• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

10 јули 2020
14
12
Јас имам Даикин ftxf50a

Климата е навистина врв за 50м2 отворен салон ќе стоплува многу брзо. Јас сум презадоволен
Те поздравувам, дали би сакал да напишеш во каков изолиран простор затоплува, која е ориентација Север-Југ на собата. Со која брзина дува, на која температура ја ставаш, колку троши.
Ти благодарам.
 

Stole Macukov

Intern
14 септември 2014
9
3
Те поздравувам, дали би сакал да напишеш во каков изолиран простор затоплува, која е ориентација Север-Југ на собата. Со која брзина дува, на која температура ја ставаш, колку троши.
Ти благодарам.
Друже имаш стронг копче на далечинското и дува навистина јако, на 7 метри од климата го чувствуваш воздухот дека те дува, а воздухот е многу топол. Просторот има изолација 5цм стиропор, надворешната единица е према запад. Ако ја ставам на температура 30степени не се седи, обично е на 26 бидејќи сакаме спалните да се на 22 степени. Потрошувачката има во минатите страни точни мерења, јас плаќам лето струја 2000ден, зима 4500, 80м2 простор со две спални,
 
10 јули 2020
14
12
Последна промена:

FLEGMA

Epic
2 август 2012
8,969
13,517
Само да додадам дека треба да се биде екстремно внимателен кога се ракува со перката.

Во огромен број на случаи истата е изработена од многу кршлива пластика или нешто налик на бакелит кој е кршлив исто како порцелан.

Нормално, има и метални но поновите, особено на кинеските, се од пластика.



За чистење жешка вода "рака да трпи" (околу 55~ степени) со млаз, без акробации со хемикалии и без употреба на оштри абразиви.



На десната страна каде што се става на моторот има набиено гума/дампер која не смее да се оштети (арис, деграс и останата екипа нема што да бараат тука)



На левата страна има осовина која е залепена и идеално центрирана плус многу прецизно изработена.

Да не се потпира на таа страна за време на миење.



Лагерот/синтерот кој е поставен во гума и кој е на левата страна да не се подмачкува со масти базирани на нафта (вазелин, литиумска маст, тефлон комбиниран со наведените итн)



Во предвид доаѓа само Силиконска маст, маст за подмачкување на машини во прехранбена индустрија)

Или едноставно не го подмачкувајте ако стои фабричката маст.
 

SarevD

Gaining Experience
20 јануари 2010
51
55
10 јули 2020
14
12
Додека не ти одговорат постручните и поискусните.
Мене ова што го пиша ми е " невозможна мисија ".
Можда- можда, Грее Амбер 18-ка би можела да биде приближно решение, ако просторот е без прегради, со одлична изолација, и да не спиеш во таа просторија( поради шумот ) на една 18-ка. Ама рачунај под -5 Целзиуса, би трошела помеѓу 2,5 и 3,5 кв.
Ова многу ориентационо го пишав, во случај да не добиеш постручен одговор.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
8,969
13,517
Здраво друштво за спрат од куќа 70 м2 за греење која инвертер клима би ја препорачале, буџет макс до 75к со монтажа.

Разгледував нешто од типот на:
- HAIER TUNDRA GREEN AS68TEBHRA-CL/1U68REFFRA по супер цена од 55.990 ден.
- GREE AMBER -30 GWH18YE-S6DBA1B по супер цена од 69.990 ден.
Прво пиши дали имаш изолација и PVC дограма. И кога сме веќе тука за 70.000 за Gree Amber е цена на бренд јапонска клима од рангот на Тошиба, Митсубиши, Даикин..
Во таа територија е влезен Gree. Во територијата на одлични..

Згора на се Eurovent покажа дека бројките од -15 и -30 се мисловна именка за Gree. Или да скратам: Gree лажат.
 

vlatko175

Gaining Experience
15 јули 2008
272
104
Здраво, дали некој има искуство да сподели од дотичниов модел, импресии лоши/добри ....
би oдела во комбинација со 2 внатрешни
1. ACP-09CH25AERI R32
2. ACP-12CH35AERI R32

www.vivax.com

Vivax VIVAX COOL, klima ur.multi, ACP-21COFM60AERI R32, vanjska jedinica
Vivax VIVAX COOL, klima ur.multi, ACP-21COFM60AERI R32, vanjska jedinica
 

civikom

Gaining Experience
17 декември 2011
191
173
Здраво друштво за спрат од куќа 70 м2 за греење која инвертер клима би ја препорачале, буџет макс до 75к со монтажа.

