Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Дронови - Регистрација и пријавување летови

mobicom

read-only
1 ноември 2017
17
16
И јас сум за тоа да се регистрираат сите дронови па нека добиваат и некоја налепничка со број ама нека не биде одма некоја партиска фирма тоа да го прави и да дере пари од народ, ко што беше репрограмирањето со фискалните и купувајте македонски производи
Еве како се прави тоа во УСА Drone Registration Form
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.253
@mobicom не го бришам постот само заради укажување дека на форумов нема политика во дискусиите. Убаво ти кажаа да си прочиташ правила. А воедно ова е и последна опомена.

Што се однесува до регистрацијата јас мислам дека е најдобро секој дрон да носи чип со уникатна идентификација. А властите во урбани средини да најдат начин како да следат. Значи да може да имаат увид чив дрон бил каде и во кое време доколку има потреба нешто да се докажува.
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.906
4.587
@gokica

Ако гледаме така песимистички тогаш треба дроновите да се забранат за продажба. Дрон за надгледување на куќа не е така неприметно колку што мислиш, буката е огромна и визуелно неможеш да го утнеш.

Ако сакаш да видиш некоја куќа од причја перспектива секогаш постои google earth, иако послаба разолуција но врши работа. За од земја тоа е street view.

Дека треба да има регулација на ова треба, најпрактично е со транспондери или real time тракери кои би се поврзувале преку мобилна мрежа со контрола на летање.

Иако најчесто дроновите не ги летаат многу високо, едноставно нема потреба.
 
Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700
Цените на квалитетните дронови и камери паѓаат. Во иднина ќе бидат подостапни за поширока популација но и посовршени.

Кога реков приватност не мислев само на секс сцени по дома туку и на криминал, кражби и сл.

Воајери и потенцијални секс офендери во светот трошат илјадници долари на реалистични секс кукли, двогледи, ноќни камери... Мислам дека дроновите им се остварување на можеби најголемиот сон. Да не правиме муабет колку знаат да бидат присутни на интернет и да шират компромитирачки содржини.

Криминалец кој заработува дебело од кражби по домови може лесно со скап дрон да добива информации кои не се достапни на друг начин. Верувам дека има такви кои би инвестирале.

Извини @smole ама мислам дека забораваш оти не секој ги има твоите морални вредности и размислувања.

Според мене сепак дроновите мора да се регулирани со посебни дозволи. Јас никогаш не би му дозволил на осудувано лице за криминал да добие таква дозвола.

Исто сопствениците на дронови треба да се плашат од фактот дека се евидентирани и може да се пронајдат од органи на прогон во случај на злоупотреба.

А начини на злоупотреба на дрон ги има илјадници.
Тоа е тоа од А до Ш се слагам и го делам мислењето, затоа што тоа што некому е смешно - истото е "HOBBY" за некого. Дронот е големо потенцијално зло кој како сака нека сфати но за "домашна употреба" треба убаво да се прочешла и лимитира.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.253
@gokica

Ако гледаме така песимистички тогаш треба дроновите да се забранат за продажба. Дрон за надгледување на куќа не е така неприметно колку што мислиш, буката е огромна и визуелно неможеш да го утнеш.

Ако сакаш да видиш некоја куќа од причја перспектива секогаш постои google earth, иако послаба разолуција но врши работа. За од земја тоа е street view.

Дека треба да има регулација на ова треба, најпрактично е со транспондери или real time тракери кои би се поврзувале преку мобилна мрежа со контрола на летање.

Иако најчесто дроновите не ги летаат многу високо, едноставно нема потреба.

Смоле јас знам дека моите зборови се ограничување за секој ентузијаст или професионалец кој сака да го употреби за добри цели.

Она кое сакам да го потенцирам е дека за жал огромна е можноста за злоупотреба на уред кој не гледаш кој го управува и со која цел.

Независно од нивните карактеристики и цени денес мора да го признаеме фактот дека постои огромна потенцијална опасност.
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
@smole
Колку си сигурен дека Градски Парк е no-fly zone ? На минатиов скопје стрит со дозвола од организаторите одлично си летав без никакви проблеми...
 
  • ми се допаѓа
Реакции: BEST

smole

poweruser
18 април 2007
3.906
4.587
@smole
Колку си сигурен дека Градски Парк е no-fly zone ? На минатиов скопје стрит со дозвола од организаторите одлично си летав без никакви проблеми...

Може за Фантом 2 без некои апдејти, знам дека по фб страниците специфично го бараа овој дрон баш ради ова.
 
mobicom

read-only
1 ноември 2017
17
16
This animation shows the chaos a drone caused at a London airport

Да се забранат би требало или најстрога регулација и скапи лиценци. И прескапи казни за приватност.

Така е мдени, и ferrari да се забрани зашто е прескап за мене, па она скутери на вода што го немам, да им се забрани влез во Охрид, затоа брат ми во Грција има направено одлични видеа и покрај него полициска патрола која не го ни прашала што прави

Сигурно никој од вас не го отвори линкот од америка како се регистрираат дронови таму
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.906
4.587
Зборувам за P3P. А, и мислам дека без gps можеш секаде да леташ.

Restricted Zones. In these Zones, which appear red the DJI GO app, users will be prompted with a warning and flight is prevented. If you believe you have authorization to operate in a Restricted Zone, please contact [email protected]

Незнам дали можеш без GPS да полеташ, јас стално го чекам да фати сигнал, немам зашто да ризикувам.
 
mobicom

read-only
1 ноември 2017
17
16
Можеби мисли на ATTI мод без гпс (ако така се вика на фантомот), само на барометар ама мислам дека мапата и понатака го користи гпс-от и не би дозволила влез во таа зона
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
Хм, чудно. Бидејќи летав без никаков проблем, ако имам време и викендов ќе одам па ќе постирам снимка. Инаку да, те поддржувам скроз за работите погоре.

Во 21ви век да очекуваш некаква приватност е малце смешно. И сеа некој ќе рече ако може да се спречи злоупотреба зошто да не. Секогаш ќе се најде начин да се скршне од законот. Ееее дрон станал проблем, дај да зборуваме за 600мм со 1.5 конвертер и зум. Не е алатот проблем, проблем се луѓето кои го користат. Без разлика дали е дрон или нешто друго во прашање. Закони од типот 120м и 500м, летање над публика или влади и слично е скроз океј. Ама да вадам дозвола за да снимам на планина е безвезе. Тој што сака да наштети секогаш ќе има начин. Џабе ти се и дозволи и гпс и не знам какви тестови.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.621
19.360
Така е мдени, и ferrari да се забрани зашто е прескап за мене, па она скутери на вода што го немам, да им се забрани влез во Охрид, затоа брат ми во Грција има направено одлични видеа и покрај него полициска патрола која не го ни прашала што прави

Сигурно никој од вас не го отвори линкот од америка како се регистрираат дронови таму
Добро де, не се проектирај. Кога спомнуваме приватност не се мисли на тебе.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.669
3.268
Еве ваков пример:
имам дрон со камера, и може да поставам мала кука на него. влетувам во стан со отворена балконска врата. па кој затвора балкон на 10ти кат?
закачувам нешто што ќе ми се допадне... и излегувам...
Ајде уште еден пример...
имаш дрон, знаеш каде е сефот на кошијата, ама не му го знаеш кодот... па добар зум на камерата и ќе го видиш кодот...

Не бе дечки, тоа е опасна работа која мора да биде строго контролирана.
 
xenon

нуспојава
15 јануари 2011
4.822
12.870
Skopje
wemaxa.com
Ќе има дронови, ќе има ловци на дронови, ќе има дронови-убијци на дронови, ќе се вратат во мода чатали и слични методи на забава :).
 
iTechnique

read-only
19 јануари 2017
35
13
Пострашен тероризам од возило нема, ете видовме од пред некој ден во New York но нема да навлегувам сега и во тоа.
Што се однесува до вашата приватност и јас, слободно правете што сакате по вашите дворови, воопшто мене не ме интересирате, мислам дека преголем значај си давате Вие и на Вашата приватност као на некому да сте му во интерес

Возилото е регистрирано на нечие име, мора да го вози некој и сл а види што прават веќе со дроновите

View: https://twitter.com/IraqiSecurity/status/830110868692226048
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.906
4.587
Еве ваков пример:
имам дрон со камера, и може да поставам мала кука на него. влетувам во стан со отворена балконска врата. па кој затвора балкон на 10ти кат?
закачувам нешто што ќе ми се допадне... и излегувам...

Ајде вака: ставаме по Х пари на маса јас и ти, ти давам дрон напрај го ова и твои се парите. Бива?

Ајде уште еден пример...
имаш дрон, знаеш каде е сефот на кошијата, ама не му го знаеш кодот... па добар зум на камерата и ќе го видиш кодот...

Не бе дечки, тоа е опасна работа која мора да биде строго контролирана.

И за ова важи истиот предлог ама да најдеме дрон со зум.

Не сте реални со муабетиве, најдругарски ова.
 
mobicom

read-only
1 ноември 2017
17
16
Јас кога нарачував компоненти за дронот буквално да купиш нешто и 5 грама полесно па значи и придонесува за нешто подолго во воздух, така да објективи, блицеви и роботска рака од терминатор на дронови не држи вода поради тежината која дронот може да ја понесе а и ако ја понесе сепак тоа да биде еден културен лет бар од 15 минути.
Едвај со еден мизерен рам q380 Tootem hmf кој тежи 157 грама и батерија од 6000mah 3s, без gimbal и камера со вкупна тежина од 1030 грама па некако успеав да скрпам комбиниран лет од 23 минути или 25 минути во чист hover
 
Тоа на страна, ај од доле влези со FPV преку балконска врата на 10ти кат и излези, немораш ништо да зимаш. Не е возможно.
 
mobicom

read-only
1 ноември 2017
17
16
Искрено речено бидејќи сум почетник, некогаш ми е тешко до мене да го вратам поготово кога дронот е обратно свртен и командите се обратни, левото не е лево туку десно :)
 
iTechnique

read-only
19 јануари 2017
35
13
Тоа на страна, ај од доле влези со FPV преку балконска врата на 10ти кат и излези, немораш ништо да зимаш. Не е возможно.

А само да влезе и да пушти некоја импровизирана запалива направа ?
 
mobicom

read-only
1 ноември 2017
17
16
Значи ако прочитам уште некоја глупост стварно нема да ја надгледувам оваа тема и овој форум а ми е жал зашто еве гледам некој членови со кои би можел некое мислење да разменам
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно