Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

edaRR

read-only
7 мај 2020
42
63
вакви некои да погледниш:
HEADPHONES LOGITECH Gaming-Headset G435 Wireless LIGHTSPEED/ Bluetooth w/microphone 981-001050, Black and Neon Yellow ⋆ IT.mk
(ги има во различни комбинации од бои)
Ги разгледав не се лоши ќе ги имам во предвид.

Фала многу!

И ако не ти е некој проблем, дали имаш уште некој предлог? Немора да е стриктно од македонски продавници.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Дали некој користи Soundcore од Анкер да сподели искуство?
Ги гледав Space A40 од Анхоч, имаат доста позитивни рецензии и солидна цена.
Се што ми беше буџет мала слушалка не функционира како што треба, па планирам да ги земам.
 
Mercilesss

hello world
20 февруари 2023
396
299
Дали некој користи Soundcore од Анкер да сподели искуство?
Ги гледав Space A40 од Анхоч, имаат доста позитивни рецензии и солидна цена.
Се што ми беше буџет мала слушалка не функционира како што треба, па планирам да ги земам.
Јас земав P40i и се прилично добри. Само некако не можам да си најдам добар фит на гумички за ушите, имат пратено 5 различни големини, и некако ни едно не ми е 100% добро, после некое време сите како паѓат или се подизвадат.
 
Ali G

hello world
28 мај 2023
218
298
Ги коростев Life Dot 2 скоро 4 години, беа топ слушалки од аспект на звук особено за цената, 3200 ги зедов. Единствен проблем ми беше шо во летни месеци во Охрид при трчање ми губеа сигнал кога телефонот ќе го ставев во џеб од шорцеви а не на појас, веднаш штом ќе престанев да трчам, сигналот повторно се враќаше. Тоа ми беше чуден феномен и само се случуваше кога имаше гужва (јуни, јули, август) само при трчање и само во Охрид, Скопје не сум имал таков проблем. Исто така имаа и static noise, ама тоа воопшто не ми беше проблем. Да купувам слушалки за тој буџет дефинитивно повторно би одел со Анкер. Меѓутоа би одел со Liberty 4.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Јас земав P40i и се прилично добри. Само некако не можам да си најдам добар фит на гумички за ушите, имат пратено 5 различни големини, и некако ни едно не ми е 100% добро, после некое време сите како паѓат или се подизвадат.
Имам доста гумички и од други слушалки, па ќе најдам нешто што одговара. Едни добри ми се погодија од JBL со кабел, ама па на тие престана десната да работи...
Ги коростев Life Dot 2 скоро 4 години, беа топ слушалки од аспект на звук особено за цената, 3200 ги зедов. Единствен проблем ми беше шо во летни месеци во Охрид при трчање ми губеа сигнал кога телефонот ќе го ставев во џеб од шорцеви а не на појас, веднаш штом ќе престанев да трчам, сигналот повторно се враќаше. Тоа ми беше чуден феномен и само се случуваше кога имаше гужва (јуни, јули, август) само при трчање и само во Охрид, Скопје не сум имал таков проблем. Исто така имаа и static noise, ама тоа воопшто не ми беше проблем. Да купувам слушалки за тој буџет дефинитивно повторно би одел со Анкер. Меѓутоа би одел со Liberty 4.
Ги гледав и нив, ама овие ми се помали и претпоставувам покомфорни за гледање во кревет на перница, пошто така најчесто ги користам. Тапа е што не може да се проба...
 
Ali G

hello world
28 мај 2023
218
298
Имам доста гумички и од други слушалки, па ќе најдам нешто што одговара. Едни добри ми се погодија од JBL со кабел, ама па на тие престана десната да работи...

