Ако веќе сакаш да си објективен ќе пишеш помала плоштина а поголем екран.
Инаку не знам што е толку тешко да се сфати дека плоштина и волумен се различни работи. Тоа децата го учат во 3то одделение. Секако „инжинерите“ на форумов со нивните педигреа од највисока класа, процениле дека тоа е исто, и дека не е битна ни дебелина, ни ширина, ни висина, битна била само плоштината на предната страна.
Ова е само одличен доказ дека и тн. гикови се одлични жртви на маркетингот на „големите“ екрани во „мало“ пакување.
Значи да не се враќаме на исти дискусии, прочитај што е Screen to Body Ratio па најди волумен во тоа.
И ако веќе сакаш и за волумен да си играме, мојот S6 Edge+ има исто помали димензии од ајфон плус, а поголем екран, и помал волумен.
Поентата не ми е за дали нештото е објективно поарно или не, јас зборев дека СУБЈЕКТИВНО не можам да земам телефон со толкави рамки коа цел свет оди накај тенки рамки, коа и за АЈФОН 8 зборат дека ќе е чудо затоа шо ќе нема рамки од ниедна страна (предвидувања).
На толкав преден дел (плоштина) ставиле 5.5 ипс 1080п екран. Тоа е 3 години назад со технологија.
IP7 Има ~65.6% screen-to-body ratio - тоа значи скоро 35% од предниот дел на телефонот ти е рамка, unusable простор.
IP7+ Е малку подобар ~67.7% screen-to-body ratio.
Новите флегшипи шо ќе излегуваат годинава се стремат кон 90% screen to body ratio. Apple уште нема ни 70 поминато.
За споредба, MI MIX има 91%, споредено со ајфонот изгледа као уред од иднината.
@voah се слагам, ужас се самсунг со апдејтиве. Но иам повторено тоа е затоа шо не е нивни оперативниот.
Ако ви текнува едно време сите имаа свој оперативен и сакаа да го пробијат, но само на Епл и на Гугл им успеа, другите изумреа. Дури и Виндоус мобилниот.
Самсунг е крш за апдејти, како и повеќето андроид производители шо не се Гугл. Едноставно прекасно ги добиваат сите софтверите од гугл па дур ги модифицираат туѓите кодови, дур истестираат драјвери и компатибилност Гугл ќе извади нова верзија. И секако фокусот е прво на појаките модели итн.
ЕПТЕН Е ГЛУПО! Се слагам потполно. Но емпатирам барем дека не е цела вина кај производителите туку тоа е поради незавидната ситуација кај андроид уредите дека софтверот не е tailored ко шо е кај Епл.
Епл се години напред во тој поглед. Нивен софтвер, нивни (слични уреди). Пред да извадат софтвер веќе е спремен за сите уреди. Тоа е топ екосистем.
Последна промена: