Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Не сум некој аудиофил ама ми се праи мерак понекогаш за аудио опрема. Моментално имам постаро NAD појачало и посебно NAD тјунер. Звучници имам ELAC и сум задоволен како звучи комбинацијава. Сепак се ми е на старо земено и во солидна состојба.
Налетав на едно лампашко појачалце, јас мислам дека вреди за парите ама па и не се разбирам толку. Еве и линк: AMPLIFIER HTA-500B SILVER TAGA

Сакам мислење од поискусните дали е ок за парите
Газдата во Алфа Аудио ептен го исфали кога бев нешто да слушнам. Можеби за конкретниот модел не, ама за слични појачал(ц)а со лампи има на нет, па направи некое истражување.
 

MadBuldog

hello world
22 јуни 2008
182
459
Скопје
Некој предлог за слушалки за музика слушање до макс 2000 ден ?
Најјбитно од све е да не болат ушите после 1-2 часа слушање музика од самото тоа што притискаат слушалките а и воедно да даваат добар звук..

Можеш да ги зирнеш AKG K-52 Аудио Центар Болин ги има во БОЛИН во ГТЦ (редовна цена 3100 - 20% попуст = 2480 Ден.). Покомфорно од класичниот AKG облик на "Over the ear" слушалки тешко дека ќе најдеш, (Sennheiser HD 500/600 серија на слушалки можеби слично комфорни али тие почнуваат од 80 Еур HD 559 па нагоре).
 

nikola_bb

hello world
14 август 2009
402
123
Газдата во Алфа Аудио ептен го исфали кога бев нешто да слушнам. Можеби за конкретниот модел не, ама за слични појачал(ц)а со лампи има на нет, па направи некое истражување.
Одлучив веќе. Ќе одам на кинеско предпојачало со лампи, читав по аудио форуми има позитивни критики. Ќе треба можеби само посоодветни лампи да се стават. Конкретно ќе одам најверојатно со aiyima.
 

Gaston

user
9 февруари 2011
1.728
3.159
Gaston's setup  
Audio
AR
Одлучив веќе. Ќе одам на кинеско предпојачало со лампи, читав по аудио форуми има позитивни критики. Ќе треба можеби само посоодветни лампи да се стават. Конкретно ќе одам најверојатно со aiyima.
Можда @alek99 ако е уште активен да даде совет со неговото искуство околу лампи?
 

Андреј

hello world
4 септември 2012
184
470
Варшава, Полска
discord.gg

alek99

hello world
28 јануари 2008
476
398
Можда @alek99 ако е уште активен да даде совет со неговото искуство околу лампи?
Ха, активен сум, но пасивно. Ќе се произнесам, но однапред се оградувам бидејќи совети за лампи, се многу, многу субјективна категорија.

За дилемата на Никола:
Кинеските уреди ако вовед во светот на лампите се добра опција.
Но, добра е само цената и ај да кажеме дизајнот(работа на личен вкус).
Две работи:
1.Лампите им се катастрофа. Во принцип сите денешно произведени лампи (има исклучоци) се такви.
2.Да не зборам дека во трафата има само Б од бакар.
Не дека нема да заврши работа и звучи лампашки, но сепак нема да биде „тоа„.

Добра ти е втората варијанта, само преамп.
Првата варијанта е комбинација од две преамп лампи и излез, најверојатно некоја Д-класа, што лимитира.
Вака со преампот ќе си возиш различни појачала и ќе си го бараш звукот што ќе ти легне.
 

alexmk

read-only
28 јануари 2017
45
21
Одлучив веќе. Ќе одам на кинеско предпојачало со лампи, читав по аудио форуми има позитивни критики. Ќе треба можеби само посоодветни лампи да се стават. Конкретно ќе одам најверојатно со aiyima.
Nikola toa aiyima na so ke go priklucis? Imas izlezno pojacalo?
Ako mislis od Ali da naracuvas ke go cekas do juni. Podobro od tuka kupi si em ke go slusnes em odma si go koristis.
 

