Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Царинска тарифа

spiritfly

hello world
19 август 2011
134
178
Драги пријатели,

Дозволете да го изразам мојот револт во врска со начинот на царинење и огромните трошоци кои ни ги наметнуваат цариниците за смешни продукти. Иако знам дека ова нема ништо да смени и сигурно нема да ви кажам нешто кое не го знаете дозволете барем да се издувам овде кај сродни паталци.

Порачувам од почетокот на 2000-те и сум сигурно меѓу првите во Македонија кои порачувале пред ибеј. Исто така сум сигурно меѓу првите ибеј / алиекспрес корисници. Секоја глупост од интернет што ми треба и не ми треба ја имам порачано. Значи не ме разбирајте грешно, ова не го кажувам со цел да се фалам туку само информативно за да дадам позадина за мојот профил и искуство во врска со онлајн порачки. Сум порачувал разни и ефтини и скапи глупости преку сите куриерски услуги и знам како оди со порачките на Аеродром (ДХЛ,УПС,ТНТ,ФЕДЕКС..). Ме колеле и праведно и неправедно за какви ли не порачки и секогаш сум си плаќал огромни и непотребни давачки на крај. Дури се барало и мито од мене телефонски од царинарник, но нема да го коментирам ова овде.

Сакам само да го изразам мојот револт и гнев кон сета оваа бесмислена процедура(особено она што се случува на Аеродромска царина) и сите лапачи околу неа(шпедицитерски услуги,1000+ ден за изработка на документи од куриерните услуги, лежарини..) што грабат од секој што порачал преку нив.

Пред скоро месец порачав механизам за отварање на вратичка од мебел од Англија бидејки не се продава овде. Требаше да стигне за 7 дена, но поради Х причина станаа 3 недели. Му пишав на испраќачот, на што ми одговори дека пратката испратена по ТНТ одамна била во Македонија, но била задржана поради "грешен контакт", на што пак им го испратил мојот контакт, кој патем бил исправно даден уште првиот пат. Дури 2 дена подоцна добивам мејл од ТНТ:

Почитувани,

Ве известуваме дека под “ТНТ“ експрес Македонија во ЈЦС “Синтек“ е пристигната пратка

број на товарен лист: XXX
колети: 1
бруто маса: 1,00кг

Испраќач:
XXX

Ќе ве замолам да ме исконтактирате за наведените контакт телефони за да ми потврдите кој ќе го врши увозното царинење за вас односно која шпедиција ја имате овластено, и воедно да ги известите дека преносните документи се веќе готови и се наоѓаат во канцелариите на ТНТ на вториот кат.

Пратката изнесува 32.04 Англиски Фунти со се испорака што е 44.06 во евра.

Дозволете преку неколку апсурдни прашања кои сигурно сите вие сте си ги поставувале да го заокружам цел овој хаос.

1. Пратката е 44.06 евра и е задржана на царина. Зошто?? Бидејки сум од Струмица, како можам да се жалам за ова и да реагирам за да биде ослободена без да потрошам сума пари за бензин до Скопје итн..
2. Царината е со цел да се заштитат македонските производители. Зошто сум царинет кога овој дел го нема во Македонија, ниту се произведува ниту има застапник за него?
3. Од оваа година Царина на Македонија промовираше нова можност "Усна царинска декларација" која очигледно и нее така безболна како што е рекламирана. Одговор од ТНТ за усната декларација:

Нема да има никаков проблем во врска со царинењето со усна декларација постапката е следна:

- Доколку сакате вашата пратка да ја царините сами (СО УСНА ДЕКЛАРАЦИЈА) потребно е да дојдете во ЈЦС Синтек за да ги превземете документите од ТНТ. Со документите се упатувате кој Фершпед (Царинска испостава 1010). На лице место се врши пресметка на царина и данок и се плаќа директно таму. Со документот од 1010 се враќате во ТНТ каде што ви се изготвува фактура за откуп на документи 1020 денари + 500 денари лежарина.

Како жителите на другите градови освен Скопје во Македонија можат да ја искористат таа усна декларација кога сепак треба лично да се оди во Скопје??

4. Зошто ТНТ не спроведе шпедитерска услуга на свој трошок или барем по најповолна цена возможна кога веќе сум платил кај нив за поштарина?
5. Какви се тие 1020 денари за "откуп на документи" побогу??
6. Какви се тие 500 денари лежарина кога не по моја волја е пратката складирана на аеродром? Зошто царина не си го поднесе тој трошок? Нека си закупи Македонска Царина простор на аеродром кога веќе ги плаќаме со огромни давачки за глупости.

Значи сум имал многу поголеми давачки и ситуации глупави со царина ама ова веќе ја прелеа чашата. Или ослободете давачки за Европски земји или подигнете го глупавиот лимит од 45 евра. Најмалата глупост да ти затреба од некаде во светот и треба да поминеш низ вистински пекол и 1000 давачки за да го добиеш. Па дај поарно забранете ни го интернетот скроз и да си пасиме кози и да си делкаме се што ни затреба од дрво.
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.493
7.782
Скопје
www.facebook.com
Мојата пратка стигна али сеуште не сум го платил во поштата ... Фотоапаратот ми го царинеле 200е а ( севкупно нов беше платен 165е) и плус 5+6 Чоколади за малата. Ми лупнале 15% царина и 18% данок и плус поштарот 400 ден.. А во нивниот наведен правилник требаше да платам само данок 18% .
 
15 септември 2012
1.164
1.300

Жалам што ти се случуваат нелогичности, ама бирократијава ужива во нив. Во сите институции. Ако сакаш да си го зае*еш здравјето исправај ја Дрина.

Мој совет е:

Предизборни активности се одвиваат на теренот. Ајде да направиме акција и партииве да ги затрпаме со барања да во нивните партиски програми за наредните избори го вметнат ослободувањето од царина и данок на пратки до XXX US$...
Мислам дека партиите имаат веб страни наменети за такви предлози! Да се договориме кој текст да го праќаме и да почнеме со пополнување на барањата!

Уф, колку би бил среќен да ова не го напишав јас.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.073
7.761
Секоја нарачка покрстете ја одозгора со 15 и 18 проценти за ддв и царина плус нешто шпедитерски трошоци (ако иде преку дхл и федекс и поише, докај 50 евра). АКО тогаш ти се исплати - зимај. Или ако е мала цената па можеш да се откажеш од нарачаното - нарачувај. Во сите други случаи - локален добавувач. Мора и они да работат ... (иначе исто грозно искуство е амерички лаптоп да се увезе у британија. сосе висење на карго на хитроу и сл. сра*а)
 
Потполно си во право, за жал и јас си го разболувам умот што размислувам слично како тебе. Мора да почне од некаде и не гледам подобро место за тоа отколку најголемата збирштина од ИТ луѓе во МК. Би сакал да бидам тој кој ќе ги стокми убаво формално барањата, но мислам дека не сум до толку компетентен. Секако би имал што да додадам доколку започнеме дискусија во врска со ова.

Разликата од Англија и овде е што самата Англија е огромен пазар и има многу свои произведувачи кои реално ги штити таквиот закон за царина. Исто така ЕУ е без царинска зона за Англија така да потрошувачите таму имаат огромен избор и реално ретко на кој би му требало да внесе нешто од Америка. Македонија од друга страна има многу малку домашни произведувачи кои би требало да се заштитат и наоѓањето дури и некои најосновни работи за купување во државава е проблем. А да не зборуваме за разликите во цените на постоечките локални бизниси и од надвор.

Така да мислам дека не сите препишани закони и процедури од западните држави би имале исто добар ефект и кај нас. Загрозена е достапноста на многу видови производи така што дури малку потсеќа на социјалистичка држава. На пример во Куба да си купиш кола, Лада, треба прво државата да ја откупи за тебе а потоа давачките кон државата се 90% од цената на колата. Затоа и возило таму се смета за голем луксуз. Ова многу потсеќа на нашиов случај само што со друг закон на различен начин ни ги зимаат парите. Производи што ги нема во Македонија(а тоа се многу) се реално луксуз да се купат со постоечкиве закони.(18% + 15% + шпедитерски услуги + некакви си документи фактури + лежарина и еден куп малтретирање и чекање).
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Дали може инфо (ако некој има искуство) за купување рачен часовник онлајн. Цената е околу 120 долари, велат дека се праќа по USPS (америчка пошта - доколку државава може да прими нарачки од нив) или преку DHL/UPS во спротивно. Е сеа не сакам DHL дека ќе ме изгорат (се има десено со киндл), а не можам да бирам на сајтот.

Отприлика кое сценарио е најверојатно и кои се давачките кои би ме пречекале во најлош случај?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.073
7.761
Потполно си во право, за жал и јас си го разболувам умот што размислувам слично како тебе. Мора да почне од некаде и не гледам подобро место за тоа отколку најголемата збирштина од ИТ луѓе во МК. Би сакал да бидам тој кој ќе ги стокми убаво формално барањата, но мислам дека не сум до толку компетентен. Секако би имал што да додадам доколку започнеме дискусија во врска со ова.

Разликата од Англија и овде е што самата Англија е огромен пазар и има многу свои произведувачи кои реално ги штити таквиот закон за царина. Исто така ЕУ е без царинска зона за Англија така да потрошувачите таму имаат огромен избор и реално ретко на кој би му требало да внесе нешто од Америка. Македонија од друга страна има многу малку домашни произведувачи кои би требало да се заштитат и наоѓањето дури и некои најосновни работи за купување во државава е проблем. А да не зборуваме за разликите во цените на постоечките локални бизниси и од надвор.

Така да мислам дека не сите препишани закони и процедури од западните држави би имале исто добар ефект и кај нас. Загрозена е достапноста на многу видови производи така што дури малку потсеќа на социјалистичка држава. На пример во Куба да си купиш кола, Лада, треба прво државата да ја откупи за тебе а потоа давачките кон државата се 90% од цената на колата. Затоа и возило таму се смета за голем луксуз. Ова многу потсеќа на нашиов случај само што со друг закон на различен начин ни ги зимаат парите. Производи што ги нема во Македонија(а тоа се многу) се реално луксуз да се купат со постоечкиве закони.(18% + 15% + шпедитерски услуги + некакви си документи фактури + лежарина и еден куп малтретирање и чекање).
Британија нема производство на лаптопи, а сепак штити... Инаку они ги измислиле царинските малтретирања. Јап, тарифи, царини, дозволи за увоз, извоз, све. Баш Британците. И им требало неколку века сега на нас да ни кажуваат прикаски за отворен пазар. Нормално е секоја млада економија да се штити од увози на све и свашта :) И ја така би играл. И уште повеќе ќе стегнуваат. Тоа што мене ми е глупост е оданочувањето на трудот, па тоа не можам да го сварам па ич... И домашниот, ама па работењето по странски сајтови го даночат, а ако ти прати роднина пари од странство - не. СФРЈ мислев изумрел, кад оно што да видиш...

(P.S. Убава книга, проф. на LSE http://www.theguardian.com/books/2010/aug/29/ha-joon-chang-23-things )
 
DESPERADO1990

hello world
27 август 2015
55
25
Жалам што ти се случуваат нелогичности, ама бирократијава ужива во нив. Во сите институции. Ако сакаш да си го зае*еш здравјето исправај ја Дрина.

Мој совет е:

Предизборни активности се одвиваат на теренот. Ајде да направиме акција и партииве да ги затрпаме со барања да во нивните партиски програми за наредните избори го вметнат ослободувањето од царина и данок на пратки до XXX US$...
Мислам дека партиите имаат веб страни наменети за такви предлози! Да се договориме кој текст да го праќаме и да почнеме со пополнување на барањата!

Уф, колку би бил среќен да ова не го напишав јас.

Пред месец дена ја напишав мојата идеја и беше поврзана со ова.
Никогаш нема да ја тргнат Царината и ДДВ али затоа може од 45евра да е 160евра без Царина и ДДВ
односно да стапи на сила овој предлог закон од 2013 година:
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=57955

Ајде луѓе да ја дадеме таа идеја на овој линк за да се усвои овој закон и да можеме да порачуваме до 160евра без Царина и ДДВ:
http://ideja.vmro-dpmne.org.mk/
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.073
7.761
Ова нема баш смисла. Според тарифник на царина 5% е за саатови, 18% ддв, и за што тие 2500 денари?
Ти праша за максимум? Имаат специјално тарифирање за нарачки од ПРИВАТНИ лица на пр., тогаш е 15 плус 18. А 2.500 те ренда ДХЛ или Федекс. Значи ова е МАКСИМУМ. Све испод ова ти е премија :)
(за фул царинење со шпедитер не правиме муабет зашто така у старт ти е 4.500 а ќе заштедиш 10% царина, па не верувам дека ти се исплати)
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Ти праша за максимум? Имаат специјално тарифирање за нарачки од ПРИВАТНИ лица на пр., тогаш е 15 плус 18. А 2.500 те ренда ДХЛ или Федекс. Значи ова е МАКСИМУМ. Све испод ова ти е премија :)
(за фул царинење со шпедитер не правиме муабет зашто така у старт ти е 4.500 а ќе заштедиш 10% царина, па не верувам дека ти се исплати)

Мхм, а како оди процедурава. Јас едини пат коа нарачував од амазон беше преку ДХЛ (се надевам нема пак - иако сајтов вика ако не може америчка пошта да го хендла шипингот може преку ДХЛ или УПС да оди). Е сеа ако оди по америчка пошта валјда МАК ПОШТА ќе го хендла ова и ќе треба во пошта да одам. Какво е сценариото тогаш?
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Океј пратено ми е по DHL, не сакам да ме изгорат пак со лежарини и шпедиција. Некој да ми објасни како да го изведам тоа со „УСНА ДЕКЛАРАЦИЈА“ и да објасни дали ова што го пишува тука за ослободување од давачки за работи до 350 евра важи:
http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=333

Се јавував во царина (на инфо бројот) ми кажаа ништо тука не стига јавете се во пошта. Крајно неинформативни.
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.493
7.782
Скопје
www.facebook.com
Дечки за 200е вредносен пакет Фотоапарат Nikon L840 и 5 чоколади за малото за Новата Година ( поклон ) денеска платив во поштата 5800 ден , царина , и данокот севкупно и плус 400 ден поштарина :) Очигледно тој што ме царинел жената негова сигурно го има изневерено со црнец .
 
Остај, се каам секој пат кога ќе нарачам нешто онлајн. Еве сеа морав да го нарачам саатов и бев спремен да платам и пак се тресам колку ќе ме изгорат дека кај нас се е РАНДОМ... И за несреќа го пратиле по DHL.

Пример за киндл, уред од иста вредност, со царина од 5% и данок 18% ДХЛ ми наплати на времето околу 3000.

Сеа за саат се тресам да не ме изгорат кој ти знае колку. Ми пишаа дека шпедициски услуги им се 1500 и нешто денари. Додај на тоа давачки значи ќе треба да платам околу 3600 пак. Оврт заврт катастрофа ни е земјава за нарачување онлајн. Цел свет си е цивилизирано кај нас се дере народот туку така.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.589
6.864
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
@Pane24 Фактички тој "поклон" ти дојде како сам да си го купил апаратот на попуст од 50%.
Шта речи..
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.493
7.782
Скопје
www.facebook.com
Мене не ме заболе ич... Ама ич... Откако и кажав на пријателката колку удрија царина и данок се фати за глава и прати по Вестерн Унион пари 100е за да го подигнам пакетот инаку сакав да го вратам и да му турам ку*ац ама ај... Нареден пат на избори само ке пречкртам со Х на ливчињата на 2-3 места јас и уште 10-20 души од внуци па до правнуци мои... Да и се посерам на оваа мизерна држава... Му објаснував на царинците дека имам месечни примања ( социјална помош ) од 2200 ден не сакаат ни да чујаат , ама сеа дефинитивно се прели чашата.
 
GreenRoot

user
1 октомври 2011
1.040
1.010
Охрид
mvpring.com
GreenRoot's setup  
Processor & Cooler
i5 4200U
Storage
Samsung Evo 850 240gb
RAM
8GB
Video card
AMD 8670m
Monitor
15,4''
OS
Windows 7 Home Premium
Океј пратено ми е по DHL, не сакам да ме изгорат пак со лежарини и шпедиција. Некој да ми објасни како да го изведам тоа со „УСНА ДЕКЛАРАЦИЈА“ и да објасни дали ова што го пишува тука за ослободување од давачки за работи до 350 евра важи:
http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=333

Се јавував во царина (на инфо бројот) ми кажаа ништо тука не стига јавете се во пошта. Крајно неинформативни.
Требеше да инсситираш да оди со USPS, ќе ти стигнеше по регуларна пошта и ќе имаше големи шанси да не платиш ништо. Вака мора да преговараш со DHL.
 
psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.505
31.946
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Регурални пошти само, мада во последно време разликата би била некои 1000 денари генерално, шпедитерските услуги кои ги наплаќаат се околу 1000 денари ако не се лажам, така да ако се знае дека секако се плаќа данок/царина у периодов можеби и DHL не е така лоша инвестиција ако се знае дека за 3-7 дена ќе го имаш продуктот наместо 3 недели.
 
15 септември 2012
1.164
1.300
Мене не ме заболе ич... Ама ич... Откако и кажав на пријателката колку удрија царина и данок се фати за глава и прати по Вестерн Унион пари 100е за да го подигнам пакетот инаку сакав да го вратам и да му турам ку*ац ама ај... Нареден пат на избори само ке пречкртам со Х на ливчињата на 2-3 места јас и уште 10-20 души од внуци па до правнуци мои... Да и се посерам на оваа мизерна држава... Му објаснував на царинците дека имам месечни примања ( социјална помош ) од 2200 ден не сакаат ни да чујаат , ама сеа дефинитивно се прели чашата.

На крај испадна ќар од 300 денари...

Внимавај на можноста да заради добиените пари од 100 евра од странство да останеш без социјалната помош... Имаше нешто на таа тема по весници пред некое време...
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.493
7.782
Скопје
www.facebook.com
На крај испадна ќар од 300 денари...

Внимавај на можноста да заради добиените пари од 100 евра од странство да останеш без социјалната помош... Имаше нешто на таа тема по весници пред некое време...
Зашто ќар ? Нов фотоапарат тука е 12.000 ден . Таа од таму го земала мислам 165-170е . плус што плати таму поштарина 1200 денари , плус тука царина , данок , поштарина 6200 ден . Ај сеа пресметај ? Фактички 300е ми дојде .
 
NeoLego

hello world
26 октомври 2014
54
3
едно прашање до поискусните ако иде еден пакет од 10 парчина кои кошта фрее шиппинг а цена се кошта тоа 10 долари како ке биде за царина?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.073
7.761
едно прашање до поискусните ако иде еден пакет од 10 парчина кои кошта фрее шиппинг а цена се кошта тоа 10 долари како ке биде за царина?
Ако мислат дека ти е за препродажба, може да го царинат (15% + 18% + нешто за трошоци). Ако не мислат, најмногу е за отварање некои 120 денари
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.073
7.761
Океј пратено ми е по DHL, не сакам да ме изгорат пак со лежарини и шпедиција. Некој да ми објасни како да го изведам тоа со „УСНА ДЕКЛАРАЦИЈА“ и да објасни дали ова што го пишува тука за ослободување од давачки за работи до 350 евра важи:
http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=333

Се јавував во царина (на инфо бројот) ми кажаа ништо тука не стига јавете се во пошта. Крајно неинформативни.
Ако внесуваш лично. И тоа работи што ти биле неопходни за престојот во странство. Инаку у секое време може да те репне и на роба испод 350 евра. 15 плус 18 плус некој трошок. Само тебе ти иде по дехаел и не важи ова. царината плус ддв плус трошкот на дехаел ќе платиш
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

ИТ маркет

На врв Дно