D
Администратор
На мое огромно изненадување, од пријател кој се бави со дигитален дизајн бев известен дека му има стигнато предупредување во врска со софтверот кој МОЖЕБИ го користи.
Побарав да ми го скенира и да видам за што се работи... и искрено, откако го прочитав стварно не ми се веруваше дека некој има храброст да направи вакво нешто.
Еве за што конкретно се работи:
Страна 1:
Страна 2:
Не знам врз која основа е направено ова, но јасно се гледа дека е искористено како еден вид на "маркетинг алатка."
На "умот" позади ова очигледно му се јасни основните концепти на маркетинг и знае како правилното таргетирање на сетилото за страв на потрошувачите може многу лесно да влијае на нивната одлука при купување на продукт, па до максимум го користи осетот за страв и несигурност за да ја пренесе својата порака... За ваквите методи кои за жал се користени секаде, читајте повеќе тука.
Што е погрешно во ова Официјално Предупредување:
1. Адвокатската канцеларија ниту ХСМ Информатика не знаат каков софтвер користи дизајн компанијата до која е упатено ова. Велат дека заради "природата на работата на вашата компанија, односно дејноста со која се занимавате, повеќе од потребно е да ги користите софтверските пакети на Adobe..."
А што ако користат слободен софтвер алтернативи на горенаведените апликации??? Како на пример: Paint.NET 3.20, CinePaint 0.22, Krita 1.6.1, Gimp 2.4, Seashore 0.1.9, Archimedes 0.52.0, Blender 2.45, Imgv 3.1.5, Kino 1.3, KToon 0.8, OpenOffice Draw 2.2, Skencil 0.6.17 и многу други...
2. Истакнуваат "Ве повикуваме доколку користите нелегален софтвер од компаниите Adobe и Corel да го избришете софтверот од вашите компјутери и да набавите легален софтвер од овластениот дистрибутер на Adobe и Corel за територија на Република Македонија, компанијата ХСМ Информатика..."
Значи со зборчето "доколку" јасно истакнуваат дека компанијата може а и немора да користи нелегален софтвер, но тие сепак ја предупредуваат... Тие исто така повикуваат дека треба софтверот да го купите од ХСМ... а што ако го купите од некој друг овластен дистрибутер а и немора од Македонија? Можеби онлајн ке го купи некој од каде обврската да мора од ХСМ??
3. Во вториот дел од текстот истакнуваат "Во спротивно, заради проверка на легалноста на Adobe софтверот кој го користите во рамки на вашето работење ќе бидеме приморани да го известиме Државниот пазарен инспекторат и Министерството за Внатрешни работи за истите да превземат дејствија во рамките на своите надлежности, односно да спроведат инспекциски надзор во вашата компанија."
Од каде се сигурни дека го користат софтверот на Адобе за да претат со инспекции, па без никаков сомнеж се искористени зборовите "ќе бидеме приморани"?
4. И покрај тоа што не се сигурни дека е користен тој софтвер, и дека огромна е веројатноста фирмите до кои е пратено ова да се пронаоѓани преку Златна книга или сл. тие даваат 8 дена рок ЗА ДА НАБАВИТЕ легален софтвер од ХСМ... значи не апелираат да се избрише доколку е користен, туку буквално сфатено и предупредуваат дека мора да набавите во рок од 8 дена од ХСМ...
Сето ова е само еден арогантен, непромислен и непрофесионален начин за привлекување внимание и обиди за зголемување на продажби.