Разгледував нешто од типот на:
- HAIER TUNDRA GREEN AS68TEBHRA-CL/1U68REFFRA по супер цена од 55.990 ден.
- GREE AMBER -30 GWH18YE-S6DBA1B по супер цена од 69.990 ден.
Спратот од куќата дали ти е цел отворен простор од 70м2 или имаш посебни соби?



Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
 

bajramo

Gaining Experience
25 јуни 2008
489
290
Прво пиши дали имаш изолација и PVC дограма. И кога сме веќе тука за 70.000 за Gree Amber е цена на бренд јапонска клима од рангот на Тошиба, Митсубиши, Даикин..
Во таа територија е влезен Gree. Во територијата на одлични..

Згора на се Eurovent покажа дека бројките од -15 и -30 се мисловна именка за Gree. Или да скратам: Gree лажат.
Линк од тестовите на Грее од Еуровент може да ми пратиш?
 

civikom

Gaining Experience
17 декември 2011
191
173
Има посебни соби, за во ходник ми е климата
А мислиш дека ако ја ставиш климата во ходник сите соби ќе ти грее?

Друже за да загрееш цел спрат од 70 м2 мораш во секоја просторија да ставиш клима.




Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
 
10 јули 2020
14
12
Еве еден дијаграм, поставен од " колега " од форум со иста содржина, би било убаво повнимателно да го погледате. И здрава дискусија -корисна , убаво е да се развие.

Slika...COP.png
 

zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
57
77
Линк од тестовите на Грее од Еуровент може да ми пратиш?
Под листата имаш навигација со 4 страници....
На првата страна се Амбер, па Фери, после Бора и на крај на 4та страна Ломо
Мислењето е автоматски споено:

Се немав вака загледано за резултативе на Еуровентот за Грее....
Од ова што гледам, сите до една што ги има на Еуровент им се со TOL -10.
09-ките и 12-ките им се од 2 до 3kw при TOL -10
18-ките се уствари 3.5kw при TOL -10
24-ките се 5.5kw при TOL -10
 
Последна промена:

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,679
5,100
Скопје
Само да споделам мало разочарување со Клими.мк кое може ќе се најде како информација и за други членови во слична ситуација.

Време е за редовен сервис но со оглед на бранот со заболени од Ковид не сакам да ми влагаат сервисери дома. Прашав во кол центарот дали може да се одложи сервисот (кој да бидеме реални е само прскање со дезинфектант), со тоа што би си го платил јас на сметка сервисот а они би направиле проверка друг пат.

Не нудат таква опција, ниту некое олеснување/одлагање со оглед на кризата.

Беа учтиви на позив, немам никакви замерки за тоа, и тоа им се опциите. Ми посочија дека мој избор е но дека ако не се одржи сервисот губам гаранција.

Свесно одбирам да не ризикувам здравје и да загубам гаранција. Климата си е во топ форма и е одлична. Се надевам дека ќе работи без проблеми уште долго.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
8,969
13,517
Под листата имаш навигација со 4 страници....
На првата страна се Амбер, па Фери, после Бора и на крај на 4та страна Ломо
Мислењето е автоматски споено:

Се немав вака загледано за резултативе на Еуровентот за Грее....
Од ова што гледам, сите до една што ги има на Еуровент им се со TOL -10.
09-ките и 12-ките им се од 2 до 3kw при TOL -10
18-ките се уствари 3.5kw при TOL -10
24-ките се 5.5kw при TOL -10
Тоа го зборуваме ние 2-3 цело време но луѓето, барем на форумов, не сакаат да гледаат.
Упорно би да даваат преку 1000 евра на кинеска клима со лажни спецификации.

Ниеден јапонски производител не наведува лажно. Ако пишува - 15 тогаш и на Еуровент TOL е - 15.
 

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,882
2,292
Само да споделам мало разочарување со Клими.мк кое може ќе се најде како информација и за други членови во слична ситуација.

Време е за редовен сервис но со оглед на бранот со заболени од Ковид не сакам да ми влагаат сервисери дома. Прашав во кол центарот дали може да се одложи сервисот (кој да бидеме реални е само прскање со дезинфектант), со тоа што би си го платил јас на сметка сервисот а они би направиле проверка друг пат.

Не нудат таква опција, ниту некое олеснување/одлагање со оглед на кризата.

Беа учтиви на позив, немам никакви замерки за тоа, и тоа им се опциите. Ми посочија дека мој избор е но дека ако не се одржи сервисот губам гаранција.

Свесно одбирам да не ризикувам здравје и да загубам гаранција. Климата си е во топ форма и е одлична. Се надевам дека ќе работи без проблеми уште долго.
И што е негативното овде неможам да разберам. Кога би правеле било кој така само плати немора да доаѓам, ебате сервис и продожена гаранција.
Кај мене беа во Јуни. Прскање пошто чистена ми беше лично потрмелно, проверка на сите модуси на работа, проверка на надворешна единица да не се растресле држачите и баферите, проверка со тоа мерачот ваљда на компресија и пунење.
Така да не е само прскање.
Околу 20-30мин беше сѐ, си носеа луѓето маски, домашниве прошетаа надвор, јас си седев на тераса. После отворив промаја. Не гледам некој преголем ризик, ако сите се придржуваме на мерки.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1,764
2,653
Свесно одбирам да не ризикувам здравје и да загубам гаранција. Климата си е во топ форма и е одлична. Се надевам дека ќе работи без проблеми уште долго.
Последната 5-та година од гаранцијата ги викав ама не ми дојдоа, така да заштедив 800 денари, и си ја исчистив по мој ќејф целосно. Вентилаторот и каналот кај шо се слива влагата за да оди надвор водата беа толку црни шо ми падна многу тешко за парите шо сум им ги плаќал за "чистење" секоја година, т.е. за продолжување на гаранцијата.
Не се замарај со гаранцијата и исчисти си ја сам, секако климата ќе те служи минимум 10 години.

Сѐ уште немам идеја кај да најдам гумени бафери во Македонија, изгледа ќе ги чекам месец дена од eBay UK.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
8,969
13,517
Сѐ уште немам идеја кај да најдам гумени бафери во Македонија, изгледа ќе ги чекам месец дена од eBay UK.
Подобро не ставај отколку да ставиш погрешни или меки. Исправно е: На десната страна - тврди а лево меки.
На десната страна е 80% од тежината на климата. Ако ставиш меки ќе се накоси на таа страна (но не многу) а како резултат на тоа компресорот ќе ги оптерети внатрешните бафери и тие ќе се смачкаат.
После подолг период на ладно време климата ќе јачи.
Затоа е потребно и надворешната единица да биде идеално нивелирана.
 

Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1,764
2,653
Поарно било какви отколку без буфери. Не бркам перфекција, само сакам да ги изгубам вибрациите при греење. Виваксо е доста гласен надвор кога грее.
 

mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
3,746
3,468
Поарно било какви отколку без буфери. Не бркам перфекција, само сакам да ги изгубам вибрациите при греење. Виваксо е доста гласен надвор кога грее.
Нормално. Ставај си М8 и не се замарај веќе со тоа. Поготово за клими што не се премиум марки и највисока класа се подразбира буфери.
 

nikuchun

Intern
23 јули 2019
6
5
Последната 5-та година од гаранцијата ги викав ама не ми дојдоа, така да заштедив 800 денари, и си ја исчистив по мој ќејф целосно. Вентилаторот и каналот кај шо се слива влагата за да оди надвор водата беа толку црни шо ми падна многу тешко за парите шо сум им ги плаќал за "чистење" секоја година, т.е. за продолжување на гаранцијата.
Не се замарај со гаранцијата и исчисти си ја сам, секако климата ќе те служи минимум 10 години.

Сѐ уште немам идеја кај да најдам гумени бафери во Македонија, изгледа ќе ги чекам месец дена од eBay UK.
Gumeni buferi ima vo https://m.facebook.com/SURBESTIL/ jas zedov od received_2439705179656014.jpegkajniv imaat 300den set so pogolema dimenzija i 280den set so pomala dimenzija
 

Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1,764
2,653
Gumeni buferi ima vo https://m.facebook.com/SURBESTIL/ jas zedov od Погледнете го атачментот 92327kajniv imaat 300den set so pogolema dimenzija i 280den set so pomala dimenzija
Овие се 60мм * 40мм (М12) со цена 350ден, други нема во Шурбе.
@mdeni цело време препорачуваш М8, ќе имам ли проблем со таа димензија на 18-ка?
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,526
Мислења
822,618
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно