Здраво Ивица.Во конкретниов случај се работи со матична плоча со постар чипсет што веќе не се произведува и е потешка за наоѓање. Како што ви го објаснив погоре начинот на работа: Некој од дистрибутерите ја ставил во ценовник, при импорт се нашла на ДДСтор, Стефф ја нарачал ние сме ја испорачале. Во ниеден момент никој не знаел дека е дефектна ниту пак пробал да ја подметне/ували расипана. Кога STEFF увидел дека нешто не е во ред со матичната, можел...
Прилично добро напишан пи-ар материјал, но се плашам дека за нашите потреби во оваа дискусија - доволни се само цитираниве делови. Всушност сметам дека само подвлечениот текст е доволен.
Многу кажа ама никако не објасни како е нормално на клиент да му биде продаден користен, поправан, и изгорен производ.
Не можеш. Затоа што не е нормално, и никакво објаснување за нечесни дистрибутери не може да го смени тоа.
Никој овде не може со сигурност да тврди дека со намера сте сакале на клиентот да му подвалите користен и поправан производ. Но вие како продавница сте по дифолт криви заради фактот дека од ДДКОМ/ДДСТОР е продаден производ кој не бил во оригиналното пакување, и притоа производ кој е очигледно користен, поправан.
Не сте провериле крајно сомнителен производ. Криви сте 100%. Дури и нов производ, со оригинална амбалажа, нормално е визуелно да се провери пред да се (пре)продаде на клиент.
Единствено не разбирам дали ни кажуваш дека „бизнис моделот“ на ДДКОМ е продавање отпакувани производ, без оригинална амбалажа, без воопшто да се фрли макар еден површен поглед со кој за една секунда може да се види дека производот е ГОРЕН и ПОПРАВАН??
Еве за што зборуваме, ова е вашиот производ кој со изгорени слотови е продаден како нов:
Понатаму, многу потценувачки е за вашиот клиент, коментарот дека производот го купил „во 5 до 12 и пробува да скрпи компјутер за да може да игра за време на празниците“.
Навистина?
Официјален претставник на ДДКОМ се дрзнува да коментира кога купуваат клиентите и за што ќе ги користат производите купени во вашата продавница??
Можеби не ти е јасно Ивица, ама ти воопшто не им правиш на ДДКОМ услуга со ваквите изјави. Веројатно ти е наложено да го поправиш пи-ар рејтингот, не да го доутепаш.
Ова е чесно објаснување. „Клиентите што добро го познаваат пазарот... НЕ ни се таргет клиенти.“Таргет клиенти се оние кои бараат специфични компоненти што не е лесно да се најдат во секоја продавница, или оние што не сакат да шетаат по 100 продавници за да купат нешто.
Клиентите што добро го познаваат пазарот и фирмите дистрибутери, имаат дилерски цени кај дистрибутерите (како што се повеќето членови на форумов), или луѓе што сакаат да разгледаат 10-тина модели во продавница пред да купат, НЕ ни се таргет клиенти.
Фер. Тоа е тоа.
Патем ова ме провоцира да го кажам и моето кратко искуство со вас. Пред десетина дена, исто како Стефан, ми требаше 1155 плоча и некој од форумов ме советуваше да се обратам кај вас. На телефон рековте дека ќе видите, и на следното слушање направивте понуда за одредена плоча за 3 илјади денари. Само пола саат претходно за истата плоча добив понуда од 1.700 денари, најверојатно од истата фирма во која во меѓувреме сте се јавиле.
Нормално, ви се заблагодарив на „понудата“ и плочата ја пазарев директно од изворот. Самиот факт дека пробавте да отидете со толкава маржа, зборува многу за вашиот „бизнис модел“.
Уште посмешно е поназад како се жалиш дека денес „биле многу мали маржите“. Па ако на плоча од 1.7к (а вашите дилерски цени се сигурно пониски) - правите 1.3к заработка, навистина сте за жалење. Колкави ви се маржите на хај-енд компонентите?
Секој си го бара лебот на некој начин во ова тешко време. Не можам да ве судам за тоа што денес се нарекува „претприемништво.
Но сепак некој чиј „бизнис модел“ го емулира Дел бој од Only Fools and Horses - би можел барем да не ги навредува клиентите со изјави како „во 5 до 12 и пробува да скрпи компјутер за да може да игра за време на празниците“. Не бива.
Ќутете и работете.
Како што самиот кажа, „таргет групата“ и онака не ви се типичните учесници на овој форум. Така да, No Harm Done...