Ги гледав и нив, ама овие ми се помали и претпоставувам покомфорни за гледање во кревет на перница, пошто така најчесто ги користам. Тапа е што не може да се проба...
Интересно е што имаат и посебен модел за во кревет на перница soundcore sleep a20, меѓутоа ги нема во Анхоч, може да провериш на Али Експрес дали ги има бидејќи имаат официјална Анкер продавница на Али.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Интересно е што имаат и посебен модел за во кревет на перница soundcore sleep a20, меѓутоа ги нема во Анхоч, може да провериш на Али Експрес дали ги има бидејќи имаат официјална Анкер продавница на Али.
Поскапи се скоро двојно, не ми се дава толку пари за таа намена. Ама фала за предлог.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590

Покрај тоа што сум противник на ТВС, пошто се слушалки што неизбежно ќе ги фрлиш после година две(зависно колку ги користиш) ма колку и да ги пазел, пошто кај поефтиниве(под $100-150) колку што знам кај никои нема батери кер па да потраат некоја година плус... земав пред некој месец еден пар(Moondrop Space Travel) со намера демек да ги продадам, али се одомаќинија кај мене.

Удобноста на користење на ТВС, во комбинација со ептен солиден тјунинг(ме мрзеше да ги мерам, али се наоѓаат мерења по нетов ако имаш горе доле претстава што значи кривата), покрај тоа што имам 2 пара слушалчиња од по $200 најчесто овие ми се во уше задњиве месец два(најчесто за филмови, али и за музиче), и мала цена од $20-25(да не ти е жал кога ќе ги фрлиш) беа пресудни :).
Патат од бољка што обично поефтини(некогаш и поскапи) уреди ја имаат, не калибрирана батерија со погрешен дисплеј на преостанат капацитет и кај моиве 30% е фактички горе доле 1%. Мада ова како ќе ти се погоди, во зависност дали новата тура батерии што ја набавиле има ист/сличен дисчарџ крв ко иницијалната према која ја правеле калибрацијата. Иначе рантајмот ми е ко што треба, и на ниво на гласност кое што го рачунам нормално(горе доле на ниво на нормален разговор) тераа безмалку 6 часа кога ги тестирав, а декларирано имаат 4 часа рантајм.
Ако ги користиш на ПЦ во комбинација со Alternative A2DP Driver, со нив можеш SBC кодекот да го кренеш негде докај 520Kbps(од оригиналните 328).
Од аспект на конекција, ги користам претежно на пц, и генерално ги нема да штуцнат, освен некои ретки моменти кога сум испружен на кревет на некои 4-5 метри од предавателот и користам гејм мод(намален бафер за помала латенција).

Така да ако не ти е проблем да почекаш, јас би ти рекол да си пуцнеш едни такви од али.

Edit: Еве ти мерења од нет на трите пресети што ги имаат и се бираат преку апликацијата.

1735059796301.png
 
Последна промена:

Popay

hello world
21 декември 2008
185
68
Некој да предложи добри буџет TWS (со ANC)?

Ги гледав Redmi Buds 5, 2400 денари се во Анхоч:

Читајќи по интернетов, солидни се за цената:

Сакам да купам за мајка ми...

Покрај тоа што сум противник на ТВС, пошто се слушалки што неизбежно ќе ги фрлиш после година две(зависно колку ги користиш) ма колку и да ги пазел, пошто кај поефтиниве(под $100-150) колку што знам кај никои нема батери кер па да потраат некоја година плус... земав пред некој месец еден пар(Moondrop Space Travel) со намера демек да ги продадам, али се одомаќинија кај мене.

Удобноста на користење на ТВС, во комбинација со ептен солиден тјунинг(ме мрзеше да ги мерам, али се наоѓаат мерења по нетов ако имаш горе доле претстава што значи кривата), покрај тоа што имам 2 пара слушалчиња од по $200 најчесто овие ми се во уше задњиве месец два(најчесто за филмови, али и за музиче), и мала цена од $20-25(да не ти е жал кога ќе ги фрлиш) беа пресудни :).
Патат од бољка што обично поефтини(некогаш и поскапи) уреди ја имаат, не калибрирана батерија со погрешен дисплеј на преостанат капацитет и кај моиве 30% е фактички горе доле 1%. Мада ова како ќе ти се погоди, во зависност дали новата тура батерии што ја набавиле има ист/сличен дисчарџ крв ко иницијалната према која ја правеле калибрацијата. Иначе рантајмот ми е ко што треба, и на ниво на гласност кое што го рачунам нормално(горе доле на ниво на нормален разговор) тераа безмалку 6 часа кога ги тестирав, а декларирано имаат 4 часа рантајм.
Ако ги користиш на ПЦ во комбинација со Alternative A2DP Driver, со нив можеш SBC кодекот да го кренеш негде докај 520Kbps(од оригиналните 328).
Од аспект на конекција, ги користам претежно на пц, и генерално ги нема да штуцнат, освен некои ретки моменти кога сум испружен на кревет на некои 4-5 метри од предавателот и користам гејм мод(намален бафер за помала латенција).

Така да ако не ти е проблем да почекаш, јас би ти рекол да си пуцнеш едни такви од али.

Edit: Еве ти мерења од нет на трите пресети што ги имаат и се бираат преку апликацијата.

Погледнете го атачментот 144835

Moondrop Golden Ages ;)
Мислењето е автоматски споено:

Дали некој користи Soundcore од Анкер да сподели искуство?
Ги гледав Space A40 од Анхоч, имаат доста позитивни рецензии и солидна цена.
Се што ми беше буџет мала слушалка не функционира како што треба, па планирам да ги земам.

Исто Sony-то
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
758
2.019
Малку сум надвор од тековите, па ви се обраќам тука за предлог.

Имено, во потрага сум по десктоп активни студиски монитори со мали димензии. Основата оптимално би требала да биде во склопот на 150мм х 180мм.

Од моите ограничени истражувања, налетав на две опции - Genelec 8010A и Neumann KH80 DSP. Секако би сакал да поминам со помал трошок, па би бил многу благодарен за предлози во склоп на ограничувањата од погоре.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Фала на предлог, ама од она што прочитав рецензии, генерално поголема наклонетост има кон А40.

Покрај тоа што сум противник на ТВС, пошто се слушалки што неизбежно ќе ги фрлиш после година две(зависно колку ги користиш) ма колку и да ги пазел, пошто кај поефтиниве(под $100-150) колку што знам кај никои нема батери кер па да потраат некоја година плус... земав пред некој месец еден пар(Moondrop Space Travel) со намера демек да ги продадам, али се одомаќинија кај мене.
Фала другар, ама не сакам да земам со рачките (не знам како да ги наречам).

Едино заебанција со БТ слшалкиве би било доцнењето при гледање филм/серија, не знам тука како се со компензирање.

Имам едни вакви дома од пред некоја година што ги нарачав и доста солидни се. Ама им испадна металниот „грил“ каде што се ставаат гумичките. Гледам дека попуштил лепакот уствари, не е скршено, така да ќе ги решам со некое лепаче веројатно. Ама сепак се малку гломазни за да лежиш на нив.
1735130396532.png
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Малку сум надвор од тековите, па ви се обраќам тука за предлог.

Имено, во потрага сум по десктоп активни студиски монитори со мали димензии. Основата оптимално би требала да биде во склопот на 150мм х 180мм.

Од моите ограничени истражувања, налетав на две опции - Genelec 8010A и Neumann KH80 DSP. Секако би сакал да поминам со помал трошок, па би бил многу благодарен за предлози во склоп на ограничувањата од погоре.
Не можам да кажам ништо за Neumann-от, ама Genelеc имам на работа и за нив имам многу високо мислење. Издржливи (неколку пати ми имаат паднато на под, не по моја вина и немаат гајле), доверливи, ама со никаков бас и релативно flat звук. Јас ги користам како монитори за вокален source, па тоа и не ми значи ништо. Ама па и бас од 3 инчен драјвер тешко...
Имаат балансиран input, добра динамика, ако им најдеш точна фоклана точка во однос на просторијата, ќе добиеш ненормално добар soundstage. Ама без бас...
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Малку сум надвор од тековите, па ви се обраќам тука за предлог.

