flashgordon007
user
- 15 септември 2012
- 1.159
- 1.300
Дечки едно прашање, пратката стигна во Македонија е сега првпат порачувам на адреса во Скопје пишува испратена на домашна адреса на 10ти до сега ми нема никакво известување стигнато, во која пошта треба да ја подигнам ? Во онаа кај Железничка ?
Штом првпат порачуваш на таа адреса има голема веројатност да поштарот не те познава и да не ти ја донесе пратката (или да е отсутен, па заменикот да не познава или не те најде)...
Погледни го бројот кој ти го пишува на информацијата за следење на пратката 1003 Sent to domestic location 1020
Тоа 1020 ти е доставната пошта.
Појди до најблиската доставна пошта за твојот регион и распрашај се во доставната служба (која најчесто нема шалтер).
Еве ти линк до бројот на доставната пошта: Насловна
Еве ти линк каде визуелно ќе ја пронајдеш доставната пошта: gmap
Ова се броевите на доставните пошти во Скопје:
- 1000 Скопје (општина Аеродром, Центар, Кисела Вода)
- 1010 Скопје Чаир (општина Чаир и Бутел)
- 1020 Скопје Карпош (општина Карпош)
- 1040 Скопје Маџари (општина Гази Баба)
- 1050 Скопје Драчево (општина Кисела Вода ( населено место Драчево) и
- 1060 Скопје Ѓорче Петров ( општина Ѓорче Петров и Сарај)