nikola_bb

hello world
14 август 2009
402
123
Да ќе го врзам NAD-от како излезен степен, има влез за тоа. Прашање: грамофонското предпојачало од NAD-от да го користам па да влезам во лампашот, технички знам дека е изводливо и мислам дека и логично е така?
 

alexmk

read-only
28 јануари 2017
45
21
Nadot ti e solidno pojacalce,ne veruvam deka kinezot ke sviri nesto podobro ama ako ti e keifot lampi da probas ok.
PS postive ne rabotat tesko deka ke ti stigne ako naracuvas od kina.
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
758
2.019
Прашање: грамофонското предпојачало од NAD-от да го користам па да влезам во лампашот, технички знам дека е изводливо и мислам дека и логично е така?

Можеш, ама зошто?

Структурата на засилување (gain structure - немам подобар превод) на NAD 3020, како и на секој интегриран засилувач, е усогласена помеѓу степените (грамофонски предзасилувач, линиски предзасилувач, излезен засилувач). Со вежбава, ќе го замениш линискиот предзасилувач со друга компонента (лампи), и, ако си извонредно среќен, ќе се усогласат структурите и ќе звучи барем толку добро како само NAD-от, или и подобро...

...но потенцијалот да ја пореметиш структурата на засилување е малку поголем.
 

nikola_bb

hello world
14 август 2009
402
123
Мхм јасно. Идејата ми е сакам да слушнам звук од лампи. Сум слушнал до сега не дека не. Ама сакам да пробам дома што ќе добијам.
За грамофонот секако морам да имам грамофонски предзасилувач, затоа и морам да го имам во целава приказна.
Првично мислев да го купам ова, па си викам зошто па со над-ов што ќе правам нели ми е подобро претпојачало да земам па да можам кај сакам да го ставам во комбинација и така стигнав до овие кинескиве.
 

igor_xxxx

user
10 септември 2010
1.308
1.750
Со оглед на тоа што во изминатиов период имам повеќе од доволно слободно време заради ситуацијава околу нас, се решив да се зафатам во решавањето на еден прилично напорен и досаден проблем што се појави во системот.

Мислам дека би било од интерес да се сподели, за ако некој има нешто слично, да не лута како мене или пак да знае однапред на некои потенцијални извори на проблеми кои што можат да се појават.

Предупредување за оние што не сакаат да читаат - постов ќе биде "малце" подолг затоа што сето ова се случуваше во подолг период, ама се има време на претек :)

TL;DR - Жалам, се мачев да го напишам, ќе мора да се чита.... или не :D

Постов е поделен во два дела, Part 1 и Part 2, затоа што се одвиваа во различни периоди, но сакав да ги сумирам во еден пост.

Part 1

Пред да започнам со проблемите и решението, чисто како потсетник бидејќи е релевантно за понатамошниот текст, мојот систем беше поврзан на следниот начин при појавувањето на првобитните симптоми:

1) Грамофон (Internal code name "Wlith") :)
2) Грамофонско претпојачало (RJM Phonoclone 4 и електроника за контролерот за корекција на ротација)
3) Mytek DSD Dac како претпојачало
4) Медиа сервер (обичен лаптоп де :) )
5) Sony BDP како транспорт за дискови
6) Neumann KH750 DSP стерео сабвуфери
7) Neumann KH310A активни студиски монитори

Аналогниот сигнал од грамофонското претпојачало се рутира преку линискиот влез на Mytek конверторот, за потоа преку Mytek-от да се прати левиот канал на левиот сабвуфер, а десниот канал на десниот сабвуфер.Во секој од сабвуферите се врши A/D конверзија (analog to digital), се аплицираат за секој од каналите (лев/десен) независни DSP EQ корекции, па потоа повторно сигналот преку D/A конверзија се конвертира во аналоген во самите сабвуфери, и се праќа до секој од мониторите.Во сабвуферите е конфигуриран "high shelf" филтер на ~80Hz, што во груб превод значи дека сите фрекфенции под 80 Hz ги "свири" сабвуферот, а се' над тоа оди на мониторите.

