1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски начин на маркетинг: Предупредувања и државни инспекторати

Дискусија во форумот 'Интернет Маркетинг' започната од D, 5 Март 2008.

  1. sstefan

    sstefan
    Intern

    73
    0
    10 Декември 2007
    neeticko e toa sto vo predupreduvanjeto se veli deka mozebi koristat takov software a mozebi i ne ( predupreduvanja ne mozat da se sveduvaat na pretpostavki ) . A nemoralno e poradi toa sto celata sodrzina e so golema doza na arogancija bez nikakva profesionalnost i so cel za licna pridobivka a ne za zastita na avtorski prava ( inaku za da ne nastane zabuna licna pridobivka i zastita na avtorski prava se dva sosema razlicni poima ) .
     
  2. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    @sstefan Што си по професија?

    Ова за неморалното ти е сосема неточно. Во предупредувањето се вели доколку немаш легален софтвер можеш да страдаш, купи си од кај нас и нема ни да ти пратиме инспекција(карикирам). Е сега доколку корисникот не одговори на предупредувањето (дали дека му е гајле, или има веќе легален, или пак не ни користи таков, а не му пречи ако дојде инспекција) застапникот има право да повика инспекција кај корисникот заради сомневање(не може да знае точно).
    Логиката на застапникот е подобро е јас да му кажам дека ќе има инспекција, и да му се понудам да ја избегне истата или успешно да ја помине. Јазикот на кој е напишано предупредувањево е правнички, а тој е строг и прецизен, можеби затоа ви делува дрско. Таму нема многу лигавење, молење. Повторувам дека единствените спорни работи се рокот и барањето да се купи од кај нив. Ова второво и не е толку важно, затоа што ако имаш легален софтвер од друго место набавен, немаш гајле. Тие никаде не те условуваат дека ако не купиш од кај нив ке ти пратат инспекција, туку се нудат без да ги спомнат другите опции.
    А предупредувањето секако дека може да се спроведе на основано сомневање(претпоставка).
     
  3. IT member

    IT member
    Intern

    274
    1
    21 Декември 2007
    Mislam deka vo nasata drzava se uste ne moze da se odgovori na ovoj slucaj, nema takov zakon ili pravo...:S, pa i zatoa bi se nafatil nekoj na vakva neprofesionalna rabota- ucena. :)
     
  4. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Ова е дозволено средство. Ставете се на местото на застапникот, како ке го заштитите својот производ? Се додека не постоеше претставник на Windows во Македонија, или не беше активен, сеедно, повеќето фирми користеа пиратски верзии. Сега работите се променети, особено кај поголемите фирми. А како мислите дека дошло до тоа? Секако дека застапникот ги информирал дека постои, и дека ке превземе мерки доколку не се среди работата.

    Занемрате го фактот дека морате да купите само од една фирма. Тоа не можат да ви го наметнат во случајов.
     
  5. D

    D
    Администратор

    3,250
    1,726
    31 Март 2007
    Точно, но не е баш етички вака да се настапи во еден бизнис... Како што кажав во првиот пост, ова е еден од најпознатите маркетинг трикови кои политичарите и компаниите го користат - дејствувајте на сетилата на несигурност и страв. Ѕирнете го линкот од Википедиа.

    Многу е јасно дека во овој случај не се работи за заштита на производот, туку за зголемување на продажбите, ХСМ и Пепељугоски се имаат издадено за својата намера со текстот:
    "да го избришете софтверот од вашите компјутери и да набавите легален софтвер од овластениот дистрибутер"

    Точно.

    Повторно точно.... агенциите морале да реагираат откако Микрософт во овој случај, ги известил дека има сомнение дека фирмите користат нелегален софтвер... ако не превземале нешто, Микрософт Македонија ќе ја пријави Македонија како земја која поддржува илегален софтвер и пиратерија и ќе завршиме на некоја "топ листа" која ќе ги брка инвеститорите и бизнисмените.

    Но во случајот на Микрософт, според мое знаење инспекциите имаат идено и регулирано, а не тие самите да праќаат предупредување до секоја фирма која можеби користи нивен софтвер... фирмата за која станува збор е мала фирма а ете и пример со фирма која веќе и не постои... Значи очигледно е дека некој листал директориуми или златни книги и запишувал адреси.

    Лично, јас ова би го нарекол очаен обид за извршување на притисок и правење пари. Па подобро би било да се направи некоја промоција со некои наградни игри него на ова да се трошат време и пари.

    Највеќе што ме збуни беше рокот... а и исто така Банзаи, дали треба да биде наведено од каде ве имаат најдено? Мислам онака како образложение дека имаме селектирано неколку дизајн студиа и итн.. или тоа немора да се наведе?

    Тенкс.. :)
     
    На Ilija Milcinoski му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    65
    1 Март 2007
    Во случајов е искористена листа на фирми кои се занимаваат со дејност која би можела да вклучи користење на Adobe програми, а тука има многу непознати.

    Ако сум јас дизајнерска фирма која знам и за Adobe CS3, знам кај да го набавам и си користам некој сосема трет софтвер (на пример ZBrush), нели е сево ова реклама за која јас не сум се согласил да ја добивам? Што ми е мене гајле за проблемите со пиратеријата на една компанија? И најважно прашање, дали ова се практикува на запад?????

    Во писмото се наведени конкретни програми и компанија која ги продава, наведено е и тоа дека такви програми би можела да користи компанијата до која писмото е упатено што автоматски го претвора целото писмо во реклама.

    Би сфатил да добијам писмо од надлежни органи за борба против пиратерија, еве нека се и адвокати, во која ќе бидам предупреден за тоа дека несмеам да користам нелегални програми во областа која работам, ама листање на програми и име+адреса на компанија која ги продава е премногу лигаво.
    Банзаи погоре кажа дека правниот јазик е строг и прецизен. Ако е така, непотребните елементи како листа на програми и име на компанија заедно со нејзината адреса практично се вишок.

    Колку што сум упатен, да се случеше ова на запад, сигурно ќе имаше основ горенаведената компанија да се тужи и некој да ги сноси последиците. За кај нас, немам поим ама тешко, дури и да има нашите судови и судскиот систем смрдат, така да ништо.
     
  7. D

    D
    Администратор

    3,250
    1,726
    31 Март 2007
    @ Andrijeski

    Целосно се согласувам.
     
  8. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Тоа е начинот, Микрософт е пример. Секако дека нема никој, особено кај нас, да стави легален софтвер дека го замолиле или дека не е фер. Ако нема казна, речиси се би било нелегално.

    Забелешката ти е на место, по правилно би било да го пишува ова и плус "Или само да го избришете или пак да си набавите друг софтвер" (што секој трговец намерно ќе заборави да го спомене). Заштитата на производот оди заедно со продажбата. Микрософт сигурно не им рекол на корисниците ставете си Линукс. Туку купете лиценциран Windows.

    Микрософт е многу поголема фирма, па истапи мислам со прес конференција и таму јавно соопшти и предупреди. Пристапот и беше поразличен и доста поскап. А иначе јасно е дека Микрософт ги пратил инспекциите, само целта им била да се проконтролираат големите фирми, и трговците со софтвер. Таму се главните пари. Самото тоа што до тогаш инспекцијата воопшто не се грижела за ова прашање е потврда дека Микрософт е одговорниот.

    Мислам дека нема потреба.
     
  9. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    А како ќе знае ХСМ кој софтвер ти го користиш? Затоа и ти праќа предупредување, па и инспекција. Сигурно кога се регистрира фирма за дизајн не се запишува што се користи, па ХСМ да злоупотреби и да праќа на некој што користи нешто трето. Постои можност ти да си корисник на истата и затоа те известува, а не известува на пример фирма за сокови :) Повторно ке го спомна Микрософт, дали мислите дека е правена инспекција само во фирмите кои го користат Windows? Не може да знае однапред која фирма што користи, освен ако не е на некој друг начин запишано.

    Секако дека има маркетинг во предупредувањево. Направен е на доста очигледен начин. Инаку секако дека е потребно да се спомене името на фирмата застапник како и производите кои ги заштитува. А друго е ако се фалени или пак се навлегува во нивните карактеристики...

    За нашите судови и нашата држава не коментирам :ua:
     
  10. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    65
    1 Март 2007
    Сакаш да кажеш дека сите фирми што произведуваат некаков софтвер имаат право да ми праќаат предупредување за користење нелегален софтвер дома и да ги листаат програмите кои ги произведуваат со адреса и контакт кај можам да ги купам, само затоа што сум регистриран некаде како корисник на компјутер?

    Ако смеат, под итно треба да се воведе закон против тоа.

    Во случајов и Adobe се наметнува што укажува на еден вид монопол. Немора да значи ако некој дизајнира веб страници дека користи Adobe. И бидејќи го спомнавте Microsoft, токму тој по втор пат, пред само неколку дена беше казнет од европската унија (не ја знам точната сума ама беше над 1 милијарда евра).
     
    На Ilija Milcinoski му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Едно е правно, а друго е физичко лице :D. Фирма vs Човек
     
  12. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Не се наметнува воопшто. Не ти вели дека мораш да купиш Адобе. Туку доколку имаш Адобе, а не ти е легален, дека треба да купиш оригинал. Намерно не спомнуваат други опции, пред се безплатните, затоа што не им е во интерес. Но не значи дека може и дека ти забранува да користиш нешто такво.
    Инаку Мајкрософт ги казнија за монопол, не дека бараат да се користи легален Виндоуз :)
     
  13. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    65
    1 Март 2007
    Сеедно, еве во примерот што го наведов, може да се каже дека сум фирма. Неверувам дека има некоја разлика, се работи за нелегално користење софтвер, тоа не важи само за фирми, не?

    Еве уште еден пример/прашање:
    Ако јас изработам некој програм, го пуштам во употреба за одредена сума, смеам да им праќам предупредувања на сите фирми за кои лично сметам дека би можеле да го користат истиот и во предупредувањето да го наведам името на мојата програма, компанијата која го продава софтверот заедно со адреса и контакт на истата? И ова според тебе е сепак етички?

    Баш интересно. Епа програмери, трк до книжарница по пликови и хартија.
     
  14. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Најмал проблем е да пратиш писмо до сите, или mail. Spam
    Прочитајте го законот за заштита на конкуренција и ќе видите како е тоа уредено кај нас.
     
  15. D

    D
    Администратор

    3,250
    1,726
    31 Март 2007
    Сега дефинитивно одам на страната на Андријески по изнесување на овие работи.

    Веб страни неможе да се изработуваат само со Адобе или Корел производи... неможе сега некој да развие некој емаил клиент и да испрати на сите фирми кои имаат веб страна и емаил истакнато дека не смеат нелегално да го користат неговиот производ... Нема баш основ за вакво предупредување кажано со таков тон. Во овој случај, има ХСМ и адвокатот своја веб страна, можат да платат оглас во медиум и да истакнат јавно известување... но да удараат вака на сегментирани групи... не може. Микрософт испраќа барање до владини органи со барање да испратат инспекции, а не праќаат тие самите предупредувања. Во овој случај, додека ХСМ се сомнева, требало да испрати апел до правните органи.. а не сами тие да се закануваат на тој начин.

    Според овие долунаведени факти мислам дека за џабе се тормозат луѓето и ова слободно може да се смета како несакана комуникација и може согласно законот за комуникации да се поднесе тужба.
     
  16. D

    D
    Администратор

    3,250
    1,726
    31 Март 2007
    А законот за комуникации што вели? :)

    П.С. Ме радува тоа што темава произлезе со многу различни ставови и стварно има што да се прочита и научи. Keep it coming...
     
  17. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Не постои закон за комуникации, ако мислиш на спам и слично. Можеби постои закон, но со друго име :).
    Еве сега читам закони за темава, ама ми паѓа концентрацијава.

    Предупредување не е закана, лошо сте сватиле. Дали тебе како на фирма што користи Адобе пиратска верзија ти е подобро да те предупредат дека може да ти дојде инспекција и да те казни, а тоа ти остава време и простор да реагираш(купиш лиценциран, купиш друг) или пак само да ти дојде и да те казни, па после да правиш што ке правиш?
     
  18. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    138
    10 ноември 2007
    Машко
  19. D

    D
    Администратор

    3,250
    1,726
    31 Март 2007
    Добро можеби мислиш на тоа што го препуштив "електронски."
    Немам време сега да го разгледувам законот, но го имам читано порано и знам дека има закон за СПАМ и несакана електронска комуникација... а чим има за електронска, логично е да има и за обична комуникација...
    http://62.162.36.2/mtc/_webadmin/uploaded/Zakon_za_elektronski_komunikacii_2005.pdf


    Сепак мислам дека јавно соопштение би ја завршила оваа работа, а не малтретирање на луѓето поединечно.
     
  20. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    Точно, моја грешка, погрешно разбрав :) Инаку нема за обична комуникација :)
    Барам нешто од прееска, ама очигледно ќе си легнам, па утре ке продолжам :spie3:
     
  21. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    138
    10 ноември 2007
    Машко
  22. Banzai

    Banzai
    Intern

    637
    8
    3 Март 2008
    www.pravo.org.mk

    Ги има сите закони, иначе барам во друг закон каде е најубаво ова објаснето. Не го читајте овој за конкуренција, мора да има некаде попрецизно
     
  23. reng

    reng
    Intern

    683
    19
    13 Август 2007
    А што ако компанијата користи и друг нелегален софтвер како самиот оперативен систем и ред други апликации. Како ќе утврдат дека е нелегален кога немора да се поседува инсталационо цд од истиот. Може е кракувана верзијата и што исто како да користиш оргинал само што оргиналните дискови ги немаш бидејќи си ги симнал од интернет. И кажете ми еве за Windows постои на интернет да се провери валидноста, ама за другите не. Што значи луѓето нашле нов начин да заработат, само тешко на овој начин сигурно попрво ќе се инсталираат бесплатни верзии.
    Треба може некој да им се јави на фирмата за која се застапници овие кај нас. Да им се каже дека се злоупотребува нивната лиценца со тоа што со уцени сака да се придобијат клиенти што е крајно спротивно според секаква маркетинг теорија. Доколку некој е уценет тој никогаш нема да сака да го користи нивниот софтвер, бидејќи истите не се монопол на пазаров.
     
  24. sstefan

    sstefan
    Intern

    73
    0
    10 Декември 2007
    Najgolema ironija vo celiot slucaj e ako se pogledne na koja tema magistriral .
     
  25. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    65
    1 Март 2007
    lol good one :))
     

Сподели

Вчитување...