Имено, во потрага сум по десктоп активни студиски монитори со мали димензии. Основата оптимално би требала да биде во склопот на 150мм х 180мм.

Од моите ограничени истражувања, налетав на две опции - Genelec 8010A и Neumann KH80 DSP. Секако би сакал да поминам со помал трошок, па би бил многу благодарен за предлози во склоп на ограничувањата од погоре.
Мене ми е чудно да си надвор од тековите :)
 
acikaaa

user
22 октомври 2018
1.188
1.190
Скопје
Имам едни вакви дома од пред некоја година што ги нарачав и доста солидни се. Ама им испадна металниот „грил“ каде што се ставаат гумичките. Гледам дека попуштил лепакот уствари, не е скршено, така да ќе ги решам со некое лепаче веројатно. Ама сепак се малку гломазни за да лежиш на нив.
1735130396532.png
Буквално истот ми се случи и на мене и нови си порачав (уствари татко ми ги користи)
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
ама не сакам да земам со рачките (не знам како да ги наречам).
Е тоа ти е , или со "рачките" ќе изгледаш ко да ти го исекол некој кабелот, или па со другиве ќе изгледаш ко шрек :). Најдобро да не се базира изборот на тој момент, и да не ти е гајле како изгледа од страна.

Едино заебанција со БТ слшалкиве би било доцнењето при гледање филм/серија, не знам тука како се со компензирање.
Со тоа гејм модот практично е решен проблемот, скоро неприметно е доцнење на звукот, така да барај такви што го имаат истиот.
Мада во тој мод се поподложни на сметњи и можат да штуцнат чат пат, баш вчера и пред пц ги користев и истото ми се дешаваше ко и на поголема одалеченост, али сепак прифатлив компромис според мене, можда еднаш на 10минути ќе штуцнат делче од секунда, можда и поретко.
Пошто нема некој стандард за тој гејм мод, можно е некои производители да идат на опција со малку повеќе бафер и доцнење за да минимизираат штуцови. А можда и до атмосферата кај мене е, пошто сум во зграда со многу околни 2.4ГХз вифи мрежи и плус и јас користам други безжични уреди на истиот спектар.
Задње кога пробував блутут ресивер со aptx LL(и ова ти е опција за минимизирање на доцнење), и со него имав подзасецнувања, многу почесто него со спејс травелов.
На крај краева, ако гејм мод, или уред со поддршка на aptx LL(Виндовс има поддршка за истиот со Alternative A2DP Driver) не ти работат по ќеф, имаш плеери како пример Коди кај кои можеш да го поместиш аудиото понапред за отприлика 100-150мс(уште нешто плус за LDAC и евентуално aptx HD) и да компензираш за каснењето.

Имам едни вакви дома од пред некоја година што ги нарачав и доста солидни се. Ама им испадна металниот „грил“ каде што се ставаат гумичките. Гледам дека попуштил лепакот уствари, не е скршено, така да ќе ги решам со некое лепаче веројатно. Ама сепак се малку гломазни за да лежиш на нив.
Лепи, греота да се фрлат.
Ако ти а да легнеш врз нив, онда спејс травелов не ти се добри за таа намена.
Иначе од се што ми прошло низ раце од жичаниве, најудобни да легнеш врз нив ми биле Blon 03(одлична слушалка за мала пара покрај другото), а и TRN V90(исто еден од фаворитите мои од времето) што незнам дали уште се продаваат.
Иначе од жичана слушалка да направиш безжична, веројатно најинтерeсна варијанта е да се инсталира Vban на пц и Vban Receptor на телефон(ако има 3.5мм). Добиваш PCM(некомпресирано) аудио преку вифи, каснењето можеш да си го регулираш со нивоата на бафер што се подесуваат, и плус добиваш многу подобро покривање со сигнал него со блутут. Плус ќе се осеќаш ко рок ѕвезда со телефонот на кук ко рисивер :)
Или со блутут рисиверче како ова, аудиофилска верзија со малтене сите релевантни кодеци(вклучувајќи и aptx LL), има и бајаѓи поефтини што се без дедицирани дакови врагови. Комбинираш со кратко кабле за слушалките и бркаш работа.
 
Последна промена:

InSides

lurker
21 февруари 2009
758
2.019
Мене ми е чудно да си надвор од тековите :)

:D

Првиот инстинкт ме бутна кон KH80, ама по цена од 35,000 денари парче, си велам дека мора да има некоја алтернатива.

Adam T5V ќе беше идеална опција, и ценовно и звучно, ама малку се поголеми од што имам простор. Бирото е веќе 160х80, не сакам да го ширам уште повеќе.
 
null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.044
1.128
Куманово

ако си ограничен со простор сега брзо исфрлија D3V од Adam Audio
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
758
2.019
Ова е интересна идеја, D3V - треба само да се обидам да ги видам во живо дека на слика делуваат како компјутерски звучници од 90тите. :D
 
null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.044
1.128
Куманово
Ова е интересна идеја, D3V - треба само да се обидам да ги видам во живо дека на слика делуваат како компјутерски звучници од 90тите. :D
го имаат тој вајб :cool:, мислам дека ги има уште во Артист, пробај дали вршат работа
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Покрај тоа што сум противник на ТВС, пошто се слушалки што неизбежно ќе ги фрлиш после година две(зависно колку ги користиш) ма колку и да ги пазел, пошто кај поефтиниве(под $100-150) колку што знам кај никои нема батери кер па да потраат некоја година плус... земав пред некој месец еден пар(Moondrop Space Travel) со намера демек да ги продадам, али се одомаќинија кај мене.

Удобноста на користење на ТВС, во комбинација со ептен солиден тјунинг(ме мрзеше да ги мерам, али се наоѓаат мерења по нетов ако имаш горе доле претстава што значи кривата), покрај тоа што имам 2 пара слушалчиња од по $200 најчесто овие ми се во уше задњиве месец два(најчесто за филмови, али и за музиче), и мала цена од $20-25(да не ти е жал кога ќе ги фрлиш) беа пресудни :).

Теоретски може да се менуваат батерии на TWS слушалките, но според искуствата од нет во пракса солидна е шансата да ја поeбeш пластиката/куќиштето. На крај секако потрошна роба се. Како што кажуваш толку мали батерии многу брзо и полесно рикнуваат, многу поосетливи се на ладно/жешко и на ненамерно оставање да им се деси deep discharge. Ова зависно од сетирањата на заштитата а често ги цедат батериите со низок долен праг за да добијат повеќе работни часови за во спецификациите и рекламите.

Јас на друга дилема сум, но слична oд некои аспекти. Ми треба ANC функционалност ама нема жичани слушалки со ANC. Претпочитам жичани пошто мразам планиран obsolescence. Башка тоа user interface-от со пипкања по слушалките ми е многу ретардиран, си местиш слушалка за да легне подобро во уво и по грешка кликаш next. И ОК ако слушаш музика никому ништо но ако слушаш аудикнига тогаш сега треба да го вадиш DAP-от или телефонот и да ја бараш траката, па да бараш до каде си стигнал со слушање. Глупости.
Така да од немајкаде земав full size слушалки со ANC и сега нема враќање назад на слушање без звучна изолација. Арно ама големи се за секојдневно користење надвор од дома. Така да ми треба нешто помало.
TWS не сакам баш заради краткиот работен век. Сега гледам neckbend опции пошто neckbend слушалки имаат поголеми батерии кои се помалку подложни на наведените проблеми, плус имаат и подобар ANC затоа што не мора да штедат енергија толку како TWS. И крајно, ако/кога ќе дојдат проблемите со батериите на дневен ред - многу полесно е да се менуваат батерии без страв дека ќе се уништи школката од слушалките, пошто куќиштето со батериите е одделно (во neckbend делот).

Немам големи побарувања за звукот пошто воглавно слушам аудиокниги на 64-128kbps, изолација и робусност ми се поважни. Гледам што опции има а нема многу понуди пошто tws се интересните сега, neckbend изгледа не баш. Овие се засега ми се на прво место Oneplus Bullets Wireless Z2 АNC... За таа цена ќе ги нарачам секако деновиве, посебно ако пуштат некој купон на Али. Но добро би дошле некои предлози за neckbend слушалки со ANC. :)
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Теоретски може да се менуваат батерии на TWS слушалките, но според искуствата од нет во пракса солидна е шансата да ја поeбeш пластиката/куќиштето.
Да, теоретски. Дури и да не го зезнеш куќиштето, треба да најдеш батерија со соодветни димензии и волтажа, па после да се нервираш што нема никој да ти ја достави до Mакедонија :).
Сега гледам neckbend опции пошто neckbend слушалки имаат поголеми батерии кои се помалку подложни на наведените проблеми, плус имаат и подобар ANC затоа што не мора да штедат енергија толку како TWS.
Не верувам дека ќе имаш подобро АНЦ ради поголема батерија, се што е ефтино ќе го користи истото АНЦ, тоа квалком што им го дава на бесплатно користење со блутут чипот. Веројатно квалитетот дополнително ќе зависи од квалитетот на микрофонот што е активен при АНЦ и ја мониторира околината.

И крајно, ако/кога ќе дојдат проблемите со батериите на дневен ред - многу полесно е да се менуваат батерии без страв дека ќе се уништи школката од слушалките, пошто куќиштето со батериите е одделно (во neckbend делот).
Не би се надевал на ова, на пар некбендој со IP рејтинг што ги имам отворено, деловите кај што е батеријата/контролите се наполнети со тврда смола што покрива малтене се и би било голема авантура да се направи замена на било што. Можда ако се без IP и да може, али ретки се такви денешно време, со полнење ем добиваат водоотпорност ем те спречуваат да ги поправиш, вин вин :).

Иначе незнам шо е толку модава со анц, од мое искуство никад не ми зафалило. Со исклуок на можда неколку модели, скоро се од слушалчиња ми имало одлична пасивна изолација, на ниво на АНЦ-во од спејс травелов.
А пред некоја година кога споредуав АНЦ од Airpods Pro со 5 модели што ги имав тогаш, пасивната изолација беше горе доле тука негде, со еден модел на исто или дури повисоко ниво(QоA Vesper). Весперов немаат стандардна решетка на сурлата, него 2 каналчиња, што водат директно до секој од звучничињата, и немаш некое значително протекување на звук од надвор преку школката и портовите на неа. Гледам сега Веспер 2 избациле, со иста тква конфигурација, така да не би требало да се полоши на тоа поле.
А моментално имам еден модел што има за нијанса повисока пасивна изолација од весперот(Tri I3 Pro).
Исто, ако си фан на длабока пенетрација, онда Etymotic ER2XR треба да се најербапи на тоа поле, негде докај 40дб пасивна изолација.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
758
2.019
Реално не е само 3,000 денари разликата, треба да се вклучи тука и интерфејс, кој го немам.

D3V = 20,900 денари.
Т5V (x2) + Vocaster One (ако држи сегашниот попуст) = 27,800 денари.

Во основа, и таа разлика е прифатлива, проблемот е што со 21:9 монитор, и куќиштето на биро (мора таму да биде), ќе бидат ептен кнап.

Реално, A4V ќе беа идеални. Ама таму зборуваме веќе за 27,700 денари за ЕДНО парче, и тоа е малку надвор од здрав разум.

Genelec можеби, иако ова што го кажува @Banjifiko малку ме кочи.

П.С. Цените се локални (Артист / Vision / Амски) - за оваков тип на уред исклучително купувам локално поради сервис и гаранција.

П.П.С. Околу цените, за споредба - Genelec 8010B се 20,000 денари за ЕДНО парче, а Neumann KH80 се 35,000 денари за едно парче. Некако ептен вон памет ми е.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Да, теоретски. Дури и да не го зезнеш куќиштето, треба да најдеш батерија со соодветни димензии и волтажа, па после да се нервираш што нема никој да ти ја достави до Mакедонија :).

Не верувам дека ќе имаш подобро АНЦ ради поголема батерија, се што е ефтино ќе го користи истото АНЦ, тоа квалком што им го дава на бесплатно користење со блутут чипот. Веројатно квалитетот дополнително ќе зависи од квалитетот на микрофонот што е активен при АНЦ и ја мониторира околината.

Не би се надевал на ова, на пар некбендој со IP рејтинг што ги имам отворено, деловите кај што е батеријата/контролите се наполнети со тврда смола што покрива малтене се и би било голема авантура да се направи замена на било што. Можда ако се без IP и да може, али ретки се такви денешно време, со полнење ем добиваат водоотпорност ем те спречуваат да ги поправиш, вин вин :).

Иначе незнам шо е толку модава со анц, од мое искуство никад не ми зафалило. Со исклуок на можда неколку модели, скоро се од слушалчиња ми имало одлична пасивна изолација, на ниво на АНЦ-во од спејс травелов.
А пред некоја година кога споредуав АНЦ од Airpods Pro со 5 модели што ги имав тогаш, пасивната изолација беше горе доле тука негде, со еден модел на исто или дури повисоко ниво(QоA Vesper). Весперов немаат стандардна решетка на сурлата, него 2 каналчиња, што водат директно до секој од звучничињата, и немаш некое значително протекување на звук од надвор преку школката и портовите на неа. Гледам сега Веспер 2 избациле, со иста тква конфигурација, така да не би требало да се полоши на тоа поле.
А моментално имам еден модел што има за нијанса повисока пасивна изолација од весперот(Tri I3 Pro).
Исто, ако си фан на длабока пенетрација, онда Etymotic ER2XR треба да се најербапи на тоа поле, негде докај 40дб пасивна изолација.

Кога се возиш во аутобус/комбе саат накај работа, и саат назад, ANC навистина прави разлика во изолација и отклонување на звукот на моторот и слично. За мене е потреба, навистина ми прави разлика без и со ANC. Толку „пенетрирачки“ како Етимотиксот не сум имал слушалки, во теорија изгледаат добро ако ти се погоди величината на ушните канали. Но од десетина таков тип на слушалки сметам дека пасивната изолација не е на ниво на активната, има солидна разлика во корист на ANC.

Oд аспект на сервисирање Oneplus Bullets Z2 АNC лесно се отвараат таму каде батеријата, проверив на видеа, кај нив муката е батеријата што им е липо на 3.8/4.4V и тешко се наоѓа. Класични 3.7V (до 4.2V) батерии има на Али со потребната димензија (гледам и нормален шипинг имаат) ама со нив ќе мора и заебанции со одделен полнач... Што не е ни нешто сложено, повеќе е проблем заштитата од празнење па модулот ќе мора да биде внатре во некбендот. Има мали модулчиња за полнење со заштита, само не се доволно мали и сајдефект ќе биде стимпанк изглед на ретрофитот. :)
Не е толку битно ова, малку ситничарење ама сакам кога можам и малку унапред да гледам.

Фала секако на инпутот, горе долу од аспект на квалитет на АNC само најскапите слушалки нешто посебно се издвојуваат, другиве веројатно ги користат решенијата од се-во-едно чиповите на Квалком. Од тој аспект поголема батерија значи и „луксузирање“ со појако пуштање на АNC-то, не е случајно што поевтините TWS со АNC во просек се до ~30-35дб, а некбендот е 45дб. И некбенд треба да има подолг работен век во однос на TWS, баш заради поголемата батерија, се што е со помали батерии побрзо рикнува.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно