На автопат пред да претекнуваш некое возило, погледнуваш на ретровизорот дали некој има позади тебе и почнал да те престигнува, или пак се движи со поголема брзина од твојата?
Абе не ве разбирам стварно. Како да не ме читате или што е работата?
Или не сте седнале да возите.
Два пати пишав дека со никој маневар не си му попречил пат, си почнал да претекнуваш многу порано, го немало на ретровизор и се тоа.
Се дешава да претекнуваш и некој залетан да те стигне и да блица упорно, иако нема каде да одиш.
Или сте почнале заедно да претекнувате, ама тој дал многу повеќе гас.
Не знам како да ви објаснам, се понашате како во кола да немате влезено, земале ми расправаат дали јас сум претекнувал непрописно.
Дај извозете двапати до Куманово или така нешто.