DIY Одвлажнувач

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од ARMac, 13 Март 2018.

  1. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Си имам проблем во станот со влага во зима, пошто комбинација од алуминиумски профили со 3 стакла и готвење и сушење алишта внатре не иде очигледно.

    За жал надворешна изолација неможам да направам живеам во блоковите на градски ѕид, внатрешна можам ама не ми се прави сега за сега. Мувла се појавува таму каде што се радијаторите, со средство се решава привремено, се враќа.

    Гледав по нашиве продавници dehumidifiers се движат од 10.000 до 30.000 ден. и Најверојтно ќе пазарам еден за наредната зима. Знам дека климата има функција за dehumidifying но кога ја користам течат капки од внатрешната единица.

    Он топик, гледав како работат оние малецките апарати и во принцип сите користат Пелтиер Модул. Тоа е парче електроника кое кога ќе се поврзе на DC +12v функционира така што едната страна од плочата се загрева, а другата се лади.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Има повеќе модели на TEC1, од 9W па се до 350W. Јас нарачав три TEC1-12705 како ефтини и популарни, колку за проба.
    TEC1-12705 ΔT max. = 68°C, Qmax (ΔT =0) 57.0W

    Целата листа е овде
    Product catalogue - Peltier Modules


    Функционира прилично просто. Се прави „сендвич“ со Пелтиер модулот во средина. На топлата страна се става хладњак со вентилатор, а на ладната само алуминиумски хладњак за да не кондензира вода директно на модулот него на ребрата од радијаторот. Термална паста од двете страни, прицврстување по желба и креативност.

    [​IMG]

    После се става врз пластичен сад и водата треба да кондензира од долната страна на пасивниот хитсинк (освен ако некој него стави обратно :) )

    Овој модул што јас го порачав е деклариран на +12v, 5A, да оставиме 1А за вентилаторот и еден за недајбоже, добиваме 7*12=84W + 2.5 Ω TEC1 int. resistance (паѓа накај 60W) што значи од оние универзалнине адаптери за лаптоп би требало да го вози лесно.

    Кога ќе стигнат сите 3 и кога ќе склопам нешто ќе постирам резултати колку вода ќе соберат за 12 часа / 24 часа.
     
    На maci, goce03, krema и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    2,344
    2,089
    24 Септември 2012
    Со цел да се избегне да ти дувка ладен воздух можеш со едно вентилаторче да го внесуваш воздухот покрај ладниот изменувач, а потоа тој малку оладен ќе го носиш кон топлиот изменувач со цевка.
    А и ќе се зголеми малку од малку ефикасноста со тоа што со поладничок воздух ќе се вметнува на топлиот изменувач.

    А треба да се постави прашањето дали и колку е исплатливо ова само во струја. Имено 1 месец работа со 80W чини 80*5*24*30 = 288 денари месечно само во струја.
    Дали е исплатливо да се стават вакви: Stopkondenz | Апсорбер на влага

    Наспрема DIY треба да се пресмета. И плус да се види реалниот ефект на вадење на влага.

    Исто опција е да се пушти климата на одвлажнување - ако си на градско парно. Малку лади кога одвлажнува, ама треба да се пресмета и таа идеја како испаѓа.
     
  3. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,474
    1,611
    19 Јули 2013
    А си измерил релативната влажност колкава е?
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер

    За клима спомнав погоре, проблеми прави со друго, а овие кутии никаде не сум ги видел да се продаваат. А ни таблетите што треба да се менуваат, фунцкионира на начин со калциум хлорид соли што се троши. Оналајн продавницата ме носи на .rs

    Сепак е оваа тема повеќе за geek работи отколку за ефикасност, интересно е да се направи и не кошта многу. За резултати ќе видиме.

    Зависи од температурата надвор, внатре, дали нешто се вари во кујна или не. Неможеш прецизно да измериш премногу варијабилност има.
     
    На petkotrajko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eX3v1l

    eX3v1l
    Gaining Experience

    921
    444
    2 Мај 2011
    Јас користам од овие абсорбери на влага и се доста ефтини и корисни. Често ги има по маркетинг на попуст.

    @ARMac јас ги купив во Хубо а ги има во сите маркети.
     
    На moongose и ARMac им се допаѓа ова.
  6. petkotrajko

    petkotrajko
    Intern

    8
    4
    16 Јуни 2017
    Мислам дека треба да земиш во предвид дека во едно деноноќие од 24 часа,
    имаш и ефтина струја, која е 50% пониска од скапата тарифа. Значи нема да биди сметката =288 денари (а плус башка треба да пресметаш и 18% ДДВ на тоа)


    Дали е исплатливо да се стават вакви: Stopkondenz | Апсорбер на влага
    Наспрема DIY треба да се пресмета. И плус да се види реалниот ефект на вадење на влага.

