Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Буразери. Шо е работа со овај инвертер Самсунг а прилично ефтина цена? Слаб, ефтин модел или можеби чистење на залиха? Или едноставно Самсунг во клими не е на рамниште на Мицубиши, Тошиба?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235

Можеби не е на рамниште со наведените брендови но јас би го избрал овој модел над VIVAX AERI на пример пошто се скоро иста цена.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Буразери. Шо е работа со овај инвертер Самсунг а прилично ефтина цена? Слаб, ефтин модел или можеби чистење на залиха? Или едноставно Самсунг во клими не е на рамниште на Мицубиши, Тошиба?
Колку пари - толку музика. Во случајов и многу пари за тие перформанси.
 
10 јули 2020
41
29
Прочитав на друг наш форум, дека некој искусен монтер советувал да не се преместува клима од едно на друго место. Никогаш нема пак добро како при првото монтирање да работела. Бидејќи прв пат вакво нешто читам- слушам, а не сум од струката, би прашал дали е вистина ?
Имам потреба од преместување на друго место !
А тоа значи дека не смее и да се направи ново монтирање со посаглам апаратура , посебно ако не е правено вакумирање првиот пат. Или ако течел фреон, ако се поправа, никогаш нема ( фабрички) добро да работи ??
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Прочитав на друг наш форум, дека некој искусен монтер советувал да не се преместува клима од едно на друго место. Никогаш нема пак добро како при првото монтирање да работела. Бидејќи прв пат вакво нешто читам- слушам, а не сум од струката, би прашал дали е вистина ?
Не е вистина. Доколку правилно се демонтира и монтира, односно не ја монтира монтерот што дели такви совети, нема да има никаква разлика во работата.
 
nikuchun

read-only
23 јули 2019
14
10
Прочитав на друг наш форум, дека некој искусен монтер советувал да не се преместува клима од едно на друго место. Никогаш нема пак добро како при првото монтирање да работела. Бидејќи прв пат вакво нешто читам- слушам, а не сум од струката, би прашал дали е вистина ?
Имам потреба од преместување на друго место !
А тоа значи дека не смее и да се направи ново монтирање со посаглам апаратура , посебно ако не е правено вакумирање првиот пат. Или ако течел фреон, ако се поправа, никогаш нема ( фабрички) добро да работи ??

Najgolem problem kajnas e toa sto nema salam monteri da ja montiraat kako sto treba prviot pat, a ne pak nekoj nareden pat, ubavo ti kaza moongose deka nema da ima nikakov problem dokolku seto toa se izvede kako sto treba demontaza i montaza.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Прочитав на друг наш форум, дека некој искусен монтер советувал да не се преместува клима од едно на друго место. Никогаш нема пак добро како при првото монтирање да работела. Бидејќи прв пат вакво нешто читам- слушам, а не сум од струката, би прашал дали е вистина ?
Имам потреба од преместување на друго место !
А тоа значи дека не смее и да се направи ново монтирање со посаглам апаратура , посебно ако не е правено вакумирање првиот пат. Или ако течел фреон, ако се поправа, никогаш нема ( фабрички) добро да работи ??

Во пракса ова е неточно (ќе се навратам и на теоријата), плус твојата дилема веројатно произлегува од потреба за инсталирање на значително подобра клима - што значи одлуката за промена е очигледно веќе направена.

Теоријата е дека најдобро е клима да се инсталира по сите правила и така да се користи до крајот на работниот век. Точно, но внимателна демонтажа и правилна (исто внимателна монтажа) ќе резултира со ситуација 99.99% блиска до почетната (идеална) ситуација... Следствено, во пракса (и накратко) најди си добри сервисери/монтери, заврши си работа, и не се замарај премногу. :)
 
10 јули 2020
41
29
PANASONIC CU-E12CKP5 од 2004-та , монтирана на надворешен ѕид од балкон. Север (сонце сиромашкиот не видел).

Прво вклучување во 9:45 наутро, во не греен стан.
Надворешна температура 11 Целзиус
Усис на внатрешна 19 Целзиус
Поставена - Аутофан на 21 Целзиус.
После 2 мин. од вклучување :
На излез кај перка 52, после 49-50 Целзиус
На еден метар од крилца 33 Целзиус
Повлече 1530 вати, после одржува 840-750 вати,
Простор 30 м2, строг север, два надворешни ѕида, балкон, прозори ПВЦ профил- термопан 10 м2,средно изолиран, стан во зграда.
Попладне после 17 часот одржуваше на околу 280 вати.
Добар монтер- мајстор, му благодарам.

