10 над дозволеното, затоа што нивниот прекршок е прекршок со умисла кој треба да се казнува со драстично поголеми казни.

Останува на времето да видиме дали ова ќе биде позитивна промена или не.

Одговорот е повеќе од очигледен, ама ајде:
Ќе се среди така што ќе се воспостави здрава сообраќајна инфраструктура и патишта. Ние сме сега без резерва, за најмала сообраќајка во Ѓорче Петров, последиците и метежот ги осеќаш во Драчево.

подобро е да „трпиме“ некултура отколку казни за „глупави“ прекршоци + зголемен сообраќаен метеж.
 
Последна промена:

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.104
2.343
Бре мајката :)))

Значи не им се подесени камерите под 50 да мерат, кај Ист Гејт мостот е 40 ограничено пример.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.181
16.288
Ќе се среди така што ќе се воспостави здрава сообраќајна инфраструктура и патишта.
Do you think?
Еве во западна Европа има здрава инфраструктура и патишта па пак има камери и радари. Еве во Македонија ќе направат нова делница, џам тазе асфалт, пак се лета со +50 од дозволеното. Значи не е до инфраструктурата.
Гледам си се фатил за земањето пари и полнење на касата. Ајде да размислиме, дали има некаков друг начин државата да те принуди на понашање освен да те фркне со парична казна? Да те пцуе на многу луѓе не им е мотив, да те прозве јавно пак не е мотив (освен ако не си јапанез), да те тепа не иде после ќе треба да те лечи, да ти ја земе дозволата после пак ќе возиш. Останува да те казни со пари или да те *бе. Што повеќе би ти одговарало тебе? Подобро е да те казни со пари, ем ќе те принуди, ем касата ќе ја наполни, па ќе има повеќе пари за патна инфраструктура, пензии, здравство, па и ќе остане за предизборни кампањи а и некое дебело говедо да лапне бифтек или да си изгради хациенда... може ќе одлежи година ипол затвор ама се исплати да си криминалец во државава.
win-win ем ќе те натера да се понашаш, ем пари во буџетот.
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.780
12.761
Skopje
www.wemaxa.com
Ова беше лукративно за некој со тендер, не е ни до популистичкиот ефект и условните бенефити од мерката, како ќе ближат избори така ќе се расипуваат камерите.

Казнена политика ако беше приоритет со цел оправање ситуација, немаше да протестираат луѓе 2 месеци за пожарите од Вардариште, или за рекордното загадување секоја година а дојде Ноември затоа што 100 куќи си гласачи требало стари чизми да гора да се згреат.

Нема никаква казнена политика, се лапаат кредитите и позајмиците што се слеваат преку секој можен инструмент, без разлика која партија или аспирантски сателит од партија е во игра или кој судија и сл - се гледа и по ретките инстанци што испливуваат на површина од нивните деланија.

Кој сака да смени нешто ќе излезе на протест, ама пошто изгубивме секаков компас, морален или рационален, и толку сме колективно девалвирани, подмитени, упикани некаде, подмачкани или замачкани, ништо и од тоа.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Нема правило дека ако си во лева лента треба да се тргнеш али ја практикувам ако некој сака побрзо од мене да вози, да се преместам во десна лента.
Апсолутно ништо не ми менува ако се тргнам да помине па да се вратам во лева лента.
Како не ти менува? Не знаеш дека така ти се намалува таквото? :)
Мислењето е автоматски споено:

Во сериозно забегување отиде темава. Од секојдневие (секојноќие) со идиоти кои возат со 100-150+ км/ч наеднаш преку ноќ стигнавме до Гестапо левел спроведување на лимит за брзина. Прекршочни казни за надминување од 1 км/ч. Пошто ако има ~5/6 км/ч толеранција нема да бидеме безбедни!

Фан факт: Вчера менував гуми, и зимските гумите (со тркалата) имаат сантим-два разлика во дијаметар. Докажано со проблематична употреба на дигалката (морав добро да ги напумпам зимските гуми за воопшто да ја извлечам дигалката. Оваа разлика меѓу тркалата ќе направи разлика во прикажаната и реалната километража. Истово се дешава кај повеќето нас што менуваме сет зимски/летни гуми.

Понатаму, немаме сите аута со лимитер. Повеќето немаме. Еве јас следно ќе поставам Гармин ГПС и ќе подесам звучни алерти за надминување на 50 км/ч. Ама сакаш нејќеш некогаш сосема малку ќе преминеш лимит - освен ако не возиш ретард левел дефанзивно со ~30-35 макс 40 км/ч. Кој што сакате зборувајте ама не ми кажувајте дека тоа е добро или дека ќе резултира со побезбеден сообраќај. Јас мислам дека нема, напротив. Веќе сега има сѐ повеќе падавичари што кочат ретардирано нагло пред семафор, и тоа уште пред да почне да трепка зеленото.

Ова со практикување престроги мерења, посебно за жолтото светло - тоа со студии и со статистики е докажано дека го зголемува бројот на сообраќјните несреќи. Паничари наеднаш кочат кога повеќето позади не очекуваат и ете беља. И не ми зборувајте „држи дистанца“ пошто ви гарантирам дека во градска вожња најголемиот дел од вас во поголемиот број од случаи нема да успеете да закочите ако некој пред вас наеднаш од чиста мира неочекувано нагази на кочница. Нема. Па сеедно колкава дистанца држите... Е сега вие што на булевар возите ~30 км/ч (или поспоро) и притоа оставате 50 метри позади аутото пред вас - вие сте посебен вид на загрозувачи на безбедноста. Ваљда разбирате зошто.