    ...хммм, есеноски купив некои слични на овие одвлажнувачи (дали од џамбо или рамстор, не ми текнува), ама не ми завршија работа.
    Да, во садот долу се кондензираше вода, ама на ќошето кај што требаше да чуваат од влага, сепак си се појаве мувла (уште на почеток на зимата),
    па морав да употребувам други хемиски средства (SAVO) за средување на проблемот со мувлата, ама тоа е сепак привремено, и на неколку недели повторно се појавува мувла...
     
  7. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    2,344
    2,089
    24 Септември 2012
    Пресметано е сето тоа во тие 5 денари.
     
  8. eX3v1l

    eX3v1l
    Gaining Experience

    921
    444
    2 Мај 2011
    @petkotrajko треба да се стави кај што воздухот се движи. Ако го ставиш во некој чош, ке абсорбира ама не доволно. Јас го ставив блиску до врата и си работи убаво и на 3 месеци некаде се менува.
     
  9. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,474
    1,611
    19 Јули 2013
    Се мери, како тоа не може да се измери? И температурата зависи од слични фактори, па се мери. Исто и со влажноста.
    На што се грееш? Со оглед дека пиша дека се јавува на ѕидот кај радијаторот, ако се грееш на парно нема шанси да е таа мувла од голема влажност на воздухот. Затоа те прашав дали си ја измерил.
     
  10. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Па се гледа вода како кондензира под прозорите кога е надвор ладно. На парно се греам. Кога ќе излувтираш паѓа влажноста.

    Темава е за друго отворена, не како да го решам проблемот кај мене. Знам точно каде е проблемот, на алуминиумските профили не се оставени мали дупчиња за вентилација кога се монтирани.

    Да од воздухот е влагата, не поминуваат никакви цевки никаде во близина на мувлата. Блиску до радијаторот и надворешен ѕид во дневната. Над и под зидот нема водовод и нема верикали за парно. Парното е слабо.

    Ете колку да одговорам.
     
  11. Lokvan

    Lokvan
    Practice makes perfect

    1,304
    1,788
    12 Јануари 2016
    Машко
    Друже се извинувам за делумниов офтопик, ама јас би се надоврзал на тезата од Мунгусот. Мене ме интересира дали парното е градско парно или твое на струја/друго, и дали 24/7 ги грееш просториите со проблемот или само на периоди се грее.

    Тезата е дека воздухот во простор кој се константно се загрева на 20-22с целзиусови, во пракса треба да е сув воздух. Јас и многу други го имаме обратниот проблем од твојот, користиме овлажнувачи на воздух. Инаку за дополнување на сликата, кај мене се готват 3 оброци дневно и се сушат алишта внатре. Сега во моментов гледам 50 до 52% влажност на мерачите, а во најладниот период просечно беше ~40-45% влажност. Тогаш надвор влажноста идеше и до 90-100% но ти велиш дека кај тебе после луфтирање ти се намалува влажноста дома? Многу чудно.

    Мислам дека освен ако дома немаш некоја несекојдневна ситуација со 24/7 активен извор на влага, веројатно прблемот е во едно од следниве две опции (или комбинација од двете):
    - некој од ѕидовите делува како ладен мост, нема изолација и е доволно ладен за на него да се јави кондензација.
    - просторот не се грее постојано и релативната влажност расте доволно да се јави кондензација и точка на роса кај најладните површини.


    Изгледа дека на проблемов гледаш како електроничар. :)
    На страна интересни проекти со направи сам одвлажнувачи, мислам дека поизвесно решение за проблемот со влага/мувла би било ставање на внатрешна изолација на ѕидот или ѕидовите со проблем (на пример стиропор или минерална волна, со кнауф панели после нив). И се разбира греење 24/7, барем до 18с.
     
  12. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    2,344
    2,089
    24 Септември 2012
    Кажи кога ќе имаш резултати.

    Кај одвлажнувачите генерален проблем е што кога е тој дел влажен толку долго и ладен, ќе растат ствари на него и ќе смрди. Климиве ставаат електрофилтри со висок напон за да ги уништат тие бактерии и слични работи за кога ладат. (Кога греат климите си се перфектно здрави и чисти се разбира, зошто внатрешниот изменувач е со температура над 80Ц)

    Е сега кај тебе како опција може да се стави некој контролер од кинез микроардуино кое би го сменило напонот на пелтиерот (ако може да работи на контра напон), и да го крене ладниот изменувач на температура над 90Ц за да исцрка се на него. На 5 минути секои 6 часа рецимо - барем. За дезинфекција и помалку замарање околу смрдеи и развој на бактерии.
     
  13. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,588
    3,355
    5 Јули 2013
    До алуминиумските профили е. Кондензацијата настанува на најладните површини во просторијата. Ако профилите се најладни, на нив ќе настане. Ако нив ги замениш со PVC тогаш можно е на некој ѕид да се појави мувла, зависно каква е изолацијата. Не мора да менуваш ништо, само остави простор под вратите да циркулира воздухот.

    Сеуште не можам да сфатам со кој памет измислиле алуминиумски профили да вградуваат во домовите...Наместо изолатор ставаат спроводник. Огромни загуби имаш кон надворешната средина. Значи ништо лично, само коментирам колку е бесмислена идејата некој воопшто да продава такво нешто, требало да му се забрани :)
     
    На Lokvan и mdeni им се допаѓа ова.
  14. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Е тоа е кога некој друг го прави место тебе... имаше кираџија таму и неговата фирма работела со такви. За бесплатно тоа е, дрвото веќе се распаѓаше. Точно кога се смени дрвото настана и проблемот. Кога тече вода од рамките и стаклата тогаш е јасно дека е кондензација, нема други извори.

    @Lokvan градско парно е. Температурата е 23-4 стаклата и цели профили се мраз ладни, кондензираат од воздух.
     
  15. Lokvan

    Lokvan
    Practice makes perfect

    1,304
    1,788
    12 Јануари 2016
    Машко
    Значи реално не е проблем влажноста во воздухот, туку кондензација на ладната површина од прозорите. Ако стаклата и профилите се „мраз ладни“, колку треба да се намали влажноста во воздухот за да се избегне кондензација (точка на роса)?

    Ако стаклата и профилите имаат на пример 5с тогаш, може да се пресметува колку минимум влажност треба да има за да се избегне точката на роса (и кондензација)... Тоа ќе биде некој многу сув воздух, штетен за вас луѓето.
     
  16. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Абе забегавме оф топик. Факт е дека се сушат на радијатор алишта кој е директно под прозор. Водата од алиштата испарува и кондензира на најблиската ладна површина.

    Што не е ни важно како што реков темава не е за кај мене дома него како работат Peltier модулите.
     
  17. Lokvan

    Lokvan
    Practice makes perfect

    1,304
    1,788
    12 Јануари 2016
    Машко
    Поентата на која што сакав да укажам е дека влажноста во воздухот најверојатно е сосема нормална. Одвлажнувачите ќе треба да влажноста да ја намалат што поблиску до нула, за на топлотниот мост (стаклата и профилите) да нема кондензација. Тоа не само што тешко ќе биде можно (целосно сушење на воздухот), туку треба да се знае дека колку е посув воздухот, толку е понездрава животната околина за луѓето.

    Очигледното решение е да се избегне топлотиот мост, и со тоа кондензацијата. Но пошто темава извесно не е за наоѓање решение, туку техничка дискусија за направи-сам одвлажнувачи - јас повторно се извинувам за офтопикот.

    Oнтопик, еве една направи сам изведба за одвлажнувач:
     
    ARMac, mdeni и на moongose им се допаѓа ова.
  18. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    На пат се деловите, кога ќе бидат склопени ќе направам два различни модели и ќе постирам резултати, вклучувајќи потрошувачка, абсорпвија на вода на исто место за 12/24/48 часа и слично.

    Еве помина зимата, за наредната во преговори сум со еден дечко кој може да постави внатрешна изолација на самите рамови од алуминум. Ако сакате отворете тема за кондензација и внатрешна изолација ќе дискутираме, админите можат да ги преместат таму мислењеата. Втора опција е бормашина.

    Капитална грешка е што се ставени проводници наместо изолатори но тоа е. Бидејќи страната со прозори е на запад, во лето од 1 до зајдисонце ги пече топло, на неколку комшии од истата страна дојде до деформација на PVC профилите, најверојатно со понизок квалитет но како би знаел просечен корисник. Барем тој проблем го немам и мене ми дихтуваат ок.
     
  19. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    2,344
    2,089
    24 Септември 2012
    Ако може да постави од надворешната страна би било исто добро, ако не и подобро. Зошто ќе се крене просечната температура на самата рамка, и можно е да на паѓа под точката на оросување. А со тоа и нема да капат рамките.
    Dew Point Calculator

    [​IMG]

    При собна температура од 24 степени, и влажност 65% ништо во собата не смее да има температура под 17Ц. Ако не сакаш да се ороси тоа нешто.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lokvan

    Lokvan
    Practice makes perfect

    1,304
    1,788
    12 Јануари 2016
    Машко

Сподели

Вчитување...