bxxxn
user
- 11 март 2011
- 1.660
- 1.812
Брачко ти мора да си го пријавиш ова за твое добро а и за добро на сите. Дома нека се праи џек со свои имовини.
Мислиш дека тие би работеле како поштари да биле способни за нешто друго? Мада како што гледам ни за ова не се способни, па ради нив и ради секој како нив што работи во пошта ние крајните корисници го лапаме, кинезите полека полека ќе не стават на црна листа или ќе наплаќаат трипати повеќе за шипинг.
Денес гледам поштар, ако тоа може да се нарече поштар, разлупан точак со корпа, у корпата куп писма и пратки, тој цел парталав со цигарчето во уста, остаање точакот на улица, не го интересира дали некој ќе му собере нешто, си прејде од другата страна си отиде у влез кај сандачињата, си ја допуши цигарата и на точак да го нема. Идам кај сандачињата после пошто баш ме заинтересира што направи, глеам ставил сметка во погрешно сандаче, и двете сандачиња се во иста линија и ги дели само едно, пишани со име презиме и двете, и на ковертот читко и јасно напишано име и презиме. После ќе се чудиме зашто не стигнало ова, зашто не стигнало она.
Инаку ако ве интересира крајот на приказните,
- Таа за која платив туѓа сметка за вода, не беше нешто многу и се мислев дали само да им ја ставам во сандаче, но отворена и платена сметка, ќе внесе голема забуна кај луѓето. Им ја однесов дома, објаснив и ми вратија пари.
- За пратката каде се разликуваше адресата од лична карта, морав да го молам шефот и тој ја среди работата.
Инаку кога ќе станеше некој кикс, ќе се изнервирав и да бев послободен и да знаев каде ќе пријавев, после ќе преспиеш и сфаќаш дека цел систем е таков.