Јас отсекогаш сум поддржувал драконски казни за ретардите што возат пребрзо. Ама ве има и такви што забегувате и обратнопропорционално дијагонално.
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Значи нема друг начин за да се спроведе ред и дисциплина во сообраќајот.
Закон, правила и прописи постојат за општото добро и безбедност во сообраќајот.
Никој не е поголем од општото добро и да се прави семоќен мислејќи дека патот е направен токму за него па ќе лета со 90 км на час во населено место.
Ако никој не вози над дозволеното нема и да ја полниме касата нели :)
 

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.067
3.526
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
ограничување на брзина на 50КМ/ч е ОГРАНИЧУВАЊЕ, не е загарантирана брзина.
 

Aowek

user
14 април 2012
1.213
1.170
Ако самите камери константно скенираат таблици за да провераат која има активна регистрација а која нема тогаш сигурно ќе има опција и да се whitelist - не таблица да не подлежи на казнување.
Веројатно вака и ќе функционираат брза помош/пожарна, нема сигурно некој да прави дисмис мануелно во систем за овие казни.

Тука и произлегува шансата за корупција, да се надеваме дека нема да е така
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.720
3.393
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Ќе излезе Панче со некоја топ 5 листа на коли или имиња со иницијали за највеќе направени прекршоци?
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.181
16.288
Ќе излезе Панче со некоја топ 5 листа на коли или имиња со иницијали за највеќе направени прекршоци?
Тоа ќе биде првиот пат министерот за унутрашни зезанции да го спомне ИТ.мк форумот
 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.962
6.054
Skopje
...моментот е ти да си исправен а да не го крчиш сообраќајот а на кој му се гине или му се лежи затвор кој си ти да му го оспориш тоа право? ...
Ич не ми чуе дали тој ќе си ја ебе мајката, туку што ќе згази некоја кутра душа, тогаш ш'o праиме...
 

Perdita_Durango

hello world
13 декември 2020
105
73
Ич не ми чуе дали тој ќе си ја ебе мајката, туку што ќе згази некоја кутра душа, тогаш ш'o праиме...
А шо до сега се направило, шо ти си направал или што јас сум направил??? Можеш нешто против тоа?
Такви имало и ќе има, муабетот ми е дека некогаш постоеше и се практикуваше таа сообраќајна култура, непишана и надвор од рамките на учебникот/правилата за кои некои се држат ко слеп за стап, а сепак не прекршувајќи ги тие правила.
Еве да не биде тоа што упорно го премижувате(дека некој стварно има потреба да брза и свесно прави прекршоци) можеби со тоа што ќе му дозволиш на некој да се искуртшачи, помалку ќе го напнеш и наместо гас до даска за да те помине ќе биде со некоја помала брзина над дозволеното, па ќе има помали шанси за потенцијална било каква несреќа и ќе има шанса можеби да се свести што прави.
Или не, ич не ми чуе шо тебе детето ти помодрело од не знам која причина, ич не ми чуе што татко ти ги дише последните здивови зашто не дошла брза помош, ЈААААС сум битниот и јас си се водам според правилата, правилата викаат 50км/ч. максимум а тој нека си ја ебе мајката...
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
ЕУ си го бутка накај 30. А дај отвори го Гугл Мапс и пресметај го твојот просек во град. 18 кмч?

ова треба да е добар пример што ми го презентираш или ?
Еве размисли со своја глава дали е добро возилата да бидат ограничени на 30 на секое подрачје.
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.780
12.761
Skopje
www.wemaxa.com
ЕУ е стара бабетина, чии зелени и остали квази политики да не ги редам ја доведоа до незавидна позиција, од пазарна неконкурентност до немање наталитет до инфестација со шлајм од секоја забаталена рупа на планетава. Ако некој во 2025/6 сеуште во ЕУ гледа лидер а не бедна смешка, треба да се преиспита или да оди на очно.
 

Perdita_Durango

hello world
13 декември 2020
105
73
ЕУ си го бутка накај 30. А дај отвори го Гугл Мапс и пресметај го твојот просек во град. 18 кмч?
Чек чек, ако ЕУ го бутка накај 30 тоа значи дека е исправно??? Истата таа ЕУ енергетски зависна од Русија што сам себе го убијал, истата таа ЕУ 2015та и бегалската криза, истата таа ЕУ што дозволи да и се случи Брегзит, истата таа ЕУ што го воведе еврото без адекватна банковна поддршка, ЕУ хиените и борбата за ресурси за време на ковидот??? Ма дај не ме јеби!!!
 

FikanA

hello world
3 април 2025
220
266
Средe никаде...
ЕУ си го бутка накај 30. А дај отвори го Гугл Мапс и пресметај го твојот просек во град. 18 кмч?
А не знаевме дека е така во ЕУ.
Дечки смирено сите, во ЕУ било така!


Инаку информативно не ти го разбирам ова со просек брзина. Брзината ќе ми е ниска просечно пошо на семафор проектиран за 20-тина коли чекаме 200-мина коли? Ако после смалиш да возам на 30 кадешто би возел 50, просекот ќе ми падне на 5км/ч? И евентуално ќе стигнеме до 0км/ч. Проблемот тука е што ЈСП вози моментално -20км/ч...
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно