1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски Пошти- општа дискусија

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од TATA_MATA, 28 Мај 2016.

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  1. Да, задоволен/а сум

    12.3%
  2. Ок се, сум немал/а некакви особени проблеми

    39.6%
  3. Не сум задоволен/а

    19.3%
  4. Не сум воопшто задоволен/а

    28.8%
  1. krema

    krema
    Professor

    9,823
    9,511
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ќе тргне од Прага за МК, а кога ќе стигне никој не може да ти каже.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  2. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,846
    2,440
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Нарачувате денес, си плаќате 50 долари преку UPS пратката ви стига утре. Колку пари толку музика незнам што очекувате?
     
  3. Dinamit

    Dinamit
    Gaining Experience

    416
    348
    25 Мај 2013
    Машко
    Зaдoвoлен без зaбелешки. Вo минaтиве 2,5 месеци нaрaчaнo 4 прaтки oд кoи 3 стигнaa a 4тaтa е пoрaчaнa пред 1 неделa.

    49 денa еднa прaткa
    35 денa другa прaткa
    22 денa третa прaткa

    Дoсегa сум немaл никaкoв прoблем.
    Пoшти мaксимaлнo си јa вршaт рaбoтaтa, и пoкрaј прoтести и рaзни блoкaди низ држaвaтa прaтките се вo предвидениoт рoк нa врaтa.
    Се нaдевaм декa тaкa и ќе oстaне
     
  4. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,365
    3,073
    4 Септември 2008
    Еве кога ќе се погоди денот и авионот.

    Capture.PNG
     
    На Martinovski му/ѝ се допаѓа ова.
  5. martinmilcev

    martinmilcev
    Gaining Experience

    254
    243
    23 oктомври 2015
    Машко
    Каде се наоѓа праткава, Any1? Пратката е за поштенски број 2208, ама 2 дена не мрда од 2005 (каде и да е).
    [​IMG]
     
  6. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,846
    2,440
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    У пошта :)
     
  7. martinmilcev

    martinmilcev
    Gaining Experience

    254
    243
    23 oктомври 2015
    Машко
    Ама која :)
     
  8. krema

    krema
    Professor

    9,823
    9,511
    24 Јуни 2009
    Машко
    Во твојата локална пошта.
     
  9. martinmilcev

    martinmilcev
    Gaining Experience

    254
    243
    23 oктомври 2015
    Машко
    Не е. Како што реков, мојата пошта е 2208, пратката е во 2005, а и бев до пошта денес, ја нема.
     
  10. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,846
    2,440
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Не е во 2208 Штип ул. Питу Гули бб, с. Лозово
    Али 2005 не постои :D
    Пробај у 2205 Штип с.Три Чешми да не залутала. Значи не се нормални овие у нашиве пошти :D
     
    На martinmilcev му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dinamit

    Dinamit
    Gaining Experience

    416
    348
    25 Мај 2013
    Машко
    Дали е ова стигнато ? АЛи ме изненадува во последно време али 11 дена ми е ептен премалку :(

    2017-05-08 12:14

    Macedonia (the former Yugoslav Republic of), SKOPJE 1003 OFFICE OF EXCHANGE, Send item to domestic location (Inb)

    2017-05-08 10:16
    Macedonia (the former Yugoslav Republic of), SKOPJE 1003 OFFICE OF EXCHANGE, Receive item at office of exchange (Inb)

    2017-05-11 17:32
    2017-04-27 00:00
    MK, iMail bag was accepted on 27-Apr-2017 ; items to be scanned.
     
  12. martinmilcev

    martinmilcev
    Gaining Experience

    254
    243
    23 oктомври 2015
    Машко
    Па да, само провери на posta.mk да видиш точно во која пошта се наоѓа.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На Dinamit му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,633
    2,459
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
  14. Riste19

    Riste19
    Gaining Experience

    483
    177
    14 ноември 2016
    Машко
    Иако не сум баш така задоволен, одбрав "
    Ок се, сум немал/а некакви особени проблеми", вработуваат секакви луѓе што врска немаат за адресите, последните 3 пратки од кај комшиите ги земав така ги фрлат по земјата, незнам што и како ама 3 пратки вкупно ми фалат и воопшто не се пристигнати до сега, си мислам украдени се кај нас, дека знаат поштарите дека тие пратки не се пратат што се се помала вредност.
     
  15. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    435
    1,299
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    Македонски пошти денес го пуштија новиот „европски“ систем за следење пратки.

    Од денес сите интернационални пратки што не го содржат класичниот тракинг број(RT123456789HK) односно сите пратки што содржат баркод(види фотос) броеви ќе може да бидат следени.
    [​IMG]

    Многу од вас сте мислеле дека кинезите ви даваат фејк броеви за пратење а уствари ви даваат интерни бројчиња односно баркоди, епа од денес Македонски Пошти воведе опција да може истите да се следат САМО откога ќе стигнат во Македонија.

    Новиот систем има за цел кога ќе го впишете баркодот од нарачката да изгенерира интернационален код(RT123456789MK) и вие да имате точно увид и за пратките без тракинг дали пристигнале или не. (Види фотос 2)

    [​IMG]

    Овој потег ги задоволува и крајните корисници бидејќи ќе знаат дали им е стигната пратката или не, а ги задоволува и продавачите бидејќи и тие ќе имаат увид и точно ќе знаат кој сака да си ќари и пари и прозивод а кој ја кажува вистината дека пратката навистина не е стигната.
     
    Последна промена: 15 Август 2017
    На DonFrozex, PC_GAMER, Krkac и уште 14 други им се допаѓа ова.
  16. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,516
    14 Мај 2008
    Машко
    Тоа никогаш не бил проблемот. Мал е процентот на оние кои ја прават оваа глупост. Поголемиот процент на пратките се губи меѓу поштата и купувачот, односно пратките стигнуваат, ама не кај оние луѓе што ги купиле....
     
    На damil му/ѝ се допаѓа ова.
  17. krema

    krema
    Professor

    9,823
    9,511
    24 Јуни 2009
    Машко
    Да се надеваме дека со овој потег на МП ќе има помалку загубени (недобиени) пратки.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,542
    1,754
    25 Март 2013
    Машко
    Ова има потенцијал да ги реши најголемите проблеми кои настануваат со пратките под услов пратките да не шетаат многу од рака на рака и лицето што ќе ги внесува бројот на пратките во системот на Македонски пошти чесно и одговорно да си врши работата.
     
  19. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,715
    26,335
    4 Септември 2008
    Ова ќе го реши само проблемот со дилеј од царина > пошта, немој да заборавите, најголемите кочничари се царинарниците, не поштите (генерално)
     
  20. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,542
    1,754
    25 Март 2013
    Машко
    Ова ќе го реши проблемот пред се во самата пошта, дилејот пошта-царина-пошта е во втор план бидејќи е за пратки без тракинг број кои најчесто се со помала вредност и барем 80% не ни одат во царина
     
  21. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,020
    2,265
    19 Јули 2013
    Еве баш вчера подгинав пратка со новиов систем. Најдов картонче во поштенското сандаче, со тракинг бројот од сликата и баш ме зачуди што пратка е затоа што на крајот од бројот имаше МК.

    Пратката е пратено обично, без бројка за следење, но при прием во нашата пошта си добила број и нема подигање без лична карта и потпис. Од друга страна тоа значи дека поштарот нема веќе да ми ги остава пред врата, туку ќе мора сите да си ги подигам од пошта.

    А на системот за следење пратки нема никаква информација ниту за едниот ниту за другиот број :)


    IMG_20170816_181613.jpg
     
    На corpz му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    892
    699
    29 Март 2011
    Ако Следите Пратки преку 17Track Од ко ќе стигни (ќо ќе пиши дека пратката ви е стигната ден послем тоа пратката ви е во пошта) пратките каснеле со 1ден сега праеф муабет со локалниот поштар Поштата ми е на 50метра :) ''со Новиот Систем''
     
  23. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,542
    1,754
    25 Март 2013
    Машко
    Новиот систем очигледно функционира. Ти ги проверив двата броја (број на пратка и МК тракинг бројот) и за двата ги дава истите информации (дека си ја подигнал после работа на пример :) ) што многу ме радува.

    Од друга страна, Здружението на поштари на Македонија објави ден на жалост.
     
    На kjosmofon и Astro им се допаѓа ова.
  24. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,715
    26,335
    4 Септември 2008
    КОНЕЧНО, пратките добиваат тракинг број со кој истите ќе може да бидат лоцирани - прикажани, за да се знае за која пратка ти бараат да доставиш документи! не памтам колку пати до сега, ми стигна код, за пратка која немам појма која е, (нарачувам многу) и морам да вртам у царина, (не креваат) па да ги молам да видат што има во неа, за да можам да приложам фактури...иначе НЕМА НАЧИН како да дознаеш за која пратка се работи! шанси нема, затоа што кога ќе влезе на царина - добива друг код, тракинг бројот на твојата пратка кој е поставен од доставувачот - не е никаде приажан на листот кој стига - известувањето.
     
  25. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,020
    2,265
    19 Јули 2013
    Да, сега и кај мене ја дава :)
    А кога бев во пошта и на теткицата не и ја даваше, па ја баравме по тоа листовите.
    А сега како ќе знаеш? Бројот го доделува нашата пошта кога ќе стигне пратката. Ако царина не става број на пратка во известувањето за царинење, нема ни сега да става. А известувањата што ги остава поштарот секогаш го имаат бројот за следење.
    Разликата е сега што и они пратки кои што не се испратени препорачано со број за следење, добиваат при влез во Македонија, за да ги нема веќе оние муабети дека поштарите краделе.
     
    На philldm му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...