Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Ваши искуства со Сетек

Ali G

hello world
28 мај 2023
218
298
Зар уште некој се замара со сетек?

Можеби се изгледа супер цена, продажен персонал, ама ако нешто се расипе или е фалично од почеток исто како од бувљак да си го купил нема гаранција, по пат ти паднал па си го расипал....
Искрено само позитивно искуство сум имал со Сетек.
Ми се расипа електрична четка за заби која што беше под гаранција и покрај тоа што ми ја менаја со нова, ми дадоја и гаранција како да сум купил нова, а колку што знам обично во вакви случаи ти го заменуваат производот меѓутоа ти ја оставаат старата гаранција.
 
18 август 2019
1.219
1.193

Новиот производ има НОВА, целосна гаранција. Не можат за нов производ да даваат делумна гаранција.

Во случај кога е заменет дел, останува старата гаранција, но ако новиот дел подлежи на гаранција тој има нова, целосна гаранција, која важи само за него.
 
Ali G

hello world
28 мај 2023
218
298
Новиот производ има НОВА, целосна гаранција. Не можат за нов производ да даваат делумна гаранција.

Во случај кога е заменет дел, останува старата гаранција, но ако новиот дел подлежи на гаранција тој има нова, целосна гаранција, која важи само за него.
Аха, не сум знаел.
Во секој случај ок искуство сум имал со сетек, особено во Дајмонд, персоналот им е топ.
 
Chiller

user
8 март 2012
1.555
1.161
Скопје Аеродром
Искрено само позитивно искуство сум имал со Сетек.
Ми се расипа електрична четка за заби која што беше под гаранција и покрај тоа што ми ја менаја со нова, ми дадоја и гаранција како да сум купил нова, а колку што знам обично во вакви случаи ти го заменуваат производот меѓутоа ти ја оставаат старата гаранција.
Диск, графичка, матична плоча нешто покрупно си имал ситуации?
Четкичка за заби не кошта многу па можат да прогледаат низ прсти.
Иначе ги познавам браќата над 30 годнини, знам кои се далавери ги прават.
Вториот компјутер као „копиљ“ од нив го купив 1998 мислам....
 
tomskibt

hello world
12 јули 2022
109
86
Не пишав тука можи некој не виде дека Кингстон прати ново ССД и то појако од то шо го имав. Така да ако ви прат проблеми Анхочи, Сетеци и други слободно пишете RMA.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.097
Пожали се пак, не е различен модел, туку ист модел со различен SKU кај нив. ДПИ ако не го знае тоа, тешко нас.

Ако добро ја разбирам последната реченица, во случај кога имаат замена со идентичен производ, треба да го заменат, а доколку нема идентичен, враќаат средства?

Ова е значаен детал.
 
Noumenon

hello world
14 ноември 2009
219
156
Еве што приметив, ептен ме нервираат вакви итарпејовски финти, без разлика на нивото на сериозност/последици од истите.

И Сетек и Нептун имаат некои наградни игри на фејсбук за погодување резултат од светсково, каде што избираат некој рандом од тие што погодиле точно и го објавуваат наредниот ден. Ми излегоа постовите, коментирале некои пријатели и случајно прочитав еден коментар некои прашуваа и реков ајде баш ќе следам што се случува. Нептун регуларно си ги објавуваат победниците, а на Сетек изгледа цел им е само да си подобрат фејсбук метрици за интеракција со следачи и си се прават наудредни, упорно објавуваат наградни игри на кои нема никогаш победници.

Наградите се ептен ситни/симболични не се ни 1000ка ама Сетек се толку мизерни што не можат ни тоа да го спроведат. Секако никој нема да се замара дали ќе доделат апаратче за пукање пуканки и реално воглавно ќе помине незабележано, ама брука е и заслужуваат повеќемина да знаат или колку се непрофесионални или дека се до толку ситни души.
 
Sparkplug folf

hello world
5 јануари 2021
361
278
PSA! Сетек снижи гаранција на неколку дискови / кутии за дискови. Така се прави бизнис!
Мислењето е автоматски споено:

Ги поскапија и лаптопите за 5К - 10К.
 
acikaaa

user
22 октомври 2018
1.192
1.194
Скопје
Еве што приметив, ептен ме нервираат вакви итарпејовски финти, без разлика на нивото на сериозност/последици од истите.

И Сетек и Нептун имаат некои наградни игри на фејсбук за погодување резултат од светсково, каде што избираат некој рандом од тие што погодиле точно и го објавуваат наредниот ден. Ми излегоа постовите, коментирале некои пријатели и случајно прочитав еден коментар некои прашуваа и реков ајде баш ќе следам што се случува. Нептун регуларно си ги објавуваат победниците, а на Сетек изгледа цел им е само да си подобрат фејсбук метрици за интеракција со следачи и си се прават наудредни, упорно објавуваат наградни игри на кои нема никогаш победници.

Наградите се ептен ситни/симболични не се ни 1000ка ама Сетек се толку мизерни што не можат ни тоа да го спроведат. Секако никој нема да се замара дали ќе доделат апаратче за пукање пуканки и реално воглавно ќе помине незабележано, ама брука е и заслужуваат повеќемина да знаат или колку се непрофесионални или дека се до толку ситни души.
Во право си, само ај следи да не избираат добитник па да го кажуваат во Story кое истекува за 24 часа
 
Noumenon

hello world
14 ноември 2009
219
156
Во право си, само ај следи да не избираат добитник па да го кажуваат во Story кое истекува за 24 часа
баш ги проверував повремено, Нептун си ги објавуваат редовно, Сетек иако го имаат истото ветување за наредниот работен ден никогаш немаат објава за победник. Имаше 2-3 коментари што прашуваат кога ќе ги објават претходните ама ништо. Какви шибицари

едит: ете со мало задоцнување од 6 дена почнале да објавуваат, можеби прочитал некој
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Пожали се пак, не е различен модел, туку ист модел со различен SKU кај нив. ДПИ ако не го знае тоа, тешко нас.

Ако добро ја разбирам последната реченица, во случај кога имаат замена со идентичен производ, треба да го заменат, а доколку нема идентичен, враќаат средства?

Ова е значаен детал.
Во законот не стои „идентичен“ туку соодветен или компарабилен. Не мора баш идентичен да вратат. Ама да, јасно е за што станува тука, за измама од страна на Сетек и соработка со инспекциските служби на штета на купувачот. Се знае која е казната за такво понашање.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.628
3.184
Побарај да разговараш со шефот на мома Евгенија, да видиш дал бор садила па не видела дека не може да ти го дадат идентичниот производ, бидејчи тоа физички е невозможно, туку треба да се даде соодветна замена. Тоа што поскапело, не менува ништо и е тотално небитно. Ако поефтинеше производот, ќе ти вратеа пари или ќе ти вратеа малку подобар уред, или ќе ти вратеа пари со кој ќе си купиш многу подобар уред со нова гаранција?
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно