krale
poweruser
- 6 февруари 2009
- 2.300
- 1.396
Јас никогаш не би користел Basic мод на амолед, навикнат сум на вибрантни бои, а тој ми делува некако многу... Flat ништо не се истакнува.
Иначе ми5 во Avtomatic Contrast мод на око делува посатуриран од С7 еџ во Adaptiv модот.
Амоледот не се користи бидејќи е најреален, туку бидејќи најмоќно изгледа поготово со црната боја. Нешто што ние корисниците на ИПС панели нема да го видиме. Темно сива не е исто со Црна.
Збориме за технологија која неможе точно да прикаже боја која постои во вистинскиот свет е ? Каде е реалноста во тоа ?
Барем сите што имаат црни телефони знаат дека кога ќе им се прикажува црна боја на дисплејот дека таа боја не е иста со онаа на телефонот, како репер за споредба.
Што го тупиме за прецизност ондак ?
Или таа прецизност не важи ?
Како и да е, и ИПС се топ панели, но амоледите се 1-2 скалила погоре.
Sent from my MI 5 using Tapatalk
Тие вибрант бои, т.е. цртан филм бои, извини ама не се воопшто реални, туку се selling point. Може да ти се допаѓаат, се е тоа ок, но реалност и квалитет не се.
Што се однесува до црната боја - да тоа е единствената (голема) предност на Амолед во моментов. Штета што светот не е составен само од црната боја, иначе ќе имавме можеби други резултати. Човековото око разликува околу 10 милиони бои, а ти си се фатил за единствената која е на крајот на тој спектар, а другите 9.99???
Значи се е во ред, добри се панелите, ама имаат малце простор за подобрување, а никој од вас не сака да го признае тоа, затоа што биле вибрантни боите (што год значи овој непостоечки збор во македонски јазик).