1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски начин на маркетинг: Предупредувања и државни инспекторати

Дискусија во форумот 'Интернет Маркетинг' започната од D, 5 Март 2008.

  1. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Целосно се согласувам со тебе, можеби и има нешто што не е правно издржано во ова. Како непотребно тормозење,рекламирање или слично, но не знам точно.

    Инаку инспекција има право да ти прати. Инспекцијата делува или по свои информации, или по анонимна пријава, или од пријава од познато лице(во случајов).

    Инаку се согласувам и со мислењето на Андријески за праќањето предупредувања и слично на сите можни корисници.

    Не разбирам каде го гледате монополот во ситуацијава :chudenje:
    Никаде не се споменува дека мора да го користите Адобе софтверот, туку дека е можно. Тие се застапници за тој производ на оваа територија и логично е да купиш од нив или од нивни дистрибутери, но не можат да ти забранат а и не го прават тоа(треба да постои зборот мора, или само од ХСМ или слично). Исто е кога купувате автомобил, доколку сакате да купите Рено, логично е да ви се понудат тие тука, но не можат да ви забранат да го купите од Србија,на пример. За сервисот исто, сигурно нема да ви кажат сервисирај каде сакаш, туку ке се понуди себеси(без услови и слично).
     
  2. sstefan

    sstefan
    Intern

    73
    0
    10 Декември 2007
    Banzai go pocituvam tvoeto mislenje no ne se soglasuvam so nego i po malku pocnuvam da veruvam deka si vo rodninska vrska so advokatot zasto 99% od clenovite go osudija
     
  3. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    :)):)) Напишав погоре дека се согласувам, дека ова е вид на маркетинг (а незнам точно дали дозволен или не), дека не ми се допаѓа. Напишав дека има право да прати инспекција, а и логично е. Со монополот не ми е баш најјасно, не ми делува на монопол(можеби не ве разбрав). И одговорив на дел од прашањата на D, како овој проблем е утврден со правото кај нас(сеуште незнам 100% дали има право да праќа на секој корисник поединечно предупресување), а тоа што ни се такви законите, не е до мене и не зависи од мене или Пепељуговски. Инаку не го познавам човеков, и не го бранам. Туку само велам како е.

    Еве прашање за вас:

    - Дали оправдувате да се прати инспекција на фирма која се занимава со веб-дизајн за да се провери легалноста на софтверот?
     
  4. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    65
    1 Март 2007
    Да, меѓутоа тоа е сосема друга тема.
    Тоа што нас ни смета во случајов е предупредувањето и неговата содржина.
     
  5. D

    D
    Администратор

    3,250
    1,726
    31 Март 2007
    @ Banzai

    Монополот го збориме во оној дел каде што се наведува:
    вие се бавите со веб дизајн, сигурно користите фотошоп...
    ако го дефинираме монополот како пазар каде што има повеќе купувачи а само еден продавач...

    Не треба ова да се оправдува, оправдано е.. Како што и ти самиот објасни на кои начини може да дејствува инспекција.

    @ sstefan

    Лол! Па и 100% да го осудат, зошто ти да не имаш друго мислење? :)
    А и од каде таа филозофија дека ако си во роднински врски мора да браниш некого? Тој ефект у Македонија мислам дека е спротивен. :)
     
  6. TRACK

    TRACK
    Intern

    21
    0
    5 Февруари 2008
    Sekakvi ima na ovoj svet.
     
  7. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    МОЖНО е да користите фотошоп, не СИГУРНО. Голема е разликата :)
     
  8. D

    D
    Администратор

    3,250
    1,726
    31 Март 2007
    Точно. :)

    Но ете... ајде сега сите вендори на софтвер за дизајн да му испратат МОЖНО е да користиш мој софтвер ... баш во тоа можно лежи зајакот.

    Пак ке се навратам, логично неможеш да предупредиш некого на овој начин и да му дадеш рок затоа што МОЖЕБИ користи.... можеш да му дадеш МОЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, но не и ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ.. :))
     
  9. sstefan

    sstefan
    Intern

    73
    0
    10 Декември 2007
    heh na 3 strani ima prepukuvanja morav da napravam mala sala ne e na odmet neli ? pozdrav
     
  10. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    138
    10 ноември 2007
    Машко
    Не се ова препукувања, туку најкултурни дискусии и размена на мислења околу темата. ;)
     
  11. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Така е, јас еве уште еднаш велам дека не ми се допаѓа и мене ова. Но сепак нема врска со монопол.

    А можно предупредување е смешна работа :)). Предупредувањето како такво е добро, но најверојатно е подобро да е јавно, во весник да речеме и да гласи во стилот "Сите дизајн студија и останати фирми кои користат нелегален софтвер од Адобе, се советуваат да го избришат или да набават оригинал, заради заштита на интелектуалната сопственост. Постои можност за праќање на инспекција за проверка доколку не се стори горенаведеното" (отприлика, не се фаќајте за некој збор).
    Предупредување за секој поединечно е непотребно вознемирување и рекламирање, за мене. Денес малце правев муабет со мајка ми, и ми кажа дека можеби ова е и незаконски, на секого посебно да му се праќаат предупредувања, ама не ми кажа ништо конкретно.
     
  12. nin

    nin
    Intern

    13
    0
    13 Март 2008
    Мислам дека во целава приказна голема важност има и нешто што се вика заштита на интелектуална сопственост.
    Понатаму, поголемите па и средни компании во кои газдата вози мерцедес или џип а вработените што гледат во фотошоп или слично по цели денови не ја земале платата со месеци или не се пријавени, искрено да ви кажам, би сакал да може и тродупло да им се наплати софтвер...
    За домашни корисници - овде не станува збор...
     
  13. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    За заштитата на интелектуална сопственост се согласивме повеќето. Нема ништо погрешно во плаќањето на оригинал софтвер. Туку во начинот преку кој што сака да се дојде до наплата.
     
  14. nin

    nin
    Intern

    13
    0
    13 Март 2008
    Начинот веројатно е одраз на општата состојба, мислам на културата на користење легален софтвер, барем од страна на компаниите што можат да си го дозволат тоа нешто.
    Примери верувам нема потреба да спомнуваме...
    Испраќањето предупредување - верувам дека е легално бидејќи го испратил адвокат, за содржината мислам исто така, барем се надевам дека еден адвокат дури и во мк не би си дозволил вака јавно да повлече нелегален потег.
    Списокот на фирми од друга страна сигурно можел да биде и порепрезентативен и поконзистентен со оглед на тоа дека фирма која што не постои го добила предупредувањето.
    Понатаму, да, се согласувам дека станува збор за наплата ама токму тоа и треба да биде резултат од заштитата на инт. сопственост, нели...
    И за крај, се согласувам дека начинот е дискутабилен али тоа на крајот на краиштата е и право и избор и на спомнатата фирма и на адвокатот, ако тие сметаат дека така треба - нека прават така, ако има реакции верувам дека тој начин на работа нема да прејде во навика, ако некој таму размислува логично.
     
  15. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Епа токму тоа е и дискусијата, дали е ова легално или не. Содржината дефинитивно не е целосно правно точна или легална. Не смее да има рок и не смее да услови дека мора софтверот да се купи токму од таа фирма.
    А предупредувањето мислам дека не смее да биде пратено поединечно до секоја фирма која што МОЖЕБИ користи ваков софтвер. Бидејќи тоа претставува непотребно вознемирување и рекламирање.

    Повеќето адвокати ќе се обидат да го искористат твоето непознавање на правото и да си остварат свои или интереси на фирмата која ја застапуваат. Затоа немој да те чудат такви работи. А и има доста од нив кои не знаат :ua:
     
  16. nin

    nin
    Intern

    13
    0
    13 Март 2008
    срам да им е ако е така, се согласувам во потполност доколку навистина е точно тоа што го кажуваш во врска со рокот и поединечното вознемирување.
     
  17. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Со рокот е сигурно точно, а за ова второто не сум 100% сигурен.
     
  18. gb03839

    gb03839
    Intern

    1
    0
    31 Март 2008
    Objasnuvanje

    Zdravo na site,

    Gledam temava e dosta interesna pa ajde malku da razgledame sho se slucuva:

    Advokatska kancelarija "Pepeljugoski" e praven zastapnik na BSA - Business Software Alliance koja e sozdadena od pogolemi software kompanii vo svetot Adobe, Microsoft, AutoDesk, etc. etc. i koja funkcionira vo koordinacija so lokalnite vlasti, za namaluvanje na procentot na piraterija
    Advokatskata kancelarija "Pepeljugoski" dobiva nalog i sredstva direktno od Adobe vo ovoj slucaj za da sprovede anti piratska kampanja, a ne od HSMinformatika koja e regionalen distributer vo slucajov. Adobe software ne moze da se kupi online i da se registrira na firma vo Makedonija, ne postoi opcija za shipping ni pri naracka od Adobe.com za Makedonija taka shto ne moze da se nabavi online, osven ako ne se naraca Retail Box znaci software vo kutija, Adobe SW e dosta poeftin vo MKD otkolku vo EU.

    Kampanjata na BSA se sostoi vo taka nareceni Oddit Letters kade shto se izvestuvaat site potencialni korisnici na Adobe software i istite se zamoluvaat dokolku gi koristat da gi izbrishat od nivnite kompjuteri i da gi legaliziraat, BSA nemoze da predvidi koj koristi a koj ne, zatoa se prakjaat pisma i se zamoluvaat dokolku se legalni za toa da gi izvestat. Sledna aktivnost na BSA e telefonski follow up i treta faza e inspekcija so drzavni inspektori, zaplenuvanje na kompjuteri, zabrani za rabota, krivicni prijavi dokolku toa go saka lokalniot distributer vo slucajov HSMinformatika.

    Okolu makedonskiot nacin na reklamiranje bi sakal da vi kazam deka Adobe nema potreba od dopolnitelen "makedonski" marketing, proizveduvaat najprofesionalen i najsofisticiran software, ovaa kampanja nema vrska so marketing.

    Kaj nas site firmi koi se zanimavaat so DTP koristat ili Adobe ili Corel, znaci jas ne sum slusnal za firma od ovaa oblast da koristi drug software, dokolku ima takva molam za info. Firmite sekoj den profitiraat direktno od toj software taka da oni bi trebalo da se legaliziraat so nasmevki a ne da glumat ludilo deka pismoto im bilo drsko napishano oti so godini se bogatele i nikoj ne im kazal ni zbor za toa, pecatnica da raboti so nelegalen software e krajno ne professionalna rabota.


    dokolku imate dopolnitelni prashanja slobodno pishete:
    [email protected]


    pozdrav
     
  19. D

    D
    Администратор

    3,250
    1,726
    31 Март 2007
    Неможе да се купи онлајн освен ако не се нарача ретаил бокс? Зарем не е тоа еден вид купување онлајн. :)

    Доколку БСА има таква политика да испраќа писмо до сите потенцијални корисници а се организација за намалување на пиратеријата, почнувам да размислувам за создавање на организација за намалување на спамирањето...

    Но ме чуди што воопшто во писмото не е спомната БСА??

    Целосно ја разбирам потребата од информирање дека не треба да се користи нелегален софтвер, но со праќање на писма и давање рокови од 8 дена тоа неможе да се направи... преку соопштенија за јавност, треба.

    Мене лично, ми делува на еден вид маркетинг, како што потенцирав со линкот до википедиа, имам зошто и да мислам дека е.
    А за тоа дека не треба маркетинг во Македониај за Адобе, за жал не се сложувам. Јасно дека сите знаеме што е Фотошоп, Корел итн... но колку луѓе знаат за ХСМ информатика и каде сте лоцирани и каде можат да го купат?

    Се надевам ова е лично мислење а не став на ХСМ Информатика. Доколку Вие немате чуено за некоја фирма да не користи Адобе или Корел, немора да значи дека ги нема... погледнете ја листата на алтернативи што ги имам наведено, а тоа секако не се сите... Јасно ми е дека е најпопуларен и најкористен софтвер, но сепак ништо неможе да се тврди туку така.

    Точно дека е непрофесионално а и против законски да се користи нелегален софтвер, но луѓето знаат да бидат дрски зар не?


    Ценам што одвои време да се регистрираш на форумот и да објасниш неколку работи, но мислам дека во темава повеќе е потребно објаснување од правен аспект (пр. адвокатот) зошто испратил писмо со рок, и да се објаснат детали за содржината на писмото и слично.
     
    На Ilija Milcinoski му/ѝ се допаѓа ова.
  20. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    675
    143
    10 Мај 2007
    Значи, сепак доаѓаме до заклучок дека самото предупредување се темели на <cough>спам</cough> маркетинг на одредена македонска компанија која е локален дистрибутер на самиот софтвер на Adobe со сумљива правна поткрепа (која губи од својата сериозност, бидејки вклучува маркетинг) кое доколку јас лично кога би го добил би го игнорирал како што ги игнорирам и рекламите за виагра.Остани поздравен ;)
     
  21. Ilija Milcinoski

    Ilija Milcinoski
    Intern

    42
    12
    14 Декември 2014
    Машко
    А што исто државни институции користат пиратски верзии кој нив ќе ги казни што користат пиратерија што не појде тој Пепљуговски да ги казни нив што не користат легален софтвер инаку се согласувам дека ова е парцијално казнување за тебе инспекции а за другите нема казна
     
    Последна промена: 24 Февруари 2020
  22. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,361
    7,341
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Честитки, само што одговори на тема стара 12 години...
    Тој Пепељуговски можда е и во пензија више.
     
    На mrkela2009, krema, xhktw и уште 2 други им се допаѓа ова.
  23. Ilija Milcinoski

    Ilija Milcinoski
    Intern

    42
    12
    14 Декември 2014
    Машко
    Не ни проверив дека е темава е стара ok then
     
  24. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    675
    143
    10 Мај 2007
    Постара од форумот е. Импортирана беше темава на инсталација на форумот.
     
  25. gamon

    gamon
    On your way to fame

    506
    506
    15 Септември 2014
    bekrija
    бриши
     
    Последна промена: 24 Февруари 2020

Сподели

Вчитување...