ARMac
senior
Си имам проблем во станот со влага во зима, пошто комбинација од алуминиумски профили со 3 стакла и готвење и сушење алишта внатре не иде очигледно.
За жал надворешна изолација неможам да направам живеам во блоковите на градски ѕид, внатрешна можам ама не ми се прави сега за сега. Мувла се појавува таму каде што се радијаторите, со средство се решава привремено, се враќа.
Гледав по нашиве продавници dehumidifiers се движат од 10.000 до 30.000 ден. и Најверојтно ќе пазарам еден за наредната зима. Знам дека климата има функција за dehumidifying но кога ја користам течат капки од внатрешната единица.
Он топик, гледав како работат оние малецките апарати и во принцип сите користат Пелтиер Модул. Тоа е парче електроника кое кога ќе се поврзе на DC +12v функционира така што едната страна од плочата се загрева, а другата се лади.
Има повеќе модели на TEC1, од 9W па се до 350W. Јас нарачав три TEC1-12705 како ефтини и популарни, колку за проба.
TEC1-12705 ΔT max. = 68°C, Qmax (ΔT =0) 57.0W
Целата листа е овде
Product catalogue - Peltier Modules
Функционира прилично просто. Се прави „сендвич“ со Пелтиер модулот во средина. На топлата страна се става хладњак со вентилатор, а на ладната само алуминиумски хладњак за да не кондензира вода директно на модулот него на ребрата од радијаторот. Термална паста од двете страни, прицврстување по желба и креативност.
После се става врз пластичен сад и водата треба да кондензира од долната страна на пасивниот хитсинк (освен ако некој него стави обратно
)
Овој модул што јас го порачав е деклариран на +12v, 5A, да оставиме 1А за вентилаторот и еден за недајбоже, добиваме 7*12=84W + 2.5 Ω TEC1 int. resistance (паѓа накај 60W) што значи од оние универзалнине адаптери за лаптоп би требало да го вози лесно.
Кога ќе стигнат сите 3 и кога ќе склопам нешто ќе постирам резултати колку вода ќе соберат за 12 часа / 24 часа.