Последните две слики се оригинални држачи за надворешна единица за на под - постоље. Туѓо искуство
 
Атачменти

  • IMG_20201010_095844.jpg
    IMG_20201010_095844.jpg
    1,1 MB · Прегледи: 58
  • IMG_20201010_100621.jpg
    IMG_20201010_100621.jpg
    894,7 KB · Прегледи: 58
  • IMG_20201010_231055.jpg
    IMG_20201010_231055.jpg
    759,9 KB · Прегледи: 62
  • IMG_20200709_102141.jpg
    IMG_20200709_102141.jpg
    1,5 MB · Прегледи: 68
  • IMG_20200703_081313.jpg
    IMG_20200703_081313.jpg
    4,7 MB · Прегледи: 66
  • IMG_20200606_101730.jpg
    IMG_20200606_101730.jpg
    1 MB · Прегледи: 68
  • EKSPLNE.jpg
    EKSPLNE.jpg
    723,3 KB · Прегледи: 71
  • zFXEiyW.jpg
    zFXEiyW.jpg
    4,4 MB · Прегледи: 73
Последна промена:

Stole Macukov

read-only
14 септември 2014
11
3
Здраво друштво салон од 30 м2 за греење која инвертер клима би препорачале, буџет да кажеме 35.000 - 40.000
vs

Како овие две ги издвојувам, што мислите за нив или има подобар избор за овој буџет. Незнам колку е релевантен податокот за Haier Tundra максимален капацитет на греење 6000 W наспроти 4800 W на Даикин-от?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Прочитав на друг наш форум, дека некој искусен монтер советувал да не се преместува клима од едно на друго место. Никогаш нема пак добро како при првото монтирање да работела. Бидејќи прв пат вакво нешто читам- слушам, а не сум од струката, би прашал дали е вистина ?
Имам потреба од преместување на друго место !
А тоа значи дека не смее и да се направи ново монтирање со посаглам апаратура , посебно ако не е правено вакумирање првиот пат. Или ако течел фреон, ако се поправа, никогаш нема ( фабрички) добро да работи ??
Си има точна процедура за евакуација на фреонот. Се пушта на ладење и мајсторот го затвора вентилот на надворешната единица постепено. Некои ова го прават по слух, некои со манометар. Потоа климата веднаш се гасни и се пристапува кон демонтажа.

Ако се преместува тогаш е препорачливо да се стават други цевки затоа што многу ретко може да се погоди старите цевки да пасуваат на новото место а при тоа да нема потреба да се довиткуваат или одвиткуваат.
Јас на сите им препорачувам да стават нови цевки при физичко преместување.

Ако се задржуваат старите цевки а се демонтирале цевките на местото каде што велгуваат во надворешната единица (на холендарите) тогаш повторно без искључок треба да се оформи таа трубичката (не знам наш израз за ова, енглезие викаат flaring)
Ова е вака затоа што при иницијалното затегање (првиот пат) бакарот се сплескува, се компримира од притисокот и така твори непропусливост. Ако не се направи ова при повторно ставање постои можност од губење на фреон.

Велам дека треба затоа што е подобро да се отсечат 2-3 сантиметри од цевката отколку да се претпоставува.

При менување на клима со друг бренд или при преминување од клима со еден тип фреон на друг тогаш задолжително треба и мора да се променат цевките заради маслото кое се наталожило по ѕидовите и кое може да предизвика деградација или хемиска реакција со друг тип на масло.

Има производители кои „дозволуваат“ премин со старата инсталација од R410 на R32 но сепак сигурно си е сигурно.
 
Ти благодарам
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.492
2.941
Здраво друштво салон од 30 м2 за греење која инвертер клима би препорачале, буџет да кажеме 35.000 - 40.000
vs

Како овие две ги издвојувам, што мислите за нив или има подобар избор за овој буџет. Незнам колку е релевантен податокот за Haier Tundra максимален капацитет на греење 6000 W наспроти 4800 W на Даикин-от?
Јас би ти препорачал Даикин да си си земиш.
Ама ако немаш изолација, земи ја Тундрата на Хајер, имаш снага дури и вишок (ама рачунај дека ќе арчи поќе).
 
10 јули 2020
41
29
Здраво друштво салон од 30 м2 за греење која инвертер клима би препорачале, буџет да кажеме 35.000 - 40.000
vs

Како овие две ги издвојувам, што мислите за нив или има подобар избор за овој буџет. Незнам колку е релевантен податокот за Haier Tundra максимален капацитет на греење 6000 W наспроти 4800 W на Даикин-от?

Ако мислиш за Хајер види ја и оваа
Хајер Флексис 35
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
kaj ги набавувате овие мерачиве ? кој знае што праат овие од евн, не су прибран дома 3500(летово). Или па сушарана да влечит многу, али тоа е др тема...
 
Јас од Анхоч, а многу членови и од Алиекспрес
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.492
2.941
kaj ги набавувате овие мерачиве ? кој знае што праат овие од евн, не су прибран дома 3500(летово). Или па сушарана да влечит многу, али тоа е др тема...
EVN растурија со пишвање паушали (знам од моите сметки).
Провери си на струјомер состојба со потрошувачка, и ако бројките во сметката се даааалеку повисоки од бројките на потрошени киловати на струјомеро дома, јави се на хотлајн во EVN и речи му да ти ја ажурираат состојбата со реалната....и со тоа ќе ти изработат друга сметка, па таа ќе си ја платиш (ова се разбира ако не се јавиш ептен на крајниот рок за плаќање што ти е писан на сметката).
Јас летово во два различни месеци се јавував, за две сметки паушално натпишани, па ги корегираа.
 
x_X_x^^

read-only
10 април 2016
3
2
Здраво дечки,

Гледам има многу члениви на форумов кои се експерти за клима усреди па би ве замолил доколку некој може да одвои кратко време и да ми помогне да изберам инвертер клима уред.

Се работи за салон од 50 метри квадратни со внатрешна изолација под гипс картон и солидна дрвена столарија, висина 255, локација Крива Паланка.

Буџет 60000 + монтажа.

Ви благодарам.
 
Misko6000

user
5 април 2015
1.128
1.003

Зошто да троши на нивниот хотлајн кога може да си креира акаунт и таму да си пријавува секој месец.

Sent from my MIX 2S using Tapatalk
 
3 ноември 2012
868
1.896
Area 51
Трајче Дрварчето's setup  
Processor & Cooler
Intel 8088, 4.77MHz
Storage
dual 160KB 5.25-inch disk drives and 10 MB HDD
RAM
16K on-board RAM
Video card
Monochrome Display Adapter
Audio
1-channel PWM
Monitor
IBM 3270
OS
PC-DOS v1.0
Зошто да троши на нивниот хотлајн кога може да си креира акаунт и таму да си пријавува секој месец.

Sent from my MIX 2S using Tapatalk
Бреј ама сте се уплашиле од јавување по телефон :)
Ај што заборајвме да пишиме со молив, уште малку и ќе онемиме.
Абе јави се, ќе се јави некоја тетка од партија, па нема да се разберите на прво, па пак ќе се јавиш, па друга операторка... со третата можеби ќе се најди решението... :)
Вербална комуникација е права ствар за гаење на општонародни односи и употреба на народни умотворби, таканаречени пцовки и останати навреди :)
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.492
2.941
Зошто да троши на нивниот хотлајн кога може да си креира акаунт и таму да си пријавува секој месец.

Sent from my MIX 2S using Tapatalk
Хотлајн бројо е бесплатен, нема да троши.
Ако пријавува онлајн, треба да го стори тоа барем 7 дена пред датумот што е пишан во сметката како краен датум од пресметковниот период (од-до).
 
Misko6000

user
5 април 2015
1.128
1.003
Хотлајн бројо е бесплатен, нема да троши.
Ако пријавува онлајн, треба да го стори тоа барем 7 дена пред датумот што е пишан во сметката како краен датум од пресметковниот период (од-до).
0890 не ќе да е бес Платно

Sent from my MIX 2S using Tapatalk
 
Stole Macukov

read-only
14 септември 2014
11
3
Здраво дечки,

Гледам има многу члениви на форумов кои се експерти за клима усреди па би ве замолил доколку некој може да одвои кратко време и да ми помогне да изберам инвертер клима уред.

Се работи за салон од 50 метри квадратни со внатрешна изолација под гипс картон и солидна дрвена столарија, висина 255, локација Крива Паланка.

Буџет 60000 + монтажа.

Ви благодарам.

Јас имам Даикин ftxf50a

Климата е навистина врв за 50м2 отворен салон ќе стоплува многу брзо. Јас сум презадоволен
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно