1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски Пошти- општа дискусија

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од TATA_MATA, 28 Мај 2016.

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  1. Да, задоволен/а сум

    11.9%
  2. Ок се, сум немал/а некакви особени проблеми

    39.4%
  3. Не сум задоволен/а

    19.5%
  4. Не сум воопшто задоволен/а

    29.2%
  1. OldSchoolPvP

    OldSchoolPvP
    Practice makes perfect

    741
    1,179
    13 Февруари 2014
    Машко
    Дали некој има испраќано пари преку пошта на домашна адреса во странство ?

    Праќање/примање на пари

    Сооред линков и тоа што го пишува на страната на македонска пошта може со мегународна уплатница и вестерн јунион.Одам во пошта и упорно ми викаат не можело да се праќа мегународно и воопшто немале вестерн јунион. Тогаш за што по ѓаволите им стои на сајтот дека може. Или ме мафтаат или се ментално заостанати трето нема. Некој искуство ?
     
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,723
    27,393
    4 Септември 2008
    Тракинг бројот кој го имаш, кога ќе го впишеш во тракингот на наша пошта, истиот се менува во интерниот код кој после тоа треба да е впишан на лифчето кое го праќа поштарот, а и да не е така - многу е лесно според движењето низ пошта-царина кај нас, а истото е поклопува со транкигот од претходно временски.

    Се што треба да направиш е логички и временски да ги спроедиш податоците и ќе добиеш со 95% сигурност инфо за која пратка се работи.
     
  3. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    „Услугата брз трансфер на пари Western Union ја извршуваат поштенските единици 1000- Скопје и 6000- Охрид.“
     
  4. aleksr

    aleksr
    Intern

    18
    12
    14 Декември 2015
    Теоретски изгледа супер, но во пракса има проблеми. Пред извесно време го имав постирано ова на форумот на Кајгана:


    --


    Денес само што ми стигна пратка од Асос. Системот функционира, но како што и очекував, го има проблемот за кој што зборував. Еве за што се работи:

    На веб-страницата на Асос имаш број на порачка - order no. Еве исечок од мојата порачка од самата страница:

    [​IMG]


    Кога ќе кликниш на TRACK ORDER, ти излегува ова:

    [​IMG]

    Бројче за пратење нема. Се работи за обична пратка.


    Ова е поштенската налепница од пратката што ми стигна:

    [​IMG]

    Како што и најави Македонска пошта, на овие пратки им лепи налепница со нивен баркод со број за пратење (тоа што е најгоре). Под тоа се наоѓа бројот на порачката од Асос, а па најдолу се наоѓа баркодот од поштенската налепница од Асос.


    Е сега тука настанува проблемот. Мак. пошта го зема тој број од баркодот најдолу и со тој број можете да ја барате пратката на страницата на поштата. Но тој број, ние како нарачател го немаме никаде во порачката на самата страница и немаме увид во него сѐ дури не стигне пратката. А пак со бројот на порачката не можете да барате.

    Еве екран од системот на поштата:

    [​IMG]

    Значи кога ќе го внесам бројот на баркодот од поштенската налепница, тогаш излегува резултат со бројот за пратење од мак. пошта... супер, одлично, тоа си функционира.

    Но кога ќе го внесам бројот на порачката од Асос, тогаш нема никаков резултат:

    [​IMG]


    Значи, хипотетичка ситуација:

    1. Имаме порачано обична пратка, без број за пратење.
    2. Пратката не е стигната (касни, изгубена, украдена).
    3. Сакаме да провериме што се случува.
    4. Нема начин како. Го немаме бројот од баркодот на поштенската налепница.
     
    Ile bocev, kirev, shooter и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. krema

    krema
    Professor

    10,624
    10,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    @aleksr
    Ништо не се чита на темна тема!
    Пишувај без да форматираш текст, очи извадив за да прочитам нешто.
     
    На HardCorec и Banjifiko им се допаѓа ова.
  6. aleksr

    aleksr
    Intern

    18
    12
    14 Декември 2015
    Замина возот. Не можам да направам промена сега. :)

    Му удрив Clear formating кога го пејстирав текстот, но не ми прифати.
     
  7. krema

    krema
    Professor

    10,624
    10,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    јбг, друг пат пишувај чисто, чинам дека нема потреба од болдирање, боење и остали тракатанци на текстот. :)
     
  8. aleksr

    aleksr
    Intern

    18
    12
    14 Декември 2015
    Го копирав текстот од друг форум. Прво што пробав беше да го исчистам форматирањето, ама не ми ја прифаќаше промената.
     
  9. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,267
    4,779
    4 ноември 2013
    Машко
    И јас почнав да читам...2-3 реченици и се откажав.
     
  10. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Се согласувам скроз. Само ќарот е што ако ја снема пратката а испрачаќот ја бара, тогаш ќе успеат да ја најдат преку нивниот систем и така го оневозможуваат крадењето од поштарите, плус ТЕ ПРИСИЛУВА да потпишеш на прием и не можеш да лажеш дека не си ја примил пратката (кривично дело).
     
    На TATA_MATA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Unstoppable

    1,715
    2,032
    25 Март 2013
    Машко
    Најдов исклучително корисна страна за пратки со и без тракинг број и бидејќи имам неколку пратки со и без тракинг број имав прилика да ја истестирам.

    Значи исто како што македонски пошти го воведе новиот систем на следење од кога пратката ќе влезе во Македонија, така и Кина има систем на следење на пратката (независно за која пошта се работи) се додека таа пратка не ја напушти Кина.

    Страната е global.cainiao.com
    Најкорисна е за пратки без тракинг број односно добивате информации се додека пратката не ја напушти Кина, потоа би требало да нема никаква промена на статусот додека не дојде пратката во Македонски пошти за потоа да се провери на нивната страна.

    Кој има пратки проверете ги па кажете
     
    На PC_GAMER му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Riste19

    Riste19
    Gaining Experience

    529
    207
    14 ноември 2016
    Машко
    Денеска еве пак е пристигната пратка за мене.. Ме интересира зошто нема ништо на тракингот освен дека е во мојата локална пошта...?

    RB333331697SG

    Каде е Receive item at office of exchange(inb)
    Send item to domestic location(inb)?
     
  13. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,648
    1,443
    27 Јануари 2011
    Машко
    Се додека нашата пошта користи пишани докумнети ке биде така. Еден сектор во пошта ги весува промените, не идат аутоматски. И додека се вратат сите документи назад ке поминат неколку дена.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  14. krema

    krema
    Professor

    10,624
    10,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    Па испорачана ти е пратката!

     
  15. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Или ќе му биде испорачана.

    Ќе си ја најдеш во твојата пошта каде што обично ги подигаш. Ваљда работат до 19ч.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. krema

    krema
    Professor

    10,624
    10,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    Постот на Ристе му е во 12:09PM, а во 2:51PM ја има подигнато пратката (удрил потпис), така да ..... :)
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    И мене еднаш ми пишуваше дека сум удрил потпис па испадна грешка било и ја најдоа пратката...
     
  18. krema

    krema
    Professor

    10,624
    10,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ако некој друг удрил потпис наместо тебе, тоа е веќе кривично дело!
     
  19. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Остај. Бев у искушение да ја терам до крај, ама некако не ми беше денот. Да го видеше колку згужван беше поштарот кога го викнаа... „Грешка“
     
  20. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,723
    27,393
    4 Септември 2008
    Дали било кој тракинг број работи ако пратката е во МК?
     
  21. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Моментално како да има застој...
     
  22. Riste19

    Riste19
    Gaining Experience

    529
    207
    14 ноември 2016
    Машко
    Како мислиш застој?
     
  23. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,699
    2,573
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Кинески празници
     
  24. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,723
    27,393
    4 Септември 2008
    Некој?
     
  25. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Застој - иако се стигнати во РМ, не се појавуваат на тракинг
     

Сподели

Вчитување...