За дигиталниот дел, чекорите се исти, односно Sony BDP/Медиа сервер -> Mytek DAC -> Сабвуфери -> Монитори.Се користат истите DSP параметри и во овој случај.

Каблирањето низ целиот систем е со балансирани AudioQuest Mackenzie/Diamondback кабли, со исклучок на врската помеѓу грамофонското претпојачало и Mytek-от, која што мора да е небалансирана и е со AudioQuest Diamondback кабел.

Откако го "разјаснивме" концептот на системот, да преминеме на оноа што е битно.Веќе некое време се размислував за вметнување на друг уред кој што ќе биде главен центар на системот, да го наречеме претпојачало, а конверторот да си биде само дедициран DAC, но решив да ја пробам во својот систем "Интернетската експертиза" дека "the best preamp is no preamp", бидејќи е де факто очигледно во последно време дека аудио советите по форуми се сведоа генерално на графици и мерења во сопствена режија, без оддавање на никаква важност на целокупниот систем и концепт што треба да се постигне.

Ова беше лесно да се проба бидејќи сабвуферите имаат можност за контрола на јачината на сигналот преку интерниот DSP енџин, па реков ајде да пробаме и да го поврземе грамофонското претпојачало директно во сабвуферите - сепак технички ова е идеалното решение.Бидејќи резултатот не е важен во оваа дискусија, ќе кажам само дека беше во кратки црти незадоволителен.По брза постапка, се' беше вратено назад.

После неколку дена од пробата, почна да ми станува нешто чудно во системот - се појави брум кој што до тогаш го немаше.Но како што е среќата, имаше неколку различни манифестации:

1) Брум што беше присутен и константен на било која јачина на сигналот
2) Брум што се засилуваше паралелно со промената на јачината на сигналот
3) Брум на кој што амплитудата осцилира без некоја јасна причина
4) Брум кој што не постои до одредно ниво на засилување, за потоа нагло да почне да се зголемува во јачина

Првото нешто што се провери и се заклучи дека сите овие проблеми со брумот, се манифестираа само кога во системот се користеше грамофонот.Со дигиталниот дел (извор) немаше никаков проблем.

И така, започна голготата на долги тестирања под диригентската палка на @InSides.Во следните неколку дена, беа тестирани следниве работи:

1) Детална проверка на патеката на заземјување на сите компоненти, како и проверка на континуитетот од кертриџот, преку рачката, аналогниот кабел, па се до RIAA претпојачалото
2) Разделеност на сигналното, и напонското заземјување преку кое се заземјени шасијата и микроконтролерот во RIAA претпојачалото
3) Ново, латерално заземјување на рачката, шасијата, RIAA претпојачалото, и секоја различна комбинација помеѓу нив
4) Активирање на "Ground Lift" прекидачите на секој од сабвуферите и мониторите
5) Прекин на заземјувањето од шуко утичницата со користење на "лажњак"
6) Промена на каблирањето, преповрзување на сите компоненти итн
7) Сигурно има уште нешто, ама веќе не се сеќавам

За жал, ништо од ова не ги реши проблемите.Имаше влијание на некој од различните манифестации на брум, но генерално се' остана непроменето.

Во момент на очај, веќе и почнавме да се помируваме со фактот дека постои "нешто" што ја "прља" струјата - односно дојдовме до крајот на нашите можности за испитување.

Кога во 01:00 часот по полноќ неуспешно ја пробавме и последната опција во системот, се сетивме дека во сите тие тестирања од пред некој ден, Mytek-от беше оставен во бајпас мод (најчесто така и се користи), каде што целото коло за атенуација е елиминирано од патот на сигналот низ него.По брза постапка го активираме атенуаторот и следеше изненадување - контролата на глас не работеше и со дигитален извор.Дефинитивно нешто тука не беше во ред.

Како и секое ИТ лице, нормално дека првата работа што требаше да се проба е фабрички ресет на уредот :D

И "voila" - брумот го снема.

Зашто ова се случи и манифестираше на таков начин, немам идеја.Можеби некој микроконтролер во него се "збрка" при тестирањата и промената на конфигурациите/каблирањето, не знам што да кажам.

И така проблемите се решија, грамофонот продолжи да се користи, иако со ограничено време, не баш како што би сакал.

Продулжуваме на Part 2 :)

Part 2

Дејствието во Part 1 се случуваше околу Нова Година, и од тогаш немав баш време за активно и гласно (клучен момент) да слушам музика, се до пред неколку недели.Тоа што го приметив беше дека при слушање на релативно високо ниво на јачина на сигналот, да речеме околу 90 децибели, во системот сеуште се јавуваше одредена варијанта на брум и осцилации кои што драстично влијаеа на перформансите на сабвуферите и целокупната работа на грамофонот.

Ова се манифестираше само кога грамофонската игла беше во контакт со плочата - без разлика дали ротира плочата или е во мирување.

Дополнителна информација: Во системот има класично аналогно претпојачало(*), така да овој пат Mytek-от нема никаква улога во аналогниот сетап.

(*) За ова нешто повеќе во друга прилика.

Moving forward to present day...

Бидејќи не сакав да ја поминувам истата голгота како претходно, го игнорирав проблемов бидејќи се манифестираше при релативно гласно слушање, а и немав баш време (и желба) да се плеткам пак со тоа, се додека не ми пукна филмот пред некој ден со целово "социјално дистанцирање" :) И така првото нешто што го направив беше да му се јавам на еден член, и да му соопштам дека започнуваме со целосно растурање на системот - проблемот мора да се реши.

После цела ноќ тестирање на сите можни комбинации, проблемот се лоцираше во следното: Сабвуферите и грамофонот не се согласуваат баш најдобро :)

Проблем број 1 - Акустичен фидбек (повратни информации) при високо ниво на гласност

Морам да признаам дека ова една од работите што не ни паднаа прво на памет, бидејќи системот со месеци работеше како што треба, и беше земено во предвид при првичните тестирања.Евидентно е дека сабвуферите се извор на огромна енергија во собата од ~30m2, и потребно е некако тоа да се избалансира.За потврда на "сомнежот", кога се поврзаа само мониторите да свират, немаше апсолутно никаков проблем, а не се за жалење дека не одат прилично ниско.

Решение број 1:

После неколку месеци користење, изолационата гума што ја искористивме со @InSides помеѓу сталаците и сабвуферите, а од претходно искуство знаевме дека има одлични изолациони карактеристики, го добила следниов изглед:

mBMdkyY.jpg


Од нивото на компресија, очигледно е дека полека ги има значително изгубено изолационите способности, и затоа проблемот се манифестираше после одредено време.Успеав да најдам неколку парчиња далеку поквалитетна и робусна изолациона гума, па се решивме како прв чекор да пробаме како ќе биде со новата гума.Во зависност од резултатите и понатамошните случувања, можеби ќе се размисли за подобро решение, а можеби и не.

Согласно здравствените препораки, гумата е детално измиена, дезинфицирана и исушена :D

KqFUKD2.jpg


Гумата е поставена за проба помеѓу сите нивоа.Пробано е на кратко и со "coupling" метод, но првичните резултати не беа сјајни.Со ова може во идина да се експериментира ако има потреба.

zNAwkED.jpg


Првични импресии после промената? Акустичниот фидбек е значително намален, но брумот е сеуште присутен.

Решение број 2:

Промена на постоечката изолација на подшасијата на грамофонот со нешто друго, со оглед на екстремните услови во кои што треба да работи.

4zS196W.jpg


Неколку "nudes" фотки :)

OPYvalZ.jpg


NRAm73P.jpg


И повторно составен:

PDjMyQJ.jpg


rtCU7JV.jpg


И сега момент на вистината - дали проблемите се отстранети? Lester Bowie плочата се спушта на грамофонот, иглата е поставена, музиката започнува.Јас се позиционирам на двоседот и слушам.

Брум и фидбек скоро и да нема, јас генерално задоволен.Музиката продолжува да свири но нешто почнува тивко да се наслушнува во позадината.Бас нотите некако не звучат јасно и контролирано.

Проблем број 2:

Откако се елиминираа главните проблеми (брумот и фидбекот), се појавија на виделина ситни гремлини како "low level rumble", кој што претходно беше скриен во позадина.

Во консултација со инженери од Neumann и претходно споменатиот наш член, конфигуриравме на самите сабвуфери "subsonic" филтер, со фрекфенција од 15 Hz."Теоријата" вели дека тоа не чини, увото вели и тоа како добро звучи басот после ова :)

И сега се' е во ред... пааа не баш :)

Проблем број 3:

Веќе се наближивме до крајот, односно сите проблеми кои што доминираа и влијаеа на квалитетот на звукот се исчистија.Остана уште еден екстремно ситен проблем, кој што дојде до израз откако веќе се' друго се среди.

Тоа се вибрациите од куќиштето на моторот.Овие вибрации беа толку ниски, што во 99% од времето нема шанси да се слушнат, освен кога се слуша екстремно гласно и има тивок премин во музиката.Но што би биле ние, ако не пробаме и тоа да се среди, кога веќе стигнавме до тука ? :)

Решение број 1:


Прво нешто што пробавме беше да се искористат истите изолациони топчиња што се искористија ефективно за подшасијата, но тоа не помогна во овој случај.

HvjltXN.jpg


Решение број 2:

Ми останаа по дома сеуште неколку парчиња изолациона гума со одговарачки димензии, па пробавме и со нив.Проблемот е комплетно решен.

S02LMMG.jpg



И така после целава оваа епопеја, сите проблеми се решени и системот работи како што работеше и првиот ден.Додуша, нешто подобар е сега :)

Откако завршија сите промени, потребно беше да се преконфигурира EQ-то на секој од сабвуферите бидејќи значително се промени и израмни одзивот во собата.Оноа што е значително евидентно е дека сабвуферите работат со значително помалце снага и звукот е далку израмнет низ целата соба, а не само на критичната локација.

Моментална ситуација, колку за информативни цели :)

tcadfXh.jpg


Некои од решенијата се можеби привремени и би се пробало со нешто естетски по прифатливо, но со оглед на целава ситуација во моментов, било кои понатамошни работи ќе почекаат.

Тоа што е евидентно дека можеби ќе треба да се проба/промени е следното:

1) Да се проба друг метод на изолација на сабвуферите - што е потенцијален ризик се непознат резултат.
2) Да се дампираат дополнително сталаците за сабвуферите
3) Да се дампира дополнително полицата за грамофонот
4) Да се види што може да се направи (дампирање, локација инт) околу моторот на грамофонот.Ова е тесно поврзано со точка број 3.

Мислам дека ги опфатив сите важни и не толку важни работи во постот, се надевам дека беше интересно информативно читање, и дека некој успеа да стигне до крајот :)

Прашања, сугестии?

Over and out :)
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Сабајлево направив 2 постолја за монитори бидејќи не најдов кај нас тоа што треба. Треба да се бојадисаат. Можеби изгледаат грдо и примитивно ама си ја вршат работата. Мислења? 91756415_871152496631200_6805212506114490368_n.jpg
 

TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Сабајлево направив 2 постолја за монитори бидејќи не најдов кај нас тоа што треба. Треба да се бојадисаат. Можеби изгледаат грдо и примитивно ама си ја вршат работата. Мислења? Погледнете го атачментот 86062

Пази после некоја hardbass трака да не паднат.

Инаку што монитори набави?
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Пази после некоја hardbass трака да не паднат.

Инаку што монитори набави?
Стари ми се мониторите (една година не е старо ама ај). Presonus Eris 3.5 заедно со interface Presonus Studio 2/4 за гитарче и микрофон во домашна атмосфера. Ќе пратам после слика да ги наместам на постолја.

View: https://www.youtube.com/watch?v=OLAg3l-LVAo
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно