.. Раководството на компанијата денеска на прес-конференција информира дека корисниците ќе добиваат три услуги на иста сметка, преку два пакета: 3 Мах Комфорт по цена од 1.999 денари и 3 Мах Комфорт плус по цена од 2.499 денари. Ќе се наплаќа и еднократен надомест од 1.299 денари за инсталирање на потребниот приклучок и опрема.
Тука си во право, или тоа со паузирање на програма се е ОК и најдобро но
мислам дека би можеле да направат и поевтино да биде а со тоа сите корисници од кабелските оператори да ги присвојат
Германија е друго, има висок стандард. Кај нас е 1200 ден. значи 400 денари телефон, 500 ден. интернет и 300 денари ТВ. И плус ДДВ на ова![]()
Дали MaxTV поддржува HDTV?
За жал сеуште на MaxTV нема да се нудат HD содржини. Сепак планот е тие да започнат во текот на следната година.
Колку време уредот може да ја памети програмата за повторно гледање (replay) на филм или некоја серија од претходниот ден?
- Kаналите, односно, програмите кои ги снимате на Медиа приемникот на располагање ќе ви бидат толку долго колку што е ќе одлучите. Самиот уред има 160GB хард диск (што во превод би значело повеќе од 150часа снимање). Кога ќе се полни целата меморија на уредот тој ќе ве информира и вие ќе одлучите која содржина ќе ја избришете.
- Во поглед на меморирањето на каналите во живо, всушност, станува збор за времена меморија, која ја чува содржината што ја гледате (од почетокот на вклучување на дадениот канал се додека не го смените истиот). Откако ќе го промените каналот, започнува меморирање на новиот канал, а сè претходно од времената меморија се брише.