• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Македонски начин на маркетинг: Предупредувања и државни инспекторати

  • Ја почнал/а темата D
  • Време на почнување
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,274
1,919
www.iwmnetwork.com
На мое огромно изненадување, од пријател кој се бави со дигитален дизајн бев известен дека му има стигнато предупредување во врска со софтверот кој МОЖЕБИ го користи.

Побарав да ми го скенира и да видам за што се работи... и искрено, откако го прочитав стварно не ми се веруваше дека некој има храброст да направи вакво нешто.

Еве за што конкретно се работи:

Страна 1:


Страна 2:


Не знам врз која основа е направено ова, но јасно се гледа дека е искористено како еден вид на "маркетинг алатка."

На "умот" позади ова очигледно му се јасни основните концепти на маркетинг и знае како правилното таргетирање на сетилото за страв на потрошувачите може многу лесно да влијае на нивната одлука при купување на продукт, па до максимум го користи осетот за страв и несигурност за да ја пренесе својата порака... За ваквите методи кои за жал се користени секаде, читајте повеќе тука.

Што е погрешно во ова Официјално Предупредување:

1. Адвокатската канцеларија ниту ХСМ Информатика не знаат каков софтвер користи дизајн компанијата до која е упатено ова. Велат дека заради "природата на работата на вашата компанија, односно дејноста со која се занимавате, повеќе од потребно е да ги користите софтверските пакети на Adobe..."

А што ако користат слободен софтвер алтернативи на горенаведените апликации??? Како на пример: Paint.NET 3.20, CinePaint 0.22, Krita 1.6.1, Gimp 2.4, Seashore 0.1.9, Archimedes 0.52.0, Blender 2.45, Imgv 3.1.5, Kino 1.3, KToon 0.8, OpenOffice Draw 2.2, Skencil 0.6.17 и многу други...

2. Истакнуваат "Ве повикуваме доколку користите нелегален софтвер од компаниите Adobe и Corel да го избришете софтверот од вашите компјутери и да набавите легален софтвер од овластениот дистрибутер на Adobe и Corel за територија на Република Македонија, компанијата ХСМ Информатика..."

Значи со зборчето "доколку" јасно истакнуваат дека компанијата може а и немора да користи нелегален софтвер, но тие сепак ја предупредуваат... Тие исто така повикуваат дека треба софтверот да го купите од ХСМ... а што ако го купите од некој друг овластен дистрибутер а и немора од Македонија? Можеби онлајн ке го купи некој од каде обврската да мора од ХСМ??

3. Во вториот дел од текстот истакнуваат "Во спротивно, заради проверка на легалноста на Adobe софтверот кој го користите во рамки на вашето работење ќе бидеме приморани да го известиме Државниот пазарен инспекторат и Министерството за Внатрешни работи за истите да превземат дејствија во рамките на своите надлежности, односно да спроведат инспекциски надзор во вашата компанија."

Од каде се сигурни дека го користат софтверот на Адобе за да претат со инспекции, па без никаков сомнеж се искористени зборовите "ќе бидеме приморани"?

4. И покрај тоа што не се сигурни дека е користен тој софтвер, и дека огромна е веројатноста фирмите до кои е пратено ова да се пронаоѓани преку Златна книга или сл. тие даваат 8 дена рок ЗА ДА НАБАВИТЕ легален софтвер од ХСМ... значи не апелираат да се избрише доколку е користен, туку буквално сфатено и предупредуваат дека мора да набавите во рок од 8 дена од ХСМ...

Сето ова е само еден арогантен, непромислен и непрофесионален начин за привлекување внимание и обиди за зголемување на продажби.
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Ова јас го разбирам како некој вид на уцена: Или купи го софтверот од нас или ќе го известиме Државниот пазарен инспекторат и Министерството за Внатрешни работи.
А сево ова се базира на претпоставка дека можеби компанијата користи нелегален софтвер.

Крајно непрофесионално и ниско од страна на ХСМ Информатика и од страна на Адвокатот Пепељугоски. :ua:
 

NoLander

Intern
11 ноември 2007
216
15
семјат да го прават и да пуштат инспекција смејат и лесно можат да докажат дека се користи фото шоп
тоа е корекно предупредување од нив бидејки имат пред судот доказ дека странката била известена
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

D

Администратор
31 март 2007
3,274
1,919
www.iwmnetwork.com
семјат да го прават и да пуштат инспекција смејат и лесно можат да докажат дека се користи фото шоп
Дали пред да докажат смејат да ти испратат предупредување со рок од 8 дена?

Дека станува збор за човек со искуство, погледнете ја неговата биографија од нивниот официјален сајт:

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] ВАЛЕНТИН ПЕПЕЉУГОСКИ - Сопственик/Адвокат
.....Роден на 1 септември 1962 година во Прилеп. Оженет, татко на едно дете. Правен факултет завршил на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во 1985 година. Правосуден испит положил во 1987 година. Магистрирал во 1991 година на Правниот факултет во Скопје, на тема: "Монополизмот и неговата регулатива во светот и во нашата земја". Пред одбрана е докторска дисертација на Правниот факултет во Скопје. Испит за застапници од индустриска сопственост положил во 1998 година.
Вработувања:
-Адвокат, од 15.10.1999 година
-Помошник директор на Заводот за заштита на индустриската сопственост на Република Македонија од март 1994 година до 14.10.1999 година.
-Помошник министер за развој на Република Македонија од јули 1993 до февруари 1994 година.
-Стручен соработник во Стопанскиот суд на Македонија од јануари 1991 до јуни 1993 година.
-Стручен соработник во Републичкиот општествен првобранител на самоуправувањето од 1986 до декември 1990 година.
Области со кои се бави:
Статусно право на трговски друштва, инвестиции, стечајно право, облигационо право, трговско право, потрошувачко право, право на индустриска сопственост, авторско право, царинско право, семејно право, наследно право, даночно право, трудово право и застапување пред судовите и органите на управата.
Зборува одлично англиски, бугарски, српски, хрватски а се служи и со германски јазик.
[/FONT]
 

GeNeRaToR

Intern
20 јануари 2008
538
7
@AMD Fan
Tuka si vo pravo. ova e krajno neprofesionalno !!!
@D
Sega moze li ovoj drugarti (nekojsi) da gi tuzi za ucena ???
 

nullx

Intern
17 мај 2007
56
0
www.perfectflow.org
Меилот пратен веднаш по примање на писмото, и одговорот:

Код:
Pocituvan G-din Aleksandar,
Vi blagodaram za Vaseto izvestuvanje i se nadevam deka i vo idnina ke sorabotuvame.

So pocit,

Valentin

Dr Valentin Pepeljugoski
Attorney at law
PEPELJUGOSKI LAW OFFICE
Naroden Front 23/2-3
1000 Skopje , Macedonia
phone/fax: + 389 2 3211-005; + 389 2 3211-004
e-mail: [email protected]; [email protected]
HTTP:// www.pepeljugoski.com.mk
 

From: ***
Sent: Monday, March 03, 2008 7:36 PM
To: [email protected]; [email protected]
Subject: predupreduvanje?


Pocituvan D-r Pepeljugoski

Denes na mojtata domasna adresa mi stigna predupreduvanje za koristenje na nelegalen softver. Sakam da ve izvestam deka kompanijata MultiDesign vekje odamna ne postoi a i za vreme na postoenjeto nema koristeno nelegalen softver od paketite na Adobe i Corel.

Pozdrav, Aleksandar
 

Luidgi

On your way to fame
24 февруари 2008
807
826
Кој се тие да ми наредат јас да купам легален софтвер ? Нека ми се фатат. :)
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Кој се тие да ми наредат јас да купам легален софтвер ? Нека ми се фатат. :)
Тие не се фактор кој одлучуваат дали ти да купиш легален софтвер. Софтверот инаку според сите правила би требало да го земеме сите на легален начин, а не преку торенти и останти warez страни. Само што за наши стандарди тие софтеверски решенија се прескапи и затоа сме склони кон "крадење" на софтверот.
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Еве ме и мене, дури сега видов дека темава е поврзана со право :p
Се немам до сега сретнато со оваа тематика, па незнам точно кои се правата на ХСМ, а кои на фирмата која е предупредена. Мајка ми која знае мноооогу повеќе од мене не е моментално дома, па затоа немам стручна помош :) Ај ќе ја прашам и денес-утре ке ви одговорам постручно ;)
Иначе ова предупредувањево ми е малку подло и лош обид за маркетинг. Секако дека не мора фирмата да има легален софтвер купен токму од ХСМ, постојат алтернативи кои се исто така легални(интернет, странство). Инаку поединечните корисници е тешко да се контролираат, но фирмите во секоја нормална држава би требале да користат легален софтвер, па и најверојатно застапниците на истиот имаат некое право на контрола(од страна на некаква си инспекција) и следуваат казни. Е сега што ние сме далеку од нормална држава е друга работа, и што јас незнам тошно во кој закон да барам, па да ви кажам како е уредено ова прашање кај нас.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Блах... Што ли упте не ќe направат за да се рекламираат
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Еве си дојде главниот правник во фамилијата :D
Ова ми кажа:
Застапникот ХСМ преку адвокатската канцеларија има право да испрати предупредување до фирмата која претпоставува дека користи нелегален софтвер која таа го застапува. Може да прати инспекција заради сомневање во легалноста на софтверот. Не може да наложи да се купи легалниот софтвер токму од ХСМ, значи може интернет и други легални алтернативи. И предупредувањето не смее да содржи рок(во случајов 8 дена), туку мора да биде предупредување без рок.
Значи фирмата која е предупредена нема право да тужи, затоа што нема основ.
Прашајте ако сакате уште нешто, пред да си легне мајка ми :))

P.S.
@D Мајка ми те пофали за начинот на размислување и изразување напишан во првиот пост :D :bravo:
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
ne stanuva zbor za reklamiranje tuku klasicna ucena . naprotiv ovdeka ne se nudi proizvod , ovdeka potencijalniot kupuvac ke stane meta na "zastapnikot" na adobe ako ovoj ne go nabavi programot od nego . Kade e slobodnata volja ?
Нема никакво право застапникот да ве уценува да купите токму од него. А има право да ви прати инспекција за да се утврди реалната состојба ;)
 

sstefan

Intern
10 декември 2007
73
0
Нема никакво право застапникот да ве уценува да купите токму од него. А има право да ви прати инспекција за да се утврди реалната состојба ;)
Ako vo nekoj dogovor , pravno delo , predupreduvanje (kako vo slucajot) postoi barem edna odredba koja bitno go narusuva istiot togas celiot dokument e nevazecki i narodski kazano "pravnikot" ke moze da izbrise gaz so nego.
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Ako vo nekoj dogovor , pravno delo , predupreduvanje (kako vo slucajot) postoi barem edna odredba koja bitno go narusuva istiot togas celiot dokument e nevazecki i narodski kazano "pravnikot" ke moze da izbrise gaz so nego.
Или само тој дел од договорот може да биде неважечки ;) А во случајов се работи за предупредување дека ке се прати инспекција, доколку не се договорите поинаку со фирмата. Но тие имаат право во секој случај да пратат инспекција, затоа што тоа е начин да утврдат дали ти користиш нивни софтвер и дали истиот е легален или не. Е сега доколку софтверот е нелегален, тогаш застапникот нема што повеќе да те казнува,уценува... тогаш надлежната институција ќе си го спроведува законот(казните).
Затоа и служи предупредувањето, за да не дојде до тоа и секако застапникот да ви покаже дека постои како таков и да го продаде својот производ. А доколку инспекцијата утврди дека не користите нивни софтвер или користите легален, никому ништо.
 

sstefan

Intern
10 декември 2007
73
0
Или само тој дел од договорот може да биде неважечки ;) А во случајов се работи за предупредување дека ке се прати инспекција, доколку не се договорите поинаку со фирмата. Но тие имаат право во секој случај да пратат инспекција, затоа што тоа е начин да утврдат дали ти користиш нивни софтвер и дали истиот е легален или не. Е сега доколку софтверот е нелегален, тогаш застапникот нема што повеќе да те казнува,уценува... тогаш надлежната институција ќе си го спроведува законот(казните).
Затоа и служи предупредувањето, за да не дојде до тоа и секако застапникот да ви покаже дека постои како таков и да го продаде својот производ. А доколку инспекцијата утврди дека не користите нивни софтвер или користите легален, никому ништо.
Mnogu bitni odredbi od ova predupreduvanje se nevazecki so sto povlekuva celozna nistovnost na istoto . Inaku za neinformiranite i vo pravoto postoi etika i moral .
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Mnogu bitni odredbi od ova predupreduvanje se nevazecki so sto povlekuva celozna nistovnost na istoto . Inaku za neinformiranite i vo pravoto postoi etika i moral .
А што има во ова предупредување неетичко или неморално?
Инаку со исправка на рокот и предупредувањето ке биде сосема во ред, инаку незнам дали мора да има предупредување за надлежната институција да спроведе инспекција :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,572
Мислења
820,930
Членови
28,236
Најнов член
Bubce30
На врв Дно